дома блог страница 1564

Полициcко возило yдpило во малолетник на велосипед

На 23.05.2022 во 22:50 часот во Охрид на ул.„7-ми Ноември“, во близина на бензинска пумпа патничко моторно возило “шкода“ сопственост на МВР удрило во малолетен велосипедист од Охрид.

По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Општата болница Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид и известен е Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди.

Урнебесно видео од “Бубамара”: “Kaжи некоја смешка за Таче, а кој е Таче бе Ранко, нит сме го гласале, ни ништо од кај премиер”

Во неделата беше телевизиската премиера на „Златна бубамара на популарноста“, која годинава се одржа по 25 пат. Бидејќи е единствена од ваков вид кај нас, оваа манифестација се раскажува долго откако ќе помине.

Заслужни за тоа секако се водителите, Сашко Коцев, Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски, чии шеги за политичката сцена во Македонија и овојпат погодија во сржта:

(Видео) Во Сибир се отвори “вратата на пеколот”: “Од длабочините се слушаат морничави звуци”

Жителите на ова мало сибирско село се во страв бидејќи веруваат дека таму се отворила таканаречената „пеколна уста“. Имено, жителите на Батагајка во Јакутија забележале голем отвор на земјата, а многумина веруваат дека тоа е премин кон подземјето, пишува Mirror.

Извештаите велат дека масата што тоне продолжува да се шири и влијае на пејзажот. Сликите од кратерот Батагајка покажуваат како огромна маса на Земјата тоне и се чини дека влече сè наоколу.

Причината за кратерот е топење на вечниот мраз. Земјата на тоа место била трајно замрзната за време на квартерното ледено доба пред 2,58 милиони години. Кога шумската област беше исчистена во 1960-тите, сончевата светлина стигна до земјата и почна да ја загрева. Мразот во почвата почна да се топи и тоа доведе до набивање и таложење на почвата.

Поради влијанието на глобалното затоплување на температурите, наскоро ширум светот би можело да се појави уште една „пеколна уста“.

(Фото галерија) Прилепчани го преполнија храмот Св. Кирил и Методиј – црквата блескаше од убавина

Светот денеска го празнува Денот на македонските просветители Св. Кирил и Методиј.

Прилепчани традиционално како и секоја година до последно место го исполнија храмот кој го носи името на светите браќа, кај народот познат како “Параклис”.

Храмот Св. Кирил и Методиј уште од синоќа беше прекрасно украсен и блескаше од убавина како и секогаш.

Една убава слика која полни срце и душа. Нека е за многу години и напомош!

Лавров: Не знаете вие што е Русија, не сте научиле добро во училиште

Рускиот министер Сергеј Лавров смета дека западните политичари, кои велат дека е потребно да се порази Русија, најверојатно не ја научиле лекцијата во училиште.

„Велат дека Русија мора да биде поразена на бојното поле за да победат. Веројатно не ја научиле добро лекцијата во училиште“, вели Лавров.

Лавров смета дека западните политичари влечат погрешни заклучоци од минатото и кажа дека Западот на крајот ќе мора да ја признае „реалноста која ја создава“ во светот.

MВР: 3aпленивме мрежи и 100кг. риба во Преспа

На 24.05.2022 година во периодот од 00.20 до 07.00 часот во координирана акција на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ, БЈБ во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие и концесионерот на езерото во водите на Преспанското езеро извршиле инспекција.

„Притоа се пронајдени 22 рибарски мрежи во вкупна должина од околу 1100 метри, со околу 100 кг улов“, информираат од полицијата.

Мрежите и уловот се подигнати и предадени на Државниот инспекторат за земјоделие за понатамошна постапка.

Апасиев во едно поинакво светло: Рапуваше, а имаше што да каже и за Васко Ефтов (Видео)

Познатиот јутјубер Стефан Лазаров ја имаше честа во неговото познато шоу „Карпул караоке“ да му гостува еден од најпопуларните политичари во нашата земја, Димитар Апасиев.

За прв пат имавме можност да го видиме Апасиев во едно поинакво светло. Зборуваше за неговиот приватен живот, за неговото детство, за студиите, за тоа каква музика сака да слуша, а во еден момент дури и почна да рапува..

