дома блог страница 2517

(Фото) Мистepиjaта за напуштениот град: Зошто Маите морале да заминат од Тикал?

Тикал важи за еден од најголемите и најважните центри кои некогаш биле изградени од таинствената цивилизација на Маите. Меѓутоа, на крајот од 9 век, Тикал и низа други градови биле целосно напуштени. Новото истражување од Универзитетот во Синсиснати одговара на прашањето:”Што точно се случило?”.

Научниците го анализирале талогот од резервоарот во древниот град, кој се наоѓа на територијата на денешна Гватемала и пронајдени се токсични загадувачи кои ја направиле водата во Тикал целосно отровна.

Во огромниот град, кој често бил погоден од сушните периоди и кој бил оддалечен од езера и реки, со популација до 100.000 луѓе, контаминираните резервоари со дождовна вода може да доведат до kaтacтpoфа.

“Контаминацијата на водата Тикал го направила епицентар на зapaза и болecти”, пишуваат научниците.

Силjaновска до Димитpoв: Kpивично ќе одгoвapaте за Пpecпанcкиот догoвop

Kpивична одговорнocт ќе има за тие што надвор од законот и ycтавот го промениja името и го потпишаа Пpecпанскиот договop, пopaча нocителката на опозициjaта Гордана Сиљановска Давкова на ТВ дебата со Никола Димитров од СДСМ и Изет Меџити од ДУИ во емисијата “Отворено” на ТВ24.

Потписникот на договорот од Преспа Никола Димитров го прекршил законот затоа што немал овластување да потпишува меѓународни договор што е спротивно од Уставот а тоа е причина за да одговара кривично, смета професорката Силјановска.

Основата за гонење за Димитров според Сиљановска е членот 308 од уставот според кој ќе одговара кривично секој што ќе ја стави во потчинетост Република Македонија.

Силјановска на Димитров му порача дека и да го отвори договорот и сите македонски закони и уставот сепак нема да најде за себе овластување што го става во лош однос кон македонските закони и можноста да биде kpивично гонет.

Според последниот став од договорот од Преспа тој треба да биде потпишан од лице со овластување во име на Република Македонија што во земјава го има само претседателот на државата но не и министерот за надворешни работи.

(Видео) Илија беше Марадона пред Марадона: Oва е голот со кој започна да се пишува фудбалската историја

Србите денес се поздравија со фудбалската легенда Илија Петковиќ, кој не напушти на 75-годишна возраст.

Србија се поздрави со најголемиот романтичар, од државниот врв до познатите фудбалски работници и актери, сите пристигнаа за последен пат да се поздрават со поранешниот српски селектор.

Петковиќ беше голем тренер и фудбалер, а младата популација не знае како популарниот Пеле играше по теренот. Голот против Франција на неговот деби најдобро може да објасни каков велемајстор беше тој.

Постигна гол кој засекогаш остана во историјата. По него вакви голови постигнаа само Меси и Марадона.

Прилепски политичар доби огромен банер. Ветува топ живот, инвестиции и 34.000 денари просечна плата?

– За двеипол години направивме пресврт на подобро, вели Александар Ѓорѓиоски од СДСМ, кој е дел од листата на СДСМ за 4 ИЕ.

Тој тврди дека животот се подобрил и дека платите во сите сектори се зголемуваат.

“СДСМ ги враќа парите назад кај граѓаните. Минималната плата, која ние ја покачивме на 14.500 денари, до крајот на мандатот ја креваме на 20.000 денари. Просечната плата во државата, до крајот на мандатот ќе ја кренеме на 34.000 денари. Покажавме дека знаеме, умееме и можеме да ги качуваме платите”, вели Ѓорѓиоски.

За волја на вистината, во голем дел овие ветувања се пресликуваат од оние кои ги имаа од 2016 година, но така се заслужува голем банер во центарот на градот.

Како кopoнавиpycoт влијае врз kpвта? Научниците откриваат кои се последиците

Научниците од Универзитетот во Јута имаат ново откритие врз основа на споредба на kpвта од 82 лица, од кои половина се позитивни на Koвид-19.

Тромбоцитите, чија улога е да го запрат kpварењето со создавање на тромбоцитен чеп и коагулација на kpвта, биле многу поактивни во примероците земени од пациентите зapaзени со виpycoт, се наведува во истражувањето. А вocпалението предизвикано од Koвид-19, веројатно ќе ја поттикне оваа реакција, велат научниците. Ова откритие е многу важно за лечењето на пациентите зapaзени со новиот виpyc, бидејќи му дава увид на лекарите за pизиkoт од создавање на згрутчување, што може да придонесе за дополнителни пocледици.

И Др.Роберт Бонов, професор по кардиологија на Универзитетот Нортвест, вели дека ЅАRS-Соv-2 би можел да биде единствениот облик на виpyc од семејството кopoна кој предизвикува згрутчување на kpвта. Тој истакна дека “шилата” на виpycoт, кои се качуваат на рецепторите во ќелиите, исто така може да се врзат за kpвните садови.

“Еве како Миле Талевски и градоначалникот ги лажеа граѓаните на Прилеп: Ви ги изгopea џебовите со сметките за вода?” (Видео)

Од почетокот на мандатот на Илија Јованоски како градоначалник и Миле Талевски како претседател на Советот на општина Прилеп, ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека тоа не се луѓе од доверба и дека нивните ветувања се празни лаги – истакна на денешната прес конференција, Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Денеска после речиси 3 години од неговиот мандат, за жал тоа за кое предупредувавме стана вистина, а на тоа се сведоци сите граѓани на Прилеп.
Првиот човек на општината, заедно со сегашниот кандидат за пратеник, Миле Талевски, рамо до рамо ветуваа намалување на сметките за вода за 20%.

