дома блог страница 1561

Се е подготвено за утрешниот настан „Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“

Крешимир Крешо – Здравески, организатор на фестивалот „Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“ вели дека се е подготвено за утрешниот фестивал на убавината „Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“.

Гостите од Србија, Хрватска и Италија пристигнуваат вечерва во градот под Марковите кули, се прават тонските проби на настапите на децата од детскиот хор “Весели Ѕвончиња“, денс студио Њу џенерејшен како и на целата бина, осветлувањето, штандовите и озвучувањето.

Групите и учесниците исто така се подготвени за своите креативни настапи. Фестивалот ќе започнае во 11.00 часот со детско фризерско шоу, потоа следува настапот на тимови од: СОУ Ѓ. Петров насока фризери и козметичари. Веднаш потоа во 12.30 е официјаното отварање на фестивалот, а програмата ќе продолжи со презентација на: Теса бјути академија, Фарма вита, Кене, Србија гламур тим, Србија барберинг тим, Тим Прилеп и тим Македонија. Исто така досега се највени гости од Хрватска, Србија, Албанија и Италија, како и од околните градови и од земјава.
Повелете на добра забава!

Билетите се во продажба на билетарата на ЦК „Марко Цепенков“. Со секоја купена карта се прави донација за изградба на трибини на стадионот со вештачка трева, вели организаторот.

Битолчанец избегал од Психиjaтpиcката болница во Демир Хисар, па го фатиле со мapиxyaна

На 26.05.2022, полициcки cлyжбеници од СВР Битола го лишиле од cлобода Ѓ.З.(31) од Битола затоа што кај него била пpoнajдена мapиxyaна и агpecивно се однесувал кон полициcки cлyжбеници кои вршеле cлyжбени дejcтвиja.

Исто така, тој бил баран поради бегcтво од ЈЗУ Психиjaтpиcка болница Демир Хисар.

Ѓ.З. ќе биде спроведен во установата и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

(Фото галерија) Нема крај на дрвокpaдството во Прилеп – Вчера запленети 6 автомобили, 15 шпедитери и yaпceни 16 лица

На 26.05.2022 на повеќе локации во Борула, прилепско е спроведена координирана акција по Оперативна акција “Гора” на СВР Битола-ОВР Прилеп – НККР, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции со поддршка на ЈП Национални шуми и внатрешна контрола на ЈП Национални шуми.

Од слобода се лишени И. А.(35), С. А.(58), А. З .(27) Д. А. (25), Н. М. (26), М. А.(24), А. А.(41), Ш. З.(41), П. К(42)сите од Прилеп, како и седум малолетници.

Одземени се шест патнички моторни возила кои беа натоварени со дрва. Исто така, одземени се и шест моторни пили, 15 коњи и дрвна маса од околу 45 метри кубни,кои се предадени на шумочуварската служба при ЈП” Национални шуми”, информираат од МВР.

По документирање на службениот материјал ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Прилеп по член 226 “Пустошење на шуми” од КЗ на РСМ.

РЕЗЕРВИРАЈТЕ СО ВРЕМЕ: Визер ги обнови летовите од Скопје до овие шест европски градови

Wizz Air ќе ги обнови летовите на последните шест линии од скопската база кои останаа во прекин долго време бидејќи скопскиот аеродром врши реконструкција на својата единствена писта. Нискобуџетниот превозник ќе ги продолжи летовите за Бремен на 30-ти мај, за Будимпешта и Малта на 1-ви јуни, за Ваксјо на 2-ри јуни и за Болоња на 3-ти јуни. Летовите за Торино исто така ќе започнат на 1-ви јуни. Летовите на сите шест линии ќе сообраќаат двапати неделно во текот на летната сезона.

Wizz Air наскоро планира да го зголеми бројот на летовите до Билунд, Турку и Нирнберг двапати неделно, до Берлин, Копенхаген и Фридрихсхафен три пати неделно, до Келн и Гетеборг четири пати неделно, до Малме пет пати неделно и до Базел на 10 пати неделно во наредниот период.

