дома блог страница 1665

Блинкен: “Украина може да ја победи Русија во оваа вojна”

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави за Би-Би-Си дека е убеден дека Украина може да победи во војната против Русија.

Тој не можеше да процени колку долго би можел да трае конфликтот, но инсистираше на тоа дека поразот на Русија е можен.

„Оваа издржливост на украинскиот народ е неверојатна. Доколку Москва се обиде да ја собори украинската влада и да воспостави марионетски режим, 45 милиони Украинци ќе одбијат на еден или друг начин. Текот на нападот досега не се одвиваше како што планираше Путин“, рече Блинкен.

Блинкен вчера изјави дека ако прекршувањето на принципите на меѓународното право остане неказнето, ќе се отвори Пандорината кутија и тоа ќе се повтори во сите делови на светот.

„Нападот на Русија врз Украина е напад врз принципите што ги воспоставивме по Втората светска војна. Ако дозволиме ова да се прекрши неказнето, тогаш ја отвораме Пандорината кутија за да продолжиме да ја повторуваме во сите делови на светот“, рече Блинкен.

Тој ја пофали Европската унија бидејќи во рекордно време воведе најстроги санкции против Русија.

„Тоа изгледаше невозможно пред само една недела“, рече Блинкен.

Во Србија обратно: Пpoтecт со поддршка за рускиот нapoд и Пyтин (Видео)

Белграѓани пред споменикот на цар Николај на улицата Крал Милан во главниот град на Србија започнаа „протест за поддршка на рускиот народ“.

На протестот во непосредна близина на Претседателството на Србија се собраа голем број граѓани, така што улицата Крал Милан беше затворена за сообраќај.

Насобраните извикуваат пораки за поддршка на Русија, која минатиот четврток започна воена инвазија на Украина.

На учесниците на протестот од бината им се обратија претставници на екстремно десничарските организации – Дамњан Кнежевиќ од Народната патрола и Младен Обрадовиќ од Образ.

Тие порачаа дека доколку Србија по изборите воведе санкции кон Русија, двојно повеќе луѓе ќе излезат на улица од вечерва.

Обрадовиќ рече дека „Русија го ослободува целиот свет од заканите на НАТО“ и дека денеска „Путин покажа кој е најсилниот и најхрабриот државник на светот“.

Собирот започна со интонирање на химните на Србија и Русија, граѓаните носат руски и српски знамиња и извикуваат „Русија, Русија“, „Србите и Русите се браќа засекогаш“, „Предавство, предавство“ и „Вучиќ Шиптар, ти ја предаде Србија“.

Демонстрантите потоа отидоа на прошетка до руската амбасада, пренесува N1.

Вработувањето фризерки во МЕПСО имало предност? 42 месеци yдиpaле по џебот на пензионepите

Од 2012 до 2018 пензиите имаа законски утврден раст според трошоците за живот(50%) и просечната плата(50%), анализира Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во 2018 СДСМ/ДУИ го укинаа растот на пензиите според просечната плата и цели 3 ипол години им кратеа на пензионерите голема сума на пари од нивните пензии.

Сега пак ќе се враќа истиот модел на раст на пензиите од 2012 година, но за жал владата на пензионерите нема да им го врати тоа што им го земаше 3 ипол години. Многу ги осиромашија“ – пишува тој.

Сакате да ја бодрите Македонија против Италија, еве како да дојдете до билет

Навивачите на македонската фудбалска репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на бараж натпреварот Италија – Македонија во Палермо на 24. март за пласман на СП 2022, од понеделник (7. март 2022), можат да се пријавуваат за купување на билети за мечот преку следната електронска адреса:

[email protected]

Заинтересираните поддржувачи на македонската репрезентација за купување билети за натпреварот на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо може да аплицираат за влезници до 15. март 2022.

Преку електронска најава (име, презиме и број на билети) испратени на e-mail адресата [email protected], најпрвин се пријавуваат заинтересираните навивачи за купување билети (два или најмногу четири билети). Доколку има можност истите да ви бидат ставени на располагање, на e-mail адресата од која е испратено барањето, добивате посебен код за пристап на следниот линк:

https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386

Кодот за пристап и добивање можност за купување на билети за натпреварот на македонската репрезентација е ограничен, согласно регулативата за следење на фудбалски натпревари во услови на пандемија и регулативата за број на билети за гостински навивачи.

Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи. Цената на чинење на еден билет изнесува 12. ЕВРА.

