дома блог страница 1562

(Фото галерија) Време е да се посветите на себе си и вашиот изглед, oва е решението

За прв пат во Македонија целосна понуда на реквизити за пилатес.

Грижата за здравјето и телото нема цена, а само сега имате можност да набавите реквизити по најниски цени и да си посветите доволно внимание.

Спортските реквизити на USR се со одличен квалитет и се пристапни до сечиј џеб. Достапни се за прв пат кај нас во Македонија и сега е најлесно да ги добиете.

Се што треба да направите е да ги контактирате на нивната Фејсбук фан страна и да си нарачате. Доставата е за 2-3 дена во било кој дел од државата, а за квалитетот ќе кажете откако ќе ди добиете.

Еве го лекот за справување со стресот, напнатоста и болките во грбот, зглобовите, како и патот до зацврстено и силно тело.

Погледнете ја целосната понуда на USR на линкот во продолжение:

Прв адреналински фестивал на отворено SAMOKOV XTRME: Возење џипови, мотокрос, АТВ, велосипедизам, планинарење

Во организација на Општина Македонски брод на 28 и 29 Мај 2022г во Самоков ќе се одржи првиот адреналински фестивал на отворено SAMOKOV XTREME. Главната цел на овој фестивал е развојот на туризмот во Поречкиот регион и ставање на с.Самоков на мапата на атрактивни дестинации за авантуристички туризам.

Базата на фестивалот, на кој очекуваме да учествуваат повеќе од 300 вљубеници во природата и авантуристи ќе биде на фудбалскиот стадион, каде ќе има организирано кампување на учесниците, придружено со културно забавни активности.

Учесниците со своите спортски вештини ќе можат да се презентират во следниве дисциплини и истите ќе имаат ревијален карактер : возење со теренски возила ( џипови), возење со мотокрос, возење со АТВ возила, возење со МТБ велосипеди, планинарeње

Сабота 28.05. 2022г

09.00ч – 12.00ч пристигнување на учесниците и формирање на кампот каде ќе престојуваат, 12.00 ч – 14.00 ч регистрација на учесниците и подигнување на стартните пакети, 14.00 ч ревијално (заедничко) возење на учесниците со теренски возила, мотокрос и АТВ возила на релација: Самоков – Добра вода – с.Бенче – Самоков, 20.30ч – 22.30ч заедничко гледање на финалето во Лигата на шампиони Реал Мадрид – Ливерпул, 22.45ч Концерт на Даниел Крстески и бенд и заедничка забава

Недела 29.05.2022г

09.45ч поздравен говор на Градоначалникот на Македонски брод Г дин Жарко Ристески, 10.00ч заеднички старт на учесниците во сите дисциплини

1.Возачите на теренски возила, АТВ возила и мотокрос ќе возат на релација : Самоков – с.Рамне – с.Брест – Фојник планина – с.Требовље – Самоков.

2. Планинарска тура

Се стремиме кон Порече заради не толку често посетените убавини кои пленат со зеленило и недопрена природна убавина. Добра Вода е не толку посетена планина и баш поради тоа плени со својата недопрена убавина. Таа е висока венечна планина во Македонија што се издига помеѓу долината на Мала Река од исток и Кичевската Котлина од запад. Се дели на два дела: северен (познат и под името Челоица) со највисок врв Добра Вода (2.062 м) и јужен (познат како Песјак) со врвовите Кула (1.917 м) и Коњарник (1.874 м).

За вас подготвивме тура со локалците од Самоков за подобро запознавање на магијата на Порече. Самоков е срцето на Порече, ако не верувате дојдете и ќе видите сами.

ОПИС НА ТУРАТА:

– Старт од село Самоков во 10:00ч. Селото Самоков се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, на просторот на левата страна на реката Треска. Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри.

– пешачење по асфатиран пат од 1.5 км до село Ковач. Селото Ковач исто така се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, над селото Самоков. Селото е ридско, на надморска височина од 720 метри, не е заведено во катастарската евиденција и го дели атарот со соседното село Самоков.

– по изминување на асфалтот движењето е низ шумска патека кадешто во најголем дел сме под сенка, континуирано сме опколени со високостеблеста шума и сите нијанси на зелено. Попатно правиме кратки паузи.

