дома блог страница 1577

Општина Прилеп: Пачешкоски лаже, работиме домаќински и чесно, го враќаме сјајот на Прилеп

Реакција на општина Прилеп на денешната прес конференција од претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски

Реакцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

Претседателот на ОО СДСМ Прилеп г-дин Зоран Пачешкоски на денешната прес конференција изнесе низа невистини во врска со конкретен предмет кој е од надлежност на локалната самоуправа. Во таа насока сметаме дека прилепската јавност заслужува да ја знае вистината и со таа цел сакаме да Ве инфорираме за следното:

-Овластен градежен инспектор при Општина Прилеп, постапувајќи по работен налог по претходна писмена пријава извршил вонреден инспекциски надзор и за утврдената фактичка состојба изготвил Записник. Врз основ на Записникот од извршениот инспекциски надзор, овластениот градежен инспектор донел Решение за отстранување на дивоградба на деловен објект на локација од поранешен КАМ маркет. Незадоволен од претходното решение, а искористувајќи ја законската можност инвеститорот изјавил жалба до Државната комисија за одлучување во втор степен. Второстепениот орган ја уважил жалбата на инвеститорот и по истата одлучил обжаленото решение да го поништи и предметот да го врати на повторна постапка во Општина Прилеп, која што е во тек.

Ве уверуваме дека оваа локална власт нема да дозволи селективна примена на било кој закон, затоа што законите мора да важат еднакво за сите.

Почитувани, времето на урбаната и градежна мафија во Прилеп заврши. Тоа е впрочем болката на СДСМ, затоа што помина времето кога во Прилеп, од нигде никаде никнуваа цели згради само поради некакви роднински и пријателски релации на одредени лица со највисоките партиски функционери. Помина времето кога поединци се богатеа на грбот на граѓаните.

Прилеп полека, но сигурно го враќа стариот препознатлив сјај, со домаќинско, чесно и транспарентно работење во интерес на сите. Граѓаните го препознаваат тоа!

(Видео) Пачешкоски обвинyва за кpиминал кај поранешниот дуќан од КАМ

Прилепските пазарџии утре излегуваат на мирен пpoтecт

Прилепските пазарџии најавија мирен протест на кој ќе го искажат незадоволството против дивите продавачи на земјоделски производи во центарот и околината на градот.

Протестот ќе се одржи утре (13.05.2022) со почеток од 09:30ч пред споменикот на Пеце Атанасоски во центарот на Прилеп.

Пазарџиите кои имаат договори со ЈКП Пазари Прилеп вчера упатија и ултиматум во три точки до надлежните во општината.

Ова се нивните барања:

1. Согласно законските прописи, надлежните органи веднаш да извршат дислокација на сите „диви“ продавачи од непосредната околина на пазарот и од другите делови на градот, на соодветна локација предвидена за таква намена (поранешен Кванташки пазар или на слободните тезги во пазарот кои ги има во голем број).

2. Доследно почитување од страна на раководството на ЈКП „Пазари“ на сите точки од договорите кои ги имаме потпишано со ова јавно претпријатие. Сите ние сме легално пријавени во УЈП, редовно ги подмируваме сите давачки кон државата по основ на данок, исто како и закупнината предвидена со договорите со ЈКП „Пазари“.

3. Локалната самоуправа и сите инспекторати кои што работат во нејзин склоп а имаат ингеренции во решавање на ваков или сличен проблем, да се завземат и да го решат нашиот проблем на долгорочен план, се’ со цел подобрување на функцијата на пазарот и негово рационално искористување по основ на закуп на тезги.

Николоски во Загреб на средба со 40-те највлијателни под 40 години од Европа и средби со државниот врв на Хрватска

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој е избран во 40-те највлијателни личности под 40 години во Европа од страна на бриселската Friends of Europe, во наредните три дена ќе учествува на средба во Загреб насловенa како „Спасување на демократијата од самата себе”. Во Загреб е предвидено да се сретнат овогодинешните избрани 40 личности од Европа, но и алумни од изминатите генерации.

