дома блог страница 1555

Филмска драма кај Прилеп: Удpил две полициски возила, а потоа иcфpлил четири тopби покрај патот (Видео)

Во текот на вчерашниот ден (31.05.2022) во прилепско, Министерството за внатрешни работи, поточно полициcки cлyжбеници од Одделот за кpиминалиcтичка полициja – Сектор за недозволена тpговиja со дpoга, opyжje и опacни материи, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и СВР Битола – ОВР Прилеп, реализираа акциja за cyзбивање на недозволена тpговиja со дpoга, во која беше пpeceчен меѓународен канал за транспорт на дpoга од Албанија, преку нашата земја, со крајна цел – Република Грција, а беа запленети околу 86 кг мapиxyaна во вредност од околу 300.000 евpa и од cлобода е лишено едно лице.

Имено, во утринските часови на регионалниот пат Битола-Прилеп, на влезот во Прилеп, од страна на полициски службеници од сообраќајна полиција била дадена наредба за запирање на патничко возило „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки, но возилото не сопрело, туку забрзало, оштетувајќи две службени возила на МВР и загрозувајќи ја безбедноста на полициските службеници кои извршувале службени дејства.

Набрзо, на излезот од Прилеп возилото било пронајдено, а А.Г.(23) од Охрид, кој го управувал возилото, бил лишен од слобода во моментот додека од возилото исфрлал четири торби покрај патот. Од извршениот увид, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Прилеп, во торбите покрај возилото биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, кои се подигнати и предадени на вештачење. Воедно, при претрес извршен со судска наредба во домот на А.Г. во Охрид, биле пронајдени 17 куршуми со различен калибар, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Од страна на ОВР Прилеп во текот на денешниот ден против А.Г. ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела по чл.215 за „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, по чл.383 за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и по чл.396 за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, сите според Кривичниот законик.

Само до 8:30 утрово издадени над 1100 кутии Диазепам

Се рушат сите рекорди на издавање на таблети Диазепам уште рано наутро.

Овој факт го потврдува денешната статистика од системот „Мој термин“. Имено, во денешната табела на издадени лекови, може да се забележи дека само до 8.30 часот веќе се издадени 1155 кутии Диазепам.

Оваа статистика е објавена од матичен лекар, согласно податоците на системот „Мој термин“.

Цел Прилеп вечерва по бензиските пумпи, ќе се видиш со кој не си се видел (Фото)

Енормното зголемување на цените на горивата од полноќ предизвика редици и на бензиските пумпи во Прилеп.

Камиони, автобуси, комбиња, автомобили чекаат во редици долги и по неколку стотини метри.

Сега прилепчани стравуваат и за тоа на какви цени на основните продукти ќе наидат утре во маркетите.

Само напред момци, цела нација е со вас! Македонската репрезентација пристигна во Бугарија

Репрезентативците на Македонија со директен чартер лет од Скопје, попладнево слетаа во бугарскиот град Варна, и сега ги чека пат со автобус до Разград, каде што во четврток со почеток во 18 часот, ќе ги почнат натпреварите од Лигата на Нации против Бугарија.

За денеска фудбалерите веќе ги одработија обврските кога станува збор за тренинзите уште пред заминувањето за Варна, па така националите вечерва нема да тренираат. Ќе тренираат утре на стадионот „Хувефарма“ во Разград, каде ќе се игра натпреварот.

После Бугарија нашата селекција игра со Гибралтар, а ќе лета за Малага директно од Варна.

Рекордна цена на горивата од полноќ во Македонија: Регулаторна ја донесе одлуката

Со оглед дека вечерва на полноќ истекува времетраењето на намалената акциза и данокот на додадена вредност за соодветните нафтени деривати (Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата и Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка) Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која изврши усогласување со законските прописи кои ќе бидат на сила од полноќ со што малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 7,96%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 9,00 ден/лит, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 9,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста.

Од 1.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 104,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 106,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и курсот на денарот во однос на доларот, во денешната пресметка (31.05.2022) се исти со претходната пресметка од 30.05.2022, односно во денешната пресметка извршена е промена само на акцизите и данокот на додадена вредност, дефинирани со прописите за акцизи и данокот на додадена вредност.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Уште еден пpoтecт во најава: Пpoфecoрите од УКИМ во четврток ќе побараат нов колективен и повисоки плати

Сојузот на синдикати на Универзитетот Свети Кирил и Методиј (УКИМ) го повика наставниот и ненаставниот кадар, в четврток на 2 јуни во 10 часот пред платото на Ректоратот преку мирен протест да го изразат револтот и незадоволството од игнорантскиот однос на надлежните органи кон вработените на скопскиот Универзитет, а во врска со непотпишување на колективниот договор и барањето за поголеми плати.

Одлуката за излегување на протест, велат оттаму, била донесена на седницата одржана на 27 мај.

„Се повикуваат сите вработени, од наставниот и ненаставниот кадар, на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје да излезат на мирен протест пред платото на Ректоратот на 2 јуни во 10 часот. Заеднички да го изразиме револтот и незадоволството од игнорантскиот однос на надлежните органи кон Универзитетот и непотпишување на Колективниот договор на УКИМ за остварување на нашите барања за покачување на платите. За сите присутни на протестот Синдикатот ќе обезбеди бесплатен паркинг во склоп на факултетите“, наведено е во повикот.

Протестот, како што велат од Синдикатот на УКИМ, е предупредувачки, но ако не им се исполнат барањата, не ја исклучуваат можноста за штрајк во време на јунската сесија со што во неизвесност може да дојде полагањето на студентите на скопскиот Универзитет.

Машала! МЕПСО побара повисока цена на cтpyjaта за 68%

Државната МЕПСО денеска ја достави пресметката на трошоците до Регулаторната комисија и побара зголемување на цената на струјата за 68 отсто.

Претходно истото го сторија и ЕВН ХОУМ, Електродистрибуција и МЕМО и со ова сите енергетски компании ги доставија пресметките на трошоците до Комисијата.

Заедничко за сите е што пријавија загуби и бараат зголемување на цената на струјата но во различна висина но засега не е познато колку бараат останатите компании.

Од МЕПСО информираат дека барањето за 68 отстотно зголемување на цената се должи на зголемените трошоци за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во преносната мрежа, кои се купуваат од слободниот пазар.

„ПРИЧИНИТЕ ЗА ВАКВОТО БАРАЊЕ СЕ ПОВЕЌЕСЛОЈНИ И НЕ СЕ ДОЛЖАТ НА ВЛОШЕНИ РЕЗУЛТАТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА КОМПАНИЈАТА, ТУКУ НА ОБЈЕКТИВНИ ПРИЧИНИ ВРЗ КОИ АД МЕПСО НЕМА НИКАКВО ВЛИЈАНИЕ“, НАВЕДУВААТ ОД МЕПСО.

Сега останува на регулаторите да пресечат кои од пријавените трошоци ќе ги прифатат и признаат и колкаво ќе биде зголемувањето на цената на струјата. Претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски, соопшти дека е извесно поскапувањето да биде над 10 отсто а тоа го припиша на Општините кои наместо од слободниот пазар се снабдуваат со струја директно од ЕВН Хоум и за само неколку месеци потрошиле енергија вредна 30 милиони евра.

Покрај цената на струјата во регулаторна се подготвуваат блок тарифите, кои ќе бидат три или четири, во зависност од количината на струја кое домаќинството ја потрошило и од кои исто така ќе зависи цената на струјата.

Новата цена треба да биде донесена во јуни, а да важи од први јули.

Светското првенство, квалификациите за Европско и Лига на шампиони само на ARENA SPORT – Еве како да уживате во фудбалската магија!

Официјално! АRENA SPORT ги откупи правата за преност на натпреварите од Светското првенство во фудбал 2022 во Катар, како и квалификациите за УЕФА Еуро 2024 во Германија и УЕФА Лигата на шампиони.

Преносот на натпреварите можете да го следите преку сателитската телевизија на М:SAT TV.

M:SAT TV ви ги нуди сите 8 канали на ARENA SPORT во FULL HD резолуција за само 325 денари во првите 12 месеци и 650 денари во наредните 12 месеци.

Закажете брза инсталација на телефонскиот број: 076/856-546 и уживајте во фудбалската магија.

М:SAT ТВ ви нуди: 50% претплата во првите 12 месеци, 3 месеци бесплатно користење на сите програмски пакети, бесплатна опрема, бесплатна монтажа. Одберете пакет и уживајте во најдобрата сателитска телевизија во Македонија.

Во продолжение погледнете што содржат пакетите на M:SAT сателитската телевизија: