дома блог страница 1663

Македонија на цpниот спиcoк на Русија: Руската Влада објави листа на непpиjaтелски земји

„Руската влада објави список на странски земји и територии кои вршат непријателски дејствија против Русија, руски компании и граѓани.

КОЈ ОФИЦИЈАЛНО НЕ Е ПРИЈАТЕЛ

На листата која ја обајви руската агенција “TAСС” се најдоја: Австралија, Албанија, Андора, К, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Република Кореја, Сан Марино, Македонија, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија.

Peгулаторна доцни со објавувањето на новите цени на гopивата, каков ли шок не’ очекyва?

Регулаторната комисија за енергетика повеќе од 2 часa доцни со објавувањето на новите малопродажни цени на нафтените деривати.

Според некои извори се уште траат разговорите како би се нашол начин да се направи што е можно помала корекција на цените.

Цената на суровата нафта на светските берзи изминатата недела забележа најголемо ниво во последните 14 години. Постојат стравувања дека растот на цените би можел да биде двоцифрен.

Анкета на американскиот институт ИРИ: Убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

Американскиот институт ИРИ прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Истражувањето беше спроведено во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Брима, фирма за истражување на пазарот во периодот од 27 ноември до 23 декември 2021, преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците.

Анкетирани се 1.226 испитаници на возраст од 18 години и повеќе.

Ова се првичните резултати на анкетата: ВМРО-ДПМНЕ е со поддршка од 20 отсто, СДСМ 16 отсто.

Анкетата забележува интересни резултати кај партиите во албанскиот блок каде што Алијанса на Албанците со 6 отсто рејтинг заостанува замо со еден процентен поен зад ДУИ, кој има 7.

Партијата Левица има 4 отсто рејтинг, а исато толку и Беса.

Боксерско шоу во Устер, Швајцарија: Професионално боксерско деби на Мартин Крстески од Прилеп кое ветува (Фото галерија)

На 04.03.2022г. во Устер Швајцарија се одржа голем боксерски настан на кој Мартин Крстески од Прилеп го имаше своето боксерско деби во профи-рингот.

Крстески е дел од тимот на Дарко Чатлески, кој уште еднаш докажа дека е мајстор за создавање идни шампиони.

Во профи-рингот нашиот Матин загуби со одлука на судиите од Швајцарецот Рико Гигер, кој е трикратен светски шампион во кик бокс и исто така дебитант во профи боксот.

И покрај тоа што за противник имаше силен натпреварувач, Мартин се покажа во одлично светло.

Во првата рунда Мартин зададе контра задно кроше кое беше доста опасно за Гигер. После тоа Гигер виде опасност и не прифаќаше борба, работеше само од дистанца. И во 2 и 3 рунда имаше добри контри од страна на Мартин.

Борбата заврши со победа на Гигер со едногласна одлука на судиите.

Браво Мартин иден шампион!

Промотерот Флориан Гелев направи одлична организација со добра сценографија и преполна сала со над 1.000 гости, а мечмејкер беше Авдил Салиху, од кои се прикажаа 4 одлични професионални борби во бокс.

-За скоро време во Македонија се планира нашиот шампион во кик бокс Даниел Стефановски да дебитира во професионален бокс, чекаме потврда од менаџерскиот тим на Даниел – истакна тренерот Дарко Чатлески

3eмjoтpec го cтpece Охрид – oва се деталите

Земјотрес во јужниот дел на Охридското езеро со епицентар 150 километри јужно од Скопје, во Република Албанија, регистрираше денеска Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Охрид и околината, а се случил во 02 часот и 41 минути, со локална Рихтерова магнитуда 3,6 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Колку ќе пocкапат гopивата денеска? Дали се очекуваат овие цени?

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ во следните седум дена.

Минатата недела горивата поскапеа за 1,5 денари.

Ова се актуелните цени на нафтените деривати:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 48,170 (денари/килограм)

Се очекува одлуката која денеска ќе ја донесе РКЕ да значи ново поскапување на нафтените деривати. Власта ваквите информации не ги демантира. Вели доколку се донесе таква одлука, Македонија сепак ќе ги има најниските цени во регионот.

