дома блог страница 1563

84-годишен дедо од Битола изгyбил контpoла на мопед и yдpил во “мерцедес”

На 24.05.2022 во 10.42 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на ул.„Билбил Камен“ во Битола, З.К.(84) од Битола, yпpaвyвajќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгyбил контpoла и yдpил во паркирано патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.Ц.(60) од Битола.

Во незгодата, З.К. се здобил со тешки телecни повpeди конcтатиpaни во Клиничка болница Битола.

Увид извршила екипа на СВР Битола.

Maлолетник од Прилеп со електpичен тpoтинет yдpил во паркирано возило и се здобил со тешки повpeди

На 24.05.2022 во 14.27 часот во ОВР Прилеп било пpиjaвено дека на ул.„Раде Иваноски“ во Прилеп, малолетник од Прилеп, yпpaвyвајќи електричен тротинет, yдpил во паркирано патничко возило „ауди“.

Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телecни повpeди конcтатиpaни во Градска болница Прилеп.

Увид извршила екипа од ОВР Прилеп.

Прекрасно: Во Гевгелија се одржа литија во чест на македонските просветители Св. Кирил и Методиј (Видео)

Во чест на македонските сесловенски просветители Св. Кирил и Методиј, вчера во Гевгелија за прв пат беше организирана литија низ улиците на градот со моштите на четириесет светители, преподобни и маченици.

На настанот учество зедоја голем број граѓани заедно со свештениците од Гевгелиското Архиерејско намесништво, а потоа пред црквата Св. Кирил и Методиј сите заедно го проследија настапот на ансамблот “Македонија”.

(Видео) Гимназијалката Александра Трајческа го освои првото место на државниот натпревар “Chanson francophone”

Во организација на Здружението на професори по француски јазик на Република Македонија (ЗПФРМ), под покровителство на Jade Benrejdal и добротворната организација “Bel idéal”, во саботата, на 21.05.2022 год. во хотелот Лимак во Скопје, се одржа манифестација на наградување на ученици и наставници од основните и средните училишта кои придонеле во афирамција на францускиот јазик и култура.

Како завршен дел од манифестацијата беше финалето на натпреварот “Chanson francophone” на кој во посебни категории за основно и за средно образование, учениците се натпреваруваа во изведба на песна на француски јазик. Специјална жири комисија ги оценуваше гласовните можности, правилниот француски изговор и сценскиот настап на изведувачите.

Во категоријата средно образование во финалето се пласира и Александра Трајческа, ученик во трета година во нашата Гимназија. Таа настапи со песната “N’insiste pas” од Camille Lelouche.

Со моќен глас и емоции, Александра ги освои срцата на публиката. Настапот го заврши со бурен аплауз и овации од публиката.

Откако сите финалисти се претставија пред жири комисијата и пред бројните гости во публиката, следуваше чинот на прогласување на победниците.

Првото место, заслужено ѝ припадна на Александра.

Ментор на Александра ѝ е професорката по француски јазик Мирјана Бошковска.

Погледнете ја во целост нејзината изведба и чинот на прогласувањето на првото место:

Во подготвките за натпреварот учествуваа и проф. Николче Богданоски, проф. Татјана Ивановска и Филип Димоски, ученик во трета година.

Дојдете денеска на стадионот “Гоце Делчев” и поздравете ги младите шампиони на Победа кои ќе ја претставуваат Македонија во Европа

Денеска со почеток од 15.30 и 17.30 часот на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев” љубителите на фудбалот од Прилеп ќе имаат можност да присуствуваат на двојна програма од Младинската Супер лига.

Во првиот меч ќе играат кадетите-генерација 2004-та на Победа и Њу Старс.

Во вториот дуел од 17.30 часот црвено-белите младинци-шампионите во Младинската лига за сезоната 2021/2022, ќе се претстават пред прилепската публика, која пак ќе има можност да ги запознае и поздрави членовите на оваа трофејна генерација.

Се очекува претставници на ФФМ пред почетокот на мечот на капитенот на Победа да му го врачи шампионскиот пехар.

ФК Победа со овој потег им оддава признание на нашите талентирани играчи да заиграат на главниот терен со надеж дека повеќемина од нив ќе го остварат својот сон и во иднина би го носеле сениорскиот дрес на ФК Победа.

Влезот за двојната програма Победа-Њу Старс ќе биде слободен.

14-годишник побapaл од аптекapка да му даде “диjaзепам”, па откако не му дала извадил н о ж

Јавен обвинител од ОЈО Скопје до cyдиjaта за деца при Основниот кpивичен cyд Скопје достави Барање за поведување подготвителна пocтапка пpoтив дете за кое постои ocновано coмнение дека стopило кpивично дело – Paзбojништво од член 237 став 1 од Kpивичниот законик.

На 23 мај, детето во cyдиp со законот, на возраст од 14 години, влегло во аптека на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје и од вработената побарало да му даде таблети „диjaзепам“.

Кога вработената му кажала дека таблетите не се издаваат без лекарски рецепт, тој преминал од другата страна на пултот и и’ се заканил со нож.

Потоа истиот ја отворил касата и го одзел целиот дневен промет и повторно побарал од неа да му даде таблети.