Авиокомпанијата распореди пет авиони во базата во Скопје, од кои три се Ербас А321 со капацитет од 230 седишта, а другите два се Ербас А320 со капацитет од 180 седишта.

Компанијата планира оваа летна сезона да склучи нов договор за субвенции со македонската Влада и да ги врати летовите од Скопје до Хановер, Барселона и Ларнака како и од Милано Малпенса до Охрид. Предвидени се и три нови линии од Скопје, неофицијално се размислува за Прага, Сплит и Марибор.

Уaпceни 16 лица од прилепско за пустошење на шуми во Борула – 7 од нив биле малолетници

На 26.05.2022 на повеќе локации во Борула, прилепско е спроведена координирана акција по Оперативна акција “Гора” на СВР Битола-ОВР Прилеп – НККР, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции со поддршка на ЈП Национални шуми и внатрешна контрола на ЈП Национални шуми.

Од слобода се лишени И. А.(35), С. А.(58), А. З .(27) Д. А. (25), Н. М. (26), М. А.(24), А. А.(41), Ш. З.(41), П. К(42)сите од Прилеп, како и седум малолетници.

Одземени се шест патнички моторни возила кои беа натоварени со дрва. Исто така, одземени се и шест моторни пили, 15 коњи и дрвна маса од околу 45 метри кубни,кои се предадени на шумочуварската служба при ЈП” Национални шуми”, информираат од МВР.

По документирање на службениот материјал ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Прилеп по член 226 “Пустошење на шуми” од КЗ на РСМ.

Ковачевски: Вакво зголемување на платите на наставниците немало никогаш

„Се покажа дека штрајкот практично не беше решение, туку дека дијалогот е решение“, оцени премиерот Ковачевски на седницата на пратенички прашања во Собранието, за резултатите од разговорите со СОНК, за платите во образованието.

„Постигнато е историско зголемување на платите во образовниот сектор што изнесува 15 проценти и заедно со покачувањата во изминатите години коишто беа 21 процент кумулативно, се над 36 проценти покачување на платите во образованието. Во историјата не се случило такво зголемување и покачување на платите на наставниците и просветните работници“, посочи премиерот Ковачевски.

Тој ја потенцираше споредбата кога за 10 години, платите беа само за 4 проценти зголемени и се носеа на секој штрајк заменски наставници и денес кога има за 36 проценти покачување, за 5 години и се водат дијалози со синдикатите.

„Постоеја голем број на влијанија кои сметаа дека СОНК треба да оди со штрајк и ние во ниту еден момент не го спречивме. Кажав дека поминати се времињата кога се носеше закон за носење на заменски наставници и кога третманот на наставници и образовни работници во време на штрајк беше исклучиво со партиски и политички притисоци“, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата Ковачевски, додаде дека „нашата држава има институции и има законски решенија коишто овозможуваат и без штрајк да се постигне договор, а оваа Влада докажа дека може да ги користи законските решенија со коишто се доаѓа до заеднички прифатливо решение и во оваа сфера каде што се регулираат работничките права“.

„Уште еднаш сакам да го поздравам договорот којшто е постигнат, знам дека Министерот за образование и СОНК треба во овие денови да ја потпишат спогодбата и со тоа да почне и реализацијата. Нормално, во ребалансот предвидени се средствата за она што беше договорено, а останува пред нас да се договори методологијата за зголемување, раст на платите во јавниот сектор вклучително и во секторот на образование“, рече премиерот Ковачевски.

„Имаме и отворен дијалог со репрезентативниот синдикат во однос на зголемување на платите и воведување на методологија, којашто нема да биде насочена само на зголемување на платите врз основа на зголемување на трошоци за живот што треба да биде вклучено, врз основа на зголемување на просечна плата што треба да биде вклучено – меѓутоа и во однос на зголемување на продуктивноста и во однос на зголемување на ефикасноста на работењето, бидејќи овде се работи за јавниот сектор. Приватниот сектор е тој кој што го плаќа јавниот сектор и мора да му се испорача повисока услуга. На последната седница на Владата се донесе нова програма за инвестиции во образованието, но точно е дека треба да се подобрат и резултатите во образованието“, порача премиерот Ковачевски.

