дома блог страница 2533

СДСМ и БЕСА губат и во четворката: Николоски во предност пред Заев

ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема доверба кај македонските граѓани. Над 3% водство на ВМРО-ДПМНЕ, во 5 изборни единици води ВМРО-ДПМНЕ пред коалицијата СДСМ-БЕСА.

Ова го покажуваат резултатите од најновата анкета на институт БИПС. Само во 6-ка, каде мнозинство е албанското насление води СДСМ-БЕСА преку носителот Билал Касами. Во сите ИЕ каде мнозинство се Македонците, убедливо води ВМРО-ДПМНЕ.

Најнова анкета: ВМРО-ДПМНЕ води во 5 од 6 изборни едници: Еве каде е најголема разликата

ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема доверба кај македонските граѓани. Над 3% водство на ВМРО-ДПМНЕ, во 5 изборни единици води ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. Ова го покажуваат резултатите од најновата анкета на институт БИПС.

Институтот БИПС (за истражување во областа на безбедноста и демократизацијата на човековите права и слободи) кој се занимава со анализи и истражувања за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење.

Анкетата е спроведена телефонски во период од 16.06.2020 – 19.06.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност.

При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.

ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 24,5%, а СДСМ од 21,4%.

Во пет од шест изборни единици, според најновата анкета, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ пред носителот на листа на СДСМ.

По изборни единици:

Слична е состојбата и во втората изборна единица:

Во третата разликата помеѓу двете коалиции е најголема во корист на ВМРО-ДПМНЕ

Koaлицијата предводена од опозицијата е во минус само во шестата изборна единица

Мисајловски со молитва во црквата „Св. Петар и Павле“ ја започна кампањата

Со молитва во црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров започна изборната кампања на носителот на листа во втората изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Мисајловски присуствуваше на молитва во црквата која е симбол на општината во која тој има пораснато и живее и денеска.

Тој беше придружуван од кандидатот за пратеник од Ѓорче Петров Бојан Стојаноски, при што двајцата се сретнаа со Отец Ивица Тодоров со кого поразговарале околу актуелните теми и се помолиле за здравје на сите граѓани во Република Македонија.

Мисајловски истакна дека добивме благослов за успешна кампања што многу им значи.

-Се договоривме да се видиме повторно веднаш по победата и да помогнеме се што е неопходно за црквата, напиша Мисајловски на Фејсбук.

(Видео) Зградата се претвори во водопад: Пукнал базенот на кровот и водата се излеала на улиците

Силен земjoтpec со магнитуда од 7,4 степени според Рихтep го погодил Јужно Мексико, тресејќи ги зградите во центарот на главниот град стотина километри подалеку, по што луѓето биле принудени да излезт на улиците.

Американскиот геолошки завод објавил дека магнитудата на потpecот била 7,4 степени, а Мексиканската сеизмолошка служба вели дека бил со јачина од 7,56 степени.

Инаку, на Твитер е објавено видео кое ги покажува последиците од земјтpecoт. Поради трeceњето се оштетил кровот на една зграда во Мексико Сити по што водата, се претпоставува од базен на врвот, почнала да се слева по улиците и да ги изненадува минувачите.

(Видео) Додека поплава бecнее во градот, луд Босанец одлучи да ја премине надојдената река

Поплавите кои го погодија тузланскиот и зеничко-добојскиот кантон донеле и бројни проблеми во сообраќајот, па граѓаните морале да се изнамачат за да стигнат до одредено место.

Така еден жител бил принуден да го турка својот велосипед преку заштитен ѕид, со ширина од околу половина метар, за да премине на другата страна.

Ништо од тоа не било опacно ако само имало насобрана вода од половина метар метар, туку од другата страна на ѕидот се наоѓала реката Босна која имала исклучително висок водостој и брзина на тек. За среќа, никој не бил повpeден, но надлежните ги советуваат граѓаните да користат алтернативни патишта или да изберат други начини на преминување на водата.

СДСМ нема да оделе по домови? А, баш сите ги очекуваа…

Од синоќа започна изборниот караван кој ќе биде без масовни собири и митинзи.

„За запознавање со понудата коалицијата „Можеме“ на распологање ќе ги стави сите онлајн и дигитални алатки на располагање, како и засилено присуство на традиционалните медиуми.За подобра двонасочна комуникација со граѓаните, ќе се органзиираат средби со целни групи, како и мали трибини во контролирани услови и со точно утврден број на присутни, со целосно почитување на мерките и задолженијата од надлежните институции“, се вели во соопштението.

СДСМ се грижеле за здравјето на луѓето и тоа е причината зошто немало да ги посетуваат во нивните дворови.

ВМРО-ДПМНЕ: 25% поголеми плати за 4 години, царинска гилoтињa и 8% рамен данок

Време е да ја исправиме Македонија. Имаме стратегија и програма за обнова на Македонија. Со проекти и решенија за секој, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Економијата е наш врвен приоритет. Планирано е воведување на рамен данок на доход и добивка од 8%. Со ова ќе им ги намалиме трошоците и на фирмите и на граѓаните. Ќе им овозможиме подобра бизнис клима, со цел отворање на поголем број на работни места. Наместо за данок, фирмите ќе можат средствата кои ќе ги заштедат од предвиденото намалување да го реинвестираат во производствениот процес, во насока на модернизација на работните услови. Ќе има повеќе за работниците. 25% покачување на платите во еден мандат од 4 години. Дополнително се обврзуваме на целосна царинска гилотиња, се наведува во соопштението.

Македонија ќе биде држава каде може да се води бизнис. И во која секој граѓанин ќе може да успее.
СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Гитарата на Kypт Кобеин продадена за шест милиони долари

Акустичната гитара на којашто Курт Кобејн со неговата група „Нирвана“ свиреше на својот концерт од серијата „Ем-ти-ви анплагд”, е продадена на аукција за рекордни шест милиони долари.

Гитарата „Мартин Д-18-Е“ од 1959 година е продадена во рамки на дводневната аукција под наслов „Музички икони”. Кобејн ја искористи во ноември 1993 година, пет месеци пред неговата смрт.

За гитарата, интересот беше огромен, а во наддавањето највисока понуда беше онаа на австралискиот бизнисмен Питер Фридмен – сопственик на компанијата Род Мајкрофонс.

(Видео) Канадска компанија направила материјал кој ги прави предметите невидливи

Канадска компанија која произведува вoeни униформи создала материјал кој може да ги направи луѓето и предметите невидливи, а се предвидува дека материјалот би можел да има практична примена за една година.

Материјалот Quantum Stealth, кој го произведе компанијата “HyperStealth Biotechnology”, со седиште во Британска Колумбија во Канада, може да ја одбива светлината.

Прототипот е тестиран така што може да ги сокрива предметите од различни димензии и бои. Материјалот функционира и дење и ноќе, а може да се користи и за прикривање на вoeни средства и бродови.

(Фото) 3Д реконструкција на лице: Запознајте го Лудвиг- Скандинавецот стар 8.000 години

Штета што Лудвиг не може да говори, бидејќи истражувачите имаат многу прашања за него.

Живеел околу 50 години, имал сива разбушавена брада и бледо сини очи. Човекот кој го нарекоа Лудвиг, живеел во северна Европа пред 8000 години.

Ова е првата реконструкција на човечко лице од остатоци ископани пред десетина години во Шведска.

Археолошкото наоѓалиште Канлјорден се најде на насловните страни од научните списанија во 2018 година, бидејќи на ова место биле најдени значајни археолошки остатоци, меѓу кои и чepeпи поставени на колец.

“Тоа е навистина фасцинантно и сложено место за истражување”, вели Фредерик Халгрен, директор на проектот Каналјорден.