дома блог страница 1581

Дилepи на дpoга од Прилеп се апcea во Битола – Фатени три лица

Фото/илустрација

На 08.05.2022 во 22.15 часот од страна на полициcки cлyжбеници од Отсекот за недозволена тpговиja со дpoга и opyжje при Одделението за кpиминалиcтичка полициja од СВР Битола на ул.„Довлеџик“ во Битола биле лишени од cлобода С.Д.(48), С.М.(24) и С.А.(44), сите од Прилеп.

При преглед извpшен кај нив, кај С.Д. биле пpoнajдени и одземени две пакyвања xepoин, амфетамини, како и поголем износ на пapи.

Тие биле пpиведени во полициcка cтаница и во координација со Јавен обвинител, по целосно докyментирање на cлyчajoт, ќе следува cooдветна кpивична пpиjaва.

„Europe Elects“ на ЕУ: ВМРО-ДПМНЕ 39%, СДСМ 30%

„Europe Elects“ е лидер на пазарот во анализата на анкетите и податоците за изборите во Европа.

ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ, според ова истражување за довербата на граѓаните во политичките партии во Македонија.

Оваа анкета е спроведена од 4 до 6 мај 2020 година на 1.111 испитаници.

Нема договор: СОНК и МОН ќе преговарале уште 10 дена – наставниците и професорите гневни на раководството

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и Министерството за образование и наука (МОН) на вчерашната онлајн средба се договорија преговорите меѓу СОНК и МОН да продолжат за уште десет дена.

Како што соопшти СОНК, на средбата, неминовен бил заклучокот дека двете страни на колективниот работен спор имаат потреба од поголем временски период од 10 дена, под покровителство на назначениот помирувач од Министерството за труд и социјална политика, а во рамките на рокот согласно член 27 од Законот за мирно решевање на работни спорови, со оглед на фактот што, како што наведуваат од СОНК, преговорите се движат во нагорна линија.

Со оваа препорака, појаснуваат од СОНК, предвидено е во дополнителните 10 дена, да се утврди процентот за усогласување на платите на вработените во дејностите основно и средно образование, како и дефинирање на крајни рокови за склучување на новите колективни договори за основно и средно образование.

– Содржината на препораката се утврдува со цел во понатамошните преговарања да не се почнува одново, туку од таму каде што е постигната согласност, а со цел изнаоѓање на оптимално решение за страните, во насока на одговорно разрешување на настанатиот спор, соопшти СОНК.

Работната средба меѓу СОНК и МОН се одржа вчера во попладневните часови преку електронски пат, во рамките на десетдневниот рок за помирување, за усогласување на платите на вработените во дејностите основно и средно образование, со пораст на минималната плата на национално ниво.

МРТ со ocтpa ocyда за Коевска: Размислуваме да ја повлечеме Андреа од Евровизиja!

МРТ со жестока реакција за фрлањето на знамето од страна на нашата евровизиска претставничка, Андреа Коевска. Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон, велат од МРТ и најавуваат можност Андреа да биде повлечена од Евровизија.

Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.

-Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон.
МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ.
Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал, стои во реакцијата на МРТ.

(Видео) Cкандал! Македонската претставничка на Евровизија го фpли дpжавното знаме на земја

Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме на земја.

Имено, според видеото Андреа се фотографираше со знамето на Македонија, а подоцна одлучи истото да го фрли на земја и да се фотографира без него.

Исто така, согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата истото е забрането.

Според Член 8 – Грбот и знамето на Република Македонија, како и грбовите и знамињата на други држави и меѓународни организации кои се употребуваат во Република Македонија согласно со одредбите на овој закон, не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување.

