дома блог страница 1574

Манастирот Св. Илија Писокал грее од убавина: За Св. Елена и Константин голема веселба со Анета Молика (Фото галерија/Видео)

Манастирот Св. Илија Писокал кај село Кален прилепско грее во пресрет на големите христијански празници Св. Кирил и Методиј, Спасовден и Св. Елена и Константин.

Дворот секојдневно се збогатува со нови содржини, тревниците блескаат како распослани зелени теписи, се поставуваат нови клупи, нови летниковци, чистота на сите страни.

Само едно ќе кажеме, СЕКОЈА ЧЕСТ за управата, за организираноста, за способноста секогаш да се изнајдат средства и за нивната мисија од ова светилиште да направат нешто посебно, нешто убаво и нешто за кое ќе слушнат насекаде во Македонија.

Токму на празникот Св. Елена и Константин се празнува една од славите на манастирот. Се очекуваат голем број верници, а празничната атмосфера ќе биде збогатена со богата музичка програма за која ќе се погрижат Форум Бенд и Анета Мицеска – Молика.

Секој добронамерник е добредојден!

Спектакуларен пречек на шампионите во центарот на Прилеп: Верните “Мајмуни” ги дочекаа своите миленици со бакли и песна (Видео)

Победа вчера со триумф над Слога Виница го завери првото место на табелата во Втората лига-Исток и пласманот во најелитното фудбалско друштво кај нас за идната сезона.

Верните “Мајмуни” синоќа со бакли и навивачки песни ги дочекаа црвено-белите на плоштадот “Александрија” во Прилеп.

Прилеп слави Прва лига, а во идниот период екипата ќе треба да се засилува и финанскиски и со нови играчи.

АНКЕТА ИПСОС: На предремени избори ВМРО-ДПМНЕ би бил убедлив победник

Агенцијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ изработи теренска анкета на јавното мислење на 1.000 испитаници за периодот од 06 до 26 април 2022 година.

Анкетата се однесува на повеќе актуелни прашања.

Добиените резултати ги пренесуваме во продолжение:

На прашањето доколку утре се оддржат предвремени парламентарни избори и доколку на тие избори се кандидираат само партии, а не коалиции, за која партија би гласале?

ВМРО-ДПМНЕ 22%, СДСМ 12.9%, ДУИ 6.2%, Левица 5.4%, Алијанса за Албанците 2.8%, БЕСА 2%, Алтернатива 1.3%, Други партии 3.9%, Неодлучни 17.1%, Одбивам да одговорам 15.8%, Нема да гласам 10.6%

Целото истражување ТУКА

Вучиќ: Ни доаѓа најтешката зима, енергенси има, но ќе недостига храна

Српскиот претседател Александар Вучиќ ажа дека претстојната зима за некои ќе биде најтешка во последните 70 години.

„Ќе недостига многу храна, енергенси има доволно, но поради лудата политика од сите страни тие ќе бидат скапи“, изјави Вучиќ.

Вучиќ кажа дека дури 25 отсто од светот нема да има леб.

Во Битола се работи без застој: Коловоз и уредување на тротоарите на улица “АСНОМ”

На улицата „АСНОМ“ во Битола, во тек е реализацијата на проектот со кој се врши изградба на коловоз и уредување на тротоарите, со што оваа улица ќе добие комплетно нова инфраструктура. Вредноста на инвестицијата на Општина Битола, со која улицата за првпат добива асфалт изнесува 2.748.982 денари.

Градоначалникот Тони Коњановски, денес, ги посети работните активности на терен, каде изврши увид на текот на изведбата на градежните работи кои се одвиваат согласно динамичкиот план за работа.

Подобрувањето на патната инфраструктура во Битола, кое оваа година вклучува реализација на проектот за реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици, планирано е да биде завршено со целосна ангажираност на општината и градежните фирми за време на целата градежна сезона.

Улицата „АСНОМ“ е 13 та улица која е дел од овој проект, а по завршувањето на втората фаза на улицата „Солунска“, во Битола, во моментот се работи на улиците „Вера Циривири – Трена“, „Македонска фаланга“, „Крушевска република“, „Цане Василев“, „Довлеџик“, „Струшка“ „Сутјеска“, „Бранислав Нушиќ“, „Христо Узунов“, а од руралните места се врши реконструкција на патот за село Дихово, како и на коловозот на главниот уличен крак во село Логоварди.

