дома блог страница 1578

МРТ: Андреа утре ќе настапи, но Македонија можеби нема да учествува на Евровизија од наредната година

По инцидентот во кој нашата годинашна евровизиска претставничка Андреа Коевска го фрли државното знаме на земја, од МРТ ја соопштија својата одлука за санкциите кои ќе ги преземат.

Имено, оттаму одлучиле Андреа да настапи на музичкото натпреварување, а откако нашата делегација ќе се врати од Италија, членовите ќе поднесат извештаи за случувањата. Според тоа, ќе биде одлучено кои решенија и дисциплински мерки ќе бидат преземени.

Исто така, се разгледува и можноста нашата држава повеќе да не учествува на Избор на песна за Евровизија од наредната година.

„Македонската радио телевизија, по инцидентот кој што се случи за време на официјалната церемонија за отворање на Евровизија 2022, кога нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме на тиркизниот тепих и по првичното Соопштение кое што беше објавено по реакциите на јавноста, детално ги разгледа сите аспекти за евентуалното повлекување на нашата претставничка од Евровизија. Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување. Имено, со откажувањето би се загрозилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа.

Македонската Радио Телевизија ќе ги преземе сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата.

Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот „Евровизија“ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската радио телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија“, велат од МРТ.

Уживајте во сонцето до петок: Викендов подгответе се за грмежи

До петок времето ќе биде сончево и потопло, а веќе за викендот во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има пороен дожд и
грмежи.

Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град.

Дневните температури ќе бидат високи и за време на викендот ќе се движат до 29 степени.

13км низ убавините на Селечка планина: Планинарски марш во организација на ПСД “Момата” од Прилеп

ПСД „МОМАТА„ организира планинарски марш на Селечка планина во должина од 13км.

Маршот ќе се одржи на 22.05.2022 година.

Стартот ќе биде од манастирот Св. Димитрија с. Селце во 07 часот.

Патека на движење e следна: манастир, Домаќинско чешмуре, Рикина чешма, (мала пауза од 10 минути со групно фотографирање), карпа МОМАТА, Желката, Поизохипса, покрај Казанташ, Попова нива, (пауза од 30 минути), срт Ливада и завршуваме на крајната точка за искачување Устрелец, (пауза од 15 минути), спуштање кон манастир Св. Димитрија с. Селце.

Ручек секој од ранец.

Секој добронамерник и вљубеник во природата е добредојден.

МВР: Hajдени бомби и мини во ocновно yчилиште

На 10.05.2022 околу 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека при чистење на подрумска просторија на основно училиште во с.Јегуновце, тетовско, биле пронајдени три школски противпешадиски распрскувачки мини, една школска противтенковска мина, две школски рачни бомби, 12 парчиња школски електрични детонаторски каписли и две школски мини ПМА 1А, кои потекнувале од периодот на поранешна СФР Југославија.

Увид бил извршен, а од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување пронајдените предмети биле подигнати за понатамошна постапка.

Министерката Петровска го посети охридскиот воен брод (Фото)

Министерката Славјанка Петровска во посета на припадниците на Армијата во Кампот за обука на вода – „Вложуваме во способностите на секој припадник на Армијата, оттаму потекнува силата на Армијата“ – напиша Петровска на ФБ.

-Посета на припадниците на Армијата сместени во Кампот за обука на вода во Охрид кој е дел од армискиот Центар за поддршка на обука во Командата за обука и доктрини. Непосреден увид во состојбите на овој капацитет и потребите на оваа важна единица од Армијата. Инвестираме во човечките капацитети и опремувањето, за модерна армија за безбедни граѓани и стабилна држава и регион – напиша Петровска.

Убаво им е на власт: Од ЛДП велат не било време за избори

Предвремените парламентарни избори во овој момент не се решение за излез од актуелните проблеми, а иницијативите на опозициските партии се поттикнати единствено од партиските интереси и желбата за освојување на власта, е заклучокот на Либерално-демократската партија по синоќешниот состанок на Извршниот одбор.

