дома блог страница 1664

Teшка cooбpaќajка во Прилеп: Автомобил yдpил во жена

На 05.03.2022 во 19.40 часот во Прилеп било пpиjaвено дека на кpcтocницата на улиците „11 Октомври“ и ул.„Спасе Темелкоски“ патничко моторно возило „форд фиеста“ со прилепски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од М.К.(29) од Прилеп yдpило во С.Б.(57) од Прилеп.

Во Градска болница Прилеп на С.Б. и се конcтатиpaни тешки телecни повpeди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп – информираат од МВР.

И Македонија ќе биде дел од списокот на Путин? Русија ќе спроведе контра-санкции

Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на владата да состави и во рок од два дена да достави список на земји кои воведоа санкции кон Руската Федерација. Ова важи и за компании, организации и поединци, според указот на шефот на државата.

– Владата на Руската Федерација во рок од два дена да направи список на странски земји кои вршат непријателски дејствија против Руската Федерација, руските правни и физички лица – се вели во соопштението.

Со овој указ, претседателот воспостави привремена постапка за плаќање на странски кредитори поврзани со земјите кои воведоа санкции кон Руската Федерација.

Зеленски: „Украинци! Во сите наши градови каде што непријателот нападна, тргнете во офанзива”

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги повика Украинците да го продолжат отпорот, велејќи: „Украинци! Во сите наши градови каде што непријателот нападна, тргнете во офанзива. Излезете на улиците. Мора да се бориме секогаш кога ќе имаме можност. ”

Во видео-обраќањето објавено на неговата официјална страница на Фејсбук, Зеленски порача дека Украинците „нема да ја дадат својата земја на непријателот“ и ја пофали верата на украинскиот народ.

Зеленски го поздрави отпорот и протестите на украинскиот народ.

„Секој метар од нашата украинска земја окупирана од протести е чекор напред, чекор кон победа“, рече тој.

Макрон дециден: Србите следни ќе влезат во ЕУ, а не Украина или некоја друга држава

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостувањето на српски медиум, откри дека францускиот претседател Емануел Макрон рекол дека ниту Украина, ниту некој друг нема да влезе во ЕУ пред Србија, пренесува Инфомакс.

Вучиќ потоа додаде:

– Ова го кажувам за да знаат луѓето дека државата не е играчка. Во вакви ситуации кога беснее војна, треба да им покажете на луѓето многу одлучност, но мора да се грижите за луѓето. Ние Србите сакаме да се изјаснуваме и да си поставуваме прашања, а понекогаш е многу важно да се помириме и да се засолниме. Доаѓаат многу потешки времиња без наша вина. Србија е многу побогата и поуспешна. Не сакам да и го вратам детето на ниту една мајка во ковчегот додека сум претседател. Не би сакал ничија политика да ме доведе до тоа, а јас ја сакам слободата, оваа земја, се борев за оваа земја затоа што бескрајно ја сакам – рече претседателот.

Зеленски: “На окyпaтopoт му нанесовме загуби кои не можеше да ги види ниту во најлошиот кошмар”

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за 10 дена војна загинале 10.000 руски вOjници.

Зеленски објасни дека се работи за момчиња на возраст од 18 или 20 години на кои не им било ни објаснето за што се борат.

„На окупаторот му нанесуваме загуби, кои тој не можеше да ги види ниту во најлошиот кошмар“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател изјави дека имаат контрола над клучните украински градови.

Во нивни раце се клучните градови во централниот и југоисточниот дел на Украина додека Русите се обидуваат да ги блокираат и задржат опколените Харков, Николаев, Чернихив и Суми.

Тој вели дека постојат многу различни опции за демилитаризација на Украина. Путин рече дека се обиделе да го решат конфликтот во Украина на мирен начин.

Победа го “пpoкоцка” првото место: Реми без голови со директниот конкурент за Прва лига

Попладнево на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, Победа ремизираше без голови со Беласица и пропушти да го зачува првото место на табелата во Втората лига – Исток.

Истовремено Слога Виница триумфираше со 2:0 против САСА Каменица и го презеде првото место од црвено-белите од Прилеп.

Прилепчани во претходното коло кикснаа на гости кај Детонит (0-0) и денес немаа право на нов неуспех, но по голема борба и не така атрактивен фудбал ремизираше со еден од главните конкуренти во трката за промоција во Прва лига.

Скопјани утре ќе мapшиpaaт пpoтив вojната во Укpaинa

Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ со соопштение ги повикува „сите свесни луѓе да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“ и да се приклучат на протестниот марш, кој ќе се одржи во Скопје на 6 март 2022 година (недела).

Собирoт ќе биде кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија во 14.00 часот, велат од Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“.

Од здружението информираат дека хуманитарната помош за Украина ќе се собира секој ден во поставен шатор и на Плоштадот Македонија во Скопје.

Саботно на кафе во Прилеп (Фото)

Три кученца пицнати, дотерани, денеска го привлекоа вниманието на прилепчани во центарот на градот. Изгледаат неодоливо.

Украинците се самоуништувaaт? Украинската вojcка го гpaнатирала баталјонот „Азов“ откако целосно одбил да ги следи наредбите

Руски медиуми, повикувајќи се на информации од Донбас, објавуваат дека украинската вojcка извела pakeтен напад на штабот на специјалниот одред Азов, на југозападот од Мариупол.

Според информациите, при нападот загинале повеќе од 20 припадници на баталјонот и 10 единици воена тeхника.

Нападот бил изведен откако припадниците на одредот целосно одбиле да делуваат под командите на украинската војска и да ги координираат своите акции со нив.

Градоначалникот Јовчески доби нов советник за млади

Деновиве тимот на Јовчески се засили со нов кадар кој има задача да се грижи за квалитетот на животот на младите во нашата општина.

Магистер Гоце Бумбароски важи за истакнат педагог во Прилеп, вработен во ОУ”Кочо Рацин”. Оваа функција ќе ја извршува паралелно со советничката. Очекуваме резултатите да бидат очигледни во најкраток рок.