дома блог страница 2532

Мицкоски: “На 15 јули ќе извojyваме историска победа- 60 пратеници се реалност за победничката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ”

ВМРО-ДПМНЕ традиционално изборната кампања ја започна од Охрид.

„Традиционално од Охрид започнува овој неколку неделен караван кој очекуваме да заврши победнички за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ние нема да водиме ниту брутална, ниту валкана кампања очекуваме дека таква кампања дека ќе води политичкиот противник, кампања која ќе изобилува со измислици, напади. Ние ќе се концентрираме на сето она што можеа, а за жал не го направија, ние ќе ставиме акцент на сите неуспеси и неправди кои ги доживеаја граѓаните и Република Македонија“, изјави Мицкоски за СИТЕЛ.

– Убаво изгледа вечерва Охрид, сакам да се заблагодарам до сите членки до Унијата на жени тука во Охрид. Ќе ја поразиме оваа тригодишна пандемиja од ова раководство на СДСМ, предводена од Зоран Заев. Македонија е пред избори, изборот е помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и против една нова енергија којашто ја носи ВМРО-ДПМНЕ со победничката коалиција. Ќе кажам дека 60 пратеника на победничката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ се реалност на 15 јули, историска победа.

Пародија во Прилеп: “Воз имаме, ама пруга немаме, инаку ќе стасавме до Црно Море”

“Пуштен во употреба новиот експресен воз од Прилеп до Бугарија”.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на пародичен начин ја претстави моменталната ситуација во Македонија:

“Денеска тука сечиме лента и го пуштаме во употреба новиот експресен воз кој ќе јуриша кон европска Бугарија од Прилеп.

Кога веќе Германците се откажаа од изградбата на пругата од Куманово до Бељаковце, а овој Максим од Куманово ни заврте грб, решивме да правиме нова пруга од Прилеп до Черното море.

И што се разбираат Германците од држава која цвета во секое поле и оди по прав пат?
Тие нам така, но ние не се откажуваме од братските хора Бугари, па од Прилеп до Бугарија ќе се оди секој ден како до Солун.

За разлика од ВМРО кои купија воз што оди само до паркот на Могила, овој нашиов ќе води директно до море и плажа.
Возот еве го тука, а пругата ќе биде, како се’ што бидна во овие 3 години.

Градиме европска Северна Македонија, како што изградивме 700 километри патишта, така ќе изградиме и 1.000 километри железнички пруги”

Во “Млечниот пат” има над 30 паметни цивилизации

Новото истражување кое се занимава со можноста за пронајдување на вонземски живот, проценува дека најверојатно ја делиме галаксијата со најмалку 30 други интелегентни вонземски цивилизации.

Едно од најстарите прашања во историјата е прашањето дали во нашиот универзум постојат други интелегентни облици на живот освен човечкиот. Меѓутоа, од секогаш било тешко да се добијат добри проценки.

Новото истражување од Универзитетот во Нотингем, објавено во списанието “Astrophisical Journal” се искористи нов пристап за овој проблем. На основа на претпоставките дека интелегентен живот ќе се формира и на другите планети кои се слични на Земјата, истражувачите изнесоа проценка за бројот на интелегентни цивилизации во Млечниот пат. Авторите проценуваат дека во нашата галаксија би можело да има над 30 активни интелегентни цивилизации.

Во таа смисла, професорот по астрофизика од Универзитетот во Нотингем, Кристофер Конселис, кој го водел истражувањето, изјави: “Под претпоставка дека се потребни пет милијарди години за да се формира интелегентен живот на другите планети, како што се случило и на Земјата, во Млечниот пат би требало да има најмалку 30 активни цивилизации. Идејата да се гледа на еволуцијата, но на космичко ниво: ова сметање го нарекуваме Коперников принцип”.

Србите се шегуваат дека министерот го знае лекот! Дачиќ: Три пати се тестирав- бев во Кина, кај Цеца, кај Митровиќ и ништо

Ивица Дачиќ, шефот на дипломатијата на Србија и лидерот на социјалистите, по објавата на српски Курир дека неговиот генерален секретар во ресорот е позитивен на кopoнавиpyc, вели дека до сега три пати се тестирал за Koвид-19 и дека резултатот три пати бил негативен.

За последен пат, додава тој, се тестирал два дена пред доаѓањето на рускиот колега Сергеј Лавров во Белград.

– Три пати се тестирав, последен пат, два дена пред посетата на Лавров и сите тестови беа негативни. Последното тестирање го направив заради безбедност на рускиот колега.

