дома блог страница 1566

(Видео) Прилепските росонери заеднички славеа титула

После 11 години навивачите на Милан се израдуваа на титула во италијанската Сериа А.

Скудетото останува во Милано, но на титулата вечерва се радуваат навивачите на популарните росонери. Трката за титулата беше неизвесна до последното коло, а Милан успеа да запише уште една победа и со два бода повеќе да заврши на првото место во Сериа А.

Црвено-црните од Милано славеа на гостувањето на “Мапеи” стадионот кај Сасуоло со 0:3, а за тоа заслужни беа ветеранот Жиру со два и Кеси со еден погодок, како и Рафаел Леао кој ги запиша сите три асистенции за погодоците.

Итер во последното коло славеше со ист резултат над Сампдорија, но за одбрана на титулата им значеше само пораз на Милан.

Прилепските навивачи на клубот од “Сан Сиро” натпреварот го следеа организирано и заеднички ги бодреа своите миленици.

Еве мал дел од атмосферата:

ПСД “Момата” организираше одличен планинарски марш во должина од 13км низ убавините на Селечка Планина (Фото галерија)

ПСД „МОМАТА„ организираше денеска прекрасен планинарски марш на Селечка планина во должина од 13км.

Стартот на маршот беше од манастирот Св. Димитрија с. Селце.

Патека на движење бeше следна: манастир, Домаќинско чешмуре, Рикина чешма, карпа МОМАТА, Желката, Поизохипса, покрај Казанташ, Попова нива, срт Ливада и завршуваме на крајната точка за искачување Устрелец, спуштање кон манастир Св. Димитрија с. Селце.

На маршот учество зедоја голем број планинари и вљубеници во природата, а ова беше прв планинарски марш организиран од ова планинарско спортско друштво.

Нека им е аирлија и нека им се множат ваквите настани во иднина!

“Митко Јанчев, Митко Јанчев…” грмеше во соблекувалната на Тиквеш откако ја сомелија Воска Спорт и обезбедија опстанок во Прва лига (Видео)

Фудбалерите на Тиквеш попладнево во Струмица ја совладаа екипата на Воска Спорт од Охрид со 4:1 и обезбедија опстанок во Првата фудбалска лига.

Воска и следната сезона ќе игра во Втората лига – Запад и ќе се бори со Вардар за пласман во најелитното фудбалско друшво кај нас.

Кавадарчани беа најдобри кога беше најпотребно, а во Струмица имаа огромна поддршка од навивачката група Лозари.

После натпреварот грмеше во соблекувалната. Фудбалерите и стручниот штаб го извикуваа името на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, човекот кој дава огромна поддршка за фудбалскиот клуб Тиквеш, а за денеска обезбеди и бесплатен превоз за навивачите.

Koњановски: За 6 месеци реконструиравме и асфалтиравме улици во должина од 8 километри

Во продолжение ви ја пренесуваме интегрално изјавата за медиуми на Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола, во рамки на акцијата „Промените се случуваат, секогаш со народот“ заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

„Фактот што двајцата сме градоначалници кои се обврзавме на промени, проекти, создавање на нова иднина за нашите општини, постојаната соработка и размена на искуство се од големо значење за динамиката со која сакаме промените да се почувствуваат во сите општини и во ова време во кое сме соочени со енергетска, економска криза. Да создадеме поубави општини и подобри услови за животот на нашите сограѓани.

Главната тема на нашиот разговор се проектите поврзани со подобрувањето на инфраструктурата, но и хортикултурното уредување, создавање на нови зелени површини, тоа впрочем е и интенција на Општина Аеродром. Урбанистичко планирање на просторот, подигнување на хигиената, дигитализацијата и услугите и други теми поврзани со сите сфери кои се во надлежност на локалната самоуправа.

Градоначалникот Муцунски го информирав за текот на работните активности кои се реализираат во Општина Битола. Еден од најголемите проекти кој е во фаза на реализација е проектот за реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици во општина Битола. Во рамките на кои веќе работиме на 13 улици во моментов, односно во Битола се реконструираат улиците Вера Циривири Трена, Македонска Фаланга, Крушевска Република, Цане Василев, Доблеџик, Струшка, Сутјеска, Бранислав Нушиќ и така натаму, да не ги редам со ред.

