дома блог страница 2509

(Видео) Направи куќа од кал со базен користејќи само една алатка: Никој не може да поверува како му успева ова

Овој човек со леснотија гради куќарки сред џунгла и тоа користејќи само една алатка. Неговиот начин на градба, умешност и способност ги импресионираше сите градежни експерти ширум светот.

Погледнете само како направи куќарка од кал со базен. Навистина неверојатно:

Бpaчен пap во Pyсија изгpaдил пиpaмида во својот двop: Гpaдбата изгледа импpecивно (Видео)

Руската брачна двојка Андреј и Викторија Вакхрушева решила да изградат вистинска пирамида на својот имот во селото Истинка кај Санкт Петербург по примерот на египетските во Гиза.

Vintage News пишува дека соседите биле изненадени кога го виделе завршувањето на проектот на брачната двојка, која секогаш била фасцинирана од цивилизацијата на древен Египет.

Андреј и Викторија неколкупати ја посетувале Гиза за да ги видат познатите монументални пирамиди со свои очи. Откако се вратиле во својата татковина, тие минатата година решиле да направат копија од најголемата пирамида на Кеопс во сопствениот двор, се разбира, со помали димензии.

Сега, во нивниот двор има пирамида висока девет метри со страни во дожина од 13 метри. За изградба на пирамидата е користен првенствено бетон со тежина од 400 тони. Ентериерот на пирамидата сè уште не е целосно уреден, но дури и сега е доволно интересен за посетителите кои се подготвени да платат 50 долари за да поминат време во нејзините одаи и да медитираат, пренесува „Кликс“.

Оваа пирамида е 19 пати помала од оригиналната во Гиза и е делумно под нивото на земјата (девет метри), а во неа има и саркофаг.

Андреј и Викторија не планираат да престанат по завршувањето на пирамидата. Имено, тие веќе прават план за египетски храм во својот двор, кој ќе биде поврзан со пирамидата со тунел.

Нивниот прв сосед, Александар Пустошински, ги опишува како добри соседи и дека нивните необични постапки биле инспиративни за сите жители на селото.

(Видео) Атиџе ја сними својата прва песна

Атиџе, главниот лик од документарниот филм „Медена земја“ ја сними својата песна насловена „Покрај река Брегалница“.

За снимената песна информира кинематографот Самир Љума, кој сподели фотографија од Атиџе во студио.

Вepниците го празнуваат paѓањето на Св. Joван Кpcтител – Иванден: Чecтит именден Иван, Ивана, Jaнко, Jaне, Jaна…

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.

Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел свети Јован додека го покрстувал народот.

Именден празнуваат: Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана…

Свети Јован е една од ретките личности во христијанската вера (покрај Исус Христос и Пресвета Богородица) кому Светата црква му посветила повеќе празници: Раѓање на св. Јован Крстител, (Иванден), Отceкување главата на свети Јован Крстител, Собор на свети Јован Крстител итн.

Tpoгателен статус на шарен peволуционер

Благојчо е еден од луѓето кои искрено веруваа дека “Шарената peволуција” ќе донесе промени кои ќе го подобрат системот. Тој е еден од низата изманипулирани, a сега со трогателен статус им се извини на сите Македонци.

– Клечеше да се слика, ми викаше Благој какво менување на име, една држава имаме, име и е Македонија, не постои роден човек да го промени името, а и ако има таков ние заедно пак ке му станеме на протести, го покрив со МАКЕДОНСКОТО знаме во знак дека навистина ке ја штити Македонија и Македонскиот Народ, а Татко ми стоеше до мене држејки ги Македонските Знаменца…НО ЗА ЖАЛ СЕ БИЛО СОБИРАЊЕ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ, извини ТАТО, извинете Македонски Народе, ПРОСТЕТЕ МИ ако можете, бидејки мене ме манипулираа, а преку мене изманипулираа многумина граѓани!!!, пишува на својот Фејсбук профил разочараниот Благојчо Георгиев кој што беше дел од Шарената револуција.

Матурантка потрошила 400 часа правејќи го својот матурски фустан и стана сензација во целиот свет (Фото)

Матуранта од САД стана интернет сензација поради необичната креација на својот фустан за матурската. Таа користела лепливи траки за да го направи својот фустан.

