дома блог страница 1543

“Витаминка” доби титула “Ѕвезда против ковид-19” од организацијата “Банка за храна”

Банка за храна Македонија, непрофитна, хуманитарна организација која им помага на сиромашните и гладни граѓани на Македонија, ја награди Витаминка како општествено одговорна компанија. Наградата ѕвездена статуетка и титула „SВЕЗДА ПРОТИВ КОВИД 19“ е за помошта од компанијата во храна наменета за поединци и семејства кои се во социјален ризик, особено во време на пандемијата од Ковид 19.

Наградата беше врачена на манифестацијата организирана од Банка за храна по повод остварувањата и наградување за сите општествено одговорни поединци, субјекти и институции во битката со Ковид 19.

„Како компанија што е дел од заедницата, општествената одговорност на Витаминка кон граѓаните е дел од нашето секојдневно работење. На донациите во храна, не гледаме само како на обврска туку како помош кон некому што му е потребна, затоа што најголема несреќа е некој да нема храна и средства да го нахрани семејството. Оваa награда денеска е доказ дека вистински сме придонеле за тоа и сме помогнале каде и кога било најпотребно. Но, проблемот со недостаток на храна е голем и сериозен и затоа во секоја можност се обидуваме што повеќе да помогнеме, да донираме што поголеми количини храна, да нахраниме што повеќе семејства но исто така и да поттикнеме и другите, компании, ресторани, ланци маркети да се вклучат во проекти за донирање храна и со тоа да помогнеме и да предизвикаме позитивна промена“ истакна Симона Симоновска, шеф на маркетинг во Витаминка.

Препознаена како општествено одговорна компанија со фокус на семејствата во социјален ризик, Витаминка заради ваквата своја активност доби признание и од Хуманитарната организација „Свети Спас“ поради постојаната поддршка на иницијативите на организацијата и честите донации во храна и производи за штитениците.

Витаминка е компанија со интензивна и постојано активна општествена одговорност, а овие активности особено ги засили од почетокот и во текот на целиот период на пандемијата со чести и континуирани донации на средства, храна и прехранбени производи со вкупна вредност од околу 5 милиони денари наменети за ранливи категории, лица и социјално загрозени семејства, на тој начин придонесувајќи за полесно справување со секојдневните предизвици.

Oтворени 13 позиции за општинско корисна работа во Прилеп: Надоместок 9.000 ден. за 20 часа неделно

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Прилеп, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 09.06.2022 година се објавува:

Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата за Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Во служба на заедницата преку Општинско – корисна работа“ за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп.

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци/ 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000,00 денари бруто износ месечно за времетраење на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на: Работно место од 1: Негувател/ка во ЈОУДГ „Наша Иднина“ Прилеп. Нега на деца од претшколска возраст. Позиции за работно место 1: 9 (девет) позиции

Потребни квалификации и занимања: Минимум ССС, Со или без работно искуство, Важечка лиценца за негувател за деца во детска градинка, Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно). Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа.

Работно место 2: Негувател/ка во Дом за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески – Платник“. Нега на стари и изнемоштени лица. Позиции за работно место 2: 3 (три) позиции.

Потребни квалификации и занимања: Минимум основно образование, Со или без работно искуство, Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно). Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа.

Работно место 3: Негувател во Дневен центар „Ѕуница“. Нега на деца со посебни потреби. Позиции за работно место 3: 1 (една) позиција.

Потребни квалификации и занимања: Минимум ССС, Со или без работно искуство, Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно). Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа.

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Прилеп во периодот од 09.06.2022 година до 16.06.2022 година, секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Прилеп и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Прилеп кај лицето Винета Иваноска [email protected], Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп кај лицето Јасмина Николоска, Центар за социјлна работа Прилеп кај лицето Јасминка Митреска.

Ваква чест немал никој во ракометната историја: Французите го крунисаа Лазаров на последниот натпревар во кариерата (Фото)

Кире Лазаров синоќа го одигра последниот натпревар во арената во Нант, а навивачите на овој клуб знаеја на најдобар начин да му се заблагодарат на Македонецот за сето она што тој го направи за тимот, во кој дојде по заминувањето од Барселона и го одведе до две фајналфор завршници во Лигата на Шампионите.

„Кралот Кире“ е прекар што македонскиот бомбардер го доби низ годините на европската ракометна сцена, а Нант го круниса на најдобар можен начин, седнувајќи го на трон, со круна на главата, со семејството веднаш до него.

Нема сомнеж, Лазаров се повлекува не само како најдобар македонски ракометар на сите времиња, туку и еден од најдобрите во Европа што некогаш го играле овој спорт. Во Нант тоа многу добро го знаат, па затоа ја испратија нашата спортска легенда во пензија онака како што доликува на еден великан.

Ламбе Алабаковски има американско државјанство

Во мое присуство, Ламбе Алабаковски пред надлежните органи кажа дека е и државјанин на САД, но не се повика на него, ниту бараше да биде известена американската амбасада во Скопје. Така што немам информација дали во меѓувреме бил посетен од претставник на амбасадата.

Ова за „Пресинг ТВ“ го изјави адвокатот на Алабаковски, Драган Георгиев, одговарајќи на прашањето дали неговиот клиент, по одредувањето на осумдневната мерка притвор поради потпалување на влезната врата на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, е посетен од претставник на амбасадата на САД во Скопје.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА

Општината ќе ги награди најдобрите ученици со 3.000 денари

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска оддржа средба со учениците од општинските основни училишта кои по претходна постапка беа избрани за ученици на генерација.

На сите избрани ученици на генерација, градоначалникот Стефковски им додели ваучери од 3000 денари. Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба.

– Воведувањето на оваа мерка е мотивација но и признание за посветеноста на учениците за време на образовниот процес во основното образование. Секое основно училиште спроведе постапка согласно утврден правилник и избра првенец на генерација која оваа година го завршува основното образование. Им оддавам признание и им честитам, вели градоначалникот Стефковски.

 

 

И покрај сите проблеми дојде крајот: Од денеска учениците на распуст

За околу 255 илјади основци и средношколци денеска е последниот училиштен ден во учебната 2021/2022. Годината завршува во редовниот термин и покрај одложениот почеток на второто полугодие за десетина дена, поради влошената состојба со КОВИД-19, како и загубените 12 дена од наставата во април додека траеше штрајкот на СОНК.

Учебната 2021/2022 почна со физичко присуство за сите ученици. Првпат од затворањето на 11 март 2020 поради пандемијата, училиштата лани во септември беа отворени во нивниот полн капацитет, со примена на  соодветни антиковид-протоколи. Учениците ја следеа наставата со заштитни маски до пред околу два месеца кога по препорака на Комисијата за заразни болести оваа мерка за нив веќе не беше задолжителна.

Новина во учебната 2021/2022 беше Концепцијата за основно образование која почна да се применува во прво и четврто одделение. Во наредната 2022/2023 година таа ќе продолжи да се воведува во второ и петто одделение за што Бирото за развој на образованието изработи нови наставни програми.  Планот на МОН е етапно да биде воведена во сите одделенија и за пет години деветгодишното основно образование да биде целосно реформирано.

Од утре, 10 јуни, до 15 јуни ќе трае електронското аплицирање за запишување во средните училишта. Новата дигитална услуга која ја воведува Министерството за образование и наука од оваа година, на учениците ќе им заштеди време и ќе бидат избегнати турканици пред училиштата.

Учениците за упис во прва година средно образование првпат ќе се пријавуваат преку линк до порталот за електронски услуги на МОН https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава на нивните кориснички сметки на schools.mk.

За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен утре во 10 часот и учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) до 15 часот на 15 јуни. Системот потоа ќе биде затворен за онлајн-аплицирање.

Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16 јуни на веб-страницата на МОН (www.mon.gov.mk) и на  https://e-uslugi.mon.gov.mk  најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребената документација  до училиштата ќе биде на 16  јуни од 12 до 19 часот и на 17  јуни од 7 до 19 часот, согласно распоред што ќе го подготви секое училиште.

Речиси 16 илјади матуранти, пак, в понеделник, 13 јуни, ќе го полагаат вториот дел од државната матура – изборниот екстерен испит од предметите: Математика, Англиски јазик,  Германски јазик, Француски јазик, Руски јазик, Филозофија или Естетика.

Првиот екстерен испит – задолжителниот Мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски) матурантите го полагаа во саботата.

Државниот испитен центар треба да ги објави резултатите од двата испита најдоцна за 30 дена. Тие што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија кога екстерните испити ќе се полагаат на 10 и на 12 август.

