(Фото галерија) Гимназиjaлците ги покажaa cвоите opaтopcки cпоcoбнocти: Одлична opaтopcка вечep во opганизациja на училишниот пapламент

После двегодишна пауза од секакви активности, училиштниот парламент од СОУ Гимназија ,,Мирче Ацев” – Прилеп повторно реализира успешна ораторска вечер, на која што се претставија седум талентирани ученици од гимназијата.

Настанот се одржа на 30.03.2022г. во кино салата “Мис Стон”.

Темата на оваа ораторска вечер беше слободна, што беше и бенефит за самите учесници, затоа што добијаа шанса да си ги искажат своите чувства преку проза и поезија.

Оценувањето на младите оратори беше спроведено од страна на професори од гимназијата, кои што имаа улога на комисија.

Комисијата беше составена од: Мартин Наумоски-проф. по македонски јазик, Весна Паноска-проф. по економија, Рубин Матески- проф. по филозофија, Рената Думбалоска-проф. по македонски јазик и Снежана Тодорческа-проф. по социологија, при што имаше доделување на дипломи за учесниците кои зедоа прво, второ и трето место.

Првото место го освои ученичката Сара Трајкоска од втора година, второ место освои ученикот Гордан Станоески, кој исто така е втора година и трето место освои Христина Весковска од трета година.

Навистина се гордееме со нив и им посакуваме уште многу успеси понатаму и се надеваме дека училиштето ќе организира уште многу настани каде што учениците ќе имаат шанса да ги истакнат своите таленти – велат од училишниот парламент во гимназијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.