Пејтон Манкер во јануари одлучила да оди на матурска прослава, не ни помислила дека ќе стане позната по социјалните мрежи нејзината креација.

Матурантите имаат традиционално натпреварување, каде тој што има најдобра креација добива награда од 10.000 долари.

Пејтон најпрво планирала да направи фустан со тематика од некои од сликите на Леонардо да Винчи, но кога започнала пандемијата ја сменила темата. Пејтон изјавила дека сакала креацијата да има тематика поврзана со случувањата во светот.

Иако матурската прослава е откажана, токму поради коронавирусот, тоа не ја спречи Пејтон да вложи труд во креацијата. Таа вели дека и биле потребни 395 часа.

Фустанот не го носела пред другите матуранти, но фотографиите кои ги објавила на Фејсбук станаа вирални, а споделени се повеќе од 250.000 пати.

(Видео) Едноставен трик како да се спасите од досадните муви и комарци

Комарците и мувите во лето се вистински кошмар и често знаат да ни го расипат уживањето во ноќните часови, а дури и спиењето.

Но, доколку мислите дека за тоа нема лек, се лажете. На Твитер овие денови се појави нов трик кој стана вистински хит.

Сетете се само колку пати не сте можеле да спиете поради зуењето и убодите од комарци кои потоа ужасно чешаат. Дури ниту купечките спрееви не помагаат во целост, а и препаратите кои се продаваат за во домот може да бидат високо токсични за организмот.

Исходот од дуелите според народот е 5:0. Најава за катастpoфа на СДСМ?

Убедливо, сигурно и решително директно во очи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му оддржа уште една лекција на својот противник, Зоран Заев.

Ова се дел од многуте коментари кои за време на телевизискиот дуел кружеа по социјалните мрежи, а како што пишуваа тоа се должи на бледиот и неуверлив Зоран Заев.

Неуверливоста и несигурноста во очите на Заев во оваа втора дебата по се изгледа е епилог на boмбите кои беа пуштени изминативе денови, а во кои се слушаат и гледаат kpиминали од највисок размер.

Имено Зоран Заев додека зборуваше и се обраќаше не гледаше во очи, погледот секогаш беше на страна, единствено кога навpeдуваше го гледаше Мицкоски во очи, дали со навpeди и омаловажување на противникот Зоран Заев е давеник кој бара сламка за спас?

Но тоа не беше единствената работа која Заев го направи давеник кој бара сламка за спас. Тој многу пати употреби исти зборови, добро познати на граѓаните. Повторно се колнеше во жицата, раката на срце ја ставаше… нешто што во минатото народот го окарактеризира како лага и груба манипулација од Зоран Заев.

Со спортски жаргон, коментарите на социјалните мрежи овој дуел го препишаа во корист на Мицкоски или 2:0 во корист на Мицкоски.

Мицкоски: Тоа што сум го кажал за Mакедонецот Гоце Делчев ниту милиметар не се повлекувам

Од тоа што сум го кажал за Mакедонецот Гоце Делчев, но и за останатите историки ликови, дека тие се наши и дека нема да се преговара за нив, не отстапувам ниту милиметар, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој учествуваше на дебата на Македонската радио телевизија со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

-Јас во мојот живот се трудам да имам константа кога станува збор за чест или збор. Така ќе биде и овој пат и тука да немате дилема. И тоа што сум го кажал за Mакедонецот Гоце Делчев ниту милиметар нема да се поместам и не само за него, туку и за останатите ликови на кои што оваа држава се темели. Оваа држава има свои јунаци во историјата, врз основа на кои што постои. Ние не можеме да кажеме тие јунаци не се Македонци. Тоа не треба никој, ама баш никој да нема дилема дека ние ќе преговараме дека Гоце не бил ништо друго освен Македонец, истакна Мицкоски.

Во однос на комисијата која преговара со соседна Бугарија за историјата и историските ликови, Мицкоски посочи дека таа постои благодарение на Зоран Заев кој го потпошал договорот за добрососедство.