Видеото со Димитар Апасиев погледнете го во продолжение:

Зеленски е подготвен да преговара за крај на вojната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера имаше обраќање пред Светскиот економски форум во Давос, при што кажа дека единствен руски функционер со кој би разоварал во моментов е Владимир Путин.

Зеленски вели дека средбата со Путин би имала само една цел, а тоа е крај на војната која трае три месеци.

„Без него не може да се донесат одлуки. Мора да сме свесни за тоа. И ако зборуваме за одлука за крај на војната, тогаш таа одлука нема да биде донесена без него. Не прифаќам средби со никој друг од Русија, освен со првиот човек на државата“, кажа Зеленски.

Христијанскиот свет ги празнува македонските просветители Св. Кирил и Методиј – Честит именден Кире, Кирил, Методиј, Менде, Методија…

Големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заеднички празник на 24/11 мај. Поради нивните заслуги за христијанството Светета црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Именден празнуваат: Кирил, Методија, Кире, Киро, Методиј, Мето, Менде…

Во почетокот Црквата одделно го празнувала споменот на двајцата браќа, на деновите на нивното упокојување Кирил на 27/14 фев. и на св. Методиј на 19/6 април. Но подоцна се јавила потреба за нивен заеднички празник, едно затоа што тие се родени браќа и друго затоа што заедно извршувале иста дејност.

Најпрвин заедничкото празнување било на денот на упокојувањето на св. Методиј, како што е запишано во Станиславовиот пролог: „И се празнува нивниот спомен на 6 април и црквите многу празнуваат во нивниот спомен“.

Но, поради тоа што овој датум се паѓа во строгите велигденски пости кога црквата забранува свечено празнување, се нашло за попогодно ова празнување да биде пренесено на 11 мај (с.с.). При празнувањето на илјадагодишнината од Моравската мисија во 1863 година, Светиот серуски синод донел одлука, почнувајќи од таа година 11 мај (с.с.) да се празнува како црковен празник на преподобните Кирил и Методиј.

Потоа ова празнување било прифатено од сите словенски народи. Родени се во Солун во семејство на висок византиски службеник. Татко им Лав бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија. Најстариот од седумте деца, Методиј е роден околу 815 година, а Константин бил седмо дете и е роден во 826/27 година.За постариот брат Методиј многу малку се знае. Не се знае дури ниту неговото крстено име, а името Методиј е добиено во монаштво.

Се знае дека завршил највисоки школи во Константинопол, дека во младоста ја избрал воената служба и десетина години бил управител на Словенско кнежевство во Македонија што било под власта на византискиот император и дека таму го напишал делото „Закон судниј људем“ („Закон за судење на луѓето„). Но ја напуштил оваа служба и заминал во манастирот на планината Олимп (Мала Азија) каде што се закалуѓерил.

Подоцна во овој манастир дошол и неговиот помал брат Константин со кого заедно учествувале во две значајни мисии: Хазарската и Моравската.Константин, пак, уште како дете го учел напамет познатиот христијански беседник Григориј Богослов, се истакнувал во учењето поради што бил забележан од царските советници, кои му овозможиле да се школува во познатата Магнаурска школа во Цариград којашто имала ранг на денешен универзитет.

Тука се афирмирал како извонреден мислител, богослов и апологет на христијанството. Во житијата се вели дека граматиката ја изучил за три месеци, дека го учел Хомер (Илијадата и Одисејата), дека кај Лава и Фотија ги учел дијалектиката, сите филозофски науки, потоа реториката, артиметиката, астрономијата, книжевноста, сите елински уметности итн.

По завршувањето на школата работел како библиотекар во познатата Патријаршиска библиотека во Цариград, од каде што заминал во еден манастир на Босфор. По престојот во манастирот бил поканет за професор на Магнаурската школа каде што станал познат професор по филозофија, поради што го добил прекарот Филозоф.Бидејќи се истакнал со познавање на црковните но и на световните прашања на 24 годишна возраст од страна на византискиот двор бил испратен во Арапската мисија кај Сарацените, којашто имала државно-политички и религиозен карактер.
Со Сарацените водел полемики по повеќе верски прашања, а се запознал и со нивниот живот и обичаите.Во 858-859 година Кирил, Методиј и повеќе други пратеници од Византија престојувале во Мисија кај Хазарите каде што требало да решат повеќе важни политички и верски прашања.

