дома блог страница 2514

(Видео) Непокор македонски: 250 знамиња со “Сонцето од Кутлеш” светнаа во Пелагониското поле

250 знамиња со “Сонцето од Кутлеш” се веат на куќите во општина Могила и Новаци, пренесува АЛФА.

Двесте и педесет знамиња со сонцето од Кутлеш, жителите од пелагониските села во Општината Могила, па и неколку во Новаци, ги поставија на своите куќи и во дворовите, за да покажат колку си ја сакаат татковината и колку ја негуваат паметената историја, пренесувана од колено колено, преку генерациската меморија на нивните дедовци и предедовци.

Целата сторија на Петар Стефановски за АЛФА, можете да ја погледнете ТУКА.

Јасмина пронашла паричник, но горко зажалила: “Следниот пат нема ниту да го погледнам”

Jасмина (32) минатата недела во центалот на Белград пронашла паричник полн со пари и картички, но целата документација на сопственикот.

– Гледам на улица паричник, го кревам, отворам… полн со пари и разни картички. Документите сите на број и тоа баш сите. И лична карта и здравствена и возачка и што уште не. Кога ќе ги изгубиш, потребна ти е половина година за да ги изработиш повторно, а за трошоците да не зборуваме. Си реков, сигурно му испаднал на некој.

Не е ykpaден, бидејќи парите беа во него. Овој паричник му паднал на некој од џеб. Веројатно маж, бидејќи тие ги чуваат документите во задните џебови, раскажува Јасмина за Магазин Новости.

Штом го најдов, сакав да одам веднаш во полициja, тука блиску, и да го предадам, но брзав за на работа и си реков ќе го однесам покасно. Дури кога стигнав во фирмата, колегите започнаа да ми викаат. “Дали си нормална, не го носи во полициja, ќе те обвинат дека ти си го земала, некој можеби пријавил дека има повеќе пари во паричникот”.

И така започнувам да ги гледам картичките, побарав на интернет и пронајдов телефонски број. Му се јавив на човекот и следниот ден дојде пред фирмата во која работам. Му реков почекајте ќе се симнам веднаш. Се претставив, му кажав каде го најдов, а видов дека е истиот човек од фотографијата на личната карта. Го зеде паричникот, не го ни погледна, низ заби рече тивко фала и замина, како да избега.

Јас бев шokиpaна. Барем една минута да постоеше и да се ракуваше. Немаше да прифатам никаква награда, но секако доколку понудеше ќе покажеше благодарност. Јас ќе ја одбиев понудата секако. Родителите ми викаа ништо туѓо да не земам. Затоа си реков, следен пат кога ќе пронајдам нешто слично, воопшто нема ниту да го погледнам.

За Талевски Саат кулата отчукувала за нова победа: Дали е така или таа вели “АХ” за сите злодела во овие 3 години? (Фото)

Кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски, денеска се искачи на Саат кулата и напиша дека прилепската Саат кула отчукувала за нова победа и нова иднина

“Прилепе мој, заедно #Можеме уште повеќе, уште подобро!”, напиша Талевски.

На Саат кулата во Прилеп пишува:

„Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика …”Ах”…”

Oстанува да видиме на 15-ти јули дали Градскиот часовник викал “АX” и за времето изминато во овие 3 години власт на СДСМ и Талевски, кога се менуваше името на државата, кога се воведи двојазичност и во Прилеп….

Прекрасно! Македонски уметник направи огромен портрет на Новак Ѓоковиќ на земјен терен (Видео)

На земјениот терен на клубот Џукиќ во Белград, македонскиот уметник Андреј Јосифовски направи најголем портрет на светот на Новак Ѓоковиќ.

Цртежот е долг 24 метри, широк 11 метри, а се наоѓа на точно 264 квадратни метри.

-Ноле е човек кој има исклучителен сјај. Тој е мотивација за многу генерации. Тешко е да се најдат зборови кои може да го опишат, кажа Јосифовски.

(Видео) Неверојатна снимка од Марс: Пронајден е кратер со мраз, а еве што се крие позади неговото име

Европската вселенска агенција објави спектакуларно видео од кратерот на Марс кој дава надеж, дека некогаш би можел да се развие живот на црвената планета.

Неверојатното видео е всушност мозаик од снимки од опвршината на овој кратер, направени со стерео камера со висока резолуција.

Кратерот Королјев се наоѓа на северниот дел од Марс и е исполнет со мраз за време на целата година.

Кратерот го добил своето име по Сергеј Павловиќ Королјев, главниот советски ракетен инженер и конструктор на вселенски летала, кој е познат и како “татко на руската вселенска технологија”.

(Фото) Креативен начин за одржување растојание: Како во париските ресторани се одржува социјална дистанца

Социјалното дистанцирање никогаш не е лесно, па поради тоа од сега дрштво во рестораните ќе ви прават и плишени мечиња. Ова е само една од иновациите на угостителите кои работат на распоредот и растојанието меѓу нивните гости.

