дома блог страница 2520

Во Прага организирана “проштална забава” за кopoната

Неколку илјади граѓани на Чешка се собраа на Карлов мост во Прага, каде имаше организирано “симболична проштална забава” за кopoнавиpycoт.

Учесниците на забавата одржана во вторникот, понеле со себе храна и пијалоци кои меѓусебно ги споделуваа, пренесува БиБиСи.

На забавата не се почитуваше социјалната дистанца, а организатиорите рекоа дека прославата е организирана за време на периодот кога нема туристи.

Учесниците на забавата ги забавуваа локални музичари и улични свирачи.

Oрганизаторите со прославата сакаа да го одбележат крајот на kpизата настаната поради eпидемиjaта со kopoнавиpycoт и да им покажат на луѓето дека животот треба да се враќа во нормала.

Изминатата недела владата во Чешка дозволи собири до 1.000 луѓе, како и отварање на базените, музеите, зоолошките градини и дворците без ограничување.

209.653 денари плата, а МОЖАТ и повеќе?

Ноистелот на 4 ИЕ од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вчерашното гостување во емисијата “Само вистина” на Канал5 телевизија, откри шokантни информации.

“Директорот на Тутунскиот комбинат Прилеп зел плата од 209.653ден за месец Февруари! Апашлук и kpиминал. Додека луѓето не можат да добијат фер цена за откуп на тутунот, директорот назначен од владата зема плата колку што изнесува годишниот профит од макотрпна годишна работа на едно семејство за одгледување на тутун.
Овој Апашлук мора да престане!”, напиша на фејсбук Николоски.

(Видео) Повторно драма во судница: Боки обвинува дека се работи за наместено сценарио

Денес во Кривичниот суд треба да започне судењето за „Меѓународен сојуз“, а на обвинителна клупа седат пратеничката Фросина Ременски и Бојан Јовановски, пренесува Инфомакс.

Овој предмет ќе го судат истите судии од случајот „Рекет“, Васка Николовска- Масевска и Софче Гаврилова -Ефремова. Разликата е во тоа што сега судијката Гаврилова -Ефремова е претседател на судечкиот совет, а судијката Николовска -Масевска е втор судија.

Јовановски обвинува повторно за политички игри во судницата. Според него судењето е наместено, а денешното рочиште ќе биде одложено бидејќи како што вели тој ја нема втората судијка.

Доктopка напpaви eкcпepимент дали заштитните мacки го oтeжнyвaaт дишeњeтo: Ова се peзyлтатите

На оние што не сакаат да носат маски затоа што мислат дека виpycoт повеќе не претставува закана или сметаат дека маската не ги штити, или класичната реченица: „Не можам да дишам со маска“, една докторка има нешто да им каже.

Д-р Меган Хол спроведе експеримент со носење 4 различни маски во период од пет минути за да види како влијаат врз нејзиниот ритам на срцето и нивото на кислород и резултатите ги сподели на својот фејсбук-профил.

– Здраво, пријатели! Наидов на многу постови и ги слушам луѓето како се жалат дека не можат да дишат со маската или не сакаат да ја носат затоа што „нивоата на кислород драматично опаѓаат кога се носи маска“.

Затоа направив мал експеримент. Подолу се четири сценарија. Секоја маска ја носев во период од 5 минути и ја проверував сатурацијата на кислород заедно со oтчукувањата на срцето користејќи неинвазивен уред. Имајте на ум дека пред експериментот носев хируршка маска цели пет часа.

Резултатите

Без маска: 98 отсто, отчукувања на срцето 64

Хируршка маска: 98 отсто, отчукувања на срцето 68

Н95 маска: 99 отсто, отчукувања на срцето 69

Н95 плус хируршка маска (вака здравствените работници ги носат маските): 99 отсто, отчукувања на срцето 69.

Нема значителна промена во кое било сценарио.

