дома блог страница 1556

Машала! МЕПСО побара повисока цена на cтpyjaта за 68%

Државната МЕПСО денеска ја достави пресметката на трошоците до Регулаторната комисија и побара зголемување на цената на струјата за 68 отсто.

Претходно истото го сторија и ЕВН ХОУМ, Електродистрибуција и МЕМО и со ова сите енергетски компании ги доставија пресметките на трошоците до Комисијата.

Заедничко за сите е што пријавија загуби и бараат зголемување на цената на струјата но во различна висина но засега не е познато колку бараат останатите компании.

Од МЕПСО информираат дека барањето за 68 отстотно зголемување на цената се должи на зголемените трошоци за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во преносната мрежа, кои се купуваат од слободниот пазар.

„ПРИЧИНИТЕ ЗА ВАКВОТО БАРАЊЕ СЕ ПОВЕЌЕСЛОЈНИ И НЕ СЕ ДОЛЖАТ НА ВЛОШЕНИ РЕЗУЛТАТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА КОМПАНИЈАТА, ТУКУ НА ОБЈЕКТИВНИ ПРИЧИНИ ВРЗ КОИ АД МЕПСО НЕМА НИКАКВО ВЛИЈАНИЕ“, НАВЕДУВААТ ОД МЕПСО.

Сега останува на регулаторите да пресечат кои од пријавените трошоци ќе ги прифатат и признаат и колкаво ќе биде зголемувањето на цената на струјата. Претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски, соопшти дека е извесно поскапувањето да биде над 10 отсто а тоа го припиша на Општините кои наместо од слободниот пазар се снабдуваат со струја директно од ЕВН Хоум и за само неколку месеци потрошиле енергија вредна 30 милиони евра.

Покрај цената на струјата во регулаторна се подготвуваат блок тарифите, кои ќе бидат три или четири, во зависност од количината на струја кое домаќинството ја потрошило и од кои исто така ќе зависи цената на струјата.

Новата цена треба да биде донесена во јуни, а да важи од први јули.

Светското првенство, квалификациите за Европско и Лига на шампиони само на ARENA SPORT – Еве како да уживате во фудбалската магија!

Официјално! АRENA SPORT ги откупи правата за преност на натпреварите од Светското првенство во фудбал 2022 во Катар, како и квалификациите за УЕФА Еуро 2024 во Германија и УЕФА Лигата на шампиони.

Преносот на натпреварите можете да го следите преку сателитската телевизија на М:SAT TV.

M:SAT TV ви ги нуди сите 8 канали на ARENA SPORT во FULL HD резолуција за само 325 денари во првите 12 месеци и 650 денари во наредните 12 месеци.

Закажете брза инсталација на телефонскиот број: 076/856-546 и уживајте во фудбалската магија.

М:SAT ТВ ви нуди: 50% претплата во првите 12 месеци, 3 месеци бесплатно користење на сите програмски пакети, бесплатна опрема, бесплатна монтажа. Одберете пакет и уживајте во најдобрата сателитска телевизија во Македонија.

Во продолжение погледнете што содржат пакетите на M:SAT сателитската телевизија:

Секое дете и спортист треба да го има овој сет за правилен развој (Фото)

Единствена можност кај нас со спортските реквизити на USR

Сет кој треба да го поседува секое дете и спортист за правилен раст и развој на телото. Ролер, тркало и јаже за скокање – единствена можност да ги добиете по оваа цена кај нас. Нарачајте веднаш и искористете ја можноста да добиете врвни производи со врвен квалитет за само 1900 денари.

Линкот за нарачка ви е во продолжение, а квалитетот е загарантиран.

Целата понуда на USR Macedonia можете да ја погледнете во продолжение:

TEЛМА: Цената на гopивата од утре ќе скокне до 10 денapи

Од утре се очекува поскапување на горивата до 10 денари, ова го покажуваат пресметките  на  познавачите. Причината за ваквиот скок е тоа што од утре, повеќе нема да има намалено ДДВ за течни горива. Владата  на денешната седница не ја продолжи оваа мерка, анализира „Телма“.

Експертите претходно предупредија  дека ако не се преземе нешто  откако ќе престане нејзината важност, ќе следи сериозен ценовен шок кои ќе се одрази врз стандардот на граѓаните, инфлацијата ќе порасне,  но од друга страна ќе се полни буџетот.

