дома блог страница 1580

Религија.мк објави ексклузивна вест: Вселенската патријаршија ја призна Македонската православна црква

Синодот на Всленската патријаршија ја тргна 55 годишната шизма од Македонската парвославна црква и одлучи да воспостави канонско и евхаристичко општење во македонските владици, свештениците и со народот, објави Религија.мк.

Тоа практично значи дека Вселенската патријаршија ја призна МПЦ-ОА и сега ќе може да сослужува со нејзе.

Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Со низа настани во Битола одбележан Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот

По повод 9 Мај –Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, во Битола се одржуваат повеќе настани.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, делегација од Советот на општина Битола, претставници на Сојузот на борци и претставници на политичките партии, положија свежо цвеќе на споменикот на НОАВМ на плоштадот „Гоце Делчев”.

Изразувајќи ја европската перспектива на нашата земја, како и вредностите кои се темелат на слободарскиот дух, децата креираа европски знамиња на Плоштадот Магнолија. Настанот беше во организација на Together Macedonia, со поддршка на општина Битола, Советот на општината и Локалниот совет на млади од општина Битола, како и Europe House Скопје. Логистичката поддршка за настаните е од страна на ЗГ ЕРИ Битола.

Во рамките на програмата за одбележување на Денот на Европа на општина Битола, вечерва ќе се одржи првиот пијано концерт на концертниот клавир Bösendorfer по пренесувањето во Палатата на културата – Офицерски дом, со што воедно ќе биде промовирана познатата концертна сала.

Прв меморијален мото собир во чест на двајцата прерано починати прилепчани, Калапот и Сале

На 21.05.2022г. на камената бина на плоштадот “Александрија” во Прилеп, ќе се одржи Првиот меморијален мото собир во чест на двајцата прерано починати прилепчани, моторџијата Ивица Ангелески – Калап и поранешниот фронтмен на групата Crossroad Blues Band, Aлександар Дворчанец – Сале.

Свој настап ќе имаат најстарите и најпознатите блузери во Македонија Crossroad Blues Band.

На 26-ти мај ќе имаме незаборавна вечер: Ова се сите музички имиња што ќе настапат на Прилеп Фест 2022

Најголемите македонски музички фолк ѕвезди ќе настапат на овогодинешниот Прилеп Фест 2022.

“Почитувани, сакаме да Ве информираме дека дефинирана е финалната листа на учесници на овогодинешното издание на Прилеп Фолк Фест. Листата на учесници е најдобра гаранција дека на 26ти Мај ќе имаме незаборавна вечер, со дел од нашите најдобри пејачи и групи, претставници на фолклорната музика”

Aндреа уште еднаш се извини: “Уште еднаш се извинувам, немав лоша намера, знамето ќе продолжам да го веам”

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска на својот Инстаграм профил денеска повторно се извини по повод скандалозното фрлање на македонското знаме за време на Свеченото отворање на Евровизија.

„Сакам на сите уште еднаш со цела почит да ви се обратам. Навистина ми е жал за сето ова што се случува. Се извинувам на сите за непромислената и брза одлука, намерата не ми беше лоша. Напротив, со голема љубов и гордост го носам знамето овие денови“, пишува Коевска.

Maшала: Македонија од утре ќе извезува сончогледово масло во Албанија

Албанската министерка за финансии, Делина Ибрахимај на заедничката прес-конференција со македонскиот министер Крешник Бектеши изјави дека од утре почнува увозот на сончогледово масло од Северна Македонија, кое претходно главно се увезувало од Украина.

-Република Северна Македонија утре ќе донесе важна одлука со која ќе се отвори извозот на сончогледово масло во Албанија, производ кој главно беше увезуван од Украина. Кај нас се чувствуваше недостиг како и на меѓународните пазари, што е и причината зошто цените се повисоки. Сакам да му се заблагодарам на министерот Бектеши за конструктивните разговори и сакам да гарантирам дека односите меѓу двете земји на полето на трговијата ќе продолжат да бидат многу добри, рече Ибрахимај.

Таа додаде дека ќе продолжи олеснувањето на сите процедури во рамки на Отворен Балкан.

Поради недостиг на масло за јадење во Албанија, чија цена е 3,1 евро, голем број албански граѓани од пограничните региони со Северна Македонија зејтин главно купуваат во Дебар, Струга, Охрид и Ресен.