Веќе е завршивме втората фаза од улицата Солунска, минатиот викенд ја асфалтиравме улицата АСНОМ, барање на граѓаните од подолго време. А, во руралните места се врши рекоснтрукција на патот за село Дихово, како и на коловозот на главниот уличен крак за селото Логоварди. Тоа сето, вклучувајќи ги и улиците кои ги асфалтиравме во првиот месец по нашето доаѓање, е во должина од некаде осум километри за период од само шест месеци.

Исто така работиме на поставување ново и дополнување на постоечкото улично осветлување во населбата Буковски ливади на улицата четврта, Буковски мост. Уредивме две нови детски игралишта на улиците Север југ и Смилевски Конгрес. Веќе започнавме со уредување на два нови паркови, тоа го промовиравме во периодот кој измина. Нов градски парк во Нова Битола и на барање на студентите, Студентскиот парк.

За решавање на проблемите со бездомните животни, тоа е исто едно од нашите ветувања, во соработка со невладиниот сектор, бизнис секторот и сите надлежни субјекти кои ја третираат оваа проблематика, изработивме проект за прифатилиште и одредена е локација во земјоделското училиште.

Обезбедуваме поддршка за талентирани ученици кои постигнуваат високи резултати, невладини организации кои работат на проекти од различни области, спортски здруженија, индивидуални спортисти. А, исто така повторно културно ја раздвижуваме Битола со културни содржини за сите возрасти, за што сме сведоци деновиве само што заврши Фестивалот на монодрамата во Битола.

Од капиталните проекти, пред отпочнување сме на постапка за јавна набавка за изработка на проект за изградба на нова противпожарна зграда, едно од нашите ветувања. А, како резултата на зајакнувањето на меѓународната соработка идниот месец, преку донација на Република Франција ќе го надополниме и возниот парк во противпожарната единица со три возила.

Го решаваме и проблемот со хаварисаните возила и работиме на зголемување на хигиената на градот, а со тоа овозможуваме и уредување на јавните површини согласно нивната намена. Со завршувањето на процесот на легализација на објектите и изработка на новиот Генерален урбанистички план, во значајна мера ќе се подобри процесот на планирање и уредување на просторот што преставува наша долгорочна инвестиција за убава Битола.

Во делот на економскиот развој, каде евидентно во изминатиот четири годишен период имаме нефункционални и оптоварени со долгови јавни претпријатија, сега веќе се менуваат работите на подобро. Јавното претпријатие Жабени почнува да функционира, а Општина Битола објави јавен оглас за отуѓување на градежно земјиште за шеснаесет парцели во индустриската зона Жабени. Ова очекувам да резултира со нови инвестиции, за што веќе имаме и најави од странски инвеститори.

Преку ова претпријатие работиме на решавање на најголемиот проблем кој го оптоварува општинскиот буџет, цената на електричната енергија, кој е заеднички проблем на сите локални самоуправи, за кој како општини сме оставени потполно сами на себе, без поддршка на централната власт.

Само за споредба, месечната сума која во моментот ја плаќа општина Битола за електрична енергија е приближно колку потребната сума за реконструкција на две улуци во Битола. Токму затоа, секое алтернативно решение на овој проблем, за нас ќе значи можност за нови инвестиции во подобрување на патната инфраструктура. Во моментов, месечната фактура на општина Битола за учичното осветлување е 150 илјади евра.

Во насока на постојано зголемување на транспарентноста, двете општини и Битола и Аеродром, воведуваме начин на поголема достапност на граѓаните за нивните потреби, барања, иницијативи и предлози. Така што, со воведувањето М-заедница , започнуваме со првиот чекор кон дигитализација на јавните услуги.

Општина Битола обезбедува поддршка за надминување на наталожените проблеми во професионалните спортски клубови и во иднина ќе продолжи да го стимулира нивниот напредок до крајната цел, битолчани да бидат горди на спортските успеси.

Спортистите треба да ја имаат нашата поддршка како локална самоуправа и како граѓани и кога постигнуваат високи резултати и кога се соочуваат со пораз, зошто само така ќе имаат мотив повеќе да бидат се подобри.

Со градоначалникот на општина Аеродром, после увидот кој ќе го направиме на неколку локации во градот каде се во тек градежни активности, продолжуваме во спортската сала Боро Чурлевски каде ќе го проследиме кошаркарскиот натпревар помеѓу кошаркарскиот клуб Пелистер и МЗТ Скопје и се надевам подобриот нека победи, се надевам дека тоа ќе биде Пелистер.“

Имаме иднина: Младинците на Победа денеска станаа шампиони

Младинците на прилепска Победа ја обезбедија титулата на две кола до крајот на сезоната.