Покрај активното учество на тридневниот настан, Николоски ќе оствари и повеќе средби со високи хрватски политичари. Николоски ќе оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој воедно ќе биде и учесник на настанот во Загреб. Исто така предвидени се и средби во хрватското Собрание со Гари Капели – претседател на комисијата за надворешни работи во парламентот на Хрватска и средба со пратеничката Маријана Петир. Николоски исто така ќе оствари средба во Министерството за надворешни работи со Гордан Грлиќ-Радман – министер за надворешни работи на Хрватска. Николоски ќе ги искористи средбите со хрватските политичари за афирмација на пријателските односи помеѓу Македонија и Хрватска и потребата од почетокот на преговори со ЕУ.

Организаторот на настанот во Загреб „Пријатели на Европа“ е највлијателна организација во Брисел и активно учествува во креирањето политики на ЕУ, а во нејзиниот управувачки комитет седат премиери, претседатели, претседатели на Европската комисија, евро комесари и други јавни личности од Европа.

Целта на овој настан е заедничко вмрежување на 40 највлијателни личности под 40 години од Европа. Оваа година дел од настанот се и Михаел Шимечка потпретседател на Европскиот Парламент, Михаи Данила – потпретседател на најголемиот инвестициски фонд во светот Блек Рок, Катинка Хосу пливачка која има три олимписки златни медали и вкупно 96 медали во кариерата, Томс Јурјевс основач и директор на Сан Фајнанс груп која обезбедува преку 1,2 милијарди евра во кредити за мали корисници, Нектариос Каланти Претседател на градоначалниците на Европа, Софи Мусел позната актерка со улоги во филмови и серии на Нетфликс, Соиел Мирпур член на управниот одбор на Рокет Интернет најголема европска компанија за поддршка на високоразвиени технолошки компании, Бенјамина Кариќ градоначалник на Сараево, Марио Брандебург пратеник во германскиот Бундестаг, Кристина Хансен од Данска која е градоначалник на Холбаек, Тамара Срзентиќ која е министерка за јавна администрација на Црна Гора, Витолд Банка од Полска претседател на светската анти допинг организација и други успешни млади лидери од Европа.

(Видео) Пачешкоски обвинyва за кpиминал кај поранешниот дуќан од КАМ

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, никако да се разбудат од зимскиот сон – истакна на денешната прес конференција претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски.

Неговата прес конференција во целост ја пренесуваме во продолжение:

-Поминаа точно 7 месеци откако Јовчески беше избран за „татко“ на градот. Не само што во тој период не почна со реализација на ниту еден од ветените проекти, туку неспособноста на прилепскиот градоначалник оди дотаму што не може да ги заврши ни проектите започнати од неговиот претходник.

Наместо продолжување на градежната офанзива и натамошно урбанизирање на градот и населените места, во Прилеп се случува урбанистички хаос.

Пред очите на целата јавност, дивоградби никнуваат во строгиот центар на градот. Впрочем, сликата која ја гледате, најдобро зборува за тоа.

Некогашниот дуќан на „Кам маркет“, преку ноќ стана поголем за шеесетина квадрати, со што неговата пазарна вредност се зголеми за повеќе од 100.000 евра.

На поставеното прашање на советничката група на СДСМ и коалицијата, од Општина Прилеп добивме одговор дека на 24.02.2022 година бил извршен вонреден инспекциски надзор, при што било изготвено Решение за отстранување на доградбата на деловниот објект.

Два месеца подоцна, како што самите можете да видите, состојбата, односно површината на објектот е непроменета. Доградбата не е отстранета, а во внатрешноста на објектот се изведуваат градежни работи.
Во оваа прилика уште еднаш го повикуваме градоначалникот Борче Јовчески конечно да почне да се занимава со својата работа и градоначалничката функција да ја извршува во интерес на граѓаните, а не во интерес на разни бизнис и други лоби групи.

