дома блог страница 1565

(Фото галерија) Денеска во Прилеп се отвори најдобриот бутик – Одличен избор и екстра цени пред матурските и свадбените веселби

Од денеска Прилеп доби нов супер модерен бутик за свечени женски фустани.

На вториот кат од веќе познатиот “Family Shop Exclusive”, на голем супер модерно уреден простор се наоѓа невиден избор на женски фустани, буквално умот да ти зајде.

Одлична можност за сите припаднички од понежниот пол, да го направат вистинскиот избор и да изгледаат неверојатно на сите семејни веселби, а богами и за матурантките да се подноват и да изгледаат уникатно и магично на матурската вечер.

Фотографиите кажуваат се’, само тука во Прилеп имате најголем и најразновиден избор на модели, бои, големини… се’ за сечиј вкус.

А верувајте, ниту џебот нема да ве боли, затоа што само во “Family Shop Exclusive” ќе се подновите по најниски цени во градот.

Затоа веќе утрешниот ден искористете го за да ги посетите, а верувајте дека со празни раце нема шанси да излезете.

Од среда River Soft во Прилеп: Големо отварање, многу изненадувања, подароци и супер промотивни цени – Ова е дел од понудата (Фото)

Конечно River Soft во Прилеп!!!

Од среда прилепчани ќе имаат можност да купуваат се’ од техника квалитетно и по најниски цени.

River Soft пристигна во градот под Марковите Кули, а од 25. мај започнува со работа. Од River Soft за големото отварање најавуваат супер промо цени, гратис производи и голем број други изненадувања.

Салонот се простира на површина од 400м2 и ќе биде ултра модерно уреден и опремен.

Се работи за големи салони за бела техника, телевизори, мали апарати, клима уреди, телефони, компјутери, компјутерска галантерија, велосипеди, мотори и др, а во Прилеп ќе биде лоциран во поранешната стоковна куќа, каде неодамна се наоѓаше КАМ маркет.

SAMSUNG, VIVAX, BOSCH и други докажани брендови!

ЗА РЕЛАКСИРАНО КУПУВАЊЕ! ЗА ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ! Биди и ти, чекор напред во техногијата со River Soft.

Салонот во Прилеп се наоѓа на улица “Кузман Јосифоски” спроти “Тинекс”

Млад стружанец со автомобил yдpил во прилепчанка

На 22.05.2022 околу 16.30 часот во ОВР Струга било пpиjaвено дека на улица „Владо Малески“, патничко моторно возило „фиат“ со струшки регистарски ознаки, yпpaвyвано од Р.В.(21) од с.Велешта, струшко, yдpило во Љ.Н.(72) од Прилеп.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобила Љ.Н., конcтатиpaни во Општа болница Струга.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга – информираат од МВР.

Уaпceни шестмина прилепчани за извршени 87 кpaжби: Укpaле предмети во вредност над 1,5 милиони денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.А.(33), Ф.Е.(40), Џ.А.(30), Е.Б.(33), Е.А.(26) и Ф.Ќ.(39), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени 87 кривични дела „тешка кражба“, „кражба“ и „прикривање“.

Пријавените, во периодот од април 2021 до февруари 2022 година, на подрачјето на Битола и селата Путурус, Црнобуки, Вашарејца, Добрушево, Радобор, Трап со употреба на погоден предмет и физичка сила, извршиле тешки кражби, тешки кражби во обид и кражби во куќи, викендици, стопански дворови, цркви, манастири, магацини, базни станици, при што одзеле разни предмети и се стекнале со противправна имотна корист од 1.524.400 денари.

Македонија згpoзенa: Kpивична за нacтавник кој допиpaл малолетна yченичка

СВР Струмица до надлежното обвинителcтво поднece кpивична пpиjaва пpoтив 40-годишен наставник од Струмица поради пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години” , казниво по член 188 од Kpивичниот законик.

Пpиjaвениот, наставник во основно училиште во струмичко, е ocoмничен дека во периодот од октомври 2020 до април 2022 година преку социјална мрежа Фејсбук пpaќал пораки на малолетна ученичка во училиштето со кои сакал да ја наведе на ceкcyaлен однос, а во два наврати и ја допиpaл по тeлoто.

На 20.05.2022, таткото на девојчето го пpиjaвил cлyчajoт во полициcка cтаница и пpиложил докази, по што биле пpeземени мерки и наставникот на 21.05.2022 бил лишен од слобода во Куманово, а подоцна бил спроведен во СВР Струмица и со него бил извршен службен разговор.

Машини: Младост 96 Прилеп се пласираше во финалето и ќе ја брани шампионската титула

После саботната победа во првиот полуфинален натпревар во Прилеп со 4-1 против Шампиони Фа, во неделата во Штип се одигра реваншот од полуфиналето на македонското пингпонгарско првенство. Убедлив триумф во Штип со резултат 4-0, и со тоа Младост96 се пласира во финалето, каде против екипата на Крива Паланка 2007 ќе ја брани титулата.

Петар Костовски одигра маестрално во двата натпревари, каде постигна 4 победи, Костадиновиќ извојува 2 победи, а Лашкоски забележа 2 победи и еден пораз. Александар Рикалоски и Антонио Стомнароски во овие натпревари беа резерви. Тренерот Гоце Тошески ја темпираше формата токму за овој период, кога се завршниците од првенството, како и натпреварите во Трофеј на Европа во европските купови.