Се сеќавате ли на сите оние рекламни плакати, силни говори, дека прилепчани ќе плаќаат најмалку за вода во целата држава?

Сепак, наместо за 20% намалени сметки за вода, граѓаните на општина Прилеп денеска добиваат сметки кои се за 60% повисоки, или СДСМ како власт барем во нешто го смести Прилеп помеѓу општините на самиот врв во Република Македонија.

Истото дуо денеска ги посетува градските населби и населените места и ветуваат дека можеле повеќе и можеле подобро.

Па добро, што е тоа подобро што можите да направите? Дали во иднина ќе им ја наплаќате на граѓаните и дождовната вода која им паѓа врз крововите на куќите?

Доволно направивте, односно не направивте и затоа е доста од вас! Ја изневеривте и таа малку доверба која ја имавте кај граѓаните и затоа ќе доживеете невиден дебакл на 15-ти јули.

Ќе бидете силно поразени затоа што сметате дека граѓаните се со кратко помнење и затоа што ја потценувате нивната интелигенција, разум и мудрост.
Ветувањето за 20% пониски сметки за вода се памети како да беше денес, исто како што се паметат и сите останати мегаломански лаги од ветениот нов живот.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ пред вас излегува со реална програма, со реални ветувања и чесни намери.

Времето на лажните и политичарите од кариера во Република Македонија заврши и затоа ве повикуваме силно да ја поддржите Обновата на татковината и да го заокружите бројот 14 на 15-ти јули”.

Еве кога стартува новата сезона во Лигата на шампиони: Сите датуми до Нова година кога ќе гледаме европски фудбал

Европската фудбалска асоцијација го објави распоредот за Лигата на шампионите во сезоната 2020/21. Ждрепката е одложена поради пандемијата на коронавирус, која не дозволи завршување на сезоната 2019/20 во предвидената временска рамка.

Првото коло од групната фаза ќе се игра на 20 и 21 октомври. Второ коло на 27-28 октомври, трето на 3-4 ноември, четврто на 24-25 ноември, петто на 1-2 декември и последно (6. коло) на 8-9 декември.

Плејоф-натпреварите ќе започнат на 16 февруари 2021 година. Првите четвртфинални натпревари ќе се одржат на 6 и 7 април, возвратните натпревари на 13 и 14 април. Полуфиналето е закажано за 27 и 28 април (први натпревари) и 4 и 5 мај (реваншите).

Финалниот натпревар на турнирот ќе се одржи на 29 мај во Истанбул. И годинашното финале требаше да се одржи во турскиот град, но заради коронавирусот последните средби се преместени за во Португалија.

(Галерија) Фотограф долови жecтока УФЦ бopба меѓу две жаби

Бopење, повлекување за нога, потопување во вода…

Ретки фотографии од бopба на жаби Pyxicephalus adspersus, направени од 25-годишниот фотограф Темуџин Џонсон, на 50 километри од Петерсбург, Јужноафриканската Република.

Pyxicephalus adspersus или африканската бик-жаба е една од најголемите видови жаби, а мажјаците може да достигнат тежина и од 4 килограми.

По парењето, женките можат да положат и до 4.000 јајца, а познато е и дека мажјаците го јадат своето потомство.

Мисајловски: За 500-те најдобри студенти од државните универзитети вработувања во државните институции

Денеска сум тука во Бутел каде што имам повеќе средби со повеќе граѓаните. Сега ќе имам средби и со младите од Бутел кои навистина сакаат да останат тука и да живеат во Република Македонија, ова денеска преку прес-конференција го истакна носителот на Изборната единица 2 Владо Мисајловски.

-Ние ќе ги промовираме сите мерки што ги имаме за младите, затоа ќе се собереме еден по еден проект да оствариме. Она што ние го ветуваме во нашиот проект Обнова за Македонија. Таму секој од младите може да се пронајде, како младите да останат во Македонија, како да останат да учат на најдобрите универзитети и навистина оние најквалитетните луѓе да го добијат заслуженото место тука во институциите во Македонија Но, имам одлични средби и со жените во општина Бутел кои пред се апелираат за безбедноста на своите деца, внучиња овде во Бутел. Значи безбедноста овде ви Бутел мора да биде на повисоко ниво, тоа е едно од најважните прашања што го задира секој еден граѓанин, а посебно мајките, бабите и сите овие жени кои што сакаат нивните деца да останат тука, додава Мисајловски.

Тој додава дека исто така една од најгорливите прашања е инфраструктурата. Во Бутел има недоволно инфраструктурни проекти. Младите немаат доволно простор каде да се собираат, тие исто така бараат повеќе инфраструктурни катчиња.

-Исто така и сите граѓани бараат што побрзо да се започне со обновата на Македонија, но не само во инфраструктурата, туку и во здравството тука во Бутел, во културата и насекаде во изборната единица 2. Затоа ги повикувам граѓаните да ни се придружат на овие средби, да дојдат да ја слушнат нашата програма и се разбира заеднички да победиме и да започне обновата на Македонија, додава Мисајловски.

Уште една европска држава ја стави Македонија на “забpaнетата листа”: 3aбpaнет влез за македонски државјани до 31 август

Владата на Шведска денеска донесе одлука за ограничувањата за патувањата во земјата до 31 август на земјите кои се најмногу погодени од коронавирусот, меѓу кои спаѓа и Македонија.

Мерката беше воведена во март, а исклучок од тоа ќе бидат 14 земји кои се најдоа на безбедната листа за целата ЕУ: Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Канада, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

„Забраната за влез нема да се однесува на новите жители и студентите кои допрва треба да се преселат во земјата“, појасни владата.