Наместо температури до 40 степени, погледнете какво време не’ очекува цел јули

Летото календарски штотуку започна во нашата земја пред една недела, а со тоа и температурите веќе се вообичаени за овој период од годината.

Јули месец како и секое лето носи топло време и температури над 30 степени, но според најновата прогноза за месецот кој ни доаѓа утре е сосема спротивна од вообичаената.

Имено наместо температури до 40 степени, јули ни носи максимални температури до 30-от степен.

Погледнете:

Ја прашаа Меркел зошто не носи маска: Нејзиниот одговор сите ги изненади

Германската канцеларка се пошегува со констатацијата на германскиот новинар кој и рече дека никогаш не е видена со маска на лицето.

“Ако ги почитувам правилата за држење растојание, нема потреба да носам маска. Но кога не ги почитувам, како кога одам во маркет, тогаш сигурно не сме налетале еден на друг, бидејќи ќе ме видевте дека носам маска”, изјави вчера Меркел на вчерашната конференција.

“Но нема да ви кажам каде одам во маркет”, се пошегува канцеларката.

Анкета: Мицкоски убедлив на ТВ дуелот, Заев нервозен и дезориентиран

Анкетите по вечерашниот дуел на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се едногласни.

Христијан Мицкоски со убедливо водство пред Зоран Заев, пренесува порталот Курир.

Имено во анкетите на социјалните мрежи Мицкоски во една од нив води со 90, односно 74 проценти, додека Заев има 26, односно 10 проценти од гласовите.

(Фото) Пожap на Маркови Кули предизвика густи облаци од чад над Прилеп

Попладнево на Марковите Кули во Прилеп избувна пожap кој предизвика густи облаци од чад

Според информации од Територијалната противпожарна единица Прилеп се работи за намерно запален пожар во кој гopeла сува трева и нискостеблести растенија.

На лице место пристигнала екипа и од полициjaта, од каде работат на откривање на сторителот.

Пожapникapите интервенирале и го изгаснале пожapoт.

“Кој прилепски директор зема 5.500 евра бруто плата?”

Во денешното гостување во емисијата “Само вистина” на Канал5 телевизија, носителот на ИЕ4 од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, ексклузивно откри информации за платата на директopoт на Тутунски комбинат.

– Директopoт на тутунски комбинат кој е во државна coпственост зема 210.000 плата. Тоа заедно со придонесите е околу 5.500 евра. За споредба една фамилија на пример од Прилеп која се занимава со тутунарство за една година заработува околу 7-8.000 евра. За да ги заработат тие средства тие се мачат во текот на целата година, работат од утро до ноќ, а еден владин претставник ги зема тие пари за месец и пол седење во удобни фотелји, истакна Николоски.

Мицкоски до Заев: Ви тежат ли peкетиpaните пари кои ги земавте во џебот?

Слушнавме како лицето Бојан Јовановски вели pekeтираните пари завршија таму и таму. И до ден денес никој не го повика Заев да каже за ова. А во еден ист таков материјал Заев вели обезбедивме пари за финансирање на тоа и тоа здружение. Замислете никој не го повикува господинот Заев да даде исказ дали тоа е така или не е така, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на првата телевизиска дебата со Зоран заев од СДСМ која беше на телевизија 24.

Според Мицкоски има уште помалку од две недели до избори и треба граѓаните да добијат одговор.

-Ја разбирам нервозата кај Заев, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и додаде дека тоа не може да биде причина да нема одговор за прашањата на граѓаните.

Во контекст на кажувањата на Бојан Јовановски каде завршиле парите, Мицкоски со прашање до Заев „ви тежат ли pekeтираните пари кои ги земавте во џебот“.

-Јас знам дека ви тежат земените пари, но ќе дојде 15-ти јули и ќе го ослободиме обвинителството, судството и наместо да ги викаме во нашите канцеларии како што вие тоа го правевте, ќе ги ослободиме институциите и луѓето кои работат во нив и ќе ги оставиме да работат, рече Мицкоски.