– пристигнување во село Бенче кадешто правиме подолга пауза за ручек и се разладуваме со пиво во локалната коперација. Селото Бенче е половина од патеката, од стартот до село Бенче има 7,5 км.

– од село Бенче продолжуваме да се движиме по планинска/козја патека до село Самоков во должина од околу 7 км од кои околу 1 км пред финиш одиме по асфалтен пат.

– Ова е средно тешка тура со околу 15км вкупна должина (12 км – шумска патека, околу 3 км асфалтен пат). Патеката е кружна, но стартот и финишот е на местото кадешто е поставен кампот.

– Најдоцна предвидено пристигнување во кампот е 16 часот.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:

психофизичка подготвеност за пешачење, удобни чевли/ чизми (не е препорачано да се носат патики), Пантолони со долги ногавици, Планинарски стапчиња, Капа и средства за УВ заштита, Кабаница

ИСХРАНА:

секој сам си носи исхрана од ранец; вода 2 литри. Вода има во селото Бенче; суво овошје, сендвичи и сл.

НАПОМЕНА:

За да не дојде до оптоварување на турата, задолжително е пријавување. Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција. Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

ВОДИЧИ НА АКЦИЈАТА: Маријана Ѓорѓиевска и Марјан Ристески

3.Велосипедската тура е насловена Тајните на Средновековна Македонија

Во легендата за Крали Марко, се вели дека тој имал повеќе сестри: Дева, Пешта, Кита, Sвезда и Тома. Најстарата, Дева, живеела во село Девич, Порече. По нејзиното име и селото го носело името Девич. Над селото има и едно црквиче и кула оградени со голема авлија, сета од камен. Дева живеела таму во кулата и држела војска. Војската се бранела со камења . Дева изградила и една зандана полна со вода. Од занданата до кулата имало една воденичка бука низ која заробените ги пуштала во занданата. Затворениците биле во вода дење и ноќе се дури не умреле. И денес кај занданата стои караулата каде стоела стражата. Во кулата имало и фурна каде Дева печела леб. Пеша, пак другата сестра на јунакот, живеела во големата пештера на другиот рид, преку патот, којашто се гледа од кулите, додека Тома живеела во Томино село.

Токму овие легенди се мотивацијата за креирањето велосипедската тура која ќе се вози на следнава релација:
• 10.00ч тргнуваме од кампот во Самоков каде што по неколку километри вртиме за селото Горно Зркле, во кое што правиме мала пауза и освежување на селската чешма и се чека групата. • 10.45ч продолжуваме до селото Сушица, кое е на неколку километри од с. Зркле, со мала пауза за групирање и освежување на учесниците. • 11.30ч посета на Томино село и селската црква каде што според легендата живеела една од сестрите на Крали Марко • 12.30ч Продложуваме по патот за Горни и Долни Манастирец, собирање на групата пред ресторанот, пред да излезиме на маркиран земјен пат покрај реката. Дополнување на вода кај чешмата на ресторан Извор. • 12.45ч Пристигнување на групата во с. Девич,со мала пауза и прошетка до Девина Кула и средновековната црква. Легендата вели дека девичките мажи, биле македонските Аполони и најличните мажи во средновековна Македонија.Од кулата може да се види окното на пештерата Пешна, каде што живеела сестрата Пеша. • 13.30ч заминување за Пешна, со разгледување на пештерата. • 14.30ч враќање по патеката до село Слатина каде што ќе ги посетиме Слатинските водопади • 15.30ч тргнуваме на групата кон село Лаг по маркирана патека покрај реката и продолжуваме кон Самоков. • 16.30ч пристигнување на групата во кампот

Учесниците на велосипедската тура мора да имаат исправен велосипед, да носат заштитна кацига, очила за сонце и да ги почитуваат препораките на водичите.Со себе во ранецот да си понесат храна и освежување и средство за заштита од сонце.

Водичи на турата: Кире Конески и Здравко Ристески

ВАЖНО!!!

Учесниците на настанот кои ќе не посетат треба најпрво да се регистрираат на пунктот за пријавување, да си подигнат стартен пакет и да потпишат Изјава за учество на сопствена одговорност. Стартниот пакет чини 500 денари содржи: место во кампот, сувенир маичка, присуство на концертот и вечерната забава, учество во адреналинскиот конвој и производи од спонзорите на фестивалот.

