дома блог страница 1586

Пpeтpecи во Прилеп: Пpoнajдено opyжje кај двајца прилепчани

Денеска (05.05.2022), полициcки cлyжбеници од Секторот за внатрешни работи Битола -Надворешна канцеларија за кpиминалистички работи Прилеп – Отсек за недозволена тpговиja ги лишиле од cлобода Е.Е.(34) и С.Д.(29), двајцата од Прилеп.

При пpeтpeси во нивните домови, извршени со cyдска наpeдба, кај Е.Е. бил пронајден и одземен пиштол марка „Ekol Tuna” без муниција, додека кај С.Д. биле пронајдени и одземени пиштол марка „Застава” и 6 куршуми калибар 6,35 мм.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Николоски: Македонија ја има се помалку, од 10-ти мај почнуваме со активна блокада на Собраниетo (Видео)

Во тек е седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ каде меѓу другото се расправаше за актуелната политичка состојба и националната катастрофа предизвикана од криминалната и неспособна власт и исто така разговараме и за одредени внатрепартиски прашања и кадровски одлуки кои ги носи партијата. Тоа што е најинтересно за јавноста би сакал да го презентирам. Сметаме дека животот во национална катастрофа од која Македонија ја има се помалку, станува за жал секојдневие. Ваквата позиција во која се донесе државата ја донесе токму оваа влада и задолжително создава обврска соодветно да одговориме на истата, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Морам да потенцирам дека ваквите чекори како овој вечерва е реакција на акцијата на власта и нивното неодговорно однесување и за секој понатамошен чекор, единствен виновник е коалицијата на СДСМ и ДУИ и никој друг. Токму на седницата на ИК донесовме заклучок за активна блокада на Собранието,. Што подразбира активизам за блокада на сите штетни законски решенија и прописи коишто доаѓаат од оваа влада на СДСМ и ДУИ. Оваа блокада ќе стапи на сила на 10 мај, а дотогаш бараме коалицијата СДСМ и ДУИ да го преиспита своето однесување и да ја прифати подадената рака за дијалог вклучително и организација на лидерска средба на којашто ќе се договориме за датум за предвремени избори и ќе отвориме најбитните сектори за коишто ВМРО-ДПМНЕ понуди тимови. Тоа се секторите финансии, здравство, образование и секако меѓународните односи, европските интеграции и проблемот којшто Македонија го има со Бугарија, истакна тој.

Николоски посочи дека топката сега е кај СДСМ и кај ДУИ.

-Да донесат правилна одлука, да седнеме на лидерска средба, да го дефинираме датумот за предвремени избори и да наоѓаме решенија за најклучните проблеми во Македонија.Доколку тоа не се случи почнуваме на 10 мај со активна блокада на Собранието. Ваквата одлука следи по континуираното подавање на рака за дијалог на власта од страна на нас. И наместо разумно однесување имаме целосно непочитување на ВМРО-ДПМНЕ кое што има најмногу пратеници во Собранието и најмногу градоначалници после последните локални избори на кои беше апсолутен победник. Волјата на граѓаните мора да се почитува, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека со такво игнорирање на власта сакаат да покажат сила.

-На тој начин сакаат да го понижат ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа и македонскиот народ кој со мнозинство гласа за ВМРО-ДПМНЕ и ја поддржува партијата. Државата се наоѓа во драматична ситуација, инфлацијата галопира, економијата оди кон полошо, инвестиции нема, а згора на тоа власта ги задолжува идните генерации со задолжување од 900 милиони евра што е историски најголемо задолжување кое што било која влада, било кога го зела. За криминалот и тендерите во 4 очи мислам дека знаат и малите деца. Кршењето на деловникот на Собранието, преку носењето на сила на законски решенија, одбивањето на консензус за горливото прашање со Бугарија и застојот во евроинтеграциите не покажуваат колку се силни, туку колку се ранливи како власт. И токму затоа посегнуваат по чекори кои значат елементарно непочитување на граѓаните, на македонскиот народ и тоа што го прават е чекор кон продлабочување на кризата. Кога нема да покажат почитување на народот, кога нема да има слух за потребите на народот, кога покажуваат сила треба да знаат дека тоа раѓа одговор и раѓа нова сила. Оваа активна блокада ќе трае во континуитет се до промената на власт, односно до договорот за датум за предвремени парламентарни избори. Воедно ова е еден од првите чекори, а потоа во наредните денови ќе продолжат разговорите во рамките на телата на партијата за преземање на идни чекори, при што сите опции се на располагање, рече тој.

