дома блог страница 1579

Најава за спектакл: The Hounds ќе слават 14 години постоење со голем концерт во Прилеп

Групата The Hounds го најави својот традиционален годишен концерт, а оваа година ќе слават 14 години постоење.

Концертот ќе се одржи на 14. август, а прилепските рокери најавуваат и промоција ма вториот албум

Засега не се познати повеќе детали за локацијата, но едно е сигурно – концертот како и секогаш ќе биде вистински спектакл.

Денес соборена рекордната цена на бензинот

Цените на бензините во Соединетите држави се искачија на 4,4 долари за галон (3.785 литри), надминувајќи го претходниот рекорд поставен во март, според податоците на Американската автомобилска асоцијација (ААА).

Просечната цена достигна 4.374 долари за галон, што е повеќе од 4 центи во споредба од претходниот ден, според здружението.

Претходно, во понеделникот, Здружението го препиша поскапувањето на бензинот на високата цена на нафтата: Brent и VTI се тргуваат на берзата по цени над 100 долари.

Во неделата што завршува на 29 април, залихите на бензин во САД се намалија за 2,2 милиони барели (или 1%) на 228,6 милиони барели, според најновите податоци на Управата за енергетски информации на Министерството за енергетика на САД.

Прогнозата беше дека падот ќе биде само 0,6 милиони барели. Податоци за неделата што завршува на 6 мај ќе излезе во среда.

Се очекува залихите на бензин да паднат за 1,8 милиони барели.

Скандалозна хипотеза на познатиот албански истражувач: “Исус Христос бил од Албанија и носел кече на главата”

Познатиот албански истражувач Сазан Гури многу изненади со својата најнова хипотеза, со која тврди дека Исус Христос по потекло бил од Албанија.

Со фотографија објавена на Фејсбук, Гури тврди дека Христос пред да се вознесе на небото носел кече на главата, што е исклучиво симбол на Албанија и Албанците.

-Христос со кече, случајност или…? многу народи имаат заеднички симболи, знамиња, џубле… но кече се знае дека го носи еден народ и само еден голем народ, било да се тоа Дарданите, било да се Илирите, било да се оние од Епир, Арбареши или Албанци. Зарем оваа фотографија не ви го покажува токму ова, наведува тој во објава на Фејсбук.

Сазан Гури (66) е албански истражувач, аналитичар, екологист, нафтен геолог и инженер. Неговите научни степени се вонреден професор по геонауки и доктор на науки по геологија. Тој деновиве најави дека ќе се кандидира за нов претседател на Албанија.

Девојките полyдyвaaт кога ќе го слyшнат неговиот глас: Прилепчанец носи нов звук на музичката сцена кај нас (Видео)

18 годишниот, хип-хоп рапер и музичар Иван Блажески (Волче) од Прилеп неодамна го објави својот прв музички проект во соработка со струмичкиот диџеј Бонев и германскиот артист Кики Смајл.

Спотот се снимал во хотел Сириус и Вила Парк во Струмица.

Волче исто така е препознатлив и по коверите кои секојдневно ги споделува на социјалните мрежи: “@volcheto”. Девојките полудуваат кога ќе го слушнат неговиот глас.

На прашањето кој ти се идоли, инспирација и следни проекти одговори:

-Инспирација црпам од секој еден артист. Од македонската рап сцена би можел да ги издвојам 2Бона кои донесоа нов звук кај нас, а за идол може да го издвојам канадскиот рапер Drake

-Спремам многу нови проекти од кои е и наредната соло песна “Avicci”, спремам потполно нов звук со кој ќе се издвојам од сите останати на нашата сцена и ќе освојам илјадници срца.

Наскоро и Прилеп ќе биде чекор напред во технологијата: Доаѓа River Soft, не пропуштајте го големото отварање!

После Кавадарци, Кочани, Струмица, Пробиштип, Штип, Скопје, и Прилеп ќе добие салон за бела техника од Ривер Софт.

Се работи за големи салони за бела техника, телевизори, мали апарати, клима уреди, телефони, компјутери, компјутерска галантерија, велосипеди, мотори и др, а во Прилеп ќе биде лоциран во поранешната стоковна куќа, каде неодамна се наоѓаше КАМ маркет.

SAMSUNG, VIVAX, BOSCH и други докажани брендови!

Салонот се простира на површина од 400м2 и ќе биде ултра модерно уреден и опремен.