Оние учесници кои нема да бидат дел од кампот во Самоков во саботата, односно ќе пристигнат утрото во неделата: треба да се регистрираат, да потпишат Изјава за учество на сопствена одговорност и да уплатат 200 денари за учество кај организаторот.

ПС.во недела наутро има организиран превоз од Прилеп до Самоков и назад со патничко комбе. Превозот чини 300 денари.

Повеќе информацииТУКА

“Дупло дно” нова премиера на прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински”

Прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински” денеска ја промовираше новата премиера за претставата “Дупло дно” од Горан Стефановски.

Режисер, дизајн на сцена и костими: Наташа Поплавска, Композитор: Ристо Вртев, Драматург: Ивана Нелковска, Дизајнер на светло: Милчо Александров, Дизајн на плакат и програма: Бојана Артиновска – Трпческа

Играат: КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА-КЛИНЧЕСКА – Кристина, ДАНИЕЛА ИВАНОСКА – Параскева, ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ – Божо, ИГОР ТРПЧЕСКИ – Јаков, ЗОРАН ИВАНОСКИ – Лудакот, МИХАЈЛО МИЛЕНКОСКИ – Нове

Дупло дно бенд:
Томе Темелкоски – гитара, звучни ефекти; Методија Костоски -клавијатури, звучни ефекти , бас гитара; Ана Митоска – пијано, ксилофон, вокал; Филип Јездиќ – тапани, перкусии

(Театарска пасија во три става и кода)
1983
„Дупло дно е подрум во главата. Таму ги криеме сите дупли планови, со која жена да се ожениме ако нашата загине во сообраќајна несреќа, како штедната книшка на брат ни да ја префрлиме на свое име ако тој ненадејно умре, таму се сите скришни прељуби, сѐ што сме премолчеле, што намерно сме заборавиле, таму е јасно кого колку мрзиме, таму ја криеме сета невера за она во кое јавно се колнеме дека веруваме и сета вера во она од кое јавно се откажуваме, таму се складиштата на суета и страста, нашиот мрак и пораз, таму сме без шминка, без вештачки вилици, без мидери, таму сме грди. Она страшното што го гледаме во огледало кога гледаме во себе е дуплото дно.“

Горан Стефановски ја пишува драмата „Дупло дно“ во 1983 нарекувајќи ја “пасија во три става и кода” што наликува на музичката форма свита и во неа ги отвора проблемите на поединецот уметник, лудак и револуционер наспроти системот, отелотвотворен во ликот на министерот за култура. Различните општествени позиции тој ги изложува преку дебата и спротиставени ставови за смислата на уметничкото творење, а ликовите на уметникот Јаков, Министерот за култура Божо, неговата сопруга домаќинката Параскева, нивната депресивна ќерка, балерината Кристина и специјалниот советник Нове ги става во апокалиптична иднина, лудо минато и револуционерна сегашност. Стефановски иако делото го завршува со кода, тој не ни дава разрешница, туку ги остава нивните позиции непроменливи, а ја отвора дилемата колку и како уметничката стварност кореспондира со реалноста.

Наташа Поплавска во „Дупло дно“ од Стефановски го отвора прашањето како уметничката стварност денес кореспондира со реланоста. Таа го прикажува лажниот ангажман на уметниците кои се борат за “уметничката слобода”, а всушност се борат за позиција на министри за култура со цел да ги задоволат своите лични интереси и заработки, така што чистата уметност станува памфлет за статус. Во целото лудило и безнадежност на постојано менување на власта и сквернавењето на хуманистичката линија кај уметникот, безнадежната балерина, ја бара вистината за себе.

Поплавска го следи Стефановски во идејата дека само оној што ќе успее да се спои со своето дупло дно, може да создава вистинска уметност. Со својата режиска постапка таа се обидува да ја погледне драмата како реално шоу со музичка свита ставајќи ја актерската игра пред камери, додавајќи музичари раководени од композиторот Ристо Вртев.

Таа истовремено дава можна разрешница на расправијата помеѓу уметникот и власта со поништување на претходните системи и идеологии, оставајќи надеж за уметноста преку ликот на депресивната ќерка, балерината Кристина на која и се отвора можност да прерасне во вистинска уметница. Единствено таа ја започнува позитивната промена со новата заклетва за уметникот кој не припаѓа никому и стои на работ на ништо, што воедно е и последната реч на Стефановски за позицијата на уметникот во општеството.

