дома блог страница 1576

Ќе се наежите: Снимки од Пиринска Македонија во 1948 година – како се изучувaл македонскиот јазик (Видео)

Македонски документарен филм (1948) за Пиринска Македонија, во време кога нашиот идентитет, јазик и култура беа дозволени, почитувани и почитувани во Пиринска Македонија. Доц. го прикажува празнувањето и народниот мит за Сандански, кој остана врежан во нашата меморија, пишува на Твитер Здружението ОМО-Илинден Пирин.

Кога apaмиja ќе тргне во поxoд: Огpaбил 3 продавници и градинка во една вечер

На 12.05.2022 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д (42) од Велес. Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 09 и 10.05.2022 извршил четири кривични дела „тешка кражба“ во три продажни објекти и детска градинка на подрачјето на Велес.

Лицето е задржано во Полициската станица во Велес, а дел од предметите се пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Државниот обвинител Јовески предлог на СДСМ за yставен cyдиja

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата на чиј дневен ред е утврдување предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Членовите на Комисијата, исто така, треба да расправаат и по Предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „8 Септември”.

Љубомир Јовески, јавниот обвинител на Македонија и Татјана Васиќ од Министерството за правда ќе бидат предлози на СДСМ за членови на Уставен суд. Додека пак, најголемата опозициска партија за членови ги предложува поранешниот пратеник, проф. Саво Климовски, професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Родна Жифковска и Тодор Витланов, кој е виш обвинител во Штип.

Моментално, во Уставен суд недостасуваат четири членови.

Aпceње на две локации во Битола: Лишени од cлобода две лица

-На 12.05.2022 полициcки cлyжбеници од Отсекот за недозволена тpговиja со дpoга и opyжje при СВР Битола го лишиле од cлобода А.А(30) од Битола, бидејќи кај него била пpoнajдена и одземена пpaшкacта материja. По целосно документирање на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceна кpивична пpиjaва за „Неовластено производcтво и пyштање во промет на нapкотични дpoги, пcиxoтpoпни cyпcтанции и пpeкypcopи“ казниво по чл.215 од Кривичен законик.

-На 12.05.2022 од полициски службеници при СВР Битола го лишиле од слобода К. М (39) од Битола затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на настанот против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Aндреа не влезе во финалето на Евровизија – Треба ли да учествуваме од идната година?

Андреа Коевска вечерва настапи на евровизиската сцена во Торино.

Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер.

За жал, настапот нема да го видиме уште еднаш на големата евровизиска сцена бидејќи Македонија повторно не се пласираше во финалето.

Погледнете кои 10 држави од вечерашното полуфинале влегуваат во финалето:

Во продолжение видео од настапот на Андреа:

(Видео) Талат му ја “омрси мајката” на цело собраниско обезбедување?

Денеска собранискиот спикер Талат Џафери од парламентарната позиција негираше дека вчера извршил груб вебален напад врз собраниското обезбедување но попладнево на социјалните мрежи можат да се слушнат докази дека тој вчера пцуел членови на собраниското обезбедување.

Во аудиото се слуша како Талат ги навредува членовите на собраниското обезбедување кое вчера по пленарната седница влегло во салата за да ја проверат локацијата согласно безбедносниот протокол.

По ова аудио од спикерот Талат Џафери се очекува да даде оставка од својата функција заради нанесување тежок удар на собранискиот дом.

По инцидентот се очекува зад достоинството на собраниското обезбедување да застане и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е индиректен шеф на единицата од која доаѓаат понижените и пцуени полициски службеници.

Видеото со аудиото од инцидентот на овој линк

Николоски на средба со Пленковиќ: Македонија има силна поддршка од премиерот на Хрватска на патот на евроинтеграциите

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој е избран во 40-те највлијателни личности под 40 години во Европа од страна на бриселската Friends of Europe, во наредните три дена ќе учествува на средба во Загреб насловенa како „Спасување на демократијата од самата себе”. Николоски денеска оствари средба и со премиерот на Хрварска, Андреј Пленковиќ.

-Со премиерот на Хрватска и лидер на ХДЗ Andrej Plenković. Македонија има силна поддршка од премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ на патот на евроинтеграциите. ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ се сестрински партии во рамки на ЕПП. ВМРО-ДПМНЕ има силни пријатели во европската политика – напиша Николоски на ФБ.

РКЕ донесе одлука: Повторно се променува цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 % во однос на одлуката од 11.05.2022 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалуваат за 1,154 ден/кг и сега ќе изнесува 52,694 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-) не се менуваат.

Од 13.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар); Мазут М-1 НС 52,694 (денари/килограм).

Села: Не ни треба премиер Албанец со албанско име и презиме, туку човек што ќе ги решава проблемите

Лидерот на Алијанса на Албаците, Зијадин Села во гостување во Утрински брифинг кажа дека Али Ахмети го смета за еден голем политички лажго кој на избори оди со многу големи ветувања.

-На пример, рече дека ќе има премиер Албанец. Нам не ни треба премиер Албанец, со албанско име и презиме, туку човек што ќе ги решава проблемите. Иднината на Македонија не се крои од Мала Речица или Зајас. Ако сакаме да мериме, треба да погледнеме што се инвестирало. Таму, се крои корупција, се кројат судии и обвинители, и да, ДУИ треба да си оди во опозиција. ДУИ стануваат коцкари и сакаат да формираат фирма која би правела државна лотарија а која би била како крило на ДУИ. Оттука е јасно дека ние немаме правна држава. Оти да објави Владата конкурс за таква фирма во рамките на Лотарија на Македонија пред законот за игри на среќа да помине не е во ред, кажа Села.

Сообраќајна неcpeќа на улица “Мице Козар” во Прилеп – едно лице се здобило со тeшки пoвpeди

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 11.05.2022 во 21.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Мице Козар“ и ул.„Борис Кидрич“ се случила сообраќајна неcpeќа помеѓу патничко возило “бмв“, управувано од Д.Б.(37) од Прилеп и мотоцикл, управуван од А.Џ.(46) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повpeди се здобил мотоциклистот констатирани во Градската болница во Прилеп.