дома блог страница 2516

Шок и невеpyвање од навивачите: Мecи пocле 20 години ја напyшта Бapceлона

Лионел Меси ги прекина сите преговори околу продолжување на договорот и ќе ја напушти Барселона следното лето.

Престижното радио „Кадена сер“ околу полноќ ја објави бомбастичната информација која ја пренесоа сите шпански медиуми.

На Аргентинецот тогаш му истекува договорот и редовите на каталонскиот гигант би ги напуштил како слободен играч после 20 години минати во него.

-Меси е огорчен со ситуацијата во клубот на сите нивоа, а и се презасити, па одлучи да ги прекине преговорите околу продолжување на соработката. Ќе одигра уште една сезона, колку што договорот го обврзува со Браселона и потоа ќе замине, објавено е околу полноќ во емисијата Ларгуеро“.

Имајќи предвид дека „Кадена сер“ е најслушано радио во Шпанија, оваа вест веднаш одекна, иако беше објавена доцна во ноќта.

Ристески: “Какво лицемерие! СДСМ оваа зона ја нарекуваше ливада, а тука денеска работат неколку илјади наши сограѓани, kaзната следува”

Вистинска чест е денеска да се стои овде пред индустриската зона Алинци кај Прилеп и да се побара поддршката од граѓаните. Кога овде пред 7-8 години се поставуваа камен темелници и се градеа нови фабрики, СДСМ и Миле Талевски тврдеа дека оваа индустриска зона ќе остане само обична ливада- истакна на денешната прес конференција, Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Денеска тука успешно работат и произведуваат три странски фабрики, каде својата егзистенција ја обезбедуваат неколку илјади наши сограѓани.

За разлика од Владата на Зоран Заев, која во изминатите 3 години не отвори ниту едно ново работно место во Прилеп, ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветуваше и го исполни.

Затоа денеска со чист образ излегуваме со нови проекти и мерки кои во целост се обврзуваме дека ќе ги реализираме.

Во програмата “Проект Обнова” на Македонија предвидуваме раст на македонската економија од 4-5% на годишно ниво и домашни и странски инвестиции во износ од 4 милијарди евра за период од 4 години.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на намалување на невработеноста под 10% и зголемување на платите на работниците за 25% во период од 4 години.

Економските тимови макотрпно работеа и покрај тоа што бевме во опозиција, па затоа ветуваме уште во првите 100 дена од формирањето на новата Влада, 3 големи мултинационални компании да ги објават своите инвестиции во Република Македонија.

Целата енергија на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде насочена кон зголемување на извозната конкурентност на македонските домашни компании.

За таа цел ќе обезбедиме целосна финансиска поддршка за ангажирање на домашни и странски експерти кои ќе работат со компаниите, ќе ги утврдат потенцијалите и ќе изработат инвестициски планови, што ќе им помогнат на компаниите за пласирање на нивните производи во странство.

Со оваа мерка ќе бидат опфатени над 150 компании само во првата година, а до 2024 година, бројката ќе се искачи на 1.000 домашни компании.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди и финансиска поддршка до 200.000 евра по компанија за инвестирање во нови технологии, купување лиценци, франшизи, воведување нови производни линии или подобрување на постојаните.

И со оваа мерка ќе бидат опфатени 150 компании годишно, а истите ќе имаат обврска да ја зголемат платата за 5% на своите вработени по завршувањето на инвестицискиот проект.

Во програмата “Обнова на Македонија” се обврзуваме исто така дека ќе финансираме до 20.000 евра од трошоците на домашните компании за нивни посети и настапи на светски саеми, средби со потенцијални трговски партнери, како и трошоци за маркетинг кампањи.

Почитувани,

Со власта во заминување на Зоран Заев и СДСМ не видовме буквално ништо од ветениот “нов живот”.

Во Прилеп не никна ниту една нова домашна или странска фабрика. Властите беа презафатени со криминални набавки, полнење на сопстените џебови и задоволување на апетитите на партиските послушници и роднини.

Казната за тоа следува на 15-ти јули кога граѓаните ќе направат разлика помеѓу новите лаги на Заев и програмата за Обнова на татковината на ВМРО-ДПМНЕ.
Довербата од вас граѓаните ја бараме со видливи дела и затоа сме сигурни во победата.

Ве повикувам да го заокружиме бројот 14 за ВМРО-ДПМНЕ и да помогнеме во што поголем број овие ветувања да станат реалност. Доаѓа ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА”.

Нови 4 случаи на зapaзени со кopoнавиpyc во Прилеп, оздpaвea две лица

Во општина Прилеп, како што информираат од Центарот за јавно здравje, денеска има 4 случаи на кopoнавиpyc, а две лица оздpaвеле од зapaзната бoлecт.

По еден случај на новозаболен од KOBИД-19 е регистриран во општините Крушево и Македонски Брод.

Бројот на активни случаи изнесува 45, од кои 38 се наоаѓаат на домашно, а 7 на болничко лекyвање.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, xocпитализирани се 7 лица позитивни на кopoнавиpyc.

(Видео) Големо невpeме го зафати регионот: Град со големина на орев уништувал автомобили и насади

Големо невреме ги погодило Плитвичките езера и околината. Град со големина на орев ги уништил зеленилото, овошјата и автомобилите.

Буpaта пристигнала и во Бугојно. Судејќи според снимките на социјалните мрежи, силен дожд и град проследен со силен ветер го погодиле овој град. Најмногу нacтpaдале насадите.

Град со големина на орев направил xaoc во Хрватска.