Битиќи: Треба да се штеди, наместо да ви биди 24 степени дома во зима, ќе се навикнеме на 22

Кризата ќе трае до крај на годината, но јас сметам дека ќе ја имаме и на почетокот на 2023 година. Со поголема разумност на сите чинители, дека оваа криза не е одраз на еден, туку одраз на целокупното опкружување, општество, не само во Македонија. Против тоа треба сите заедно да се бориме, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој додава дека „ако сме навикнале на 24 степени да ја држиме температурата дома за да ни биде топло и да шетаме на кратки ракави, најверојатно ќе треба да се навикнеме да живееме на 22 степени во зима, а во лето, ако е 24, да направиме на 26 степени целзиусови.

-Секој еден степен значи штедење. Таа електрична енергија што некој ни ја обезбедува, треба да ја вратиме за да помогнеме на стопанството, констатира Битиќи во емисијата „Клик плус“.

Ковачевски и Вучиќ ги внесоа Ахмети и Рама во манастир, дури фрлија и паричка во бунар (Фото)

Лидерите на земјите од Западен Балкан, по завршувањето на самитот „Отворен Балкан“ во Охрид, го посетија манастирот Свети Наум.

Тие фрлија паричка за среќа во бунарот во склоп на манастирот.

-На крајот на успешниот ден, го посетуваме манастирот Свети Наум, една од најважните православни храмови, изграден во 905 година и местото каде што е напишана кирилицата, објави Вучиќ на социјалните мрежи.

Покрај лидерите од Западен Балкан, во заедничката посета на манастирот бил и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Фудбалерите бараат поддршка и полн стадион, Македонија денеска ја пречекува Грузија!

Македонија денеска на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува Грузија во рамки на третото коло од Лигата на нации.

Селекторот Благоја Милевски и голманот Столе Димитриевски побараа од навивачите масовна поддршка за денешниот натпревар кој е со почеток во 20:45 минути.

– Посакуваме исполнет стадион кој ќе биде додатен стимул за нас како тим, да ја осетиме таа домашна публика. Поддршката ни е многу потребна. Победата (на Грузија) од 5:2 над Бугарија може и не мора да значи ништо. Очекувам поразличен меч од оној нашиот со Бугарија и оној нивниот, изјави Милевски на вчерашната официјална прес-конференција.

Тој истакна дека македонските играчи ќе мораат да дадат максимум за да ја победат Грузија.

– Ќе се потрудиме да бидеме подобри утре во однос на претходните два меча. Има разлика од оваа Грузија во однос на Грузија од нашите минати дуели. Имаат нов селектор, нова визија, нема ништо слично од она што беше и ова што не чека. Не се оптоваруваме многу од важноста на утрешниот меч. Да се даде максимумот и да се постигна успех, порача Милевски.

Поддршка од навивачите побара и голманот Столе Димитриевски, истакнувајќи дека Грузија е сериозен противник.

– Сакам полн стадион, сакам голема, најголема поддршка. Со публиката и со нашиот квалитет ќе биде полесно да славиме со победа. Јас секогаш сум пресреќен кога играм дома. Со полн стадион ќе ни биде полесно како што тоа било и во минатото, изјави Димитриевски.

После Грузија во вториот натпревар дома ќе се сретнеме со Гибралтар, овој дуел е закажан за в недела од 18:00 часот.

Голем број граѓани во Битола побараа слобода за Ламбе Алабакоски (Видео)

Денеска во Битола со почеток во 18:00 часот се одржа протест за ослободување на пејачот Ламбе Алабаковски, кој доби 8 дена притвор за палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“.

Протестот беше одржна пред полициската станица во Битола. Беа испратени пораки за поддршка на пејачот.

„Слобода за Ламбе“, „Смрт за фашизмот, слобода за народот“, беа дел од паролите и извиците упатени од протестот.

-Затоа се собравме овде за да побараме слобода за еден наш сограѓанин. Токму реакцијата на Ламбе е тоа што сите ние го чувствуваме за фашизмот. Ламбе е крик на македонската бунтовност. Бараме ослободителна пресуда, порачаа говорниците на протестот.

Во текот на вчерашниот ден партијата Левица, односно нејзиниот огранок од Битола се јави како организатор на протестот.

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против Алабаковски за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од клубот, ставил фитил на прагот и го запалил.