Овде ги нашле и моштите на папата Климент I, кој уживал голема почит кај Римјаните, а Кирил напишал и пофално слово за Климент и химна за него. По успешното завршување на оваа мисија, Методиј повторно заминал во својот манастир на Олимп, а Кирил во некој манастир во Цариград. За време на овој престој во Цариград тој се прославил со дешифрирањето на еден запис од чашата на еврејскиот цар Соломон која се чувала во црквата „Света Софија“ во Цариград.

Сепак, за двајцата браќа најважна е Моравската мисија, којашто е важна и за иднината на сите Словени. Иницијатива за оваа мисија дал моравскиот кнез Ростислав кој за да ја стабилизира својата држава на политички план преземал мерки за решавање на црковното прашање. За организација на црквата во својата земја тој побарал помош од Византија.

Имено, замолил да му испратат луѓе кои Божјото слово ќе го проповедаат на разбирлив словенски јазик. Уште барал и епископ кој би ја организирал црквата да стане самостојна во однос на Рим. Но и Византија имала свој интерес па во тоа време на заострување на односите во самата христијанска црква, а за да не дојде до натамошен раскол му испратиле само учители мисионери, а не и епископ. А тие мисионери биле Кирил и Методиј.
Но тогаш Словените немале букви, така што Кирил морал да состави и азбука и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука (глаголицата), за првите преводи од грчки на словенски јазик Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината.Во Моравија Кирил и Методиј биле пречекани со воодушевување од страна на кнезот Ростислав, но и со жесток отпор од страна на германските свештеници.

Тие ги обвинувале солунските браќа затоа што службата ја изведувале на словенски јазик, тврдејќи дека Божјото слово треба да се проповеда само на три јазици: еврејскиот, грчкиот и латинскиот.Поради ваквите пречки во работата двајцата браќа тргнале за Рим со намера, лично поред папата, да ја образложат својата дејност и да ги оспорат многуте клевети. На пат за Рим минале низ Панонија каде што кнезот Коцел бил одушевен од нивната служба и посакал и во неговото кнежевство службата да се изведува на разбирлив словенски јазик.

Потоа стигнале во Венеција каде што Кирил имал остра полемика во одбрана на правото сите народи, па и Словените, на свој јазик да ја изведуваат богослужбата. „Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А Сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишиме воздух сите еднакво?

Па тогаш како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глуви?“ ‒ им рекол Кирил и додал дека и Персијанците, Ерменците, Арабјаните, Хазарите и други народи словото Божјо го проповедаат на свој јазик и дека е незамисливо дури и апсурдно тоа да се прави на јазик неразбирлив за верниците.Во Рим браќата биле пречекани со голема свеченост, уште повеќе што со себе ги носеле моштите на папата Климент I, коишто св. Кирил ги нашол за време на Хазарската мисија.

Во Рим во тоа време сè уште бил жив култот кон папата свети Климент I, кој маченички го завршил животот, поради што враќањето на неговите мошти во светиот град претставувало голем настан, а браќата биле почестени со големо внимание.Папата, тргнувајќи од некои интереси на папската столица, дозволил во неколку цркви во Рим да се изврши богослужба на словенски јазик, со што го признал овој јазик за службен во црквата.

Тој ги зел во заштита словенските книги, Методиј го произвел во свештеник, Константин во повисок калуѓерски ред (со што го добил името Кирил), повеќе ученици добиле свештенички звања, а Климент и Наум станале презвитери.По големите напори Кирил починал во Рим на 27/14 февруари 869 година на голема жалост на брат му Методиј и неговите ученици. Тука бил и погребан, така што и денес неговите мошти почиваат во Рим во црквата „Свети Климент“.

Оттука св. Методиј со своите ученици се вратил во Моравија, одел и во Панонија кај кнезот Коцел, но непријатностите не престанале. Две и пол години минал во затвор, а по ослободувањето (по директна интервенција на папата), морал постојано да оди во Рим и Цариград да се правда од клеветите и да реферира за постигнатите резултати. Чувствувајќи го својот крај во 884 година зел двајца свои ученици-брзописци и за шест месеци ја превел целата Библија на словенски јазик.