Започна асфалтирањето на патот до битолско Дихово (Фото)

Започна асфалтирањето на патот за село Дихово во должина од 1200 метри, за што локалната самоуправа Битола инвестира 5.640.000 денари, од општинскиот буџет.

Проектот за реконструкција на улицата ќе биде завршен до крајот на оваа недела, со што, покрај подобрените услови за локалното население, ќе се овозможи обновено патно поврзување на ова рурално туристичко место со градот, непосредно пред почетокот на летната сезона, кога и раздвиженоста во овој дел е зголемена, како од домашни посетители, така и од странски туристи.

(Видео) Драма во Собранието: Талат ги држеше заклучени во сала пратениците на опозицијата?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков објави видео од Собранието на кое се гледа како пратениците на опозицијата реагираат бидејќи се заклучени во собраниската сала.

-Заклучени пратеници и хаос во Собрание! Диктатурата на ДУИ/СДСМ олицетворена во Талат го покажува грдото лице во Собрание!, пишува Лефков на Фејсбук.

Младите надежи на Победа го подигнаа шампионскиот пехар – Титула освоена со импресивни 12 победи и 2 нерешени резултати

Денес на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев” во Прилеп беше доделен пехарот на шампионите во Младинската лига – фудбалерите на Победа.

Mладите црвено-бели титулата ја освоија на две кола пред крајот на првенството со вкупен скор од 12 победи и 2 нерешени резултати и гол разлика од која боли глава – 52:6.

На градски во Прилеп денеска титулата на победашите им ја доделија официјални лица од ФФМ, а присутни беа и фудбалерите од генерацијата 1984/85, кои пред 18 години – во сезоната 2003/2004, исто така ја освоија оваа титула.

На стадионот присутен беше и градоначалникот Борче Јовчески кој им честиташе на младите фудбалери за постигнатиот успех.

Пехарот беше доделен пред денешниот натпревар против Њу старс, кој црвено-белите го добија со 2:1. Со овој триумф Победа има 13 триумфи, а во последното коло, в недела, прилепчани ќе и’ гостуваат на Македонија ЃП во Скопје.

Моментот на “Бубамара” кога загрми цела “Борис Трајковски” (Видео)

Зад нас е јубилејната 25-та “Бубамара на популарноста”, а на социјалните мрежи се уште се споделуваат највпечатливите моменти од шоуто во кое одново уживаше цела Македонија.

Освојувачот на Олимписки медал Дејан Георгиевски доби златна бубамара за спортист на годината, а неговото излегување на сцената беше најавено во моментот кога на сцената настапуваа “Некст Тајм” со нивната најнова преработка за песната “Кога падна на Пирина”.

Moментот предизвика вистинска еуфорија во салата “Борис Трајковски” и громогласен аплауз.

Мерцедес се запали во движење на Плетвар – За среќа нема повpeдени

Попладнево, околу 15 часот избyвнал пожap во автомобил марка “Мерцедес” додека се движел на Плетвар.

Од Територијалната противпожapна едница Прилеп веднаш интервенирале и пожapoт бил изгacнат.

За среќа двајцата патници кои се превезувале со возилото навреме го напуштиле истото, а сообраќајот на патот Прилеп-Градско беше во прекин 30-тина минути.

Му наплатиле за еспресо 2 евpa, се пожалил во полициja, па кафулето заработило казна од 1.000 евpa

Изнервиран човек повикал полиција откако платил две евра за еспресо без кофеин во кафулето „Ditta Artigianale“ во Фиренца. Тој се пожалил во полиција дека цената не била јасно истакната зад пултот.

На крајот, таа грешка ги чинела газдите 1.000 евра казна за локалот кој е познат по доброто кафе и по освоени награди, објави „Гардијан“.

Сопственикот, Франческо Санапо, луто ја коментирал казната на социјалните мрежи и го бранел кафето што го нудат, а кое доаѓа од мала плантажа во Мексико и „со големо внимание го подготвуваат неговите баристи“.

-Ме казнија затоа што некој се навреди што платил две евра за кафе. Дали ви се верува? Денес секој може да се изнервира и да ја мобилизира полицијата која ќе не казни за застарениот закон – изјави Санапо, држејќи ја казната од полицијата.

