Во “Млечниот пат” има над 30 паметни цивилизации

Новото истражување кое се занимава со можноста за пронајдување на вонземски живот, проценува дека најверојатно ја делиме галаксијата со најмалку 30 други интелегентни вонземски цивилизации.

Едно од најстарите прашања во историјата е прашањето дали во нашиот универзум постојат други интелегентни облици на живот освен човечкиот. Меѓутоа, од секогаш било тешко да се добијат добри проценки.

Новото истражување од Универзитетот во Нотингем, објавено во списанието “Astrophisical Journal” се искористи нов пристап за овој проблем. На основа на претпоставките дека интелегентен живот ќе се формира и на другите планети кои се слични на Земјата, истражувачите изнесоа проценка за бројот на интелегентни цивилизации во Млечниот пат. Авторите проценуваат дека во нашата галаксија би можело да има над 30 активни интелегентни цивилизации.

Во таа смисла, професорот по астрофизика од Универзитетот во Нотингем, Кристофер Конселис, кој го водел истражувањето, изјави: “Под претпоставка дека се потребни пет милијарди години за да се формира интелегентен живот на другите планети, како што се случило и на Земјата, во Млечниот пат би требало да има најмалку 30 активни цивилизации. Идејата да се гледа на еволуцијата, но на космичко ниво: ова сметање го нарекуваме Коперников принцип”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.