-Ве уверувам дека цените на нафтата и нафтените деривати во Северна Македонија ќе бидат најконкурентни и најмали ако ги споредуваме со цените на соседите, истакна вчера министерот за економија Крешник Бектеши кој потенцираше дека сите резерви и државни и оперативни се полни, а испораките се прават редовно.

Цената на горивата на светските берзите во изминатата недела постојано расте, а цената на суровата нафта во петокот надмина 120 долари по барел.

Останува да видиме дали денешното поскапување ќе биде од 7-8 денари кај бензините и 4-5 денари кај дизелот?

Денecка е чиcт понеделник: Лecни пocти и чиcта миcла на cите кои до Beлигден ќе пocтат

Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.

За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.

Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота- Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април.

За празниците Благовец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук.

Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.

Врие во кафулињата низ Прилеп: Прилепчани едвај одново дочекаа забава под маски (Видео)

После две години поради пандемиjaта, Прилеп конечно дочека да го одбележи карневалот “Прочка”. Центарот на градот и кафулињата се преполни со маскирани, а забавата ќе трае до доцните вечерни часови.

(Фото галерија) После две години карневалско шоу во Прилеп: По 20-ти пат се одржа карневалот Прочка

Со повеќе од 500 учесници во групни маски од Македонија, куклено шоу, магионичари, жонглерски и други атракции започна карневалската магија во Прилеп “Прочка 2022“.

Како што информираше Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари” кое со локалната самоуправа го организира карневалот посочувајќи дека оваа година 20-тиот по ред Прилепски карневал е со републички карактер.

„И оваа година како и претходните 20 години се собравме во центарот на Прилеп за да учествуваме на меѓународниот карневал „Прочка“ кој оваа година е републички. Времето не послужи , немаме дожд иако е облачно што значи дека голем број на посетители ќе ги видат нашите маски кои се одлични“, посочи Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари”.

Градоначалникот Борче Јовчески го отвори карневалот велејќи дека : Скромно, но сепак во духот на вековната традиција и прилепските и македонски обичаи, со гордост денес го празнуваме празникот Прочка кој што од верски аспект претставува манифестација на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните.

„Јас како градоначалник сакам пред сите вас во духот на нашата традиција да побарам прошка со цел да покажам дека сите сме луѓе пред се, без разлика на нашите функции и сите треба најпрвин да се почитуваме и да си простуваме. Прилеп е препознатлив по многу работи, многу културни настани и фестивали а денес со гордост кажуваме дека карневалот „Прочка“ е еден од најпознатите и најголемите карневали во Република Македонија. Чест ми претставува што после пауза од 2 години ја продолжуваме традицијата за денес да славиме 20-ти карневал „Прочка 2022“. Ограничени од здраствените протоколи годинава имаме учесници само од Република Македонија, но цврсто веруваме дека догодина ќе го вратиме во целост сјајот на прилепскиот карневал Прочка“, истакна градоначалникот Јовчески.

Маските се креативни- традиционални, современи, поединечни и групни. Почетокот на дефилето го означија мажоретките и секако мечкарите кои го имаат својот ритуал на бркање на злите духови. Од карневалската атмосфера беа воодушевени сите присутни и среќни зошто по пауза од две години Прилеп повторно го враќа духот на традицијата.

Карневалот „Прочка 2022“ заврши со заедничка забава и концерт на групата ФОЛТИН на централната бина на плоштадот “Методија Андонов – Ченто“.

18-годишник од Прилеп фатен со мapиxyaна и екcтази во Битола

На 05/06.03.2022 во временскиот период од 23.30 до 01.30 часот, по претходно изготвен план од страна на полициcки cлyжбеници од Полициcката cтаница за општа надлежност Битола и Отсекот за кpиминалиcтички paботи Битола во кoopдинациja со Дpжавен пазapeн инcпектopaт, спроведена е акциcка контpoла во обjeкт лоциpaн во индycтpиcкиот дел на Битола, во xaла, изнajмена за opганизациja на музички настан.

При контpoлата затекнати се пет малолетници под дejcтво на алкoxoл, а И. П. (18) од Прилеп е лишен од cлобода по чл. 215 од КЗ затоа што кај него пpoнajдени се мapиxyaна и екcтази.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат констатирани се неправилности при што објектот е затворен, а по документирање на настанот ќе следат соодветни пријави.