дома блог страница 2519

Од утре попладне дестабилизациja на времето: Не очекува пopoeн дожд и гpмежи

Под влијание на понестабилна воздушна маса, од утре попладне се најавува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Синоптичарите очекуваат и поинтензивни процеси во форма на локално невреме. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пад на дневната температура.

Eве какво време не очекува до недела и во Прилеп:

(Видео) Се случи и тоа: И мечките гласаа на важниот референдум во Русија

Во Русија денес е последен ден за гласање на референдумот за предложените уставни реформи, а вработените во зоолоката градина во Барнаул, во руската република Алтај, доведоа и мечка на гласачкото место.

Како што изјави директолот на зоолошката градина Сергеј Писарев, мечето Глаша е сираче кое е пронајдено во близина на шумата.

Мечето “гласаше” на местото во гимназијата во Барнаул, а на видеото се гледа како Глаша се качува на масата, го одзема наливот и антисептикот, ги повлекува ливчињата за гласање и ја каснува жената од избирачката комисија.

Писарев вели дека појавувањето на Глаша во гимназијата ги воодушевило и децата и членовите на изборната комисија, кои не очекуваа таков посетител. Тој наведе дека вработените од зоолошката и претходно оделе на избирачките места со животни.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Луѓе бре!!! Сугарески вели: “Вложивме околу 70 милиони евра за патишта во Прилепско” – А, каде се?

Министерот за транспорт и врски се пофали на Фејсбук дека во Прилеп и прилепско инвестирале околу 70 милиони евра во патна инфраструктура.

“На мое огромно задоволство, денеска заедно со градоначалникот Јованоски извршивме увид во асфалтирањето на патот во Мариовскиот крај, Лагово-Штавица -Витолиште, значаен патен правец за тој дел.Ова практично беше и барање на жителите од овој крај. Силни градежни работи реализираме во Прилеп и Прилепско, само во патната мрежа во моментов во Прилеп и околината инвестираме преку 70 милиони евра”, напиша Сугарески.

Регионален пат Лагово-Штавица-Витолиште е со должина од 46км, а министерството рехабилитира должина од 9 километри.

Македонија има со што да се гордее: Шабан Трстена на насловната страница на Јапонската боречка федерација

Јапонската боречка федерација на својата веб-страница ја постваила сликата на олмпискиот шамион Шабан Трстена кој во 1984 година во Лос Анџелес го освои златниот медал во борење слободен стил, пишува порталот ИПОН.

Целата статија прочитајте ја на ИПОН.МК

И Австрија ни ја затвори границата: Еве и зошто!

И покрај препораките на Советот на ЕУ за отварање на границите, Австрија одлучи да не ги отвори границите за граѓаните од Западен Балкан.

Сите граѓани- австриски државјани или странци со престој во Австрија- кои се враќаат од тие земји и територии, мора да одат во двонеделен карантин, односно да направат ПЦР тест.

Оваа мерка може да предизвика големи проблеми за граѓаните со потекло од Западен Балкан, бидејќи многу компании своите вработени ги предупредија, ако патуваат во некоја од земјите кои се на листата која ја направи Министерството за внатрешни работи на Австрија, ќе се соочат со работно-правни последици.

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Саленберг, вели дека Советот на ЕУ ја усвоил препораката, која врз основа на детална анализа ја објави Австрија.

(Фото галерија) Манастирот Св. Илија во село Драгош – драгоцено богатство во прегратките на Баба Планина

Селото Драгош се наоѓа во битолскиот дел од Пелагонија, сместено на подножјето на Баба Планина и на самата граница со Грција.

Драгош се смета за многу старо село, во него има голем број на староседелски и стари доселени родови со непознато потекло. Селото растело по природен пат, како и со доселениците што доаѓале.

Селото се споменува во 1638 година (помеѓу 16 и 25 април) во една изјава дадена прд судот од Петко, син на Јорго, од село Драгош – Битолско, дека примил од Хусеин-бег црвена чоја и пари за бричење на неговиот син кој бил земен како данок во кpв

Селото денеска е речиси раселено, а според последниот попис во 2002 година имало само 33 жители.

Оддалеченоста од Битола е 20км, а до селото води асфалтен пат. На влезот од селото од левата страна се одвојува земјен пат кој води до манастирот Св. Илија. До манастирот се доаѓа по неасфалтиран пат кој е со должина од околу 3 км.

Доколку се одлучите да го посетите, најдобро е вашиот автомобил да го паркирате во селото, а потоа да пешачите по патот, не затоа што истиот е непристапен за автомобили, туку затоа што движењето е вистинско уживање.

Кога најпосле се искачивме забележавме едно прекрасно здание, нов конак, голем двор и камбанарија која е посебно здание.

За жал немаше луѓе во манастирот и истиот беше заклучен. Забележавме дека конакот е граден со средства донирани од нашинци од Австралија.

Се разладивме со чистата вода која течи од новата ѕидана чешма во дворот на манастирот, а потоа се качивме и во камбанаријата. Погледот од врвот е неверојатен!

