дома блог страница 1560

Емотивно до бескрај! Горан Ангелов – Ќосето за прв пат после 5 години на средба со своето семејство (Видео)

-Горан Ангелов – Ќосето, неправедно осуден на 15 години затвор, после 5 години робија излезе на прва дозволена средба со семејството.

Изборот на маицата која ја носи, баш на ваков емотивен ден, на оваа прва средба со своите најблиски, не се опишува со зборови… Една слика – илјада зборови. ЕДНА ПОГРЕШНА ОСУДА – ИЛЈАДА ТОВАРИ- напиша на ФБ Ленин Јованоски кој го објави видеото.

Кралицата Елизабета Втора слави 70 години на британскиот трон

Кралицата Елизабета Втора од 2 до 5 јуни ќе го прослави платинестиот јубилеј, 70 години на британскиот трон.

Настанот ќе биде проследен со 16.000 улични забави низ Англија, а Кралските совети во Англија објавија дека добиле „голем број апликации“ од граѓани кои сакаат да учествуваат на прославата на 70-годишнината од британскиот трон, пишува лондонскиот дневен весник Гардијан.

Во текот на викендот, неколку Кралски совети низ Англија се откажаа од административните такси за затворање на патиштата, а на 4 јуни во Мерсисајд ќе се одржи улична парада, на која ќе настапат играчи, тапанари и акробати, како и ученици од локалните училишта.

– По две тешки пандемиски години, се надеваме дека луѓето конечно ќе можат да наздрават и да слават со своите најблиски и пријатели, пишува Гардијан.

Мицкоски објави загрижyвачки фотографии и ја разголи власта за енергетската политика и за новите повисоки сметки за стрyja од јули (Видео)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за медиумите денеска изнесе шокантна информација за јавноста. Мицкоски потенцираше дека се подготвува зголемување на сметките за струја за повеќе од 10% од јули, а објави и фотографии на кои се гледа дека машините за ископување на јаглен во РЕК Битола се целосно поплавени.

Целата изјава на Мицкоски погледнете ја во продолжение:

Николоски: Над 60% од народот не е задоволен во кој правец оди државата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва гостуваше во емисијата „Трилинг“. Зборуваше за предвремените парламентарни избори кои насушно ѝ се потребни на Македонија со оглед на кризите во кои се наоѓаме и рече дека кога и да се одржат истите, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а најдобар показател за тоа, за неизбежната победа е тоа што СДСМ бега од избори.

Николоски рече дека огромно мнозинство од населението во државава, односно преку 60% се незадоволни од тоа во која насока оди Македонија, тоа знаат и во СДСМ и токму затоа бегаат од избори.

-За мене по битното е не само тоа што се бега од избори, туку што се прави додека се бега од избори. Ние во овие месец дена додека правиме активен бојкот во Собранието не гледаме што ново понуди владата и што ново направи, освен што најавуваат дека буџетскиот дефицит ќе оди на рекордни скоро 6% од БДП и што задолжувањето оваа година, за жал ќе оди околу една милијарда евра, што е историско најголемо задолжување. Дополнително, тоа задолжување не го гледаме. Не е тоа задолжување за нова железница или нов автопат туку е за одржување каков-таков социјален мир во рамки на државата. – рече Николоски.

Николоски понатаму изјави дека резултатот кој ќе биде освоен на следните парламентарни избори ќе биде најубедлив до сега, но повторно мора да се размислува за коалиционен партнер пред сѐ кај Албанците, од причина што во Македонија има механизми кои претпочитаат да бидат испочитувани и претставниците од не мнозинските заедници пред сѐ албанската како најголема не мнозинска заедница во Македонија, но и сите останати – Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците итн. Николоски рече дека имаат и внатрешна коалиција каде што помалите етнички заедници се претставени, но мора да се размислува и за партнер.

-Наш партнер се Алијансата за Албанците и политичката партија БЕСА со кои соработувавме на локалните избори и имаме исклучиво добра соработка сега во општините како што тие имаат градоначалници а ние заедно формираме мнозинство во Совет или ние имаме градоначалници а тие имаат советници и можам да кажам соработката ни е на исклучиво квалитетно ниво и се надевам дека таа соработка ќе се преточи и во влада после парламентарните избори. Коалицијата ќе зависи пред сѐ од изборниот резултат, можеби ќе се појави некоја нова политичка партија која ќе ги освои симпатиите кај дел од народот, не можам сега за претпоставки да зборувам, но кога би зборувале во смисла кои се нашите партнери и што би било еве ако сакате нашата желба, да бидам подиректен, тогаш би било соработка со Алијансата за Албанците и БЕСА, додаде Николоски.

Еве како изгледа македонското царство на вкусови – Витаминка ги отвори вратите за учениците (Фото)

На покана од менаџерскиот тим од “Витаминка”, ученици од ООУ “Климент Охридски” заедно со нивните наставници и директорот, ја посетија фабриката која е број еден македонски бренд.