Николоски посочи дека ова е само првиот чекор, ќе следат и бројни други чекори доколку продолжи неразумноста на СДСМ и на ДУИ.

-Затоа СДСМ и ДУИ ги повикувам да го преиспитаат сопственото однесување. Ние ќе одиме по овој пат се до конечна победа и до конечно менување на грдата реалност. Затоа што тоа им го должиме на граѓаните на Македонија. Апелирам до јавноста да биде трпелива, затоа што ова е процес којшто ќе трае и процес коишто бара сеопшта мобилизација на што ги повикувам граѓаните. Процес во кои грешки не се дозволени и процес во кои е потребен активизам и политичка размисла на секои еден поединец коишто е добредојден. Затоа што кога народот и мудрите глави во општеството се повлекувале од одлучувачките процеси, други носеле лоши одлуки. Барам мобилизација и активизам, да не дозволиме да ни ја крадат иднината и во наше име да одлучуваат и на наш грб да се богатат. Македонија е земја на нејзиниот народ, на сите Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и Бошњаци и заедно ќе се избориме. Промените ќе се случат, а ВМРО-ДПМНЕ е секогаш со народот. Воедно сакам да кажам дека седницата на Извршниот комитет продолжува и ќе се разговара и за останати битни прашања, посочи тој.

Џамбаз ги поздрави Бугарите: “Партиџано тоа сме ние, вие сте тие другите” (Видео)

Од денеска до недела на плоштадот “Македонија” во Скопје се одржува “Виноскоп”. На првиот ден од фестивалот настап вечерва имаше и легендарниот Игор Џамбазов, кој популарната “Bella Ciao” ја изведе на оригинален начин.

“Партиџано, тоа сме ние, вие сте тие другите. Слави Трифонов и Кирил Петков, о бела чао, бела чао…”, пееше Џамбазов.

20 евра е лекот за спас од болките во грбот – само сега и само тука (Видео)

Во потрага сте по најдобро помагало за справување со болките во грбот. Еве го лекот, реквизит кој сега можете да го набавите по најниска цена кај нас.

За само 1.200 ден. ќе добиете одличен и висококвалититен ролер од USR – реномиран бренд на спорска опрема чии производи за прв пат се достапни кај нас.

Се што треба е да им пишете и да си порачате, а вашата порачка ќе ја добиете за само 2-3дена.

Фото галерија: Паркчето и параклисот во Вишне заслужуваат да бидат обновени и освежени

Заштитникот на вишнемаалци, парклисот посветен на “Св.Ѓорѓија” последниве години е оставен на забот на времето.

Правен волонтерски од група млади ентузијасти кои секоја година го одбележуваат патронот, секој ден изгледа се позапуштен и поуништен.

Жителите на познатото Вишне маало бараат надлежните да го освежат и обноват нивното катче. Бараат како и во другите паркови да се постави нова урбана опрема, корпи за отпадоци и да се обнови тревникот.

Не се работи за голема површина, па и финансиските средства кои би се одделиле нема да бидат големи, треба само желба и волја.

Паркчето со параклисот во Вишне е само еден од маалските паркови во градот кои чекаат на освежување или обновување.

Се распродаде на прва: Новото чоколадо со џимиринки од Краш стана вистински хит

Веќе не мора да замислувате каков вкус би имало чоколадото со чварки, сега можете да го пробате! Да, тоа е точно, направено е чоколадо со чварки, а за тоа е задолжена хрватската компанија „Краш“, која реши да ги изненади сите оние кои се „шегуваа“ дека би сакале да пробаат ваков тип чоколада.

„Краш“ на својата Фејсбук страница објави дека направиле чоколадо „Дорина“ во кое има чварки, а тоа ги воодушеви сите љубители на слатки!

Со оглед на тоа што оваа комбинација првпат се спомна на 1 април, и тоа на шега, од компанијата истакнуваат дека интересот бил толку голем што навистина решиле да ја реализираат идејата поточно „шегата“.

Побаравте, добивте! „Дорина Чварак“ е навистина тука! Поради големиот број на позитивни коментари, решивме да одиме чекор понатаму – ограничено издание „Дорина Чварак“.

Не е шега. На сите оние кои позитивно ја коментираа нашата првоаприлска шега и сакаа да ја пробаат „Дорина“ со чварки, испраќаме една копија на нивната адреса. Контактирајте не во инбокс и ви благодариме што не инспириравте ова да го направиме реалност – напишаа на страницата на „Краш“.

Од компанијата велат дека на првиот ден од продажбата имало огромен интерес кај потрошувачите и сите количини на овој нов необичен вкус на Дорина се распродадени, па оние кои не стигнале до својот примерок се запишани на листа на чекање за следните произведени количини.