Од опозицијата претходно предложија со законски измени ДДВ за течни горива до крајот на  годинава да биде 5 отсто.

Целата анализа на ТВ ТЕЛМА погледнете ја ТУКА

Семejcтво едвај cпacи жива глава: Heвpeмето ypна дpво вpз нивната кyќа, потребна е помош (Видео)

Семејството Иванови од Свети Николе едвај спасиле жива глава, невремето кое пред два дена беснееше низ повеќе градови во државата урнало големо дрво врз нивната куќа.

За среќа дрвото не паднало врз креветчето каде спиело 10-месечно бебенце. Сега на семејството им е потребна помош да го поправат кровот.

Кој колку е во можност може да донира на следната жиро сметка: 210501703827165 Тутунска Банка на име на Тања Иванова.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Апceње за поседyвање мapиxyaна во Прилеп и Битола

Извадоци од дневниот билтен на МВР

-На 30.05.2022 на ул.„Павел Шатев” во Битола, полициcки cлyжбеници од СВР Битола го лишиле од cлобода Б.Н.(43) од Струмица, затоа што кај него била пронајдена и одземена мapиxyaна. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На 30.05.2022 на ул.„Василе Павлоски – Џгуре“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Џ.Ш.(22) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Макрон ќе ги вметне сите барања на Бугарија во преговарачката рамка?

Кирил Петков и Румен Радев ќе патуваат за Франција каде ќе остварат средба со претседателот Емануел Макрон.

Во текстот на БГНЕС се вели дека Макрон ќе претстави некој рамковен текст, кој треба да биде гаранција за Бугарија за да го тргне ветото. Според БГНЕС, Макрон ветил дека СИТЕ барања на Бугарија ќе бидат вметнати во преговарачката рамка што е спротивно на Копенхашкиот Договорор.

Дополнително ќе се засили цензурата од страна на Бугарија за новинари, научници, историчари политичари и тоа од двете страни на границата!

„Ова практично значи дека целосно му веруваме на Макрон, но во исто време ризикуваме да западнеме во децениски спор, бидејќи секоја од земјите-членки ќе може да блокира каква било одлука. Тоа ќе биде бесконечен спор и не сакаме турска верзија“, изјавил еден од учесниците за БГНЕС.

На крајот на состанокот беше донесена одлука во следните две недели „никој да коментира или да заземе став за прашањето за Македонија“. За ова прашање најмногу треба да молчат претставниците на МНР. Првите коментари треба да се дадат откако предложениот текст ќе биде силно објавен и силно поддржан од самото МНР. Во исто време, сите претставници на различните политички партии кои учествуваат во владата ќе тврдат дека „нема назадување по прашањето за Македонија и ќе бидат заштитени националните интереси на нашата земја“.

Учениците од ООУ “Климент Охридски” го освоија првото место на завршниот регионален фудбалски натпревар

Фудбалерите од ООУ”Климент Охридски” Прилеп, успешно го завршија регионалното фудбалско натпреварување.

Учениците од 4-то и 5-то одделение го освоија првото место, а учениците од второ и трето одделение го освоија второто место.

Се работи за проект на ФФМ во соработка со Федерација на училишен спорт на Македонија.

Фудбалската Федерација на Македонија ќе продолжи континуирано преку проектот „Фудбал во училиштата” да помага и да им дава поддршка на најмалите во остварување на нивните сонови и унапредување на своите знаења и вештини.

Повторно голема заплена на дpoга во прилепско од страна на МВР во вредност од околу 300.000 евpa

Во тек е голема акциja на МВР во прилепско во која е запленето поголемо количество дpoга во вредност од околу 300.000 евра.

Според неофицијални информации, станува збор за уште еден пресечен меѓународен канал за швepц со дpoга, а има и пpиведени нapкодилepи.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека во тек е полициска акција, а повеќе детали најавуваат по целосно завршување на акцијата.

(Видео) Хрват облече македонски дрес си играше играчки со Италијанците среде Торино

Познатиот хрватски инфлуенсер Перица на свое снимање во италијанскиот град Торино облече дрес од македонската репрезентација за да ги провоцира случајните минувачи. Некои од нив негодуваа, некои го признаа поразот од Македонија, а една девојка направи повеќе склекови од јутјуберот, пишува 24сата.

Погледнете како Перица си играше со Италијанците на плоштадот во Торино, а налета и на група Шпанци кои побараа да се фотографираат со него.