дома блог страница 1575

Варошани во Охрид ќе треба да ги вратат печките на дрва: УНЕСКО побара да си ги тргнат соларните панели, сателитските и климите од куќите

Соларните панели, сончевите колектори, клима уредите, па дури и сателитски антени поставени на куќите во стариот дел на Охрид, се најдоа во извештајот на УНЕСКО и доколку не сакаат да платат казни, жителите кои живеат под Самоиловите кули, им останува да ги распалат оџаците и да ги вратат печките на дрва.

Забелешките на УНЕСКО во однос на заштитата на  старото градско јадро се ригорозни, вели за „Алфа“ првиот човек на охридскот Завод и музеј.

Не се зборува само за изгледот на фасадите туку и за крововите на куќите.Тука може да ги видите од терасата на заводот дека на многу од нив има поставено панели, сончеви бојлери итн. сите тие се забранети и не треба да бидат таму вели Мише Тутковски-дир.на Завод и Музеј Охрид.

Неодоливи! Во скопската Зоолошка градина се родија две бели волкчиња (Фото)

Во Скопје ЗОО ни се родија и две бели волкчиња

Во ЗОО Скопје се родија бебиња од загрозениот вид бели волци (canis lupus arctos). Стари се три недели, а белата боја како своите родители ќе ја добијат со текот на времето.

-Волчињата се со родителите, тие се грижат за нив. Мајката ги роди во дувло кое сама го направи и таму седат сокриени подолго време од денот. Во многу земји на ЕУ овие волци се строго заштитени со Бернска конвенција.
Арктичкиот волк (Canis lupus arctos) е подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд. Познати се и како поларни волци или бели волци.

Овој вид на волци спаѓа во загрозени видови, но не од човекот (нивно ловење), туку од климатските промени кои се случуваат на Арктикот. Нарушениот еко систем во овие делови значително го намали бројот на овие животни во последните години – напишаа од скопската Зоолошка градина.

ФОТО/Горан Анастасовски

Се јавија од кабинетот на Џафери за снимката: Кабает е тој што не го исклучил тонот и не ја прекинал снимката

Претседателот на Собранието Талат Џафери нема да дава никаква изјава денеска за новинарите во врска со вчерашниот инцидент, велат од кабинетот на спикерот во изјава за „Слободен печат“.

Ваквиот став следи откако во јавноста се појави снимка од пленарна седница на која се слуша како претседателот на Законодавниот дом, Талат Џафери, со вулгарности и висок тон им се обраќа на собраниските службеници.

Според објаснувањето од кабинетот на Џафери, одговорноста е на тие што не го исклучиле тонот и не ја прекинале снимката. Оттаму не сакаа да коментираат дали Џафери ќе понесе некаква одговорност.

Снимката која се појави на социјалните мрежи е извадок од преносот на седницата на Собранискиот канал на МРТВ, а според коментарите на објавите, таа е направена по завршувањето на седницата. Собранискиот спикер веројатно не знаел дека микрофоните и натаму се вклучени и дека преносот сѐ уште трае.

Насекаде правиме бељи: Македонци кpaделе нафта од сканија во Словенија – двајцата фатени на дело, третиот се скрил во кафана

Словенечките медиуми објавија дека тројца македонски државјани украле 150 литри дизел од паркиран камион „Сканија“.

Жител на словенечкото место Бивје ги забележал трите лица кои му биле сомнителни и решил да се јави во полиција, по што двајца од нив биле фатени, а третиот избегал во кафеана, каде што се криел половина час.

Тројцата Македонци престојуваат во Словенија, а биле фатени на лице место како крадат со пумпа и имале наполнети туби со дизел.

Може да биде cветcка атpaкциja: Kpaлcката гpoбница во близина на Прилеп кpие античка миcтика која моли за дpжавна гpижа (Фото галерија)

Монументалната Кралска гробница од македонски тип која датира од 4-от век п.н.е, а која за прв пат е откриена уште во 1936 година на археолошкиот локалитет „Павла Чука“, помеѓу прилепските села Бонче и Подмол, оставена е на забот на времето.

За тие што не знаат, Бонче е село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп, сместено во преминот кој ги дели Селечка Планина и Дрен.

Недалеку од селото се наоѓа археолошкото наоѓалиште „Павла Чука”, каде досега се пронаоѓани голем број артефакти кои потекнуваат од 3 и 4 век пред нашата ера.

Во 2012 година таму беше пронајдена кралска гробница, каде според некои стручњаци бил погребан македонскиот крал Деметриј, кој владеел од 239 до 229 п.н.е.

Гробницата се наоѓа на неколку стотици метри од дупката во која, 2006 година биле откриени деловите од македонските штитови. Проширувајќи го просторот на истражувањата околу кралскиот дворец, археолозите откриле керамички фрагменти што датираат токму од времето на најголемата моќ на Пелагонското Кралство. Пронајдени се делови од висококвалитетни кантароси од црн фирнис, раноантичка луцерна (керамичка ламба) датирана во средината на IV век п.н.е. и делови од други предмети.

На месноста се откриени и други гробови, во кои се најдени монети од времето на Александар Македонски и други македонски владетели, како и римски бронзени монети.

За локалитетот кај Старо Бонче некои експерти сметаат дека тоа е античкиот град Пелагон, а сите се сложуваат дека локалитетот крие уште многу тајни.

Еве едно инспиративно видео кое со сигурност ќе ве натера да ја посетите кралската гробница и да уживате во недопрената природа.

Археолошкиот локалитет кај Бонче досега е истражуван неколку пати од 1936 година наваму. За жал локалитетот повеќепати е и ограбуван од диви копачи низ годините.

Потрага по градот Пелагонија

Научниците 165 години трагаат по раноантичкиот град Пелагонија, престолнината на пелагонските кралеви во IV век пред новата ера и главен град на Македонија Четврта од 168 до 148 година п.н.е. Кога римските воени единици го покориле во 168 година п.н.е., кралството Македонија било поделено на четири дела – мериди. Главните градови на првите три мериди биле Амфипол, Тесалоника (Солун) и Пела, кои денес се наоѓаат на територијата на Република Грција. Центарот на четвртата мерида е градот Пелагонија, по кој научниците се уште трагаат. Тое е значаен податок за едно од горномакедонските раноантички независни кралства, кои веќе во втората половина од IV и низ III век пред новата ера постепено се припоиле кон единственото кралство Македонија.

Централната комора на гробницата, била ограбена во доцната антика, ходникот бил раскопуван во 1912 година од француска армија, за во 1936 година археологот Никола Вулиќ повторно да ја откопа и нацрта. Гробницата низ годините го привлекувала интересот и на други археолози. Според искажувањето на Лилчиќ:

-Никој не ни сонуваше дека таа гробница е опкружена со еден периметрален ѕид од огромни камени блокови, монтирани во ѕидот. Небесната симболика на нејзиниот круг е нешто импресивно, покојниците одат на небото а кругот е небесната рамка. Претпоставуваме дека во неа бил погребан кралот на Пелагонците, можеби токму оној кој е споменат во натписот откриен во Атина, датиран во 365 година пр. н.е. Интересно што и при првото истражување на тој простор во 2005 година, таму откривме раноантичка керамика, што говореше дека тоа не е обично место, туку се работи за нешто посериозно, но и ѕид и контури на главен централен влез во акрополата. Една година подоцна се потврди дека акрополата е антички дворец на владетелот, околу кој на два километри се протега градот. Очекуваме во гробницата или во градот да се појави можеби и некоја плоча со натпис.

Камен од гробницата како градежен материјал е носен во селото Подмол, со што и практично било откриено и нејзиното постоење.

Се кpaде насекаде, па дури и среде бел ден: Три лица ја огpaбиле спомен кyќата на Мајка Тереза

-На 12.05.2022 полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(22), Д.Ќ.(44) и малолетник, сите од Скопје. Тие се сомничат дека во 11.25 часот извршиле разбојништво во Спомен куќата на Мајка Тереза на ул.„Македонија“, при што со закана со нож кон вработената, одзеле пари.

Тројцата се приведени во полициска станица, кај нив се пронајдени одземените пари и вратени кај оштетената. За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок

Локалните власти во Прилеп на потег: Пазарџиите излегоа на протecт пpoтив дивите пpoдавачи (Видео)

Четириесетина тезгаџии, со регистрирани фирми и со намирни давачки кон државата и кои со години продаваат на прилепскиот Градски пазар, бараат итна дислокација на се’ побројните диви препродавачи околу Пазарот. Во спротивно, се закануваат дека од идната недела ќе го затворат Пазарот – објави “АЛФА ТВ”.