Наредниот викенд екипата на Младост96 ќе игра во Романија, засилени со црногорецот Лука Бакиќ во обид да направат резултат во своето прво излегување во Европа.

За таа цел веќе од денеска екипата замина на припреми во Суботица, каде со екипата на српскиот суперлигаш Спартак ќе ја темпирааат формата за во Романија, и секако за натпреварите од финалето на првенството со екипата на Крива Паланка 2007, кои ќе се одиграат на 4-ти јуни во Крива Паланка и на 5-ти јуни во Прилеп.

Викендов се одржа и силен Меѓународен турнир во Ниш-Србија, на кој учество имаше и членот на Младост96 во кадетска конкуренција Трајче Маркоски. Младиот пингпонгар одигра одлично и се пласираше меѓу најдобрите 8 во млади кадети. Во групата имаше 2 победи и еден пораз. Победа оствари во 16 финалето. Победа извојува и во 8-на финалето и за влез во полуфинале загуби од српски играч.

Бугарска работа: Газдата слезе на терен да одлучи кој ќе шутира пенал, го избра погрешниот, а екипата испадна во втора лига (Урнебесно видео)

Eкипата на Царско Село испадна од Првата фудбалска лига во Бугарија. Во последното коло од плеј-аутот тимот пред својата публика не успеа да слави победа над Локомотив Софија и се прости од прволигашкото друштво (1-1).

До трите бода домашниот тим беше многу блиску, затоа што во 95. минута доби удар од единаесет метри, по кој настана хаос на теренот, затоа што фудбалерите на Царско Село за малку ќе се испотепаа кој да го шутира пеналот. На крај еден господин од трибините, поточно газдата на клубот, влезе в терен и ја реши ситуацијата.

Видеото погледнете го во продолжение:

Cpце да ти се pacплаче: Преспанското езеро yмиpa секој ден! Државо направи нешто! (Фото галерија)

Сите зборуваме, никој ништо не превзема и така со години, а Преспанското Езеро yмиpa секој ден и полека, но сигурно иcчeзнyва пред наши очи.

Нема никаков проект, никаква иницијатива за негово cпacyвање, а водата се повлекува буквално секој ден. Како вљубеници во Преспа и недопрената преспанска природа и воздух, еве на што наидовме вчера во преспанските излетнички места вчера:

Фотографиите се од Претор, едно од најпосетуваните излетнички места во минатото, а денеска да не се неколкуте ресторани кои се најпосетувани во викендите, местото целосно нема да постои.

Како што може да се види водата на езерото е повлечена повеќе од 10 метри. Глетката е страшна и жална! Тиња, полногравци, жаби, непријатна миризба покрај езерото…

Состојбата не е ништо поразлична ниту во останатите места. Крани веќе не е тоа што беше, за Асамати да не правиме муабет воопшто…таму веќе нема ниту вода.

Нешто подобро беше во Сливница, но и таму состојбата се влошува од ден во ден. Еве фотографии и од таму:

Се надеваме дека неколкуте угостители кои се трудат да функционираат во вакви услови, заедно со властите ќе направат нешто повеќе за Преспа и езерото, во спротивно ќе изумре еден цел еко систем.

Не сме стручни да кажеме зошто и како, но ДРЖАВО НАПРАВИ НЕШТО!

Приказна со среќен крај: Коњнот кој беше фотографиран на тераса згрижен во скопската Зоолошка градина (Фото)

Коњ беше фотограрфиран на тераса во скопско Дебар Маало, а на фотографиите можеше да се забележи дека животното се качило на првиот кат.

„Приказна со среќен крај

Вчера на неколку портали беше објавено дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда, а полицијата добила и неколку пријави од граѓани. Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода. Доцна вечерта коњот беше пренесен во Скопје ЗОО каде што ќе му обезбедиме ветеринарна грижа и најдобра нега. Апелираме да не се измачуваат овие најпрекрасни животни и што поскоро да се направи план на централно ниво за што поголема благосостојба на коњите“, објавија од Скопје ЗОО.

Вартоломеј: Вселенската патријаршија помогна да се вратат мирот и поредокот на Балканот

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која беше ставен крај на 55-годишниот раскол, само неколку дена по одлуката на Фанар да ја прифати Охридската архиепископија во канонска и евхаристиска заедница.

На средба со професори и студенти од Богословијата „Св. Петар Цетињски“, кои се во посета на Вселенската патријаршија, патријархот Вартоломеј рече дека сослужувањето на српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски Стефан со право може да се оцени како чин на помирување и соработка, кој се случи, како што наведе, само неколку дена по неговата историска одлука во однос на црквата во Северна Македонија.

– Преку вас ја поздравувам светата црква на Србија и срдечно го прегрнувам нејзиниот поглавар, најљубениот и блажениот патријарх г. Порфириј. Нашите две цркви се поврзани со свети и неуништливи врски, на заедничка вера и заеднички борби, и врски на љубовта на мајката кон својата сакана ќерка, кои според апостол Павле, „никогаш не пропаѓаат“, истакна вселенскиот патријарх.

Тој ја нагласи и радоста на, како што посочи, Мајката црква во Константинопол по „историската одлука“ на нејзиниот Синод за враќање на Охридската архиепископија во евхаристиска заедница, што го отвори патот за помирување со СПЦ и воспоставување на мирот и поредокот на Балканот.