Шефицата на македонската евровизиска делегација: Треба да и’ се пpocти моменталната непромисленост на Андреа

Шефицата на македонската евровизиска делегација, Мери Попова за инцидентот со македонското знаме, што се случи вчера во Торино, Италија, за „Нова Македонија“ вели дека во никој случај да го оцени овој потег на македонската претставничка како „(зло)намерен” од нејзина страна, од причина шт, како што вели, за сите овие денови на подготовки во Торино, Андреа секогаш со гордост говори за Македонија, со македонското знаме во преден план.

Од оваа гледна точка, мислам дека треба да ѝ се прости моменталната непромисленост и да ѝ се даде ветер во грб заради влогот во неколку месечната напорна работа и да може да го даде максимумот на 12 мај. На крајот, и Андреа е исто така човек, како и секој од нас, кој понекогаш може да погреши, вели Мери Попова.

Урнебесен твит на денот: Патот Прилеп-Битола треба матичните да го препишуваат на рецепта

Твит на денот

Патот за Битола треба матичните да го препишуваат на рецепта.
– Докторе, имам камен во бубрег?
– Извози трипати Битола-Прилеп и јави се од понеделник на контрола!

Под водство на прилепскиот тренер Драган Шеќероски, ЏК Гладијатор од Кочани освои 9 медали на Државното првенство во џудо

Вчера во Кавадарци се одржа Државно првенство за деца и пионери за Џудо, каде членовите на ЏК Гладијатор Кочани настапија и се покажаа во одлично светло каде што донесоа 11 места од кои 9 медали и 2 четврти места.

Прво пласирани се: Матео и Габриел Станоев

Второ пласиран Томислав Ристов

Трето пласирани се: Марко Максимов, Милан Станоев, Ефтим Атанасов, Андреја Стојанова, Наталија Лазарова, Дамјан Митев

Четврто пласирани: Лукас Георгиев, Петар Новков

Со ова покажуваме дека сме најдобар и најтрофеен клуб на истокот – вели тренерот на клубот Драган Шеќероски.

Девојките од “Авангард” Прилеп направија pacтyp на силниот меѓународен турнир во Бугарија (Фото)

Клубот за естетско ритмичка гимнастика “”АВАНТГАРД” ПРИЛЕП на интернационалниот турнир во Хасково Р.Бугарија повторно се закити со грст медали со малите граци во следните категории:

-Aнастасија Нешкоска категорија 2010год: Прво место (уред обрач), Трето место(без реквизит), Трето место (повеќебои) меѓународно класирање

Марија Тошеска категорија 2010год.: Прво место (без реквизит), Второ место (со обрач), Трето место (повеќебои) меѓународно класирање

Јана Димоска категорија 2012год: Прво место (со обрач), Второ место (повеќебои)меѓународно класирање, Трето место (без реквизит)

Теа Петеска категорија 2012год: Второ место (без реквизит), Трето место (повеќебои) меѓународно класирање

Јована Везенкоска категорија 2013 год: Второ место (со обрач), четврто место (повеќебои) меѓународно класирање

Илина Кузманоска категорија 2013: Прво место (со обрач), Трето место (без реквизит) меѓународно класирање, Трето место (повеќебои) меѓународно класирање

Клубот се закити со овие медали на интернационалниот четврти меѓународен турнир “Quenn of AIDa” Хасково, на кој се учествуваа конкуренти од повеќе земји како Р.Бугарија, Кипар, Шпанија, Украина, и Босна и Херцеговина.

Од името на клубот под раководтсво на претседателот и тренер Дип.проф.по ФЗО Александра Стојаноска се изразува голема благодарност за несебичната подршка во делот на финансирањето на патните трошоци за Спонзорирањето од фирмите: “KАРАОРМАН 2003″ДОЕЛ ПП;”TРИТЕКС TРЕЈД” ДОЕЛ; “ИНФО ТУРС” ДОЕЛ; ЗДПТУ ИНЖИНЕРИНГ “МАРЛИМ”, “Лејла вода”-ВК дистрибуција

Исто така благодарност за несебичната подршка и ангажираност на родителите. Воедно се изразува благодарност до организаторот на турнирот яна михайлова и клубот “АИДА” Хасково.

Благодарност за вложениот труд на малите грации во оваа ретка дисциплина во нашата држава, која е склоп на убавина, ритам и вештина и е спои од уметност и спорт кој е доведен до совршенство, па со причина се смета за идеална физичка активност за деца со кој се гради фина моторика и координација .