Од едната страна се гледа Драгош, а од другата страна селото во Грција, Етникон.

На само неколку метри од манатирот се наоѓаат камените блокови од границата со Република Грција.

Местоположбата на манастирот Св. Илија овозможува прекрасна панорама кон Пелагонија и Баба Планина, што е одлична можност да фотографирање.

Битолскиот регион и подножјето на Баба Планина располагаат со еден куп вакви живописни места, а манастирот во Драгош е само едно од нив.

Бaepн купи 18-годишник од ПCЖ: Навивачите го очекувaaт и cyпер зacилyвањето од Англиja

Германскиот шампион Баерн (Минхен) го најави привлекувањето на младиот Танги Куази, кој доаѓа како слободен агент од Пари Сен Жермен. 18-годишниот Французин игра како централен дефанзивец, висок е 187 см и потпиша договор за 4 сезони.

Фудбалерот е дете на Парижани и го забележа своето деби во професионалниот фудбал минатиот декември. За целата сезона учествуваше на 6 натпревари, но одлучи дека нема да добие шанса да се развие и избра да не го обновува договорот.

Во Минхен, сепак, сите чекаат објава за трансферот на Лерој Сане од Манчестер Сити. Според „Билд“, договорот е факт, а членот на германската репрезентација ќе чини 60 милиони евра.

Спаcoвски: Ако има потpeба, може да се затвopи и гpaницата

-Ако има каква било потреба или оправданост која што ќе произлезе од Комисијата за заразни болecти секако дека ќе носиме одлуки, затоа што наш голем приоритет е ние да се заштитиме, да ја заштитиме државата и да го заштитиме здравјето на граѓаните – истакна денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали е можно затворање на северната граница со оглед на состојбата со кopoнавиpycoт.

Тој посочи дека секојдневно ги следат и анализираат состојбите и кај нас и во регионот.

-Епидемиолошката слика не само кај нас, во регионот е иста речиси секаде и веќе не се разликува многу и во некои други држави во Европа. И тоа беше, нели, и клучниот елемент, или би рекол клучната причина зошто се дојде до отворање на границите, заради тоа што ништо нема да промени ако имаме таква епидемиолошка карта, а секако дека овие други мерки коишто се однесуваат на наша заштита – заштитната опрема, дистанцата, дезинфекцијата тоа се клучните мерки коишто ние можеме да ги примениме и со коишто можеме да се заштитиме – нагласи Спасовски.

Техничкиот премиер, рече дека рестрикциите никој не ги посакува.

-Кога бевме во време на рестрикции сите едвај очекувавме да се ослободиме од тие рестрикции. Знам дека кога ќе дојде момент да немаме рестрикции ни се зголемуваат случаите, сега бараме сите дајте да ги вратиме рестрикциите. Мислам дека треба да се насочиме таргетирано на соодветни групи, на одредени подрачја итн., меѓутоа клучната работа е и затоа уште еднаш апелирам до граѓаните – мерките мора да ги почитуваме и да не го потценуваме вирусот затоа што еден дел од граѓаните мислам дека го потценуваат вирусот, со тоа што или сметаат дека е многу лесно заболување или, пак, дека воопшто не постои. Тоа е една пропаганда која што ја шират луѓето, меѓутоа мислам дека се она што ни се случуваше, се она што ни се случува доволно е како аргументација да се однесуваме навистина одговорно и сериозно и кон себе и кон сите – потенцираше Спасовски.

(Видео) Келнер одлучил да не послужи жена која не носела маска, па добил 100.000 долари бакшиш

Работник во “Старбакс” во Сан Диего, кој одбил да послужи жена, бидејќи не носела заштитна маска, доби речиси 100.000 долари дониран бакшиш.

Ленин Гутјереш (24) ја одработувал својата смена кога во локалот влегла жена без маска, пренесува ЕнБиСи. Гутјереш ја прашал дали има маска за лице, но пред да стигне да и ги покаже правилата на неговата компанија, според кои од купувачите се бара да носат маски, жената го нападнала, а потоа и снимала.

(Видео) “Bи вpaќаме ДДB 600 денapи, ќе ви вpaќаме 800, малкy ли е тоа за да живeeте yбaвo?”

Прес конференција на кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ во Прилеп, Александар Ѓорѓиоски

“Со концептот за враќање на парите кај граѓаните, ја покажавме нашата одлучност да го подобриме животниот стандард на секој поединец.

Преку проектот „Мој ДДВ“, за само 9 месеци вративме 10,7 милиони евра во рацете на граѓаните и ја подобривме наплатата на ДДВ во буџетот.

Со оваа мерка, државата за прв пат враќа пари директно на сметките на граѓаните, а апликацијата ја употребуваат над 300.000 корисници.

Во следниот четиригодишен мандат предвидуваме враќање на уште повеќе пари кај граѓаните и компаниите.

Лимитот за повратот на ДДВ кон граѓаните, го зголемуваме од 600 на 800 денари месечно. Тоа се 2,400 денари за секое тромесечие, односно 9.600 денари годишно повеќе пари во семејниот буџет за секој поединец”.