Починал на 19/6 април 885 година и бил погребан во моравската престолнина Велеград.По смртта на Методиј неговите ученици останале без заштита. Германските свештеници со нив жестоко се пресметале. На Горазд му се губи трагата, некои од учениците биле продадени како робови, други протерани преку Дунав, на југ. Меѓу овие биле и светите Климент и Наум кои делото на своите учители со голема страст и знаење го продолжиле на брегот на Охридското Езеро во древниот град Охрид.
Грчката црква не го празнувала споменот на светите Кирил и Методиј. Словенските цркви, пак, споменот на смрта на св. Методиј го одбележувале на 6 април (с.с.) набргу по неговата смрт. Сведоштво за тоа е и „Асемановото евангелие“ (10-11 век) во кое датумот 6 април е забележан како „спомен на смртта на преподобниот наш отец Методиј, архиепископ на горна Моравија, брат на преподобниот Кирил Филозоф.“

Долго време споменот на св. Кирил Филозоф се одбележувал на 14 февруари (с.с.), а на 6 април (с.с.) се одбележувал заедничкиот спомен на двајцата браќа. Бидејќи овој празник е во велигденските пости кога не е дозволено повесело празнување потребен бил нов датум за таа цел.

Со указ на светиот Синод на Руската црква, по повод 1000 годишнината од првотро осветување на словенскиот јазик, во 1863 година решено е секоја година на 11 мај (с.с.) да се слави празникот на преподобните Кирил и Методиј, со ноќно бдение, со литургија и молебен и со служба која за таа цел била напишана истата година.Светите браќа Кирил и Методиј од страна на Светата црква се прогласени за рамноапостолни поради нивните заслуги за афирмацијата на христијанската вера.

„Најголема пофалба за нив, ‒ пишува Григор Прличев во Словото за св. Кирила и Методија, ‒ е оти папата, денешниот папа римски, оценувајќи ги нивните маки и трудови, оценувајќи ја величината на нивните дела, ги нарече рамноапостоли и издаде заповед, писмена заповед, строга повела по сето свое паство да го празнуваат сите денот на св. Кирил и Методија.“

Коментирајќи ја ваквата одлука на папата и на црквата воопшто Прличлев истакнува дека нивните заслуги се големи. „Иако биле болни тие многу направиле за афирмација на Христовата вера, тие пак се трудеа, неуморно се трудеа додека го извршија великото дело, коешто не би можеле да го извршат ни цареви, ни императори, ни самите можеби Христови апостоли, ниеден од апостолите не покрстил толку души колку св. Кирил и Методи.“

Во ова свое Слово коешто не е датирано, но веројатно е кажувано за време на неговото учителствување во Солун 1884-1890, Прличев во едно свое вдахновено расположение искажува умерение дека солунската гимназија „ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, што ќе бидат светила на нашите училишта, ќе бидат благолепие на нашите цркви, ќе бидат столпници на верата и ќе го прославуваат македонското име.“

Празникот на светите браќа Кирил и Методиј посвечено почнал да се празнува во 19 век. Марко Цепенков забележува дека овој празник силум се воведе во црквата (…) при подигнувањето на црковното прашање. Стефан Тановиќ во своите записи од Гевгелиско вели дека „Св. Кирил и Методиј“ е нов празник кој од скоро почнал да се споменува и да се слави. Го празнуваат само Србите и Бугарите, како Словени, додека Грците не сакат ни да слушнат за него. Во денешно време тенденцијата е заеднички да се празнуваат светите браќа како просветители на словенските народи.

Српскиот патријарх донесе радосна вест во Македонија: СПЦ призна автокефалност на МПЦ

Аплаузи во соборниот храм Свтеи Климент Охридски, откако Српскиот Патријарх обзнани дека Соборот едногласно прифати автокефалност за МПЦ ОА.

Видов пред некој ден и сега радост и љубов во очите на сите вас. Гледам обвска и задача за нас архиереите а тоа е дека вашата љубов и молитви во Белград и овде го надминаа искушението ни да Бог направи чудо, да разбреме дека сме едно и дека не можеме едни без други. А сега ви носиме уште една вест. Собороот на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ ОА каде Соборот благослоував прифаќа и признава автокефален статус, изјави српскиот Патријарх.