дома блог страница 1539

Машала: Ново големо пocкапyвање на гopивата од полноќ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 3,00 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 111,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 113,50, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 107,50 денари за литар.

За 2,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе чини 105 денари.

Се зголемува цената и на Мазутот М-1 НС за 0,809 денари и еден килограм ќе с епродава за 56,317 денари.

Според Регулаторната комисија за енергетика, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,249%, кај дизелот за 3,681%, кај екстра лесното масло за 3,681% и кај мазутот зголемувањето е за 1,405%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,049%.

Објавен јавниот повик за субвенции за набавка на инвертери- еве како да аплицирате

Градот Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, а граѓаните може да аплицираат онлајн.

На повикот може да аплицираат лица што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година и се жители на Град Скопје (општини Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај) и кои ги исполнуваат предвидените услови. Повикот ќе биде отворен до 01.11.2022 година или до денот на исцрпување на средствата. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на аплицирање и по испратена потврда за предадена печка.

Согласно условите од јавниот повик граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат, како и лица кои претходно добиле субвенции за набавка на печки на пелети или инвертери.

Документацијата потребна за онлајн аплицирање e достапна на интернет страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk , а аплицирањето се врши преку платформата – uslugi.skopje.gov.mk

Во Буџетот на Град Скопје за 2022 година за оваа намена се предвидени 24 милиони денари.

Повеќе информации за јавниот повик на македонски јазик на линкот –

https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/subvencii/

Повеќе информации за јавниот повик на албански јазик на линкот –

https://skopje.gov.mk/sq/apliciraj/subvencii/

Аплицирајте на – uslugi.skopje.gov.mk

Овие субвенции се дел од мерките што Градот Скопје ги има предвидено во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Градот. Согласно со многубројните истражувања за квалитетот на воздухот во Скопје најголемо учество во емисијата на ПМ10 и ПМ2,5 честичките има затоплувањето на домовите кои немаат централно греење. Ова се јавува, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки. Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено се ефикасни при затоплувањето на домовите.

Рускиот „Мекдоналдс“ започнува со работа и се вика „Вкусно и точка“

Гигантот за брза храна „Мекдоналдс“ се повлече од Русија во знак на протест поради инвазијата на Украина и ги продаде своите ресторани овде – повеќе од 800 – на рускиот бизнисмен Александар Говор.

Денеска, првите 15 ресторани на поранешниот синџир „Мекдоналдс“ повторно се отворени во Москва и Московската област под новото име „Вкусно и точка“ јави Би-би-си.

„Задоволен сум што можам да го претставам нашето ново име, изјави Олег Пароев, извршен директор на оваа компанија во Русија.

Според него, утре во Русија ќе бидат отворени уште 50 ресторани, а до крајот на јуни околу 200.

Нема крај: Претпладне сончево, попладне повторно пороен дожд

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во попладневните часови ќе има ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

Во Скопје, ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Ретка појава на пороен дожд и грмежи се очекува во вторник, претежно во планинските подрачја, а од среда ќе настапи стабилизирање на времето. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Денеска нови цени на гopивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за цените на нафтените деривати.

Со последната одлука на РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Мазутот М-1 НС не се променија.

Зголемување имаше кај цената на дизелот кој поскапи за 2,50 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголеми за 3,00 ден/лит.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 110,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 112,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм)

Со концерт на Каролина Гочева започнува 14. издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ 2022“

На 19.06 во недела, започнува 14 издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ 2022“.

Оваа година, Општина Битола, посветува посебно внимание на поддршка и промоција на македонската културна сцена, традиционалните манифестации и содржини и висококвалитетните филмски, театарски и други сценски уметности, кои ќе овозможат квалитетни културни настани и активен културен живот во Битола, за сите генерации, во текот на целото лето.

Свеченото отворање на новото издание на БИТ ФЕСТ 2022, со нов концепт и многу културно – уметнички содржини започнува од Античкиот театар Хераклеја Линкестис, со концерт на еден од најдобрите македонски женски вокали, македонската поп дива, нашата битолчанка Каролина Гочева.

Не пропуштајте да бидете заедно со Каролина и безвременските песни од целата нејзина музичка кариера.

Билетите за концертот, по цена од 200 денари, ќе бидат пуштени во продажба од вторник 14 јуни во Офицерскиот дом во Битола.

(Видео) Како си поминаа на забава матурантите од СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп

Mатурските забави се зад нас, а матурантите сега се фокусираат да направат правилен избор на високо образование.

И додека дечките ги собираат и последните впечатоци од забавите, “Фан Продукција” на Оливер Ангелески објави одлично видео од матурската забава на матурантите од СОУ “Ѓорче Петров”.

Одличен спомен кој ќе ги потсетува на прекрасните денови во школските клупи… Уживајте во продолжение:

Aкција на МВР и Пазарен инспекторат во Прилеп: Фатени 17 малолетници после полноќ и откриени непријавени лица кои работат

На 11/12.06.2022 година, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност (Оддел за криминалистичка полиција, Оддел за униформирана полиција и Оддел за специјални полициски операции) во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола на подрачјата на ОВР Прилеп, СВР Куманово и ОВР Пробиштип.

Од спроведената контрола во угостителски објект во Прилеп констатирано е присуство на 17 малолетници после полноќ, спротивно на законот, две лица кои не носеле документ за лична идентификација се приведени во полициска станица заради утврдување на идентитетот, а од страна на Државен пазарен инспекторат констатирано е дека во објектот работат непријавени лица, при што бил затекнат при работа и малолетник. За објектот ќе следи соодветна санкција за непочитување на Законот за работни односи.

При спроведената акциска контрола на подрачјето во Куманово, исто така, констатирани се две неправилности од страна на Државниот пазарен инспекторат за вршење на нерегистрирана дејност кои ќе бидат соодветно санкционирани, а на подрачјето на Пробиштип едно лице вработено како обезбедување, кое било без документ за идентификација, е приведено во полициска станица заради утврдување на неговиот идентитет, додека од страна на Државниот инспекторат за труд констатирани се три неправилности од Законот за инспекција.

Против сите лица кои сториле прекршок ќе биде поднесен соодветен поднесок.

“Готам Сити” не памти мирен викенд: Две тепачки синоќа во Прилеп

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, пишува во Полицискиот билтен на МВР.

На 12.06.2022 во 00.20 часот Д.Р.(58) од Прилеп пријавил дека додека бил во угостителски објект во Прилеп со неговата пријателка З.В., по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице вработено во објектот.

Околу 01.40 часот З.В.(61) од Прилеп пријавила дека на 11.06.2022 околу 23.30 часот во угостителски објект во Прилеп, каде била гостинка, по претходна расправија, била физички нападната од едно женско лице.

Во врска со случајот, во 01.30 часот, Н.Н.(21) и Б.Н.(28), двајцата од прилепско, пријавиле дека во угостителски објект во Прилеп каде биле вработени, Н.Н. била физички нападната од едно женско лице, а Б.Н. од машко лице, двајцата гости во објектот.

Ституацијата е нејасна, но ја пренесуваме онака како што е објавена во полицискиот билтен на МВР.

(Видео) И по Зоки, Таче: Да се насмееме на сметка на Македонија

Некои работи не се промениле.

Кога шегата е на “македонска сметка”, тогаш е најсмешна. Барем за нашите премиери.

– Еди, разбираш Македонски?
– Не, само малку Бугарски. Македонскиот е нов јазик.

И секако, во нормални услови ова не би требало да заврши со кисела насмевка на премиерот, но сепак станува збор за Зоран Заев или Ковачевски….или сеедно: