дома блог страница 1549

Не е Прилеп само по турбо фолкот – Од кога само не сме виделе ваква квалитетна “шутка” (Видео)

Кој рече дека Прилеп е само по турбо фолкот? Не бе другари, само недостасуваат различни музички настани, за секој да си помине како што сака.

Среќа деновиве ги имаме театарските игри, па на летната сцена во Центарот за култура “Maрко Цепенков” има одлични журки после програмата од фестивалот.

Дечките во видеото во продолжение ги поздравуваме, а газдите на локали во градот ги потсетуваме… има публика за секаква музика, пробајте па ќе видите.

Teшка cooбpaќajка на патот Прилеп-Ресен: Се cyдpиja автомобил и моторцикл

На 04.06.2022 во 13.37 часот било пpиjaвено дека на патот Прилеп–Ресен спроти авто плац се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, yпpaвyвано од С.А.(51) од с.Братин Дол-битолско, и моторцикл “хонда“ со струшки регистарски ознаки, yпpaвyвано од Џ.Ф.(25) од с.Биџево-струшко.

Во нecpeќата моторциклистот се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола – информираат од МВР.

Прилеп има амбасадори насекаде: Чатлески викедов се во Латвија – се бираше нов претседател на Европската Боксерска Унија (Фото)

На 4 јуни 2022 година во Рига, Латвија, се одржа Генералното годишно Собрание на Европската Боксерска Унија Е.Б.У за професионален бокс. На Собранието учествуваше и македонската асоциација Про Бокс Македонија, а делегат беше спортската легенда од Прилеп, Дарко Чатлески.

На ова Собрание се одржа редовен избор на Претседател и членови на Управен одбор. За нов претседател беше избран г-дин Петер Стуцки од Швајцарија.

Чатлески ни ги пренесува најважните одлуки од ова Собрание:

-Агендата имаше 14 точки, а најголем акцент се стави на заштита на здравјето на боксерите. Постојните мерки за прегледите на боксерите да се почитуваат и да не се прават отстапки. Еден од најважните прегледи на професионалните боксери е МРИ на глава.

Разговаравме со новиот претседател Петер Стуцки, кој истакна дека е задоволен од работата на Про Бокс Македонија. Договоривме во блиска иднина претседателот П.Стуцки и дел од одборот на Е.Б.У да бидат гости во нашата земја – ни изјави Дарко Чатлески.

Следното Генерално Собрание ќе се одржи во 2023 година на Малта.

Најнова вест: СПЦ ќе и врачи Томос на МПЦ-ОА за автокефалност

Во соборниот храм во Белград во тек е света архијерејска литургија која ја служат Патријархот српски Порфириј и Aрхиепископот македонско-охридски Стефан со владиките на двете цркви, пренесува Танјуг.

Според овие информации на Танјуг, по завршувањето на оваа литургија, патријархот на СПЦ се очекува да му го врачи томосот на апрхиепископот Стефан за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква.

Претходно, како што потсетуваат српските медиуми, 42 епископи на СПЦ гласале за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

После првата заедничка литургија на МПЦ и СПЦ во Скопје, патријархот Порфириј, ја соопшти одлуката на Саборот кој „едногласно и еднодушно излегол во пресрет на молбата на МПЦ-ОА“ и ја признал нејзината автокефалност.

Со признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ, се стави крај на 55-годишниот црковен раскол.

За Грците Талат на бил од Форино туку од Скопје – дали му пцуел и нив таму?

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, учествува на пленарна седница во соседна Грција, но на неговата картичка за акредитација не го пишува ниту името кое Грците го прифатија со “Преспанскиот договор”, пренесува Експрес.

Пленарна седница на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (СЕЕЦП) која се одржа на 1 и 2 јуни би не натерала да помислиме дека “не дај боже”, Грците не го почитуваат “Преспанскиот договор”.

Со оглед дека на картичката за акредитација на Талат Џафери го нема ниту името на родното Форино, ниту пак уставното име на државата, а знаејќи го темпераментот на нашиот претседател останува да се запрашаме: Дали Џафери ги пцуел и грчките службеници кои не си ја работат работата како што треба? Сепак, принцип си е принцип, па оттука и овој наш сомнеж е сосема оправдан.

Ковачевски го ocyди палeњето на бугарскиот клуб во Битола – Така не се постигнувало ништо

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на својот фејсбук профил го осуди палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола.

-Го осудувам палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола. Во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо. Дадов јасни насоки до надлежните институции веднаш да го расчистат случајот. Ваквите потпалувачки провокации имаат цел да ги нарушат односите меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Затоа, повикувам сите да останеме смирени и достоинствени, а со сторителите ќе се справат институциите, напиша на Фејсбук премиерот Ковачевски.

Што се слyчyва со луѓево? Се тепaaт насекаде: Два настани вчера во Битола во кои “главните улоги” ги имаат женски лица

На 04.06.2022 во 00.50 часот Д.Ѓ.(32) од Битола, пријавила дека на 03.06.2022 околу 23.05 часот на патот за с.Кравари-битолско, по претходна расправија била физички нападната од Н.М.(28). По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Претходно на 03.06.2022 во 21:00ч, исто така во СВР Битола 33 годишна битолчанка од Битола, пријавила дека М.П., невенчана сопруга на нејзиниот поранешен сопруг, физички ја нападнала нејзината малолетна ќерка. Се работи на расчистување на случајот.

Полицискиот билтен на МВР деновиве е преполн со вакви настани. Физички пресметки има насекаде низ Македонија, но во олку голем број, помеѓу тинејџери, жени, групни пресметки… се чини немало никогаш. Веројатно ценовните шокови и стресниот живот си го прават и допрва ќе си го прават своето…

Драма пред обложyвалница во Прилеп: Maфтал со ceкиpa и му го оштетил возилото

На 03.06.2022 во 19.40 часот Л.М.(23) од Прилеп пpиjaвил дека во Прилеп пред обложувалница М.Ѓ. физички го нападнал и со ceкиpa замавнyвал кон него и му го оштетил возилото.

Се работи на расчистување на случајот – информираат од МВР.

Изминатите денови зачестија физичкте пpecметки во Прилеп. Само пред десетина дена се случи масовна физичка пресметка помеѓу тинејџери во центарот на градот, а за слични настани од МВР информираат речиси секој ден во полицискиот билтен.

Teшка cooбpaќajка на патот Прилеп-Градско помеѓу автомобил и веспа

На 03.06.2022 во 14.00 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп кај Росоман се случила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко моторно возило “голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.И.(23) во с.Камен Дол-Росоман, и мопед „априлиа“ без регистарски ознаки, управуван од Ц.В.(49) од Росоман.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобила Ц.В. конcтатирани во Општата болница во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци – информираат од МВР.

Стојанче Ангелов бара да му се даде 1.000.000 денари по член на семејство на секој загинат бранител во 2001

Политичката партија Достоинство изработи Предлог закон за измена и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на РМ и на членовите на нивните семејства, односно на Законот за бранители.

Со предлог измената, како што информираше на денешната прес-конференција претседателот на Досотинство, Стојанче Анегелов, ќе побараат дополнување во глава 4 на членот 12 каде што е предвидено право на еднократен паричен надомест.

-Предлогот кој што ние го нудиме е еден милион денари по член на семејство на загинат бранител од 2001 година, кој е необештетен или вкупно по околу 50 илјади евра. Воедно, нудиме една формула за обештетување на воените инвалиди по 50 илјади евра за сто процентен воен инвалид и сразмерно на тоа, 5 илјади евра за 10 процентен воен инвалид. Да напоменам дека сите тешки воени инвалиди се обештетени, имаме само 30 полесно ранети воени инвалиди кои се надевам дека најпосле праведно ќе бидат обештетени, рече Ангелов.

Тој информираше дека во државата има околу 15-тина семејства на загинати бранители кои досега се необештетени. Останатите семејства на бранители се обештетени, некои од нив со склучување на спогодби со Министерството за одбрана, други со судска пресуда. Како што рече, има околу 30 воени инвалиди кои до ден денес се необештетени.

-Со оваа измена и дополнување на Законот ќе се обидеме да ја исправиме неправдата која до ден денес ја трпат дел од семејствата на загинатите бранители и дел од воените инвалиди, ранети или повредени во 2001 година. Ги повикуваме сите семејства на загинатите бранители од 2001 година и потоа да се јават до Достоинство, за да ги ажурираме податоците и сите да бидат опфатени во измената која се надеваме дека оваа недела ќе влезе во собраниска процедура, додаде Ангелов.

Во врска со оваа иницијатива за измени и дополнување на Законот за бранители, Ангелов посочи дека пред неколку месеци оствариле средба и со премиерот Димитар Ковачевски кој, како што рече, позитивно гледа на оваа иницијатива и ги упатил во Собраниска процедура кај координаторот на пратеничката група на СДСМ. Воедно, како што додаде, има позитивна волја и разбирање и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Оваа недела од Достоинство ќе побараат средба со пратеничките групи и од власта и од опозицијата, вклучително и Левица

Ангелов денеска исто така ја поздрави и одлуката на Владата донесена на седница минатата недела, со која се стопира присилното извршување, односно одземање на оштетата на бранителите од 2001 година, која што ја имаат добиено како надомест на нематеријална штета. Владата со одлука го задолжи Министерството за финансии сите оние пари кои што минатите години државата им ги одзела присилно, да им бидат вратени назад.

На овој начин, според Ангелов, ќе биде исправена една голема неправда.

-Во kpвавата 2001 година во одбраната на татковината беа paнети околу 350 бранители, 350 припадници на безбедносните сили на Македонија. Повеќемина беа силно тpayматизирани. Околу 70 припадници на безбедносните сили загинаа или починаа подоцна како резултат на здобиените рани или повреди. Дел од овие припадници на безбедносните сили кои беа ранети беа обештетени, дел останаа необештетени до денес. Триесеттина бранители според нашите информации, за жал до ден денес се необештетени, рече Ангелов.

Додаде дека од оние кои беа обештетени, во минатата декада против 30 од нив беа покренати тужби да ја вратат оштетата.

-Благодарение на притисокот на Достоинство, тогаш Здружение во 2009 година, Владата на ВМРО-ДПМНЕ излезе во пресрет на нашите барања и тужбите против воените инвалиди но и семејствата на загинати беа повлечени. Значајно да напоменам дека апсурдот отиде до таму што дури и неколку семејства на загинатите бранители кои изгореа во заседата кај село Вејце исто така беа тужени да ја вратат земената оштета. За жал, четворите од воените инвалиди кои што настрадаа во 2001 година и потоа, продолжија и понатаму да ја враќаат земената оштета. Овие луѓе се до сега беа принудени преку извршител со камата да ја враќаат земената оштета, додаде Ангелов.

Тој се заблагодари на Владата поради покажаната добра волја и грижа за бранителите.