Тој додаде дека околу 95% од тој договор го испреговарала претходната Влада која беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ при што потенцираше дека ние со соседна Бугарија треба да разговараме и соработуваме во делот на културата, образованието, економија, енергетиката.

-Никој не спори за тоа дека ние треба да разговараме и дека треба да соработуваме во делот на културата, во делот на образованието, во делот на економијата, енергетиката. Во делот на енергетиката, кога станува збор за пристапот до природен гас, ние имаме само еден гас кој што влегува од нашиот источен сосед, Бугарија, посочи Мицкоски.

Тој потенцираше дека се што се темели на взаемна почит, мислејќи на релациите со Република Бугарија, ќе го поддржи.

-Ако некој бара од мене, додаде Мицкоски, да биде почитуван логично е дека треба да даде почит и во обратна насока затоа што тоа е двонасочна улица.

Златески постави нови прашања за можни злоупотреби: Дали го “дозакопа” директорот на Тутунски Комбинат за платата? (Видео)

Без ниту малку срам денеска генералниот директор на Тутунски Комбинат, Кире Станкоски, викнал прес конференција, на која всушност го потврди документот кој носителот на листата за пратеници во четвртата изборна единица, Александар Николоски, јавно го објави – истакна во денешната реакција Никола Златески, од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, на прес конференцијата која денеска ја одржа Генералниот директор на Тутунски Комбинат Прилеп, Кире Станкоски.

Реакцијата на Златески ја пренесуваме во целост во продолжение:

“Станкоски призна дека зел плата од 3.500 евра нето, односно 5.500 евра во бруто износ, а замислете се правда со то дека во таа плата му бил исплатен одмор со одлука на Бордот на директори.

Во прилог повторно ја доставуваме пресметката за плата на Станкоски, каде јасно се гледа дека овој директор кадар на СДСМ зел плата колку што едно просечно семејство заработува од тутун на годишно ниво.

Поради тоа што на вработените во Тутунски Комбинат не им е исплатен одморот, а еве слушаме дека тоа било одлука само за директорот, најавуваме кривични пријави за членовите на Бордот на директори.

Исто така денеска одново ќе го прашаме Станкоски, дали се вистина информациите кои ги поседуваме, а кои велат дека службено возило на комбинатот се употребувало за превезување градежни материјали за приватни цели?

И дали е вистина тоа дека во пресрет на изборите Станкоски по наредба на Зоран Заев предвреме исплаќа плата и К-15 на вработените, со цел да ги натера да гласаат за СДСМ?

Почитувани сограѓани,

На дело го гледаме лицемерието и расипништвото на кадрите од власта на СДСМ и Зоран Заев. За среќа ова се нивните последни денови!

На 15-ти јули граѓаните на Република Македонија ќе расчистат со овие политичари и функционери кои мислат само на својот џеб.

Следува ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА”.

На денешната прес конференција пак Станскоски истакна:

„Овие денови се изнесуваат лаги и невистини од страна на носителот на ИЕ4 Александар Николоски, а тие лаги се однесуваат на моите примања. Епа Александар Николоски, ајде документирано сега да ги споделиме сите релевантни документи кои постојат во Тутунски комбинат. Значи станува збор за моите примања кои со одлука на борд на директори се носат, а јас како главен менаџер во оваа компанија и сите менаџери кои имаат договори во Тутунски комбинат, на секое акционерско собрание се должни на достават извештај за нивното работење и за нивните примања. Што значи дека овие примања се од јавен карактер, ништо не е тајна, ништо не е скриено. Бидејќи вие мавтате со некоја пресметка во овие изминати денови, ајде работите да ги поставиме онака како што треба. Станува збор за пресметка на плата од јануари месец, која пресметка на плата е произлезена од спогодба која ја имаме потпишано заедно со синдикалната организација. Што вели таа пресметка, како за мене така и за секој вработен во Тутунски комбинат. Со неа се уредува начинот на исплата на неискористени денови од одмор. Според таа спогодба, на секој работник кој од разни причини не го искористил правото на годишен одмор, му се овозможува исплата на истиот како додаток на плата, доколку истиот тоа го побарал. Сите вработени кои имаат ваква потреба поднесуваат барање и тоа се исплатува од Тутунски комбинат, вклучително и генералниот извршен директор“.