СДСМ во повеќе наврати предупредуваше дека враќањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, ќе значи враќање на голема врата на градежната мафија. Ова што изминативе неколку месеци се случува во Прилеп, е само најава за случувањата кои допрва претстојат.

На крајот, воопшто не е случајно тоа што дури и според внатрепартиските анализи на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески е оценет како градоначалник со најслаби резултати од сите негови партиски колеги.
Жално, ама вистинито – истакна Пачешкоски.

Андреа последна во обложyвалниците: Еве кои се фаворити за победа на Евровизија

Андреа Коевска со песната „Circles“ вечерва ќе ја претставува Македонија на втората полуфинална вечер од годинешното издание на Евровизија кое се одржува во Торино, Италија.

Под реден број 11 Андреа ќе настапи на 66-то издание на оваа престижна музичка манифестација и покрај скандалите кои и оваа година беа неминовни кога е во прашање учеството на Македонија.

Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли на земја знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија која најави санкции за евровизиската делегација кога ќе се вратат.

Од друга страна, во последните години актуелни се обложувањата за тоа кој ќе влезе во финале или кој ќе победи на Евровизија. Од самиот старт Македонија е на дното кога се во прашање шансите за победа или влез во финале.

Долго време бевме последни на 40-та позиција, а денеска неколку часа пред почетокот на настапот сме на 33та позиција (и натаму последни), откако седум земји веќе испаднаа во првата полуфинална вечер.

Претставничката на Србија Констракта, од друга страна, која единствена вечерва ќе пее на свој мајчин јазик, постојано ги зголемува шансите за победа. Беше околу 30-та позиција, па околу 20-та за да денес на денот на настапот е на 10то место.

И натаму најголеми шанси за победа има Украина, па следуваат Велика Британија и Италија.

Вучиќ од Брисел: Никој нема да нè уценува толку лесно како што мислат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се обрати до медиумите во Брисел по работната вечера со лидерите од Западен Балкан, која ја организираше Жозеп Борел.

„Апсолутно сум посветен на работата во рамки на иницијативата на Отворен Балкан. Мавме искрено разбирање за различни прашања, а пред сè со претставниците од Албанија и Македонија зашто не се наоѓаме во лесна позиција. Ситуацијата е комплицирана,а ќе биде уште потешка“, вели тој.

Вучиќ кажа дека се надева на помирни времиња за Србија, како и дека ќе побара на меѓународна сцена да се повлече признавањето на Косово.

„Ние во следните 36 часа ќе закажеме седница на Советот за национална безбедност и ќе реагираме политички. Никој нема да нè уценува толку лесно како што мисли“, вели Вучиќ.

Пазарџиите со ултиматум до општина Прилеп

Прилепските пазарџии со барање со локалните власти во Прилеп

Нивното барање кое пристигна до нашата редакција во целост го пренесуваме во продолжение:

Ние сме продавачи, а воедно и закупци на тезги во таканаречениот „зелен“ дел од пазарот. Имаме потпишано договори за закуп, кои гарантираат продажба на земјоделски производи преку целата година. Бидејќи се соочуваме со проблеми во нашето работење, се обраќаме со неколку барања до вас, со надеж дека ќе се заложите за нивно брзо решавање.

Нашите барања ги сведовме во три точки:

1. Согласно законските прописи, надлежните органи веднаш да извршат дислокација на сите „диви“ продавачи од непосредната околина на пазарот и од другите делови на градот, на соодветна локација предвидена за таква намена (поранешен Кванташки пазар или на слободните тезги во пазарот кои ги има во голем број).

2. Доследно почитување од страна на раководството на ЈКП „Пазари“ на сите точки од договорите кои ги имаме потпишано со ова јавно претпријатие. Сите ние сме легално пријавени во УЈП, редовно ги подмируваме сите давачки кон државата по основ на данок, исто како и закупнината предвидена со договорите со ЈКП „Пазари“.

