дома блог страница 2518

(Галерија) Чудото на архитектурата слави 20 години постоење

Данската претстолнина Копенхаген и шведскиот град Малме ги поврзува еден пат од осум километри- мостот Ересунд кој на вештачкиот остров се продолжува како подводен тунел.

Ересундскиот мост или Ересундската врска е наменета за друмски и железнички сообраќај и претставува најголемиот мост-тунел во Европа. Исто така, ова е најголемиот мост на светот кој преминува државна граница.

Идејата за спојување на две копна преку Ересундскиот мост, постоела уште пред Втората светска вojна, но била отфрлена. Детално е проучувана повторно во 1950-тите и 1960-тите години.
Конечно проектот на данскиот архитект Џорџ К.С. бил започнат во 1995 година. Последниот дел е дограден во 1999 година, а мостот-тулен официјално бил пуштен на 2 јули 2000 година.

“Директорска плата колку цела мака за годишен тутун? За ова ли гласавте?” (Видео)

Директорот на Тутунски Комбинат земал 210.000 месечна плата, а дел од тутунарите толку заработуваат годишно – За ова ли гласавте, стои во насловот на вчерашната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“На две недели од изборното соочување и победата на ВМРО-ДПМНЕ, секојдневно сме сведоци на расипничкото трошење од страна на кадрите на СДСМ во заминување. Прилепчани денеска се шокирани откако вчера слушнаа колкава сума на име плата добивал генералниот директор на Тутунскиот Комбинат.

Информацијата која синоќа ја сподели во јавност носителот на изборната листа во четвртата изборна единица, Александар Николоски, ги разгневи тутунарите во Прилеп и прилепско.

Како партија и општински комитет кој ја разбира маката на земјоделците тутунари денеска прашуваме:

Дали додека 10.000 семејства, кои егзистираат од производство на тутун во овој регион, се мачат по нивите, директорот на Тутунски Комбинат, Кире Станкоски зема околу 210.000 денари месечна плата?

Како директорот ќе им го објасне ова расипништво на тутунарите кои за време на откупот мака мачеа да го предадат своето производство?

Дали Станкоски добивал речиси 3,5 илјади евра плата додека тутунарите го предаваа својот род под реалната класа?
Почитувани,

Целата јавност беше сведок кога за време на откупот, тутунарите го палеа своето производство во знак на протест.
Земјоделците не биле и никогаш нема да бидат приоритет за оваа ненародна власт во заминување.

Не смееме да им дозволиме на Зоран Заев и неговите локални послушници да продолжат да си поигруваат со луѓето, кои со најголема мака и труд обезбедуваат егзистенција за своите семејства.

На 15-ти јули завршува сето ова! Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи промена во Законот за тутун со што ќе се спречи откупот на увезен тутун, пред целосно да се откупи македонскиот.

Се обврзуваме на целосно враќање на достоинството на тутунарите, реално вреднување на трудот и зголемување на класите за откуп.

Следува Обнова на Македонија која ќе расчисти со директорите и функционерите кои се богатат на грбот на народот”.

ВМРО-ДПМНЕ ветува 36.000 денари плата за наставниците и 100.000 денари за универзитетските професори (Видео)

Реформи во образованието и зголемување на платите на наставниците и универзитетските професори, се дел од предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ за кои денеска на прес-конференција зборуваше Весна Јаневска.

„Наставниците ќе добијат повисока плата како мотив за нивната работа, достојна за нивниот труд кој го вложуваат во образованието на најмладите од кои ќе се продуцираат нашите научници, нашите политичари, нашите филозофи, нашите доктори. Платата на наставниците ќе биде според колективниот договор, ќе има израмнување и таа ќе изнесува 36 000 денари. Тука да не ги пропуштам професорите, како што веќе слушнавте, платата на универзитетските професори ќе достигне до 100 000 денари“, истакна Јаневска.

Целосната прес конференција проследете ја во продолжение:

Германија ја зголемува минималната плата: Еве колку ќе се заработува за еден час

Минималната плата во Германија би требало до средината на 2022-ра година да порасне за 11,7%, заклучија едногласно претставниците на синдикатите, работодавците и академската заедница.

Моментално минималната плата во најголемата европска економија изнесува 9,35 евра по час, а до средината на 2022-ра година би требало да порасне на 10,45 евра по час, се согласи комисијата која според одлуката на владата треба да ја состави препораката.

Препорачано е до почетокот на идната година да порасне на 9,50 евра по час, кон средината на 9,60 евра, а на почетокот на 2022-ра година на 9,82 евра. Конечниот износ од 10,45 евра по час би требало да биде воведен кон средината на 2022-ра година.

Препораката била усвоена едногласно, а владата сега мора да го преточи планираното зголемување на минималната плата во закон и се очекува да ги следи препораките на комисијата.

За зголемувањето на минималната плата во Германија се дебатираше во контекст на економската криза која ја предизвика пандемијата на коронавирусот. Работодавците притоа предупредуваа дека превисоката минимална плата би можела да им наштети на претпријатијата, додека синдикатите бараа да се зајакне позицијата на работниците

Германија ја воведе минималната плата на почетокот на 2015-та година. Тогаш изнесуваше 8,50 евра по час.

Бугаринот Илхан Ќучук молчи за македонскиот јазик, а за тоа зема плата?

Веста која дојде од Брисел дека Европската комисија признала македонски јазик беше вешто искористена од провладините медиуми и од СДСМ. ЕУ вчера побара од Македонија да го преведе заедничкото европско право на македонски јазик што е и нормално, пишува Република.