ЗА РЕЛАКСИРАНО КУПУВАЊЕ! ЗА ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ! Биди и ти, чекор напред во техноогијата со RiverSoft

По Србите се јавија и Бугарите: Скопје ѝ ја украде бугарската Охридска архиепископија на Бугарија

Светиот Синод на Вселенската патријаршија, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, со одлука на денешната средба се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, но бугарски медиум пишува дека тоа е скандал.

Признавањето на црквата „Охридска архиепископија за независна“ е предавство на националните интереси на Бугарија и е штетно за бугарската кауза во Македонија, кажа во минатото бугарскиот историчар проф. Божидар Димитров.

Бугарски „Епицентар“ пишува дека ова е нож во задниот дел на Бугарската православна црква за која Охридската архиепископија е дел од историскиот и духовен простор, како што беше објавено во нивната статија.

Битолчанец ја има досега најјаката матурска слика

Битолчанецот Виктор Јовановски од гимназијата “Јосип Броз – Тито” ја има најјаката матурска слика.

Виктор е голем вљубеник во велосипедизмот, па од кацигата не се одделил и при фотографирањето за табло.

Секоја чест за оригиналноста!

Прва реакција на руската црква: Ние исклучиво го признаваме канонското право на СПЦ во Македонија

Руската православна црква го признава исклучиво канонското право на Српската православна црква во Северна Македонија, порача секретарот на Одделението за надворешни црковни врски од Московската патријаршија, протоерј Игор Јакимчук, а пренесува српски Курир.

-Ставот на РПЦ пред се ќе го земе предвид пристапот кој тој проблем на Српската црква, на која и понатаму и признаваме сите права во Северна МАкедонија, изјавил рускиот претставник.

Вселенската патријаршија денеска соопшти дека ја призна Македонската православна црква и дека ја прими во заедницата на православни христијански цркви.

Ненадејната одлука на Вселенската партријаршија да го признае канонството на нашата црква остави дилема што ова значи и зошто наместо Македонската православна црква ќе не ословуваат со Охридска ариепископија.

Навистина во соопштението од Цариград никаде не се споменува Македонска православна црква туку се користи името „Охридска“. Но и самата МПЦ во своето име пред неколку години го додaде терминот ОА и со тоа се повикуваме на континуитетот на древната Охридската архиепископија на Св.Климент и Наум.

По денешната одлука Охридска Архиепископија влегува во канонско единство со Вселенската Патријаршија и со другите православни цркви.

Но, важно е да се напомене дека ова не значи целосна автокефалност туку дека за тоа да се случи ќе треба да продолжат разговорите со СПЦ која го има томосот.

Случајно или не Синодот на МПЦ утре ќе одржи седница на која се дискутира за последната средба на претставници на двете цркви во Ниш. Оптимистичките прогнози се дека летово би можело да има договор а поткрепа на ова е и денешната вест од Цариград.

Жената која си го промени полот за да стане маж, сега повторно се премисли – ќе го променува полот за да биде жена

Откако го промени полот и шест години живееше како маж, Алија Исмаил одлучи повторно да направи промена.

Алија, од Мичиген, го промени полот на 18 години и стана маж, сменувајќи ги фустаните со машка облека, пишува UNILAD.CO.

„До 20-годишна возраст, бев на медицинска транзиција каде почнав со хормони и легално го сменив името во август 2015 година, а потоа направив двојна мастектомија во 2016 година.

Алија има 27 години и сега смета дека тоа не е нејзиниот вистински идентитет, па одлучила повторно да го промени полот и да стане жена.

“Моите беа неутрални по ова прашање. Тие знаат дека јас сум доволно силна личност да поминам низ ова непознато патувње. Мислам дека се горди на мене”.

Во четврток Музичка вечер со професорите од прилепското музичко училиште “Ордан Михајлоски – Оцка”

На 12.05.2022г. (четврток), со почеток од 19:00ч. во фоајето при Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, ќе се одржи музички настан во организација на музичкото училиште “Oрдан Михајлоски-Оцка”.

Свој настап на концертот ќе имаат професорите од училиштето кои важат за одлични педагози, а тоа го имаат потврдено со голем број освоени награди од нивните класи на сите домашни и меѓународни натпревари.

Одлична можност за сите вљубеници во убавата хорска музика да уживаат во еден ваков настан. Дојдете и поддржете ги професорите од прилепското музичко училиште.