Младинците на Победа го победија Вардар со резултат 1-2 на денешниот натпревар и ја обезбедија титулата на две кола пред крајот на сезоната. Оваа генерација ќе ги претставува Победа, Прилеп и Македонија во Европската младинска лига.

До крајот Победа треба да одигра два натпревари, дома со Њу старс и на гости кај Македонија ЃП, но прилепчани веќе се недостижни на табелата со 56 бода, пред Вардар кои има 52 бода и само уште еден натпревар до крајот.

Ова е особено важна вест, особено откако сениорскиот состав го обезбеди своето место во Првата македонска лига.

Титулата ќе се прослави на следниот натпревар кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Прилеп.

Прилепска река доби црвена бакарна боја- надлежните и МВР се чудат од каде е

Прилепска река доби црвена боја – не се работи за некакво чудо или природна појава, меѓутоа, никој не сака да одоговори зошто ова се случува.

Загрижени граѓани споделуваа фотографии на социјалните мрежи на кои може да се забележи дека реката во Прилеп добила црвена боја.

Која е причината сеуште не знаеме, но време е да се преземат мерки и да покажеме дека навистина се грижиме за животната средина.

Регистриран првиот случај со “мајмунски сипаници” во Грција?

Националната здравствена служба на Грција (ЕОДИ) соопшти дека го регистрирала првиот можен случај на мајмунска сипаница, а во тек се лабораториски анализи, чиј резултат треба да го потврди тоа, објавија медиумите во регионот.

„Станува збор за англиски турист кој бил сместен во болницата Атикон“, се додава во соопштението, пренесува агенцијата Тасс.

Резултатите од анализата ќе бидат познати во понеделник, соопштила грчката здравствена служба.

Светската здравствена организација соопшти дека досега се регистрирани околу 80 потврдени случаи на мајмунска сипаница, а за околу 50 случаи се чека потврда од лабораторија.

Денес се празнува летен Св. Никола

Верниците на православната црква денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај – Мирликискиот чудотворец.

Во прашање е спомен на настанот кога моштите на овој светец се пренесени од Мир во Бар.

Иако календарски не припаѓа на лето, поради најчесто убавото време кога паѓа овој празник, во народот се нарекува и летен Свети Никола.

Според верувањата, на овој ден никако не е добро да се пере, чисти домот и да се работат било какви домашни работи.

Во некои краеви се одржал обичајот да се даруваат децата на празникот, бидејќи Свети Никола е и нивен заштитник.

Градоначалникот на Долнени дава пример како се работи во интерес на сите без предрасуди

Ако денот по утрото се познава, тогаш жителите на Долнени ќе имаат 4 години градежна експанзија во целата општина.

Локалната самоуправа на Општина Долнени, слушајќи го гласот на граѓаните во многу населени места, превзема низа активности и тоа: поправка и тампонирање на улици, чистење на канали, собирање на отпад од многу незаконски депонии.

За проблемите и потребите на сите населени места ќе се слуша гласот на граѓаните, вели градоначалникот Урим Ибески.

За периодот што следува ќе се преземаат и поголеми градежни активности согласно планот и програмата, додава тој.

Жилберто Силва во Скопје: Пендаровски го крена Мундијалскиот пехар

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на промотивниот настан за пречекот на ФИФА трофејот, во рамки на глобалната турнеја во пресрет на Светското фудбалско првенство, коешто ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември оваа година во Катар.

Претседателот Пендаровски упати благодарност до организаторите за можноста и честа Македонија да биде една од земјите домаќини на овој значаен спортски трофеј.

– Нема поголемо задоволство, не само меѓу љубителите на фубалот и спортот, дека еден ден во блиска иднина, наместо претседателот на државата да го има во раце овој трофеј, капитенот на нашата фудбалска репрезентација да го крене високо и да го имаме постојано во просториите на ФФМ, порача претседателот Пендаровски.

Македонија е меѓу 51 држава опфатени со промотивната турнеја, во која се вклучени и сите 32 земји-учеснички на Светското фудбалско првенство во Катар.

Претседателот Пендаровски го оцени како фудбалска историја доаѓањето на славниот трофеј меѓу македонските навивачи и вљубеници во фудбалот, во присуството на бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва.