дома блог страница 1582

Полициjaта синоќа апceше низ локали во Скопје: Лишени од cлобода 12 лица, меѓу нив еден прилепчанец

Ноќта помеѓу 07.05./08.05.2022, полициcки cлyжбеници од Единицата за недозволена тpговиja со дpoга и Единицата за интepвентна полициja при СВР Скопје извpшиле контpoли во повеќе угocтителcки обjeкти и пpeгледи на повеќе лица.

Притоа, кај 12 лица од Скопје, Битола, Прилеп и Велес биле пpoнajдени мapиxyaна и бела прашкacта матepиja, кои биле лишени од cлобода.

Имено, кај М. Ј.(24) од Прилеп, А.С.(23) од Скопје, С.Л.(48) од Скопје, К.Т.(24) од Велес, Б.С.(25) од Скопје, П.Р.(23) од Скопје, Т.В.(24) од Скопје и С.Ј.(33)од Скопје била пронајдена бела пpaшкacта матepиja, додека кај М.К.(26) од Скопје, Н.Н.(22) од Битола, А.Б.(26) од Скопје и А.Б.(25) од Скопје била пpoнajдена мapиxyaна.

Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Teшка cooбpaќajка на ул. “Филип Втори Македонски” во Битола – едно лице завpши со тешки повpeди

На 07.05.2022 во 21.42 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „Фиат Пунто“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(31) од с.Долно Оризари, битолско и патничко возило „Шкода Октавија“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Х.(62) од Битола.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобила Б.Х.(53) од Битола, сопатничка во возилото „Шкода Октавија“, конcтатиpaни во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Рација на МВР во прилепски локал, пронајдена мapиxyaна, yaпceн coпственикот

На 08.05.2022 во 00.05 часот во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола –Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода И.А.(36) од Прилеп. При контрола во негов угостителски објект во Прилеп била пронајдена и одземена марихуана.  

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава. 

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ има 5 проценти предност пред СДСМ, покажува телефонската анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје.

На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори“ – 21,2 отсто од граѓаните рекле ВМРО-ДПМНЕ. Втора e СДСМ со 16,2 проценти.

За ниту една партија нема да гласаат 17,3 отсто од испитаниците, а „не знам“ одговориле 12,8 проценти.

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 4 и 6 мај 2022 на 1111 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања во моментот.

Грми во соблекувалната на Победа: Се слави пласман во Прва лига – најфудбалскиот град се врати каде што му е местото!

На едно коло до крајот на сезоната Победа го завери првото место на табелата во рамките на Втората лига – Исток, и после подолго време се враќа во најелитното фудбалско друштво кај нас.

Денеска на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп Победа триумфираше со 2:0 над Кит-Го од Пехчево, а по поразот на Слога кај Беласица, последниот натпревар идната недела во Виница за прилепчани ќе биде само формалност.

После натпреварот грмеше соблекувалната на црвено-белите кои го докажаа квалитетот над останатите екипи.

Погледнете ја атмосферата и славјето на фудбалерите на Победа ТУКА

Мајсторија која ретко се гледа на терените во Македонија за пласман на Победа во Прва лига (Видео)

Со головите на Стомнароски и Филип Димоски Победа со 2:0 ја совлада екипата на Кит-Го Пехчево и го завери пласманот во Прва лига.

Пред околу 5.000 навивачи на Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, Победа забележа уште еден рутински триумф и го потврди квалитетот над останатите екипи во Втората лига – Исток.

Добра вест за прилепчани е и триумфот на Беласица над Слога во Струмица, со што екипата од Виница ги загуби и последните надежи за да се врати на првото место на табелата.

Во последното коло Победа и’ гостува на Слога, натпревар кој сепак ќе биде од значење за Виничани, кои ќе чекаат кикс на Беласица кај Кожув и со евентуален триумф над прилепчани да се вратат на второто место на табелата, кое води во плеј-оф.

Во продолжени погледнете го вториот погодок за Победа на денешниот натпревар. Мајсторија на младиот Петејчук кој потоа асистираше до Филип Димоски.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Maкедонска убавина во Струга: По 13-ти пат се одржа литија со моштите на Св. Георгиј Победоносец (Фото)

На раскошно украсен епитаф, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, со традиционалните торжества, денеска во Струга се одржува познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица.

Денеска во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, со почеток во 16:00 часот, беше отслужена празнична вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По завршувањето на вечерната и панихидата, од 17:00 часот започна свечената Еордија (литија) со светите мошти на Великомаченикот и неговата чудотворна икона. Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да започне вечерната боголужба сѐ до започнувањето на Еордијата.

На самиот крај на Струшката Еордија во дворот на струшкиот храм „Св. Георгиј Победоносец“, ќе следи културно-уметнички настан, а ќе настапи ансамблот „Македонија“.

Чекор поблиску до Прва лига: Победа води на полувремето, на градски повторно 5.000 публика

Со голот на Стомнароски во 43-та минута, Победа води на полувремето со 1:0 против Кит-Го од Пехчево. Ова е последен натпревар на домашен терен сезонава за црвено-белите, пред гостувањето кај Слога во последното коло.

Со триумф денеска Победа речиси сигурно ќе биде во Прва лига следната сезона, а во оваа мисија денеска на Градскиот стадион “Гоце Делчев” повторно ја бодрат околу 5.000 навивачи.

Беласица која минатиот викенд претрпе пораз од 3:0 во Прилеп, на полувреме води со 1:0 против Слога.