Покрај тоа, тековно на повеќе локации низ Битола, се врши санирање на ударните дупки на улиците.

Ромите во Прилеп ќе ви покажат како треба ако улицата не ви е асфалтирана (Видео)

Геге Демировски од Народната партија на Ромите денеска објави видео на својот Фејсбук профил, каде тврди дека ромското население во населбата “Три багреми” во Прилеп со свои средства си бетонира улица, за да си го олеснат секојдневното живеење.

Целото обраќање до јавноста на Демировски погледнете го во продолжение:

Српски Курир: СПЦ ќе ја признае Охридската архиепископија

Соборот на СПЦ треба да ја потврди одлуката на патријархот Вартоломеј за признавањето на автономната Охридска Архиепископија, наместо досегашната т.н. Македонската православна црква (МПЦ), пишува српски Курир.

– Српската црква ќе го признае единството со сегашните расколници во С. Македонија во рамките на Охридската архиепископија. Сакаше да го направи тоа сама, но беше спречена од вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој сакаше да испадне дека оваа одлука за канонско признавање на свештенството на поранешната расколничка црква во С. Македонија е донесена исклучиво благодарение на него. И точно е дека хиерархијата на СПЦ, на чело со патријархот Порфириј, била подготвена да договори црковна заедница со расколниците, за што директно и индиректно се зборувало во неколку наврати во претходниот период, па дури и на почетокот на мај, кога во Ниш се сретнаа патријархот Порфириј и архиепископот Стефан, придружувани од архиереите на двете цркви.

– Признавањето од СПЦ ќе значи и дека ќе има сериозни кадровски промени во рамките на Православната Охридска Архиепископија (ПАО). ПАО беше автономна архиепископија во С. Македонија, признаена од вселенскиот патријарх Вартоломеј и сите помесни цркви, а на литургијата требаше да го споменат само српскиот патријарх, како и сите други архиепископи и патријарси во православниот свет. Сега ПАО практично ќе ја преземе сегашната расколничка хиерархија во С. Македонија на чело со претходниот расколнички архиепископ Стефан и ќе се вика Охридска архиепископија. А поранешниот архиепископ на ПАО, Јован (Вранишковски), меѓу другото ќе се пензионира и поради тешката здравствена состојба, за што придонесе долгогодишниот прогон од страна на македонските власти, вклучително и повеќегодишните затворски казни, пишува српски „Курир“.

Прилеп има доброволно противпожарно друштво: Момците од ДПД Maркови Кули-Сонце ќе бидат тука за справување со огнените стихии

Прилеп има доброволно противпожарно друштво

Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со Општина Конче реалзира практична обука на противпожарното друштво од Општина Конче за справување со пожари на отворен простор во пресрет на летниот период.

Обуката беше спроведена во соработка доброволните противпожарни друштва ДПД Маркови Кули-Сонце Прилеп, ДПД Архангел Битола и ДПД Горици оператива, а беа вклучени и претставници од ПС од Радовиш и од Здравствниот дом од Радовиш.

На 27 април се спроведе теоретски дел од обуката по што селдуваше и практичлна обука со цел да бидат подготвени надлежните институции за справување со природни непогоди пред се шумски пожари и пожари на отворен простор.

Во првиот дел тимовите пожарникари беа запознаени со материјално техничките средства и целата опрема која се користи при гаснење на шумски пожари од страна н Александар Ангелески магистар за заштита од пожари и координатор на проектот.

36-годишен прилепчанец синоќа го тепале неколку лица пред угостителски објект

На 14.05.2022 во 01.45 часот во ОВР Прилеп, Р.Е.(36) од Прилеп пријавил дека на 13.05.2022 околу 19.30 часот пред влез на угостителски објект во Прилеп бил физички нападнат со тврд предмет од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат во дневниот билтен на МВР.

Акциска контрола на полицијата: Санкционирани 50 прилепчани

Голем број на сообраќајни прекршоци беа забележани и санкционирани од страна на полицијата на територијата на СВР Битола.

На 13.05.2022 во периодот од 18.00 до 23.00 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли на територија на СВР Битола. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 90 прекршоци, од кои 50 на територија на Прилеп и 40 на територија на Битола.

Исто така, во периодот од 23.00 до 02.00 часот, на подрачјето на Битола била спроведена акциска контрола за управување возило под дејство на алкoxoл. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 5 прекршоци.