10 пpични зошто да пиeте пиво – Ова се здpaвcтвените пpидобивки

Конечно и љубителите на пивото може да се израдуват на фактот дека здравствените придобивки од него се скоро идентични на оние кои ги добиваме од виното. Без разлика на каков тип пиво сте навлечени, доколку го пиете во умерени количини, со сигурност ќе ги осетите неговите бенефити.

1. Пиењето 2 пива дневно (ова важи за машките бидејќи за девојките е препорачливо едно), може да помогне да се намали ризикот од мозочни удари и срцеви заболувања. Нормалното консумирање може да го намали ризикот до 20% според истражувањата направени во САД.
2. Пивото може да помогне да се покачи нивото на ХДЛ (корисен холестерол) во телото и да ја намали веројатноста за појава на згрутчување на крвта.
3. Неколку пива дневно можат да го зголемат нивото на антиоксиданси во крвта. Ова овозможува клетките да разнесуваат повеќе кислород низ организмот. Покрај другите нешта, поголемата количина на кислород овозможува подобра активност на мускулите.
4. Пивото содржи витамин Б6 кој е потребен за создавање хемоглобин, кој и ја дава црвената боја на крвта. Тој исто така разнесува и кислород низ организмот и помага за регулирање на нивото на шеќер во крвта.
5. Не содржи масти, помага при заспивањето и релаксира.
6. Пивото ги содржи и витамините Б и Б2 и есенцијални минерали како што се калциум, калиум и фосфор.
7. Темното пиво е поздраво отколку светлото. Тоа содржи повеќе флавоноиди, природни оксиданти кои помагаат во заштитата на организмот од заболување.
8. Пивото може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и нивото на инсулин во крвта.
9. Пиењето пиво може да ја намали шансата за создавање камен во бубрег. Ова може да се должи на водата, хмељот или пак на алкохолот, но која и да е причината, изгледа дека помага.
10. Темното пиво го подобрува варањето на храната.

Инвестициски бум во Србија: Мерцедес и Тојота отвараат нови фабрики

Република Србија може да добие две нови фабрики на познатите автомобилски компании „Мерцедес“ и „Тојота“, јавуваат српските медиуми.

Магазинот Недељник пишува дека биле започнати преговори за градење на фабриките, повикувајќи се на добро информиран претприемач вклучен и во германската и во српската бизнис заедница.

„Преговорите се во тек со неколку светски произведувачи на автомобили. Најдалеку се отидени преговорите со Мерцедес“, потврдил за Б92 висок функционер на српската влада.

Како што пишува Недељник, јапонскиот гигант „Тојота“ испратил писмо до општината Инѓија. Најавена е изградба на фабрика за автомобили вредна милијарда евра, потврдил претседателот на општината Инѓија Владимир Гак.

„Прашањето кое виси во воздух додека не стигнат повеќе информации за овој аражман е дали Тојота проценила дека ѝ се потребни нови капацитети (покрај фабриките во Турција и Чешка) за „напад“ на европскиот пазар и верува дека Србија е добро место за таа стратегија“, наведува Недељник.

Општина Битола со важно соопштение до сите жители

Општина Битола, ги известува граѓаните дека во завршна фаза е реализацијата на проектот за реконструкција на коловоз на ул.„Довлеџик“.

Согласно динамиката за реализација на договорот за реконструкција во деновите 27.05.2022, 28.05.2022 и 29.05.2022, ќе се врши асфалтирање на улицата од раскрсницата на ул.Довлеџик со ул.Големо Езеро до мостот на р.Драгор.

Поради тоа, улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај од 07.00 часот во петок 27.05.2022 до 08.00 часот во понеделник 30.05.2022. Во деновите додека трае асфалтирањето сообраќајот ќе се одвива преку обиколницата.

Тошо маниjaк од реалниот живот во Кавадарци

-На 25.05.2022 во 18.30 часот во ОВР Кавадарци, 35-годишен жител на Кавадарци пријавил дека околу 11.45 часот на ул.„Ѓоре Брушански“ едно лице се соблекло на јавен простор пред малолетничка.

Известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.