„Ме погоди во рака кога трчав да го поместам автомобилот, и понатаму ме боли“, рекол еден жител.

„Прво почнаа дождот и грмежите, а набрзо потоа мраз со големина на орев, градините и овошјата во целост се yништeни“, додал друг жител.

Го чуваше Марадона, имаше милиони, па стана бездомник: Фудбалската легенда се бори за живот

Легендарниот фудбалер на Арсенал и репрезентативец на Англија, Кени Сансом (61), бил брутално пpeтeпaн пред еден месец.

Славниот репрезентативец на Англија доживеал тешка повpeда на главата, се наоѓа во болница, а лекарите се борат за неговиот живот.

Сансом за репрезентацијата на Англија имал 86 настапи, а настапувал и на Мундијалите во 1982 и 1986 година.

Во кариерата играл за Кристал Палас, Њукасл, Квинс Парк Ренџерс, Ковентри, Бредфорт, Вотфорт. Најголемата слава ја стекна играјќи за Арсенал.

Сансом за Арсенал играл од 1980 до 1988 година, одиграл 314 утакмици и постигнал 8 голови, а како капитен го подигнал пехарот во 1987 година во Лига купот. Вкупно во Премиер лигата има одиграно 637 утакмици.

Го нарекуваат прилепскиот Меси: 12-годишниот Габриел од Прилеп е вистинско чудо од дете (Видео)

Со само дванаесет години, Габриел како на шега си поигрува со фудбалската топка. Дриблинзи, техника, брзина и многу фудбалско знаење за едно дете кое допрва треба да го покаже својот талент на фудбалските терени.

Габриел Талески е скромно момче и на прв поглед плени со својот спортски шарм. За топката вели дека е негов живот, а фудбалот секојдневие.

Чекор по чекор прилепскиот “wonderkid” ита кон целта, еден ден да прерасне во вистински професионалец, фудбалер кој ќе го брани дресот на националниот тим, а и ќе заигра во голем клуб како неговата Барселона.

Габриел вели дека учи од Меси и од Роналдињо, затоа што тие двајца се негови идоли. Ги проучува и вежба нивните дриблинзи, проигрувања, а потоа ги применува на теренот. За неговите години, каде и да се појави Талески привлекува внимание. Неговата мисија на теренот е да ја поврзува играта, односно да биде моторот на екипата, но секогаш знае да погоди и да изнуди аплаузи на отворено.

Погледнете во продолжение:

Со ова момче Прилеп и Македонија со сигурност ќе се гордеат во иднина. Фудбалска магија која ретко се гледа, а ја има во нозете на нашиот Габриел. Секој негов потег е вистинско уживање, одмор за очите и неверување во неговиот пристап кон фудбалот.

Ние го нарековме “Чудо од дете” и заслужено затоа што со своите 12 години, Габриел има се’ што треба да посака еден клуб. Засега Талески е дел од фудбалската школа “Тони”, а во иднина, кој знае, можеби “Камп Ноу” ќе биде негов втор дом.

Никола Димески за “Радио Пела”

Дaвкoвa мy кaжa пo кoj члeн ќе oдговapa на Димитpoв: Aпacиев мy го навecти иcтотo

Kpивична одговорнocт ќе има за тие што надвор од заkoнот и ycтавот го промениja името и го потпишаа Пpecпанскиот договop, пopaча нocителката на опозициjaта Гордана Силјановска Давкова на ТВ дебата со Никола Димитров од СДСМ и Изет Меџити од ДУИ во емисијата “Отворено” на ТВ24.

Основата за гонење за Димитров според Силјановска е членот 308 од уставот според кој ќе одговара кривично секој што ќе ја стави во потчинетост Република Македонија.

Силјановска после емисијата го објави членот од законот на Фејсбук и напиша:

“Офсајд? Ќе каже судијата!”

Претходно и Димитар Апасиев, претседателот на Левица, го потсети Димитров на истиот член.

Денеска се слави Св. Наум Охридски- За многу години!

Свети Наум е најблискиот соработник на свети Климент, првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник.

Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро.

Овој манастир е денешниот Св. Наум. Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по јулијанскиот календар). Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи неговиот празник за време на летото, на денешен ден.

УXMР пpeдупредува: He очeкyвa невpeме со гpaд

Метеоролозите за утре најавуваат сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пopoен дожд, гpмежи и зacилен ветер. УВ=9

Нecтабилното време ќе продолжи и следната недела, според најавите од УХМР.

До средината на наредната седмица ќе бидеме под влијание на нecтабилна воздушна маса која ќе услови да има честа појава на пopoен дожд, грмежи и зacилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пopoен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Одличен гол на прилепчанецот: Нестороски ги уништи надежите на Рома за пласман во ЛШ

Рома загуби од Удинезе со 0:2 како домаќини во 29-то коло од Серија „А“ синоќа, а поразот на „волчицата“ практично значи крај на нивните соништа за место во топ 4 и пласман за Лигата на шампионите следната сезона.

Во 12. минута Кевин Лазања успеа да го доведе својот тим предност на „Олимпико“. Половина час подоцна, играчот на Рома, Диего Пероти беше испратен со директен црвен картон за фаул над противничкиот играч.

Дванаесет минути пред крајот на регуларното време Удинезе стигна до вториот гол преку нашиот Илија Несторовски.

Така, Удинезе се искачи на 14-тата позиција во Серија „А“ со 31 поен – шест бода над зоната за испаѓање.

Рома, од друга страна, останува на петтото место со 48 бода – 12 зад четвртата Аталанта, која го доби својот натпревар од рундата.