– Сега е неопходно целата енергија на политичарите да се насочи кон решавање на проблемите на граѓаните кои се предизвикани од економската и енергетската криза во Европа, велат од партијата.

Според ЛДП Владата има доволно капацитет и стручност да се справи со предизвиците и да одговори на потребите на граѓаните.

– Затоа бараме да се нормализира работата на Собранието, кое во овие моменти на криза треба да работи исклучиво во интерес на народот, а не за теснопартиските интереси на поединци или групации, додаваат од ЛДП.

Партијата ја поздравува и историската одлука на Вселенската Патријаршија за признавање на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.
– Голема благодарност до Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј за праведната одлука, со која исправи една голема неправда која и беше нанесена на македонскиот народ и неговото право да има своја црква, велат од ЛДП.

Гимназијата “Мирче Ацев” доби нов директор

Рубин Матески е новиот директор на прилепската Гимназија „Мирче Ацев“.

Матески е со долгогодишно работно искуство во Гимназијата како професор по предметот Филозофија.

Рубин Матески доаѓа на местото на досегашниот директор Димче Настоски

Борбени авиони и хеликоптери преку целиот ден го надлетуваа Прилеп (Видео)

Неколку пати во текот на денешниот ден воени авиони и хеликоптери прелетаа над Прилеп

Прилепчани се прашуваа за што станува збор затоа што досега не виделе толку прелети на воени воздухоплови над градот.

Прелетите веројатно се дел од големата воена вежба, во која ќе учествуваат околу 4.600 американски и сојузнички сили, а истата започнува ви четврток, 12 мај, на полигонот Криволак. Вежната ќе има цел да ги тестира силите на НАТО во случај украинската криза да се прелее на Балканот или во Источна Европа, пренесуваат медиумите во соседството.

Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, вежбата наречена „Брз одговор 22“ почнува со слетување засилен баталјон од американската 173. падобранска бригада на Криволак.

На вежбата, како што анализираат, освен американски војници, ќе учествуваат и припадници на вооружените сили на Северна Македонија, Велика Британија, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и на Грција.

„Сенката на војната во Украина е силна и повеќе нема политички еуфемизми во објаснувањата за сценаријата на вежбата. Јасно е дека ова е проверка на НАТО во случај да треба да се вклучи на Балканот или на Истокот“, се вели во текстот објавен во српските медиуми.

Предвидено е ангажирање 45 авиони и хеликоптери, околу 1.800 падобранци и заштита на борбени авиони.

Tpoгателна сторија од Прилеп: Мајка на две близначиња се бори за своето и за здравјето на едно од своите чеда (Видео)

Најновата епизода на емисијата “Срце на дланка” која се емитува на “Алфа ТВ”, носи трогателна сторија од Прилеп.

Маја Стеваноска е млада мајка од Прилеп на дванаесет годишните близначиња Михаел и Кристијан. Поради предвременото породување, тие ќе бидат во инкубатор.

Помалку среќа ќе има Михаел кој ќе доживее слепило на едното око, церебрална парализа на левата страна и застој во растот и развојот зад своето братче.

Денес Михаел е пред нов предизвик. Дијагностициран му е тумор на мозокот за чија операција неговите родители немаат средства. А, немаат повеќе средства ниту за на лекар, ниту за прегледи, ниту за лекови. Состојбата и секојдневната борба за здравјето на чедото се одразило и врз здравјето на Маја. Таа е оперирана од тумор на мозокот, а има и епилептични напади.

Маја својата сторија целосно ја раскажа пред камерата на “Срце на дланка”. Секој кој може, семејството може парично да го поддржи на следната трансакциска сметка: 300027087653847

Сторијата можете да ја погледнете на линкот во продолжение:

За повеќе информации можете да се обратите на ФБ страната на емисијата “Срце на дланка”

Познато е дали учебната година ќе се продолжи

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта.

Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година.