На учениците им беа презентирани сите производи кои “Витаминка” ги нуди на пазарот, а исто така дечките прошетаа низ повеќето производствени погони и се запознаа со производствениот процес.

Од училиштето упатуваат благодарност за можноста и велат дека претставувало одлична можност да се погледне како функционира единствениот македонски, а светски бренд.

Повеќе фотографии можете да погледнете ТУКА

Пожap пеплoca кyќа во населбата “Тризла” во Прилеп – има и повpeдени (Видео)

Денеска околу 12:45 во ТППЕ Прилеп било пpиjaвено дека во населба “Тризла” во Прилеп избувнал пожap во куќа.

Од ТППЕ Прилеп интервенирале со 2 противпожарни возила и 8 пожарникари. Пожapoт бил во разгорена фаза, излезен на кровот на една од куќите.

Благодарение на екипите од ТППЕ пожаpoт за брзо време бил ставен во контрола и било спречено негово понатамошно ширење и поголема штета на соседната куќа која исто така делумно била зафатено од огнот.

Како што дознавме, екипата од ТППЕ пристигнала многу брзо, но екипата од ЕВН доцнела многу време, при што пожapникарите делумно пожapoт го гacнеле под напон – стpyja за да не се прошири на соседните куќи.

Според информациите на ТППЕ ова не е прв пат екипите на ЕВН да доцнат на вакви нecpeќи. Tие велат дека поради нивното доцнење еден пожapникap и уште неколку граѓани кои помагале во гаснењето на пожapoт, добиле помали струјни удари.

Екипа од брзата помош била присутна и интервенирала на повpeдените, а некој од нив биле пренесени и во болницата во Прилеп.

Присутна била и екипа од ПС Прилеп кои извршиле увид во нecpeќата. Повредените на крајот биле пуштени на домашно лекyвање.

Го направиле “бербат”: “Сељачино еве ти 20 денари за паркинг” (Фото)

Револтирани скопјани му оставиле порака, но и пари на возач паркиран во Скопје, очигледно на погрешно место.

„Сељачино еве ти 20 денари за паркинг“ гласи пораката до оставените пари – а фотографиите се објавени во Фејсбук групата “Ѕид на сообраќајниот срам”.

Двајца битолчани иcтепале тројца полицajци пред спортската сала “Боро Чурлевски”

ОЈО Битола поведе постапка против две лица ocoмничени за кpивично дело Haпад врз cлyжбено лице при вршење работи на безбеднocта, а за едното од нив е пpeдложен пpитвop.

-Двајцата битолчани, на 22 мај, на паркингот пред Спортската сала „Боро Чурлевски“, физички нападнале тројца полициcки cлyжбеници кои вршеле работи на јавната безбеднocт – обезбедyвање спортски натпревар.

Првоосомничениот со тупаници ги удирал оштетените полициски службеници, нанесувајќи им телесни повреди. Вториот осомничен, пак, ги влечел при што му ја искинал службената униформа на еден од полицајците.

Прилепските џудо ветерани промовирани во повисоки мајсторски степени

На 25 мај во Битола во Спортскиот центар за боречки вештини Пелистер се одржа церемонија за свечено доделување на мајсторски појаси -степени – објави порталот “ИПОН.MK”

Имено, со одлука на Американската џудо ранг асоцијација од Њујорк, САД, во повисоки мајсторски степени – појаси беа промовирани:

Ѓуро Илиќ 7 дан, Ѓорѓи Чатлески 7 дан и Марјан Димески 5 дан

„Овластен за доделувањето на овие дан појаси-степени беше Марјан Димески долгогодишен џудист, моментално активен џудо ветеран во Прилеп и Америка, со посебно писмено овластување од страна на асоцијацијата.

ИЗВОР: “ИПОН.МК”

Црвенковски: Потпишувањето на договорот со Бугарија беше голема грешка

„Договорот со Бугарија, не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив ја отвори пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја што компромис едноставно не е можен“, изјави денеска поранешниот премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски.

Тој додаде дека голема грешка е потпишувањето на договорот со Бугарија, токму поради тоа што наместо да се подобрат, односите меѓу двете земји се влошиле.

„Односите со Грција по потпишувањето на Преспанскиот договор се неспоредливо подобри отколку пред договорот. Сосема спротивно, односите со Бугарија се неспоредливо полоши по отколку пред потпишувањето на договорот. Или да бидам уште подиректен. Потпишувањето на договорот за добрососедство и соработка со Бугарија со таква содржина посебно со формулацијата за заедничка историја и формирањето на мешовитата историска комисија со мандат да арбитрира околу историските настани и личности беше голема грешка“, додаде Црвенковски.

Поранешниот претседател, премиер и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, се појави на трибина организирана од Дипломатскиот совет.