Најновата идеја која се појави во светот се големите плишени мечиња. Имено, мечињата се поставени на столиците како би се одржувало растојание.

– Креативен шешир во Германија

– Стаклена куќарка

Коњарци му свртеа грб на СДСМ? Дали погубните политики се причината за тоа? (Фото)

Локалниот предизборен карван на СДСМ, предводен од кандидатот за пратеник Миле Талевски и градоначалникот Илија Јованоски, синоќа го посети населеното место Големо Коњари, кое е едно од најголемите во општина Прилеп.

Но, она што може да се забележи од објавените фотографии на социјалните мрежи, слично како и во останатите средини каде СДСМ одржува мини собири, и во Големо Коњари присутни биле само десетина луѓе.

Нереализираните ветувања, продажбата на националните интереси, партиските вработувања… биле само дел за револт кај останатите членови кои останале “извисени” од лажните ветувања.

Какви ќе бидат резултатите останува да видеме на 15-ти јули.

Кој го тераше Заев да прифати сведителствата на дечињата да бидат со новото име, тоа никаде не го пишува во договорот

Синоќа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во eмисијата „360 степени“ на “Алсат-М” при што посочи дека ултиматумите ќе потсетуваат на предавството и манипулациите на Зоран Заев и СДСМ. И тука нема апсолутно никаква дилема.

„Никаде не пишува да се променат сведителствата. Кој го тераше Зоран Заев да ги промени сведителствата, кога ние се уште не сме го отвориле поглавјето“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека студенти кои што завршуваат и дипломираат и на диплома на која им пишува Република Македонија, и пак го продолжуваат своето образование во врвните универзитети по светот, и никој не им прави проблем ако пишува на дипломите Република Македонија.

„Јас сум сигурен во ова што ви го зборувам, јас можам и примери да ви ускажам. Има студенти кои студираат без проблем во Франција – Париз, во Швајцарија. Ние имаме дипломци кои по светот студираат со дипломи на кои пишува Република Македонија. Немојте да мислите дека оваа административна пречка го натерала Зоран Заев. Не, затоа што тие кога имаа слабост во сите области корупција, криминал, немање реформи, лоша економија, буквално катастрофа во се, единствено најлесно што останува е вратоврската и да потпишете една ваква капитулација“, нагласи Мицкоски.

Бapди потпишyва за Apceнал?

Информациите кои доаѓаат од Шпанија говорат дека македонскиот репрезентатицец Енис Барди во следните неколку дена ќе потпише за Арсенал.

Добрите игри го натераа англискиот великан а бара засилувања за следната сезона и прв избор е токму Барди

Добрите во дресот на Леванте му ја подотворија вратата на „Емирејтс“. Да се надеваме дека Енис добро ќе се снајде во Премиер лигата и ќе продолжи да ги решета мрежите.

На јутјуб веќе се појавија видеа на кои на Барди му се посакува добредојде во Арсенал.

Kpивична за директорот од прилепскиот музеј: Бpзал да го удоволи градоначалникот?

СВР Битола – ОВР Прилеп, до ОЈО Прилеп, поднесе kpивична приjaва против Б.А.(64) од Прилеп, раководител – директор во НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, во периодот од 02.10.2019 се до денес, без одлука на надлежен орган, на Леарница од Скопје самоицијативно предал на реверс склуптура(исечена на парчиња) со назив „ЖРТВИ НА ФАШИЗМОТ“, која била спомен обележје на стреланите борци од бугарскиот фашистички окупатор во с. Дабница, прилепско и била под заштита на НУ Завод и Музеј –Прилеп. По извршената реставрација, склуптурата не е вратена во НУ Завод и Музеј-Прилеп.

Претходно, на предлог на Градоначалникот на општина Прилеп, Советот на општина Прилеп донесува одлука на 10.09.2019 со која се предвидува реставрација на бронзената статуа на предметниот споменик, односно одлука за јавна набавка за „Заварување на споменикот и реставрација на бронзената склуптура и изработка на калап и одливка на копија од статуата“. После тоа, на 05.11.2019 била спроведена постапка за јавно надавање и отварање на понуди по електронски пат, но ниту еден економски оператор не поднел понуда. После тоа, Градоначалникот на општина Прилеп донел Одлука за поништување на набавката.

Во меѓувреме, пак, пријавениот без одлука на надлежен орган, на реверс ја предал на леарницата од Скопје заради извршувае на реставрација. Реконструираната одливка склупторот ја подарил на општина Прилеп за да биде поставена на местото каде некогаш стоела оргиналната склуптура, а била предадена со Договор за дар заведена на нотар. Додека пак, оргиналната скулптура до денеска не била вратена на НУ Завод и Музеј-Прилеп.