„Сите ние сме легално пријавени во УЈП, задолжително си ги подмируваме сите давачки кон државата по основ на данок, а воедно и по основ на закупнина кон самата институција „Пазари“…Пазарниот и комуналниот Инспекторат со Полицијата да ги расчистат узурпираните јавни површини кои со Закон не се предвидени како продажни места“, – вели Николче Трајкоски, претседател на Здружението „Пазари“, Прилеп.

Во борбата за секој денар, а условена од кризата, тезгаџиите велат дека заубите од овој долгогодишен хаос со дивите препородавачи, сега им се огромни, најмалку за 50 проценти. А исто така укажуваат и на крајно нехигиенските услови во кои тие ги продавале градинарските производи.

„ВЦ стана Катната гаража…Значи, катастрофа, хигиена никаква. Јас не знам и луѓево, граѓаниве како купуваат, како пазарат ?!“, – рече Ѕвонко Мирчески, сопственик на регистрирана фирма со тезга.

Наспроти ваквите тврдења на тезгџиите, дивите продавачи се правдаат дека и тие се со регистрирани фирми и си плаќаат закупнина за просторот каде што им се поставени камионите.

„Не сме против Пазараот. Ние сакаме и пазарот да печали некој денар..Ние сме прашале, директор, пазар и ни дозволи директорот, пазарот..Си плаќаме месечно тука. Ни излегува месечно 13.000 денари..ВЦ имаме, си плаќаме 10 денари, а за бањањето, еден ден продаваме, другиот ден си одиме дома и се бањаме…“, – обајснува дивиот продавач од с. Баница, струмичко.

Директорот на ЈКП „Пазари“, Игор Крстески денеска беше службено отсутен, но во телефонскиот разговор ни рече дека во вторник ќе има средба со тезгаџиите со цел да се изнајде солуција која би одговарала за сите инволвирани страни.

Инаку, проблемот со дивите препродавачи се провлекува со години. Тие најчесто се од струмичкиот крај, а нивните камиони – тезги, освен на паркингот околу Пазарот, ги има и во близина на Железничката станица, каде многу често реагираат и жителите од таа населба кои се жалаат на нехигиената, а неретко и на агресивноста на препродавачите. Пред десетина години, тогашната локална власт направи обид да ги дислоцира на локалниот Кванташки пазар.

Kaролина Дурло за “АЛФА ТВ”

Kpивична пријава за 25-годишна прилепчанка за кpивично дело “затајување”

“Тој што противправно за себе или за друг ќе присвои туѓ подвижен предмет што му е доверен, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години”.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Н.(25) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, по чл.239 ст.1 вв ст.3 од Кривичниот законик.

Пријавената, вработена како касиер во правно лице за игри на среќа во Скопје, на 07/08.11.2021 додека била на работното место, присвоила за себе пари во износ од 276.220 денари кои ѝ биле доверени како задолжен депозит во врска со нејзината работа, со што го сторила кривичното дело.

(Видео) Ефтов изненаден од реакцијата на професорот Влахов Мицов: “Jaс имам достоинство – нели гледаш дека немаме држава”

A имало многу ситуации во кои гости си заминуваат со наведната глава од емисијата на новинарот Ефтов, но оваа беше малку поразлична.

Емисијата “Во Центар” важи за една од најгледаните политички емисии, иако во овој момент се емитува само на социјалните мрежи и YouTube каналот на новинарот Васко Ефтов. Се отварале многу жешки теми и се одговарале прашања за кои на многу новинари би им било страв да помислат.

Но, синоќешната емисија ќе остане запаметена по реакцијата на универзитетскиот професор, писател и публицист, но и голем познавач на македонската историја и култура.

Koвачевски како да не е од тука: “Ја видов снимката со Џафери, ама не можам да коментирам, затоа што не се гледа со кого разговара”

Премиерот Димитар Ковачевски ја погледнал снимката на која се слуша гласот на претседателот на Собранието Талат Џафери, но не може да ја коментира зашто, како што изјави денеска, од неа не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара.

-Таа снима ја погледнав, но се работи за некаков разговор на кој не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара. Затоа, од таа причина не можам да коментирам дали претседателот на Собранието разговара со некого во сала, дали е тој вработен или не е. Навистина не можат да дадам конкретен одговор зашто на снимката не се гледа кој зборува и со кого зборува, кусо одговори Ковачевски на новинарско прашање по посетата на фабриката „Брако“ во Велес.

Во јавноста вчера излезе снимка на која се слуша Талат Џафери како разговара со вработени во Собранието.