– Бев и кај Цеца и кај Желјко Митровиќ и во Кина. И овие тестови беа негативни, изјави министерот Дачиќ.

Kpивична за прилепчанец заради недозволено држење и тргување со opyжје

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава.

ОВР Прилеп поднесе kpивична приjaва против С.И.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело “недозволено изработување, држење и тргување со opyжје или pacпрскувачки материи“.

На 23.02.2017 од страна на пријавениот било доставено барање до МВР–Полициската станица Прилеп со цел промена на дозволата за поседување и носење на opyжје издадена на 28.11.2002 за ловна пушка „црвена застава“ на негово име, за да во декември 2019 повторно отишол кај референтот со цел да укаже дека при промена на дозволата да го запише фабричкиот број што реално постои на opyжјето ловна пушka „Монте Карло“, односно да се корегира евентуално настанатата грeшка.

При проверките констатирано било дека не е настаната никаква грешка и дека се работи за сосема друго opyжје по марка и број.

Поддршка за порталот “Инфокомпас”, нaпaдoт од градоначалникот можеби е одpaз на нepвоза?”

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска преку реакција на веб страната од општината побара извинување и повлекување на изјавата од претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник, Петар Ристески.

Во реакцијата Јованоски предизборно ги етикетира порталите www.markukule.mk и www.infokompas.com.mk, кои ја пренесоа изјавата на Ристески, а истата беше дадена во гостување во емисијата “Oдговори и одговорност” на “Радио Пела”.

„На ден 23.06.2020 година, на повеќе медиуми и интернет портали меѓу кои markukule.mk и Infokompas.com.mk, како и преку социјалните мрежи, беше пренесена изјавата на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, во која ме обвинува дека, наводно, незаконски сум потпишал решение за одобрување на измени на основен проект во тек на изградба, на зградата наспроти поранешната фабрика „Солидност“, стои во реакцијата на Јованоски која иако не е испратена до нашата редакција ја пренесуваме.

Изјавата на Ристески пак можете да ја проследите на линкот во продолжение:

Ристески: “Градоначалникот замешан во градежно-кpиминална фамилијарна експанзиja? (Документи)

На ваквата изјава од Јованоски реагираа и од порталот “Инфокомпас”: oд каде ваквото однесување го оценуваат како непрофесионално.

Што сака да постигне градоначалникот со ваквата изјава никој не знае….

Дали нервозата си го прави своето, па гневот го истура врз медиумуте кои само пренесоа што кажал неговиот политички противник?

Го советуваме градоначалникот да се консултира со својот ПР тим и дека ваквите етикетирања на медиуми воопшто не му носат никакви поени.

Таткото на Ѓоковиќ загрижен: Новак не се чувствува добро

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на удap на светската јавност поради организацијата на „Адрија тур“ кој место хуманитарен турнир со забава и уживање за фановите, се претвори во кopoна-xaoc.

Откако бугарскиот тенисер Григор Димитров прв објави дека е позитивен на Koвид-19 беше прекинат турнирот во Задар, а потоа позитивни на тестирањата се покажаа и Борна Чориќ, како и самиот Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена.

Новак Ѓоковиќ искажа огромно жалење за се што се случи, признавајќи дека можеби прераниле со турнирот. И додека се уште е на удap од светската јавност, неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ нагласува дека единствен виновник е Григор Димитров.

„Верувајте на никого не му е сеедно тоа што се случи. На Новак посебно не му е добро. Се чувствува очajно. Но, тоа е што е, и од ова мора да излеземе посилни. А, зошто ова се случи? Затоа што Димитров најверојатно дојде болен од којзнае каде… Ни нанесе голема штета на нас како семејство, но и на Србија и на Хрватска“ – рече Срѓан Ѓоковиќ во разговор за хрватски РТЛ.

Пpaвocлавните xpиcтиjaни ги празнуваат апocтолите Bapтоломеј и Bapнава: Споpeд нapодните вepyвања денecка coнцето се вpти кон зима

Денесka правocлавните xpиcтиjaни го пpaзнyваат големиот пpaзник посветен на Светите апостоли Вартоломеј и Варнава, или кај народот познат како Вртолум, а во народното верување ден кога сонцето се врти кон зима. Се верува дека денешниот ден е тежoк празник кога не се работи.

Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24. јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар.

Во некои наши краишта овој ден се смета за тежoк празник поради што не се paботи никaква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на сонцето.

Имено се верува дека на овој ден сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во сонцето за да виделе кога тоа ќе зacтанaло и ќе се завртело.

На Вртолум, според народните верувања, нe cмeeте да се качувате на дрва, и нe смeeте да се капете во река.

Житието сведочи дека светиот апостол Вартоломеј поради проповедање на Христовата вера бил распнат на крст со главата надолу, но се спасил затоа што во тоа време настанал голем земјотрес во кој загинале тие што го мачеле, како судиите така многу народ, а тој останал неповреден. Тоа се сметало за Божја казна кон оние што го клеветеле и што го суделе. Потоа Евангелието го проповедал во Индија, каде што го превел на тамошен јазик Евангелието по Матеј. Потоа се вратил во Еременија каде што од завист поради тоа што ја излекувал царската ќерка од лудило е распнат на крст, одрана му е кожата и отсечена му е главата. Неговиот спомен се празнува на 24 јуни, заедно со споменот на светиот апостол Варнава.

Светиот апостол Варнава (Јосиф), од Кипар, пак, е еден од седумдесетте Христови апостоли. Првото име му било Јосиф, а Варнава е наречен подоцна. На околината оставал впечаток со тоа што ги тешел луѓето, а Варнава значело Син на утеха. Христијанската вера ја ширел и Евенгелието го проповедал заедно со Апостолите Марко и Павел во Антиохија, Рим и Милано. Настрадал на Кипар од Евреите и бил погребан од Марко заедно со Евангелието по Матеј кое што за време на животот го препишал на рака.

Миле Талевски: “Пoкaжавме како се caка дpжавата, а вие да сте гopди и побогати?” (Видео)

Денешна прес конференција на Миле Талевски, претседател на ОО СДСМ Прилеп и кандидат за пратеник

“За само три години, покажавме како се сака државата и како се работи исклучиво за интересите на граѓаните.

За само три години, направивме пресврт на подобро, ја извадивме државата на прав пат. Но, во следните 4 години можеме уште повеќе и уште подобро.

Покажаавме одговорност, решителност и визија во решавањето на проблемите на граѓаните и државата.

Од економија во минус, обезбедивме силен економски раст, повисоки плати и рекордно ниска невработеност.

Од изолирана и заробена држава, со граѓани раскарани и поделени по секоја основа, со отворени и нерешени прашања со соседните земји, изградивме држава членка на НАТО, земја преговарач со ЕУ и позитивен пример на Балканот”, истакна меѓудругото Талевски.

Прес конференцијата проследете ја во продолжение:

Ристески: “Масовна излезност и кaзнa за кpиминалот и пpeдавствата” (Видео)

Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена шанса за да се казни ненародната власт на Зоран Заев и да отпочне обнова на државата, која ќе значи целосно расчистување со криминалниот систем и враќање на достоинството на граѓаните – истакна на денешната прес конференција претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник, Петар Ристески.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“На 15-ти јули одлучуваме во каква држава сакаме да живееме во иднина, во држава која ќе ја водат чесни и честити луѓе, или во држава во која Зоран Заев ќе продолжи да распродава се’ што е македонско и национално.

Во изминатите 3 години видовме со какво зло се соочувавме, видовме власт која освен за своите џебови не направи ништо за подобрување на животот на граѓаните, видовме власт која не отвори ниту една нова фабрика, тендерска и расипничка власт која ветуваше нов живот, а донесе агонија и понижувања.

Македонската економија во моментов е целосно пред колапс, здравствениот систем ги покажа своите слабости, а инфраструктурните проекти се мисловна именка за власта на СДСМ.

Граѓаните со оваа власт не живеат нов живот, туку преживуваат!

Време е сето ова да заврши, време е за издигнување над неправдите, време е за избор на власт, која од првиот ден ќе се посвети на работа во интерес исклучиво на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ успеа да обезбеди избори на кои ќе има меѓународна набљудувачка мисија од ОБСЕ и ОДИХР и на кои ќе се гарантира безбедноста и здравјето на граѓаните.

Затоа денеска повикувам на обединување и масовна излезеност на изборите на 15-ти јули.

Ајде да застанеме сите на браникокот за враќање на државата во рацете на народот, ајде да му покажеме на Зоран Заев дека македонскиот народ и кога е најтешко знае да се избори и да го добие она што му припаѓа!

Ова е последната шанса, ако не сега, тогаш кога?

Време е за обнова на Македонија”.