Мицкоски: Мораме да ја ослободиме Македонија од корумпираната власт за да одиме напред

Што значи Гоце Делчев за нас, што е неговата борба и што она кое ние денес треба да го зачуваме и да се залагаме. Тоа е прилично сложена задача, не е едноставно. На Гоце Делчев би му било важно да види што денес се случува со таа негова Македонија, сигурно не би му било лесно. Но, ние мораме да имаме поинаков и поиновативен пристап на сегашноста, кон минатото и да гледаме кон иднината. Политичари без визија не може да се занимаваат со политика. Некои работи кои изгледаат сега чудно, за некое време ќе значат многу за Македонија и граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот историски час во по повод 119 години од смртта на Апостолот Гоце Делчев во организација на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е тој кој што треба да биде креатор на тие политики и нашата задача е да ја градиме Македонија, заедно со градоначалниците и сите заедно наскоро кога ќе ја водиме владата на Македонија и како што рече бидејќи патриотизмот не е патентиран, туку или го имаш или го немаш, сите ние треба да имаме Делчев во себе за да ја направиме подобра Македонија.

– Затоа треба секој еден во себе да се чувствува помалку или повеќе дека е Делчев. Дали имате големи соништа и амбиции или мали. Сите треба да имаме големи амбиции имајќи ги предвид предизвиците кои не очекуваат имајќи предвид дека ќе начекаме пустош кога овие ќе заминат. Секој од нас треба да има еден Делчев во себе за да направи нешто за Македонија, истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека сите ние споделуваме заедничка судбина и треба да ја градиме заеднички Македонија, бидејќи Делчев би бил пресреќен кога би знаел дека Македонија е во најуспешните држави со млади кои ја гледаат иднината дома, со возрасни кои се задоволни од животот во Македонија, но за жал не е така.

– Тука се поставува прашањето дали доволно го имавме Делчев изминативе 30 години во себе, и дали доволно сонувавме како него за да направиме таква Македонија која ќе биде во најуспешните и најубави држави во Европа. Студентите велат што подалеку одовде. И прашање е дали успеавме како држава, но да сме доблесни да знаеме каде грешевме, за да знаеме каде одиме. Тоа треба да го исправиме. И треба многу да сме внимателни и внимателно да ги правиме потезите. Отсега па натаму немаме право на грешка. Процесите ќе зависат исклучиво од нас, од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што СДСМ кај нив никој веќе не гледа иднина, изјави Мицкоски.

Претседателот Мицкоски посочи дека граѓаните гледаат надеж во ВМРО-ДПМНЕ дека нешто може да се смени, затоа не чека тешко време, многу предизвици, затоа што денеска некои се навикнати Речица да ни ја води Македонија за да може да врват тендерите во 4 очи.

Ново пocкапyвање денеска: Литар гopиво од полноќ рамно на евро и пол

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за три денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 90 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2,5 денари за литар, и ќе изнесува 87,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,3 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе се продава за 53,6 денари.

Јовчески направи увид на крпењето низ градот (Фото)

Се крпат дупки на повеќе локации во Прилеп

-Во насока на подобрување на квалитетот на одвивање на сообрајќајот и подобрување на градската патна инфраструктура денес извршив увид на санирање на ударните дупки низ градот. Се започна од улицата „Генерал Васко Карангелески“ кон вештачкото езеро Прилеп. Во текот нa денов како и во наредните денови ќе се продолжи и на улиците „Мице Козар“, „Прилепски Бранители“ и во централното градско подрачје – напиша на ФБ градоначалникот Јовчески.

Со положување цвеќе пред спомен куќата на Гоце Делчев во Битола одбележани 119 години од cмpтта на македонскиот великан (Фото)

Денес се одбележуваат 119 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, деец на Македонската револуционерна организација, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење.

По тој повод, делегација од Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, придружуван од претставници на Советот на општината и други граѓани, положи свежо цвеќе пред Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола.

„Денес сме тука заедно со граѓаните на Битола, политичките партии, невладини организации, да чествуваме да дадеме почит и помен на великанот на македонската национална борба, на македонската национална идеја, столбот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев. Денес се одбележуваат 119 години од неговата смрт. Тука сме да го чествуваме поменот, но и да дадеме една поука до младите, до генерациите сегашни и идни, дека треба да ги почитуваме великаните, да си ги згрижиме традициите и да не дозволиме разнебитување на македонското национално ткиво и поделби по било која основа. Посебно за ликови кои се вака историски и кои се столбови на македонската национална борба, темели на македонското револуционерно движење. Слава му“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.