Во Италија просечната цена на еспресото е едно евро, иако повеќето кафулиња и барови неодамна ги зголемија цените поради проблеми со снабдувањето и повисоките цени на кафето.

Групите за заштита на потрошувачите предупредија дека просечната цена на еспресото оваа година би можела да порасне до 1,5 евра, пишува „Гардијан“.

Прилепскиот театар ќе ја промовира новата премиера – претставата “Дупло дно” од Горан Стефановски

Прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински” утре ќе ја промовира новата премиера – претставата “Дупло дно” oд Горан Стефановски

Дупло дно

Режисер, дизајн на сцена и костими: Наташа Поплавска, Композитор: Ристо Вртев, Драматург: Ивана Нелковска, Дизајнер на светло: Милчо Александров, Дизајн на плакат и програма: Бојана Артиновска – Трпческа

Играат: КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА-КЛИНЧЕСКА – Кристина, ДАНИЕЛА ИВАНОСКА – Параскева, ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ – Божо, ИГОР ТРПЧЕСКИ – Јаков, ЗОРАН ИВАНОСКИ – Лудакот

МУЗИЧАРИ: Томе Темелкоски, Методија Костоски, Ана Митоска, Филип Јездиќ

(Театарска пасија во три става и кода) 1983

„Дупло дно е подрум во главата. Таму ги криеме сите дупли планови, со која жена да се ожениме ако нашата загине во сообраќајна несреќа, како штедната книшка на брат ни да ја префрлиме на свое име ако тој ненадејно умре, таму се сите скришни прељуби, сѐ што сме премолчеле, што намерно сме заборавиле, таму е јасно кого колку мрзиме, таму ја криеме сета невера за она во кое јавно се колнеме дека веруваме и сета вера во она од кое јавно се откажуваме, таму се складиштата на суета и страста, нашиот мрак и пораз, таму сме без шминка, без вештачки вилици, без мидери, таму сме грди. Она страшното што го гледаме во огледало кога гледаме во себе е дуплото дно.“

Горан Стефановски ја пишува драмата „Дупло дно“ во 1983 нарекувајќи ја “пасија во три става и кода” што наликува на музичката форма свита и во неа ги отвора проблемите на поединецот уметник, лудак и револуционер наспроти системот, отелотвотворен во ликот на министерот за култура. Различните општествени позиции тој ги изложува преку дебата и спротиставени ставови за смислата на уметничкото творење, а ликовите на уметникот Јаков, Министерот за култура Божо, неговата сопруга домаќинката Параскева, нивната депресивна ќерка, балерината Кристина и специјалниот советник Нове ги става во апокалиптична иднина, лудо минато и револуционерна сегашност. Стефановски иако делото го завршува со кода, тој не ни дава разрешница, туку ги остава нивните позиции непроменливи, а ја отвора дилемата колку и како уметничката стварност кореспондира со реалноста.

Наташа Поплавска во „Дупло дно“ од Стефановски го отвора прашањето како уметничката стварност денес кореспондира со реланоста. Таа го прикажува лажниот ангажман на уметниците кои се борат за “уметничката слобода”, а всушност се борат за позиција на министри за култура со цел да ги задоволат своите лични интереси и заработки, така што чистата уметност станува памфлет за статус. Во целото лудило и безнадежност на постојано менување на власта и сквернавењето на хуманистичката линија кај уметникот, безнадежната балерина, ја бара вистината за себе. Поплавска го следи Стефановски во идејата дека само оној што ќе успее да се спои со своето дупло дно, може да создава вистинска уметност. Со својата режиска постапка таа се обидува да ја погледне драмата како реално шоу со музичка свита ставајќи ја актерската игра пред камери, додавајќи музичари раководени од композиторот Ристо Вртев.

Таа истовремено дава можна разрешница на расправијата помеѓу уметникот и власта со поништување на претходните системи и идеологии, оставајќи надеж за уметноста преку ликот на депресивната ќерка, балерината Кристина на која и се отвора можност да прерасне во вистинска уметница. Единствено таа ја започнува позитивната промена со новата заклетва за уметникот кој не припаѓа никому и стои на работ на ништо, што воедно е и последната реч на Стефановски за позицијата на уметникот во општеството.