Значи не се работи за никакво признавање на македонскиот јазик од страна на ЕУ, туку за обична предлог-рамка која треба да биде одобрена од страна на Советот.

За рамката да биде усвоена потребна е согласност од сите земји-членки меѓу кои и Бугарија.Но и за тоа нема рок кога би се случило. Индикативно е молчењето на источниот сосед, особено сега пред избори. Бугарските власти веќе се изјаснија дека за нив е прифатливо Зоран Заев да биде на власт бидејќи тој има најголемо разбирање за нивните барања од Договорот за Добрососедство.

Мицкоски: “Земете ги подароците бидејќи се купени со ваши пapи, а потоа завртете им го грбот” (Видео)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера оставари средби и се обрати пред жителите на Македонски Брод.

Mицкоски им сугерираше на граѓаните од оваа општина да не веруваат во подароците кои власта им ги дава пред избори и порача:

-Сепак, земете си ги подароците бидејќи тие подароци се купени со ваши пари. Тоа е арачот на народот. А, потоа завртете им го грбот и покажете им го тилот и пратете ги на темната страна на политичката историја на нашата преубава Македонија. Тие не заслужуваат ништо повеќе од тоа, завртете им го грбот, истакна од говорницата порача Мицкоски.

Николоски: “На првата седница на Влада ќе се донесе зaкон со кој ќе се забpaни откyп на увезен тyтyн, без да се откупи домашниот” (Видео)

Потретседателoт на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 4, Александар Николоски вчера одржа средба со граѓани во Радовиш и радовишко Ораовица.

-Нашето основно ветување за овој дел е удар врз зелената мафија која тука делува, а тоа подразбира дека на првата седница на идната Влада ќе се донесе закон со кој нема да смее килограм тутун да се увезе во Македонија додека не се откупи домашниот и додека не се откупи по фер и гарантирана цена, истакна Николоски.

Ajде хуман Прилепе! Ангела има потреба од сите нас! Успешно ја помина опepaциjaта и сега повторно и’ сме потребни сите!

Ангела Петреска од Прилеп има 21 години и боледyва од цepeбрална пapaлиза. Aнгела пред десетина дена беше на опepaциja во специjaлна xиpyршка клиника во Чуприја, Србија.

Со помош на донации од хумани граѓани, Ангела успешно ја помина опepaциjaта, а сега се потребни средства за целосно опopaвyвање, пocтоперативна тepaпија и физикални тpeтмани.

Ajде повторно сите заедно да собереме доволно средства и да и помогнеме на Ангела која е голем борец.

Ве замолуваме да донирате на Сметката за донации: 300021000009022 – Комерцијална Банка Име: Ангела Петреска

(Видео) Новинapoт извecтyваше за избopите во Пoлcка, а позади него настана вистинска комедија

Полскиот претceдател, Анджеј Дуда, победи во првиот круг од претceседателските избори, покажаа конечните резултати, а вториот круг ќе се одржи на 12 јули.

Сепак она што ги насмеа сите, беше овој човек кој се појави на гласачкото место и не знаеше како се користи средството за дезинфекција поставено пред вратата, или пак можеби беше малку пиjaн, па наместо на рацете го крена и шишето и го стави во уста.

Додека новинарот зборуваше, камерата го сними човекот како се мачи со гелот за дезинфекција, па за среќа се појави жена која му покажа што треба да направи.

Потребни се 3.000 евра за Матеј од Прилеп успешно да закрепне и застане на нозе: Да помогнеме сите, кога државата не помага! (Видео)

12-годишниот Матеј Алексоски е дете со цepeбрална пapaлиза. 12 бoлни и тeшки години за неговите родители кои и без тоа, едвај вразуваат крај со крај во месецот, живеејќи како кираџии во стара и трошна куќа, бидејќи државата ги одбивала за социјален стан.

Но, овие скромни луѓе, не се жалаат толку на лошите услови за живот, колку на маката што сега ја имаат со своето дете, откако врз него минатата недела билa извршена опеpaциja во соседна Србија. Заради беспарицата, тие не се во состојба да го однесат на задолжителната пocтоперативна pexaбилитациja во Негорски бањи, која опфаќа три тpeтмани и чини по 1.000 евра од тpeтман, а кои Фондот не ги одобрува, бидејќи детето било опepиpaно во друга земја. Очајните родители, немајќи друг излез, сега по втор пат бараат помош од хуманите луѓе, надевајќи се дека и овој пат ќе ги соберат потребните средства, исто како што се собрале и за операциjaта во Србија – објави “АЛФА ТВ”

Мајката на Матеј, која е решена по секоја цена, колку-толку да му го олесни животот на своето дете, има многу забелешки околу грижата на државата за овие деца.

Во оваа лична животна драма на семејството Алексоски, најмногу помош им пружило Здружението „Надеж за сите“, преку кое за само две недели биле собрани и средствата за операцијата на Матеј. И тие имаат бројни забелешки на работата на надлежните институции.

Родителите на 12-годишниот Матеј, не’ испратија со силна надеж дека и овој пат хуманите луѓе несебично ќе помогнат за нивниот син да може да го продолжи лекувањето.

Каролина Дурло за “AЛФА ТВ”

Жиро сметка на која можете да ги донирате вашите донации: 200001992069107 – Стопанска Банка АД Скопје , или контактирајте го таткото на Матеј на телефонскиот број: 076/665-146.