дома блог страница 1544

Мицкоски: Барам слобода за Ламбе, а власта да ги увиди своите грешки, за ова да не стане масовна појава бидејќи народот е револтиран

Тоа е резултат или реакција на политиките на оваа криминална и анационална влада, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како го коментира притворањето на Ламбе Алабаковски.

Мицкоски побра ослободување на Алабаковски, додавајќи дека тоа е реакција на сите погрешни политики на владата изминатите години, потенцирајќи дека ниту претходно кога се уништувал државен имот од страна на Шарената револуција, ниту пак сега не прифаќа насилство.

Мојата порака е до оние кои што пред само неколку години како припадници на една револуција уништуваа државен имот, бојадисуваа државен имот, палеа канцеларија на претседател на држава, да ги ослободат судиите и обвинителите да донесат пресуда согласно правдата, да го ослободат Ламбе, да помине со укор, иако морам да признам ниту тогаш ниту сега насилството не го прифаќам како начин на решавање на проблемите. Но, ова е реакција на сите овие погрешни политики изминатите години и затоа барам слобода за Ламбе, да го ослободат човекот и да се свртат сами кон себе, да ги видат своите грешки за ова да не стане масовна појава во Македонија, бидејќи народот е револтиран правдината да ја земе сам во свои раце, изјави Мицкоски.

Младиот Бикоски е иднината на прилепскиот ракомет (Видео)

22-годишното лево крило на РК Прилеп, Христи Бикоски сезонава блескаше на терените во ракометната Супер лига. Неговата игра и голови често пати беа пресудни за позитивен резултат на прилепската екипа која и наредната сезона ќе се натпреварува во најелитното ракометно друштво кај нас.

Своите ракометни почетоци Бикоски ги имаше во РК Макалоски кај екс репрезентативецот Гоце Макалоски, а потоа се пресели во школата на Вардар, па во екипата на Јуниор од Кисела Вода, а сега безрезервно ги брани боите на РК Прилеп.

Инспирацијата и гладот за ракометот кај него се зголемувал преку натпреварите на РК Вардар и РК Металург во Лигата на шампионите, а во главниот град стекнува големо ракометно знаење и искуство преку работата со врвни тренерски имиња.

“Моето мото е никогаш не се откажувај. Среќен сум тука во Прилеп и во мојот клуб каде најмногу напредував како личност и како играч, но секогаш може повеќе”, вели Бикоски.

Досега со екипите во кои настапувал има собрано 3 втори места на фајнал фор турнирите во младинска категорија, едно прво место со Вардар и МVP награда, а настапува и на многу турнири во Србија, Хрватска, БиХ и Словенија.

Во продолжение погледнете дел од неговите квалитети:

Настап за уживање! Александра Трајческа од Прилеп ја воодушеви романската публика и меѓународното жири на престижниот фестивал George Grigoriu (Видео)

Изминатиот викенд во Браила, Романија се одржа 17-тиот по ред Меѓународен музички поп фестивал George Grigoriu во чест на eминентниот романски композитор, пејач, автор на песни и продуцент.

На фестивалот учество зедоа 24 учесници од повеќе европски земји. Единствен претставник на нашата земја беше прилепчанката Александра Трајческа, која вештината во пеењето ја совладува во Музичкото училиште “Матрикс” во Прилеп кај професорот Денис Димоски.

На овој фестивал таа се претстави со две песни на македонски и романски јазик. Во оваа прилика Александра ја изведе песната „Што те нема“, со која во 1995 година, на музика и аранжман на Кире Костов и текст на Миодраг Врчаковски Врчак, нашата позната поп пејачка Лидија Кочовска освои Гран При на Скопскиот музички фестивал.

За својот настап Александра доби прекрасни критики од романската публика и познати музички имиња од Романија, Украина, Италија итн.

Проследете го и уживајте во нејзиниот настап:

Украински новинар се обиде да го провоцира Лавров, а потоа си доби лекција

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во Анкара имаше состанок со турскиот колега Мевлут Чавушоглу.

По состанокот одржаа прес-конференција за новинарите, каде што еден украински новинар го праша Лавров што е украдено од Украина, освен житото, а на тоа веднаш доби одговор.

„Вие (Украинците) секогаш мислите што да украдете и мислите дека другите така размислуваат. Ќе ви одговорам. Наша цел е да го исчистиме истокот на Украина од неонацистички режим. А пченицата, ви кажавме дека не може да се транспортира бесплатно, Русија не направи никаква пречка. Зеленски треба да даде наредба за транспорт“, кажа Лавров.