ВАЖНА НАПОМЕНА: 

Македонските навивачи кои ќе патуваат во Палермо, Италија за натпреварот Италија – Македонија мора да ги почитуваат следните регулативи на италијанските власти во услови на пандемија:

OOУ “Страшо Пинџур” од Мало Коњари одбележа 67 години постоење (Фото)

Со полагање свежо цвеќе пред спомен бистата пред училиштето и пригодна програма, одбележан патрониот празник на ООУ “Страшо Пинџур” во населеното место Мало Коњари.

-Во чест на херојот, го славиме раѓањето на нашиот патрон Страшо Пинџур и одбележуваме 67 години од постоењето на училиштето. Сета наша љубов и работа поврзана со постоењето на нашето училиште, ја одбележуваме во услови на пандемија. Согласно протоколите, одбележувањето се одржа на отворено, пред влезот на училиштето, со кратка програма и со положување на свежо цвеќе пред бистата на нашиот херој. Слава му! – напишаа од училиштето на ФБ.

Падна гpaнaтa и во дворот од резиденцијата на Зеленски

Секретарот за медиуми на украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека дел од ракета паднал во дворот на летната резиденција на претседателот.

Сергеј Никифоров објави фотографии од дворот на летната резиденција која се наоѓа во близина на Киев, а на истите се гледа како неидентификуван метален предмет е паднат во дворот.

Тој се сомнева дека станува збор за фрагмент од pakeта.

-Дел од pakета падна во дворот на претседателот, објави тој.

Koвачевски: По 1000 денари за секој пензионер во наредните три месеци, пензиите ќе ги покачиме според “швајцарски модел”

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски вечерва изјави дека секој пензионер во наредните три месеци ќе добие по 1000 денари со цел да им помогне во врска со енергетската криза со која државата се соочува во моментов.

Оваа е заклучокот по состанокот со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионерите по повод продолжување на дијалогот за предлог новата методологија за покачување на пензиите.

-Денеска се договоривме да го прифатиме предлогот на пензионерите за воведување на нова методологија за порастот на пензиите врз основа на таканаречена швајцарска формула односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата, рече по завршување на средбата премиерот Димитар Ковачевски.

Неколкумина прилепчани тепале свој сограѓанин на улица “11-ти Октомври”

На 03.03.2022г. Г.Н. (49) од Прилеп во ОВР Прилеп пpиjaвил дека на ул. “11-ти Октомври” во Прилеп бил физички нападнат од неколку лица.

Се преземаат мерки за pacчистyвање на cлyчajoт – информираат од МВР.

Со изложба од креативни маски изработени од учениците во Прилеп, започна карневалот “Прочка 2022” (Фото)

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ со изложба на маски изработени од вештите раце на учениците од прилепските училишта денеска започна карневалската магија која треба да кулминира со главното карневалско дефиле в недела, на Прочка.

На традиционалната изложба по повод празникот Прочка беа изложени повеќе од 400 креативни маски изработени од различни материјали од страна на прилепските ученици.

Наградите за најуспешни маски ги додели градоначалникот Борче Јовчески упатувајќи честитки до наградените и порачувајќи дека на еден мошне специфичен и креативен начин со изработка на маски се поттикнуваат младите и се придонесува кон зачувување на традицијата.

Според оценката на жири комисијата овогодинешните изработки на учениците се одликуваат со уникатност и креативност што дополнително влијае врз подобрување на квалитетот и уметничката вредност на самата изложба.

Централниот настан на Карневалот ќе биде дефилето под маски кое ќе се одржи во недела, а стартот е од пред ЦК „Марко Цепенков. Трасата ќе се движи се до плоштадот Методија Андонов Ченто каде што ќе биде главното претставување со изведена кореографија и музика на секоја маска.

Уште едно основно училиште во Прилеп доби нов директор

Полека се заокружуваат директорските промени во основните училишта во Прилеп

Денеска нов директор е поставен во ООУ “Кире Гаврилоски-Јане”, каде на местото на досегашната директорка Кети Стевананџија, именуван е Влатко Кузманоски, наставник по одделенска настава.

Се работи за кадар кој претходно успешно раководеше со ООУ “Кирил и Методиј” во населеното место Канатларци и беше еден од најуспешните директори.

Градење на мостови за соживот преку квалитетен образовен процес: Речиси 7 милиони денари инвестиции во ООУ “Kирил и Методиј”