Епа наздравје кафеџии, сега имате како да уживате: Caffe di Artisan e иновативен производ на македонскиот пазар за кој не треба кафемат (Видео)

Caffe di Artisan е компанија формирана во Сан Франциско, САД а која како странска директна инвестиција отвори фабрика во Македонија, за производство на кафе во патрони за кои не е потребен кафемат. За специфичноста на производот разговараме со претставникот на компанијата – Благоја Трајчев.

Што е а што не е Caffe di Artisan?

– Caffe di Artisan произведува кафе екстракт по уникатна технологија и уметност во процесирањето кое ја разликува од било кој кафе производ кој се наоѓа не само на домашниот туку и на меѓународните пазари. Крајниот производ е кафе патрон кој е во течна форма, направен од селектирани сорти на арабика кои се со дефинирано потекло. Методот на екстракција е со топла вода и тоа над 14 часови, вадејќи ги сите состојки на кафето како арома, вкус, киселина, природни шеќери, влакна, минерали, за разлика од кафематите кои во процесот на екстракција од кафето ги вади само аромата, вкусот и киселините. Всушност начинот на процесирање, пакување и едноставноста на користењето е тоа што никој наш конкурент не може да го имитира а за кои сме наградени со:

-Ultimate Food-Tech Coffee Disruption, 2016 , со прва награда “The Mercurys”

-World Travel Catering and OnBoard Hospitality, Hamburg 2017, со прва награда за “The Best New Product Worldwide for the Global Travel Catering industry”

-SIAL Innovation, Paris 2016 – со “The finalist”.

Caffe di Artisan НЕ е:

Партон за кафемат (не е потребен кафемат); Инстант кафе (по дефиниција е прашкасто кафе произведено по одредена технологија); Ладно цедено кафе (cold brew); Кафе концентрат.

Кој може да го користи и што е потребно?

Кафе патроните може да се користат буквално од секого кој конзумира кафе. За едноставно приготвување на т.н. “турско” кафе доволно е после ставањето на кафе екстрактот во чаша за кафе, да додадете 70-100мл топла вода. Ако го сакате чуството на “кајмакот” на површината, тогаш со електрична маталка доволно е да поминете по површината на кафе пијалокот само 1 секунда. За еспресо, по истурање на екстрактот во чаша, доволно е да додадете 40-45мл вода и исто така со маталка да направите пена на површината матејќи 2-3 секунди. Екстрактот од кафе може да се меша со вода (топла/ладна) и млеко (топло/ладно) со цел да се направи соодветниот кафе пијалок. Горенаведената електрична маталка на батерии, најчесто ја поклонуваме на купувачите со цел да ги “опремиме” во целост за припремање на сите кафе пијалоци во домашна и деловна средина.

Колку различни производи има во понудата?

Нудиме вкупно 8 различни варијанти и вкусови. 7 од нив се чиста арабика, а 1 е мешавина на арабика и робуста кафе.
Од поспецифичните би ги издвоил:

-Peru Organique – направено од органска кафе арабика со USDA сертификат за потеклото на зрната;

-“Raro” – направен од арабика од Колумбија со “Fair Trade” сертификат. Инаку, Caffe di Artisan е единствена “Fair Trade” сертифицирана компанија во Македонија;

-Nilgiris Organique – направена од арабика од Нилгири регионот во Индија на многу специфична клима каде годишното производство е под 100 тони;

-Monsooned Malabar – прекрасна арабика од Индија која е одлична за фрапе и капучино.

Има ли други карактеристики кои ве разликуваат?

Апсолутно. Меѓу најбитните ги ги издвоил:

-БИОРАЗГРАДЛИВА капсула во ЗЕМЈА и во СОЛЕНА ВОДА и тоа над 90% во првите 2 години. Нема друга биоразградлива капсула за кафе која може да се пофали со оваа брзина за разградливост и разградливост во солена вода

-Користиме 12-14гр кафе за да се направи еден патрон, што е скоро двојно од конкурентите, а со тоа и нивото на кофеин е повисока

-никаква инвестиција не е потребна за користење (полесно се прави и од инстант кафе)

-уникатни сорти на арабики и вкусови кои не се “комерцијални”

-хигиенски производот е супериорен – нема бигор и изгорени масти како кај кафематите. Се пакува на амбиентална температура и користи без директен допир на патронот со жешка вода што значи дека нема никакви шанса за канцероген материјал да се внесе во телото. Нема никакви емулгатори, бои, конзерванси кои влијаат на желудникот итн.

Дали почнавте со продажба во Македонија и со какви предизвици се соочувате?

Започнавме со продажба во Македонија при крајот на претходната година. Во моментот активно работиме околу поставување на производот како во физичките така и на интернет продавниците. Маркетинг алатките ни се зголемуваат секој месец, така што во наредниот период ќе имаме активни промоции низ земјата и ќе доделуваме електрични маталки при купување на производот како и промоции со намалени цени кои би се движеле од 200-300 денари за 20 патрони или само 10-15 денари за патрон.

Најголем предизвик ни претставува традиционалната кафе култура со користење на кафемати или ѓезве, како и нашето споредување со ”инстант” кафе на овие простори. Оптимизам ни внесуваат трендовите во светот за зголемено приготвување на кафе од дома, зголеменото користење на патрони во однос на мелено кафе, зголемените нарачки преку е-трговија и зголемената свест за индивидуалните кафе сорти, наместо досегашните “blend” кафиња каде најчесто не се ни споменува регионот од каде потекнуваат.

Како компанија се трудиме да се дистанцираме од “кафе капсули за кафемати” и “инстант кафе” и нудиме потполно нова категорија на производ која ниту International Coffee Association сеуште не ја има дефинирано.

Повеќе за овој иновативен производ погледнете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.