Одиме кон 2 евра за литар: Ова се новите цени на гopивата од полноќ

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,09 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуродизел (ДЕ-V) ќе изнесува 104,5 денари по литар, Еуросупер 95 и понатаму ќе се продава за 110, а Еуросупер 98 за 112 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за три денари за литар се зголемува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе чини 102,5 денари за литар. Иста останува цената на Мазутот М-1 НС кој и понатаму ќе се продава за 55,508 денари за килограм.

Како причина за новите цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 0,8 отсто и кај дизелот за 3,797 отсто, како и за 0,056 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

МВР треба уште да ги придружува во транспортот “липоуништувачите”? (Фото)

Којзнае која година по ред се пустошат липите низ Прилеп во јуни. На повеќегодишни дрвја им се кршат гранките и остануваат осакатени засекогаш.

Сите ја разбираме борбата за егзистенција и трката да се обезбеди парче леб за дома, всушност сите сме во истата трка да опстанеме со оваа скапотија со ваков ценовен шок.

Но, крајно време е МВР да реагира на ваквото пустошење на дрвјата низ градот. Останува уште да им обезбедат придружба на ваквите натоварени со гранки коли.

Миа Костова: 5 години не го најдовте тој што ми ја запали колата, а за бугарскиот клуб го yaпcивте Ламбе додека се уште чуреше

Од како сме Cеверна, најважно за било каква разрешница е да така им одговара или во друг случај услов за пронаоѓање на виновникот е да си пејач, немам друго објаснување, реагира водителакта Миа Костова, споделувајќи фотографија од нејзиниот запален автомобил, случај за кој од 2017 година нема никаква информација, а камоли завршница.

-Ова е мојата кола, запалена пред зграда 2017 (ако не се лажам) на ист начин како и палењето на бугарскиот клуб во Битола. Увидна имаше и камери и дечко со капуљача кој замислете 5 години подоцна не се пронајде. Или, никој не мрдна со прст ниту некој некогаш после записникот ми се јави да ми даде било каква инфомација или да ме праша било што во врска со случајот.

Да се потсетиме на Тетовската болница за која е осомничен кабел. За фабриките на чии места ќе се кренат згради и се самопалат од мака или од жешко време, за сега. Е ама, бугарскиот центар си доби осомничен, па реално, уште чуреше кога Ламбе беше приведен.

Наравоучение: Од како сме Cеверна, најважно за било каква разрешница е да така им одговара или во друг случај услов за пронаоѓање на виновникот е да си пејач. Немам друго објаснување.

*она мало главче кај ретровизорот е 5 годишниот Андрија кој до ден денес има трауми иако мајка му не беше ни крива ни должна да добие запалена кола ничим изазвано. И секако, никогаш никој да не одговара за делото.
Мислам дека толку гнев направивте помеѓу народот што треба да сме среќни што оние на кои им е преку глава, палат само објекти. Ќе почнеме да се палиме и меѓу себе, прашање на време е кога. А сега одете кај овие од партија и читајте како е Ламбе психопат.

Денеска ќе се одржи протест во Битола за поддршка на Ламбе Алабаковски

Денеска во Битола ќе има протест како поддршка за пејачот Ламбе Алабаковски, кој е осомничен за палење на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“.

Протестот е закажан за 18 часот, а е во организација на партијата Левица.

„Згрозени од неоврховизмот на актуелната власт и министерот Оливер Спасовски, кој веднаш побара притвор за палењето на фашистичкиот клуб, Локалниот огранок на Левица во Битола повикува на протест за ослободување на Ламбе Алабаковски!

Протестот е закажан за утре, (СРЕДА 08.06.2022 година) пред Полициската Станица во Битола, во 18:00 часот.

Бараме отфрлање на кривичната пријава поднесена против Ламбе Алабаковски.…“, порачаа од Левица.

Биди гимназијалец!

Гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп го објави огласот за ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА за школската година 2022/2023

Во прва година во СОУ Гимназија Мирче Ацев со настава на македонски јазик и кирилско писмо ќе се запишат според наставните планови и програми за:

Сите детали околу објавени оглас погледнете ги ТУК

Мирјана Најчевска за Ламбе Алабаковски: Тој е најобичен вандал

Не застануваат коментарите за Ламбе Алабаковски кој од печај стана „херој“ благодарение на перцепцијата на граѓаните. Последен во низата ставови е даден од Мирјана Најчевска, професорка на Правниот факултет. Таа посочи дека Ламбе не е херој туку вандал. Даде и објаснување.

„Ламбе не е херој. Ни дисидент. Не е ни пироман (новинари дај прочитајте дефиниција за пироман) или терорист. Ламбе е најобичен вандал. Ама тие кои дозволија отворање на клуб со име Ванчо Михајлов во Битола се криминалци. Како и оние кои го направија Скопје 2014. Различни а исти“, пишува Најчевска.

Инаку денеска се организира и протест во Битола за мерката притвор која му е одредена на Алабаковски.