Николоски: Блокадата во Собранието е само првиот чекор доколку владата на СДСМ и ДУИ не се вразуми

Македонија е во континуирана политичка криза, а сега и економска и национална криза. Економската е заради катастрофата во економијата предизвикана пред се од домашната неспособност и од корона пандемијата и војната во Украина, а национална заради ова што со Бугарија. Во исто време погазена е волјата на народот особено после локалните избори каде што ВМРО-ДПМНЕ беше убедлив победник и тоа зборува дека власта треба да си замине, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вчерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на телевизија Алсат М, додавајќи дека најавените блокади во македонското собрание се првиот чекор доколку владата на СДСМ и ДУИ не се вразуми.

Николоски вели дека понудата на четири тима од страна на ВМРО-ДПМНЕ се за да помогнат во решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните и државата во секторите образование, здравство, енергетика и меѓународна политика.

-Понудата е во тие четири сектори, да ВМРО-ДПМНЕ понуди луѓе со сериозна политичка тежина и експерти во истите области кои ќе помогнат да се решаваат проблемите, а паралелно да се договори датум за предвремени парламентарни избори. Од страна на власта имаме 5 реченици научени напамет кои постојано ги повторуваат и ги учат на поларизација. Треба на сите да им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ има најголема пратеничка група во собранието, после локалните убедливо најголем број градоначалници и позади нас стои огромното мнозинство на народот и тоа не смее да се игнорира. Заев поднесе оставка, а кога премиер ќе поднесе оставка се оди на избори, а не се прават вакви егзибиции со премиер кој не бил на избори, истакна Николоски.

-Тие се свесни дека ќе изгубат на избори, и затоа сега си викаат да истуркаме уште некој месец. На тоа е сведено размислувањето во врвот на СДСМ. Во држава како Македонија неопходен е политички дијалог. Има силна економска криза која силни ги погодува и владата и општините. Владата ја води ДУИ и СДСМ, а општините главно ВМРО-ДПМНЕ, а во дел ДУИ и Алијанса за Албанците. Во моментов нема комуникација и затоа жителите на општините плаќаат повисоки сметки за улично осветлување дури пет пати повисоки. Нема доволно дотации за училиштата и градинките поради што им се случи штрајк на СОНК. Нема капитални инвестиции. Имаме проблем со Бугарија, а цело општество треба да преговара. Не треба цела држава да страда само што СДСМ се свесни дека ќе губат, кажа тој.

Во однос на најавената блокада од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во собранието која треба да отпочне од 10 мај Николоски нагласи дека тоа значи блокирање на сите лоши законски решенија кои се во интерес на кликата на власт.

-Активната блокада на Собранието подразбира многу елементи, прво блокада на сите лоши законски решенија кои се во интерес на кликата на власт на пример како концесијата за земјоделско земјиште за кое предност ќе имаат олигарсите, второ садењето марихуана. Такви законски решенија ќе бидат блокирани, дециден е Николоски.

Николоски смета дека власта на СДСМ ќе се вразуми до 10 мај и ќе ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ односно како што рече за доброто на Македонија.

-Но се уште мислам дека ќе има свесност до 10 мај кај власта, за да ја прифатат понудата за доброто на Македонија. Прашањето во моментов е колку ќе изгуби државата која е во тешка криза затоа што ја водат неспособни. Македонија има најниска проценка за раст во регионот, празни рафтови, екстремни цени на енергенси, екстремно високи цени на прехранбени продукти, во такви услови слепо држење за столицата значи дека власта нема чесни намери, заклучи тој.

Грѓаните, урбаните заедници, јавните претпријатија и приватниот сектор заедно со општина Битола во денешната “Генералка викенд” за почист град

Со вклучување на граѓаните од урбаните заедници Ѓорѓи Наумов, Панде Кајзеро, Јонче Мурџевски, Елпида Караманди и Даме Груев, денес продолжи големата акција „Генералка викенд“ во Битола. Со оваа акција се чистеше на повеќе од 24 локации, меѓу кои се и: улиците Др. Рајс, Едвард Кардељ, локации во Нова Битола, Лавчански пат, Брусничка населба, населба Стрчин, кај урбаната заедница „Панде Кајзеро“, на просторот на поранешната касарна, патот Ушици – Стрелиште, во населбата Мал Париз, кај Новиот пазар, обиколницата на патот М5, во селото Црнобуки и на други места.

На акцијата се придружи и дел од општинската администрација, како и ЈП Пазари со дел од своите вработени. ЈП Комуналец, КЈП Нискоградба и ЈП Водовод со ангажираните лица и својата механизација, на терен беа значајна поддршка во спроведувањето на акцијата „Генералка викенд“ координирана од Општина Битола. Три приватни фирми со својата механизација исто така, дадоа поддршка на денешната еколошка акција.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изрази голема благодарност до сите кои се вклучија во „Генералка викенд“ и дадоа пример, за тоа како во понатамошниот период мора да продолжиме да делуваме, заеднички, организирано и континуирано за чиста животна средина. „Поддршката од граѓаните во реализацијата на овие активности е многу значајна, со цел сите заедно успешно да делуваме кон создавање на поубава и почиста Битола, со многу зелени и уредени површини“, рече Коњановски.

Активностите за чистење на градот и отстранување на гломазен отпад, градежен шут и комунален отпад, тековно во соработка на општината и јавните претпријатија, продолжуваат и од понеделник, со повремена реализација и на големи акции кои треба да придонесат за спречување на создавањето нови депонии.