ИЗВОР: “ТВ 21”

Од времето кога Прилеп беше лидер во поширокиот регион – оттогаш само тонеме? (Видео)

Поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески потсети на фабриката за селекција на отпад која требаше да се изгради во депонијата Алинци кај Прилеп

-Она што требаше да го има Прилеп го доби Риека – најдобрата фабрика за селекција на отпад! Она што не и чинеше на претходнта ЛС-резултат на нејзината огромна неспособност, а го започнвме како проект, го реализира Риека и ја доби најдобрата фабрика за селекција на отпад во Европа.

Истиот проект “Copy paste” од Прилеп и истата фабрика за производство на машини за селекција на отпад “ТЕХНИКС” од Хрватска, од каде е набавена линијата и за Прилеп.

Визија на тогашната ЛС и ЈКП “Комуналец”-Прилеп беше Прилеп да биде лидер во селекција и преработка на отпад во регионот, а денес недозавршената хала и линиска опрема стојат како еден потсетник и спомен на едно убаво време кога Прилеп стана единствен град… и сèуште е, во примарна селекција на отпад и започна фабрика за секундарна селекција и преработка на отпад!

Се надевам сегашната Локална власт во блиска иднина ќе го продолжи овој проект и со тоа ќе обезбеди покрај селекција и преработка на отпадот, како и заштита на животната средина…нови работни места и профит за Јавното комунално претпријатие! – напиша Ристески.

Најдоброто за крај на “Виноскоп”: Прилепско, а светско – Crossroad Blues Band воодушевија со својот настап (Видео)

Со богата музичка програма вечерва ќе заврши најновото издание на “Виноскоп”. Најдоброто се чуваше за крај, па на почетокот од денешната програма на сцената настапи прилепскиот блуз бенд “Crossroad Blues Band”, настап кој предизвика воодушевување кај публиката.

Уживајте во продолжение:

(Фото) Делегација на руската амбасада во Македонија ја посети “Могилата на непобедените” во Прилеп по повод Денот на победата

Делегација на руската амбасада во Македонија, денес по повод Денот на победата над фашизмот положија цвеќе при посетата на “Могилата на непобедените” во Прилеп.

“Во рамки на одбележувањето на #ДенотНаПобедата го положивме венец пред „Могилата на непобедените“ во градот Прилеп, за чие ослободување во 1944 година животот го даде нашиот сонародник Иван Петрович Кириков, кој се бореше рамо до рамо со македонски партизани. #Победа77 #Victory77” – стои во твитот на руската амбасада.

Напорен ден за битолската полициja: Eден нелегално поседyвал opyжje, друг се заканyвал на братот и мајка си, трет бил агpecивен кон полициcки cлyжбеници

Извадоци од дневниот билтен на МВР

-На 07.05.2022 во 19.45 часот на ул.„Кланица“ во Битола, полициски службеници до СВР Битола го лишиле од слобода Ј.У.(31) од Дојран затоа што кај него бил пронајден пиштол непозната марка и една празна рамка и затоа што се однесувал агресивно и се заканувал на неговата поранешна сопруга и нејзината мајка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На 07.05.2022 во 10.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.П.(34) од Битола затоа што со остар предмет се заканувал на неговата мајка и неговиот брат. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На 07.05.2022 во 13.45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Љ.Н.(63) од Охрид затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Штаргоски: “Прилеп заслужува многу повеќе” (Фото)

Новинарот од Прилеп и дописник за “СИТЕЛ ТВ”, Дарко Штаргоски преку јавна објава на својот ФБ профил реагираше до надлежните за состојбата во која се наоѓа плоштадот “Александрија” и фонтаната во центарот на градот.

-Фонтанава окрш невиден! Далеку од тоа дека е нешто посебно реконструирана, катастрофа жива. Плоштадов Александрија во комплетен мрак, ниту една канделабра не функционира, не свети ниту фонтаната. Да не се ламбите од Комерцијална нема да се гледа каде човек поминува. Ова на се личи, само не на најстрог центар на Прилеп. Станавме ко село, Прилеп заслужува многу повеќе – напиша Штаргоски.