3. Локалната самоуправа и сите инспекторати кои што работат во нејзин склоп а имаат ингеренции во решавање на ваков или сличен проблем, да се завземат и да го решат нашиот проблем на долгорочен план, се’ со цел подобрување на функцијата на пазарот и негово рационално искористување по основ на закуп на тезги.

Доколку овие наши барања не се исполнат, ние како граѓанско здружение „ПАЗАРИ” ќе бидеме принудени да преземиме радикални мерки и нашите права да ги бараме преку протести и организирана граѓанска непослушност од страна на сите пазарџии.

Со почит,
Николче Трајкоски
Претседател на здружението „ПАЗАРИ“ – Прилеп.
Ве замолуваме оваа наша реакција која воедно е доставена писмено и до градоначалникот Борче Јовчевски,да ја споделите како подршка кон нас ,на страната на вашиот медиум или портал…

Мицкоски: Ако сега има предвремени парламентарни избори, ви гарантирам дека ќе имаме 61 пратеник и стабилна влада

Да сигурен сум дека ќе освоиме 61 пратеник, ако сега имаме предвремени парламентарни избори денеска да почне процедурата јас ви гарантирам дека ВМРО-ДПМЕН и коалицијата ќе имаме точно 61 пратеник, порача Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМЕН во интервју во емисијата „Топ тема на Ваша страна“ на телевизија Телма.

Претседателот Мицкоски, вели дека иднината на Македонија ќе се крои врз основа на потребите на граѓаните и затоа бара предвремени парламентарни избори.

Ние ќе ја кроиме иднината на нашата Македонија врз основа на потребите на граѓаните и затоа бараме предвремени парламентарни избори, затоа што ние нема да дозволиме иднината да се крои во Мала Речица, рече тој.

Мицкоски нагласи дека СДСМ бегаат од избори бидејќи одредени луѓе во партијата се свесни дека никогаш повторно нема да го уживаат раскошот платен од парите на граѓаните, додека пак ДУИ затоа што никогаш пак нема да бидат поголем фактор од тоа што се денес во владата на СДСМ.

И тоа е причината зошто ниту ДУИ, ниту СДСМ не сакаат избори. СДСМ го разбирам има луѓе кои што никогаш повеќе ќе ги немаат тие привилегии и сега тие викаат па не сум будала да одам на парламентарни избори кога јас повторно ќе можам да уживам во овој раскош што мене граѓаните ми го плаќаат. А од друга страна ДУИ си вели па никогаш ние нема да биде поголем фактор од ова што сме денеска, изјави Мицкоски.

Е сега дури ќе ни тргне: Петков ќе им помогнел на Македонија и Албанија да влезат во ЕУ

Одлучив дека иднината на С. Македонија и Албанија мора да биде во ЕУ. Ова е добро за регионот, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за романската телевизија Диги 24 ТВ, емитувано на 9 мај, јавија денеска бугарските медиуми.

Според Петков, Бугарите треба да осознаат дека НАТО не е во Бугарија, туку – Бугарија е во НАТО.

Во однос на компромисот за ветото за евроинтеграцијата на Скопје и за тоа што ќе се случи со односите ако неговата Влада падне Петков рекол дека не може да биде одговорен за ништо во таков случај.

– Не можам да сум одговорен за ништо во таков сллучај. Одлучив дека иднината на С. Македонија и на Албанија треба да е во ЕУ, и тоа е добро за регионот, изјавил Петков.

Тој на крајот на април ја посети Романија и таму со својот колега Николае Чука разговараше на тема природниот гас и можностите за набавка на енергенсот преку гасоводот од северениот бугарски сосед.

И денеска корекција на цените на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 % во однос на одлуката од 9.05.2022 година.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-) се намалуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 12.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 53,848 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,77 %, кај дизелот има намалување за 3,343%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,442% и кај мазутот има намалување за 2,142%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,004%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна