дома блог страница 1548

МВР објави оглас, се бараат нови 600 полицajци

Врз основа на член 79 став 1 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/14, 116/14, 33/15, 5/16, 120/16, 127/16, 142/16, 190/16 и 21/18, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/19 и 275/19, 110/21 и 89/22) и член 97 став 1 од Законот за полиција („Службен весник на Република Македонија” бр. 114/06, 6/09, 145/12, 41/14, 33/15, 31/16, 106/16, 120/16, 21/18 и 64/18, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.294/21 и 89/22), а во врска со одредбите од Правилникот за начинот на спроведување на селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на комисијата за избор на кандидат за полицаец („Службен весник на Република Македонија“ бр.8/15 и 130/16, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.125/22), Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, објавува

1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование; активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо; со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот; да има завршено најмалку четиригодишно средно образование; да е здравствено и психофизички способен; со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност; да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и да има положено тест за интегритет.

2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови: потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена) и висока лична физичка подготвеност.

3. Заинтересираните кандидати задолжително да достават докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар и тоа: извод од матична книга на родените, диплома за завршено четиригодишно средно образование и две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.

Кон пријавата, кандидатот задолжително доставува своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:

– Сектор за внатрешни работи Скопје: Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба, Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и Полициска станица од општа надлежност-Карпош. Сектор за внатрешни работи Битола; Сектор за внатрешни работи Велес; Сектор за внатрешни работи Куманово; Сектор за внатрешни работи Тетово; Сектор за внатрешни работи Охрид; Сектор за внатрешни работи Струмица, Сектор за внатрешни работи Штип.

При поднесување на пријавата кандидатот го наведува бројот на организациската единица за работно место за кое се пријавува согласно точка I од огласот.
Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.
Потребната документација од точка 3, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08,00-16,00 часот).

4. При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување кон селекција за избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на отштета од Министерството во случај на повреда за време на спроведување на селекцијата.

5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот која го определува редоследот на фазите за селекција. Селекцијата се спроведува во следните фази:

– Административна селекција на поднесената документација (утврдување на навременост и потполност на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови); Проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 16 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 220см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,35 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 15 секунди и „трчање на 1500 метри“ за најмалку 5,25 минути и за жени: најмалку 6 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 12 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 160см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,50 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 18 секунди и „трчање на 800 метри“ за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата),

-Психолошко тестирање (тест за интегритет и психолошки тест), Писмено тестирање (општо – образовен тест), Интервју (поединечен устен разговор со пријавеното лице), Безбедносна проверка и Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).

6. За пријавените кандидати се врши безбедносна проверка врз основа на нивна претходна писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.

7. Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.

8. При спроведување на селекцијата на пријавените кандидати им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба.

9. По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

10. По завршување на основната обука Министерството за внатрешни работи и кандидатот за полицаец, кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување во Министерството, со кој кандидатот за полицаец се стекнува со статус „полицаец – приправник”.
Со договорот за вработување се уредуваат меѓусебните права и обврски и се утврдува дека полицаецот е должен да остане на работа во Министерството најмалку пет години сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување. Во спротивно, истиот е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати.

11. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).

12.Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.

Денеска нова одлука за цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.

Минатата цела недела, секојдневно, РКЕ носеше одлуки за цените на нафтените деривати. Согласно последно донесената одлука цената на дизелот и мазутот не се промени.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 2 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 ден, додека за три денари поскапе Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 109,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 111,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)

20 години јубилеј на Д У И не се пропушта: Заев, Ковачевски и владини министри гости на главниот настан

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Скопје ќе ја одржи главната манифестација по повод одбележувањето на 20-годишниот јубилеј од постоењето.

На манифестацијата организирана во паркот во Чаир каде се очекува да се обрати претседателот на ДУИ Али Ахмети, присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерите Фатмир Битиќи и Славица Грковска, владини министри, градоначалници, претставници на Исламската верска заедница, а меѓу гостите е и поранешниот премиер Зоран Заев.

ДУИ деновиве го одбележува јубилејот со повеќе активности.

Недела на попусти на сите реквизити во УСР… Можност која мора да ја искористите

Единствена можност кај нас по овие цени да си набавите суперквалитетни реквизити за вежбање. Искористете ги попустите на сите производиод од УСР, вежбајте и грижете се за вашето тело.

За секоја нарачка следуваат гратис подароци.

Погледнете ја понудата на линкот во продолжение:

Член на поротата открива која лага на Амбер била клучна за да ја донесат одлуката

Амбер ќе мора да му плати на Деп 10 милиони долари за нанесена штета, како и пет милиони долари за казна. Амбер поднела противтужба, па Џони ќе мора нејзе да и исплати 2 милиони долари како компензација на штетата.

Во текот на судењето на поранешните сопружници изнесени беа бројни бизарни работи од нивниот однос.

Сега се огласи маж којшто тврди дека бил еден од седумте членови на поротата на судењето за клевета на Џони Деп и Амбер Херд. Тој раскажал дека актерката е неискрена личност и додал дека токму таа била таа која го поттикнувала брачното насилство.

Иако имињата на поротата мора да останат во тајност една година по судењето, сепак дозволено им е доброволно да се изјаснат и да го споделат своето искуство за случајот.

„Амбер лошо сведочеше и поротата Деп го сметаше за многу поверодостоен. Кога лажеше за донирањето пари во хуманитарни цели, сфативме дека лаже за многу работи“, изјавил тој, пренесуваат странските медиуми.

Херд ветила дека ќе донира половина од износот од својата бракоразводна парница вредна седум милиони долари во непрофитна организација ACLU, но нејзиниот главен директор Теренс Доерти сведочел дека актерката никогаш не го направила тоа.

Анонимниот член на поротата ја пофалил адвокатката на Деп, Камил Васкез, велејќи дека таа одлично си ја завршила работата, а исто така бил критичен кон сестрата на Амбер, Витни, која сведочела за актерката.

„Ми изгледаше дека ја поддржува сестра си поради обврска, како и таа да е жртва на манипулација. Во секој случај, не изгледаше како сестра ѝ да сака да биде во судницата“, изјавил тој.

Прашан дали членовите на поротата ја мразеле Херд, одговорил: „Не, не ја мразеа, но поголем дел од нив не се сочувствуваа со неа“.

Мажот исто така објаснил како пред почетокот на судењето не бил посебно информиран за Амбер, ниту за Џони и смета дека поради тоа не можел да заземе страна од почеток.

„Но, штом почна да сведочи, како воспоставуваше контакт со очите – тоа ми беше крајно непријатно, до таа мера што не можев воопшто да ја гледам неа. Само внимателно ја слушав, а сè што таа зборуваше, беше тешко сра*е. Ме изненади тоа што сите после судењето го коментираа тој нејзин чуден контакт со очите. Амбер Херд, каква луда жена“, изјавил тој.

Шампионите на Италија градат страшен тим: Ренато Санчес е завршена работа

„Кориере дело спорт“ во денешното печатено издание ја потврди радосната вест за Росенерите – Ренато Санчез е многу блиску до потпис со шампионите на Италија.

Она што е најважно за црвено-црните е тоа дека договорот помеѓу управата на Милан и Лил е веќе постигнат. И двата клуба се договориле на трасфер вреден 20 милиони евра, а сега останува да утврдат само личните услови на играчот.

Неговиот агент Жорже Мендеш во секој момент треба да ги потврди деталите, па ако не дојде до некаков преврт на настаните, Санчес ќе ја има својата судбина на Сан Сиро.

Доколку Малдини успее да ги договори сите имиња кои се поврзуваа со клубот изминативе неколку месеци, Милан би има исклучително компетитивен состав за наредната сезона.

И нудлите не се тоа што беа – Барем заокружете на 100ка (Фото)

А си рековме барем тие и макароните не ни бегаат на оваа скапотија…

Направил ли Пике замена на “мерцедес” за “фиќо”?

Колумбиската поп-дива, Шакира потврди дека се разделува со фудбалерот на Барселона, Жерард Пике по 11 години заедно. Ова доаѓа по шпекулациите во шпанските медиуми дека Пике и бил неверен на 45-годишната партнерка

„Жалиме што мораме да потврдиме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои секогаш се прв приоритет, ве молиме да ја почитувате приватноста“, се вели во соопштението на Шакира објавено преку нејзиниот публицист.

35-годишниот Пике уште нема објавено ништо, ниту одговорено на обвинувањата на шпанскиот печат дека ја мамел Шакира со 20-годишна девојка, но и на дел од нив кои пишуваат дека причината за раздеблата на парот е мајката на неговиот соиграч Гави. Засега не е познато колку има вистина во овие пишувања, но како причина за разделбата на Пике и Шакира се спомнува и 43-годишната Аурора Белн Гавира, мајка на неговиот помлад соиграч во Барселона.

Таблоидите објавија дека Пике подолго време живее сам во стан во центарот на Барселона, каде што бил забележан на забави со својот млад соиграч Рики Пуиг.

Пике и Шакира се сретнаа кога колумбиската пејачка го снимаше спотот за песната „Вака Вака“, официјалната химна на Светското првенство во Јужна Африка во 2010. Нивниот прв син, Милан се роди во 2013 година, а вториот син Саша во 2015 година.

Македонскиот ОЛИМПИЕЦ уште еднаш испиша историја: Прв медал за Македонија на Гранд при турнирите

Дејан Георгиевски освои бронза на „Гранд при Рим 2022“ Г6 серија, откако во полуфиналето беше поразен од порнешниот олимписки шампион Чеик Салах Сисе од Брегот на Слоновата Коска со 2-4.

Ова е најсилно рангиран турнир во олимписко таеквондо по Олимписките игри и Светско првенство, тоа значи дека е рангиран над Европско првенство.

Во прво коло поради високиот ранкинг на Дејан како носител беше слободен, а второто го победи Роберто Бота од Италија 2-1, додека во трето коло извојува победа над одличниот Маикон Сеиквира од Бразил 2-0.

Ова е прв медал на Гранд при турнирите за Македонија.

Драстична промена на времето, подгответе се за невpeме

Новата работна недела носи промена на временската состојба.

Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Но, од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Температурата ќе биде во постепено опаѓање. УВ=7

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!