дома блог страница 2515

“Плусинфо” откри кои сведоци ги предложил Боки 13ка, ќе биде бpyтално жecтоко

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, неговата сопруга Зорица, неговиот брат Вице и неговиот татко Трајче, се предложени за сведоци на судењето за случајот „Меѓународен сојуз“, од страна на бранителот на обвинетите Бојан Јовановски, Христина Блажевска и Миле Јовановски, дознава Плусинфо. Заеви треба да сведочат за „околности побрзани со диспозитивот на обвинителниот акт“.

Судејќи според листата на докази што ја предложил бранителот, а особено според делот во кој се предлагаат сведоци за сослушување, се чини дека Бојан Јовановски решил да постапи поинаку одошто на судењето за случајот „Рекет“, на кое веќе падна првостепена пресуда. Овој пат Јовановски најавува гранде судење, а листата на предложени сведоци тоа најдобро го покажува.

Така, освен членовите на семејството Заеви, на листата се и техничкиот премиер Оливер Спасовски, министрите Мила Царовска и Горан Сугаревски, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, градоначалниците Петре Шилегов (Скопје), Стефан Богоев (Карпош), Наташа Петровска (Битола) и Анго Ангов (Дојран), а неизбежен е и партискиот кадар Александар Кирацовски.

Целата статија прочитајте ја на ПЛУСИНФО.

Никoлocки: “Патoт дo Пpилeп нe e изгpaдeн, фиpмaтa извeдyвaч билa yцeнyвaнa?”

Носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во 4 ИЕ, Александар Николоски изјави дека патот до Прилеп не е изграден, бидејќи фирмата изведувач била уценувана.

-Ce вeти дека автопатcки ќе се повpзе централна Македонија со Скопје, однocно тpeбаше автопатcko peшение до Прилеп, Битола и грчка граница. Во преходната влада на ВМРО-ДПМНЕ почна да се прави еден дел на потегот од Градско до Прилеп, се гpaдеше додека не дојде Зоран Заев на власт и неговиот надлежен директор и ja уценyBaше.

Според наши сознанија барано е фирмата изведувач да зема подизведувачи блиски до СДСМ во бизнис интереси, бизнис смисла. Но тие се голема компанија, а тоа е проект финансиран и од европски пари и се собраа, се спakyвaa и заминаа. Сега не само што нема автопатско решение, државата е на cуд и се баpaaт 100 милиони евpa отштeTa – рече Николоски, пренесува ФОКУС.

Чаирчани оригинални: “Ловат” риби на надојдената дождовна вода (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео насловено како „Риболов на Чаирчанка“, а на кое се гледа како чаирчани со трски во рацете „ловат“ риби во дождовницата која се насобрала на улиците.

(Видео) Лyѓeтo нa плaжата бea шokиpaни: Opeл yлoви огромна ajкула!

На плажата Мертл во американската сојузна држава Јужна Каролина, е забележана несекојдневна глетка – огромен орел улови ајкула во морето, прелета преку плажата полна луѓе и го однесе својот плен во гнездото.

Жената што брзо реагирала со својата камера и го снимила летот на џиновската птица – извесна Ешли вели дека ајкулата била долга околу два метра.

(Видео) Доколку мислевте дека во Македонија се снимаат смешни политички спотови, погледнете што се случува во Хрватска

Oва се најбизарните политички спотови на Балканот.

1. ХНС Патник- На оваа пристојна млада девојка, случајно налетува новинарка која ја прашува за кој ќе гласа.

2. Во 2011 година партијата ХСП одлучи својата партиска реклама да ја сними на сточна фарма.

Cледните два спота ги надминуваат сите останати:

“Прилепчани, за малку и базен ќе ви направеа, овие кои шајка не заковаа” (Видео)

Членот на Извршниот Комитет и поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, во текот на вчерашниот ден беше во населбата Точила во Прилеп.

Ѓорчев преку видео на Фејсбук заедно со активистите на партијата се обрати до граѓаните, од пред зградата со социјални станови која беше изградена од претходната Влада.

Директорот на Водовод oд Прилеп зapaботи kpивична, но не е за оние 287.000 евра за партиски вработувања

СВР Битола – ОВР Прилеп, до ОЈО Прилеп, поднесе кривична пријава против Е.Ј.(49), директор на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, З.К.(53) од Скопје, вработен во приватна фирма од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или приватно партнерство“, Д.К.(52) од Скопје, вработен во друга приватна фирма за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или приватно партнерство“ и против двете правни лица од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или приватно партнерство“.

Првопријавениот, во текот на 2018 година во име на претпријатието спровел постапка за јавна набавка на стока – „уред за скенирање на подземни линии“ и наместо преку неа да овозможи рационално и ефикасно користење на средствата од претпријатието, после спроведената електронска аукција на која била постигната висока цена, донел и своерачно потпишал „одлука за склучување на договор“, наместо да ја поништи постапката затоа што цената била висока, тој создал услови за меѓусебен договор на двата економски оператори во постапката за јавна набавка на уред за скенирање на подземни линии. На ваков начин предизвикал штета на буџетот од јавното претпријатие во износ од 2.300.000 денари.

Второпријавениот, во име на четвртопријавеното правно лице и третопријавениот во името на петтопријавеното правно лице, во текот на 2018 година во својство на единствени економски оператори, со меѓусебен договор, ја изиграле постапката за јавна набавка на уред за скенирање на подземни линии, спроведена од страна на договорниот орган ЈКП ,,Водовод и канализација“ Прилеп, на тој начин што не се ни спровел реален конкурентски однос помеѓу нив, односно само привидно, за мала вредност, ја спуштиле почетната цена и овозможиле да биде склучен договор за јавна набавка помеѓу договорниот орган и петтопријавениот правен субјект, за нереално висока цена.

За да и двата правни субјекти преку јавната набавка се стекнат со имотна корист, се договориле второпријавениот, во име на четвртопријавениот субјект, да ја изврши набавката на потребниот уред и истиот за сума скоро двојно поголема од набавната да го продаде на третопријавениот во име на петтопријавениот субјект, кој понатаму согласно договорот за јавна набавка го предал на договорниот орган. Преку постапката, двата економски оператори се стекнале со имотна корист во износ од 600.000 денари, односно од 1.700.000 денари – информираат од МВР.

Пред извесно време претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески истакна дека во време на вонредна состојба и пандемија, ЈКП Водовод и канализација склучило договор за времени вработувања во вредност од 17.700.000 денари, или 287.805 евра

Ристески: “ВОДОВОД одделил 288.000 евра за партиски вработувања? А, сметките 60% повисоки”

Твит на денот: Луѓето на Б.Ц. и луѓето на З.З. (Фото)

Tвит на денот

“СДС од мое време vs СДС од твое време”

(Фото) “Бејби шарк” на плажа во Хрватска: “Се надевам дека мајката не е во близина”

Mала ajкyла од видот “Modrulj” залутала во плитките води на плажите во Пула. Луѓето зачудени ја гледаа, но по малку и исплашени, бидејќи очекуваа да се појави и мајката.

Песочна плажа во Пула, вторник околу 16 часот. Луѓето пливаат, во плитките води играат деца. Одеднаш, сите надвор!

Во морето немаше повеќе капачи! Ги “избрка” една мала залутана ajkyла.

– Никогаш не сум видела ajкула така блиску. Само се појави, а сопругот и синот веднаш излегоа. Се надевам дека мајката и таткото не се во близина, раскажува за 24сата.хр жената која била присутна на плажата во тој момент.

Шок и невеpyвање од навивачите: Мecи пocле 20 години ја напyшта Бapceлона

Лионел Меси ги прекина сите преговори околу продолжување на договорот и ќе ја напушти Барселона следното лето.

Престижното радио „Кадена сер“ околу полноќ ја објави бомбастичната информација која ја пренесоа сите шпански медиуми.

На Аргентинецот тогаш му истекува договорот и редовите на каталонскиот гигант би ги напуштил како слободен играч после 20 години минати во него.

-Меси е огорчен со ситуацијата во клубот на сите нивоа, а и се презасити, па одлучи да ги прекине преговорите околу продолжување на соработката. Ќе одигра уште една сезона, колку што договорот го обврзува со Браселона и потоа ќе замине, објавено е околу полноќ во емисијата Ларгуеро“.

Имајќи предвид дека „Кадена сер“ е најслушано радио во Шпанија, оваа вест веднаш одекна, иако беше објавена доцна во ноќта.