Во тој момент, оштетената го фатила за рака за да не избега, но детето ја yдpило со твpд пpeдмет и и’ нанело телecна повpeда. Вpaботената побарала помош од случајни минувачи кои го совладале и го задржале до доаѓањето на полициjaта.

Џафери: Не чувствувам потреба да се извинам за пцовките

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери кажа дека собраниските служби не си ја вршеле својата должност, па затоа употребил пцовки.

„Не чувствувам потреба да се извинам за пцовките. Ако некој мисли дека треба работното време да го помине на ул. Македонија, тогаш не му треба на Собранието и на граѓаните“, кажа Џафери.

Претходно спикерот беше пречекан со транспаренти од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои побараа оставка.

Прилепските гимназијалци направија растур на државните натпревари по географија и учествуваа на Светската Олимпијада во Кина

Учениците од СОУ Гимназијата „Мирче Ацев“- Прилеп постигнаа голема доминација на државните натпревари по географија последниве години, а ученикот Давид Димовски зеде учество и на Светската олимпијада IESO 2022 Кина.

Во 2021 год. учениците под под менторство на проф. Виолета П. Велкоска ги постигнаа следниве резултати:

I година
1. Давид Димовски – I место, 2. Давор Петрески – III место, 3. Михаел Матески – I награда, 4. Марија Стојческа – II награда

III година
1. Душица Тодороска – I место 2.Елеонора Мицеска – III место

Во просториите на ПМФ -Скопје со физичко присуство се одржа селекциониот натпревар за да се одреди тимот од 4 ученици кои ќе се подготвуваат за Светската олимпијада по географија IESO 2022 Кина.

Се решаваше комплексен тест согласно видот и обемот на прашањата кои се предвидени за Светската Олимпијада 2022.

Ученикот Давид Димовски стана член на тимот кој ќе учествува на Светската Олимпијада во Кина 2022год. – информираат од гиманизјата.

И оваа 2022год. во просториите на ПМФ во Скопје се одржа Државниот натпревар по географија. На натпреварот учествуваа ученици од втора и трета година од Гимназијата „Мирче Ацев“-Прилеп.

На натпреварот зедоа учество учениците кои ги освоија првите три места на предходно одржаните регионални натпревари од сите средни државни и приватни училишта во Македонија.

Учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“-Прилеп под менторство на проф.Виолета П.Велкоска ги постигнаа следниве резултати, а со тоа се стекнаа со право да учествуваат на селекциониот натпревар за Светската олимпијада по географија 2023 год.

III година
1.Софија Гешоска- I место

II година
1.Никола Бонески- III место 2.Михаел Матески- II награда 3.Давор Петрески- III награда

Ова е Македонија! Погледнете како Влатко Миладиноски го честиташе Денот на македонските просветители Св. Кирил и Методиј (Видео)

Една од најголемите фолк ѕвезди во Македонија, Влатко Миладиноски, кој каде и да се појави собира стотици и стотици гости, за Денот на македонските просветители настапуваше во скопско Стајковци.

Влатко дел од неговиот настап го овековечи со прекрасно видео со кое го честиташе празникот.

Една прекрасна глетка со еден од неговите најголеми хитови “Велат не нема” и неговиот прекрасен глас. Секоја чест!

Пендаровски: Ако Пyтин некако ycпee да победи во вojната нема да ја победи само Украина

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, денеска се обрати на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа”. Во фокусот на дискусијата беше војната во Украина, но и чекорите што Европската Унија треба да ги преземе.

На панел дискусијата учествуваа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, премиерот на Белгија, Александар де Кро, министерката за одбрана на Холандија, Кајса Олонгрен и шефот на претседателската администрација во Украина, Андриј Јермак.

Учесниците на панелот, како што соопштија од Кабинетот на претседателот, ја осудиле руската агресија и изразиле поддршка за украинскиот народ. Била истакната важноста од превенција на ескалација на конфликтот во Украина и неопходноста да се обезбеди заштита на НАТО сојузниците.

Претседателот Пендаровски истакнал дека руската инвазија врз Украина како никогаш претходно ја наметнала потребата Европската Унија да се фокусира на интеграцијата на земјите од Западен Балкан, процес кој дополнително ќе ја зајакне стабилноста, безбедноста, демократизацијата на регионот, а со тоа ќе придонесе и кон целокупната безбедност на континентот.

Нагласил дека НАТО, но и Европската Унија, се двата коридори за подобра, побезбедна и попросперитетна иднина.

– Потребно е да ѝ помогнеме на Украина, да ги убедиме и другите сојузници кои можеби имаат одредена доза на скептицизам. Политиката на „отворени врати” не треба да важи само за НАТО, туку да се применува и за Европската Унија, вратите и на двете организации да останат отворени за украинскиот народ. Украинците се борат за сопствената слобода, но оваа борба е и за одбрана на демократските вредности. Ова е војна на една автократија против демократија. Доколку Путин успее некако да победи во оваа војна, тогаш нема само да ја победи Украина, порачал Пендаровски, додавајќи дека Северна Македонија во рамки на своите можности дава поддршка на Украина, од воена до дипломатска помош.

Според Пендаровски, политиката на отворени врати мора да продолжи, не само во однос на НАТО, туку и во однос на Европската Унија бидејќи во спротивно концептот за обединета Европа ќе биде само сон.