дома блог страница 1538

Чекаат во редици пред банка, излегуваат без пари: Тутунарите од Прилеп и пелагониските општини повикаа да се излезе на пpoтecт на 18-ти (Видео)

Селективната исплата на и онака веќе два месеци задоцнетите субвенции во услови на енормно поскапување на сите животни трошоци, а која е во тек, повторно ги вознемири македонските тутунопроизводители. Велат, со часови чекаат пред банка, а излегуваат без пари. Стравуваат дека со секој нов ден нивните пари се’ повеќе се обезвреднуваат – oбјави “AЛФА ТВ”

„Скапијата е голема, едно шише масло, едно кило тутун и плус чекаме овде…не знаеме дали се пуштени субвенциите или не. На милост и немилост чекаме овде по вративе“, кажа еден тутунар.

„Чекаме овдека, а не знаеме зошто чекаме. Чекаме овде со саати, а никој не не’ информира дали има пари или нема. Значи, срамота е, на оваа жештина да се малтретира народот, значи срамота е.. Се’ се покачи, овие пари ништо не значат, бадијала и работа и се’“, – објаснува друг тутнопроизводител.

„Се троши, се иди од селава, се чека ред, а не знаеме дали има или нема. Никој не излегува да не’ информира, да рече – луѓе не чекајте, одете или чекајте – ќе има“, – посочува трет тутунар.

Тутунарите се жалат дека во последните две години имале катастрофално лоши услови за производство, катастрофални откупни цени, а следствено на тоа и катастрофални учиноци. Велат скапијата им ги изела парите уште не земени, а додека власта упорно се дистанцирала од се’ побројните проблеми во земјоделството. A сомнителен им е и начинот на исплата на субвенциите.

„Штом се случува по одредени монополи, по одредени откупни претпријатија да се делат субвенциите, јас чисто се сомневам дека субвенциите, оваа година како и претходната, ни ги исплаќаат самите откупувачи од парите кои што за време на откупот буквално ги украдоа од нас тутунарите…Од она што го гледам, мислам дека некаде околу 3-4 проценти тутунари можно е да имаат земено субвенции, сите други се само изманипулирани и честото одење на банка, тоа го потврдува“, – изјави Васко Јосифовски, претседател на ТЗ „Тутунска надеж“.

Заради сите овие причини, тутунарите дадоа подддршка, а упатија и апел за масовно приклучување на сите земјоделци на престојниот протест кој треба да се одржи на 18-ти, месецов, со цел промена на власта, бидејќи според нив, таа се откажала од земјоделците.

Инаку, исплатата на субвенциите, конечно започна на средината од минатата недела и според најавите од Платежната агенција истата треба да заврши за десетина дена.

Каролина Дурло

Заев стана хуманитарец: Неговата фондација “Заев-Едно општество за сите” испрати 20 тони производи за Украинците

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ испрати 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина, информираше на својот Фејсбук-профил поранешниот премиер Зоран Заев.

– Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина.Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствуваше за македонските работи, пишува Заев во објавата.

Поддршката на независноста и суверенитетот на Украина и осудата на руската воена инвазија, Заев порача дека е јасна позиција на државата како припадник на западниот, демократски и мирољубив свет.

Уште еден бypeн викенд во Прилеп: Две пpиjaви за тепачки

Уште еден бурен викенд во Прилеп со две физички пpecметки

Од полицискиот билтен на МВР:

На 12.06.2022 во ПС Прилеп, А.М. (19) од Прилеп приjaвил дека во центарот на Прилеп бил физички нападнат од И.М. и М.М.

Синоќа пак, на 13.06.2022, А.О. (40) од Прилеп пријавил дека во Прилеп неговиот малолетен внук бил физички нападнат од Д.Ј.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи – велат од СВР Битола.

Прилепчанецот Димитар Димитриоски се сели во еден од најпознатите шпански клубови

Прилепчанецот Димитар Димитриоски се наоѓа пред потпис со еден од најпознатите шпански клубови, екипата на Ваљадолид.

Димитриоски кој настапуваше на средната бековска позиција во Еурофарм Пелистер 2, а претходно настапуваше и за Вардар и Металург, сега ќе му се приклучи на екс тренерот на црвено-црните, Давид Писонеро, кој ја предводи екипата на Ваљадолид.

Димитриоски често е и на листата на репрезентативци на Македонија, а одличните игри сезонава во втората екипа на Еурофарм Пелистер му го донесоа најголемиот трансфер во кариерата.

Му посакуваме среќа и многу постигнати погодоци.

Генералниот секретар на НАТО: Украина ќе мора да даде територија за миp

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Алијансата предводена од САД има за цел да ја зајакне позицијата на Украина на преговарачката маса, но додаде дека секој мировен договор ќе вклучува компромиси, вклучително и територија.

Тоа го соопшти Столтенберг во Финска, по средбата со финскиот претседател Саули Нинисто.

Додека шефот на НАТО рече дека Западот е подготвен да ја „плати цената“ за зајакнувањето на украинската армија, Киев ќе мора да направи одредени територијални отстапки на Москва за да се стави крај на сегашниот конфликт.

„Мирот е можен“, рече тој.

– Единственото прашање е која цена сте спремни да ја платите за мир? Колку територија, колку независност, колку суверенитет, дали сте спремни да се жртвувате за мир?

После Талат и Ковачевски ќе оди во Украина да му даде поддршка на Зеленски?

Премиерите на Македонија – Димитар Ковачевски и на Албанија – Еди Рама ја прифатија идејата на нивниот црногорски колега Дритан Абазовиќ, заеднички да го посетат главниот град на Украина, Киев, пишува црногорскиот весник „Вјести“ повикувајќи се на сопствени извори.

Украинскиот претседател Волдомир Зеленски во четвртокот во телефонски разговор го поканил Абазовиќ да го посети Киев, по што црногорскиот премиер ја покренал идејата за заедничка посета со останатите премиери на државите од Западен Балкан кои се членки на НАТО.

„Како што најави, Абазовиќ ќе ја покрене идејата за заедничка посета на Киев со премиерите од Западен Балкан, пред сè со НАТО-членките од регионот, со цел да се испрати силна и едногласна порака за поддршка на суверенитетот и интегритетот на Украина од Западен Балкан“, соопштиле вчера од кабинетот на Абазовиќ, за што „Вјести“ пишува дека веќе има согласност од Ковачевски и Рама за да реализира ваква посета.

(Видео) Еве како Стефан Богоев се фалеше со градинката чиј кров падна викендов

Таванот од градинката “Мајски цвет” викендов паднал, соопшти на Фјесбук Антонио Милошоски кој објасни дека за среќа во настанот нема повредени бидејќи во моментот кога кровот се рушел немало присутни во градинката.

На Твитер се појави видео од поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, кој објаснува дека на местото на монтажната барака сега има цврста градба која е енергетски ефикасна.

Твитерџиите го споделуваат видеото и коментираат “Од кај знае дете што е цврста градба”.

Кај нас оди и повеќе од 10 години, а во Индија изградија 75км автопат за 5 ДЕНА! (Видео)

Градењето автопат е нешто што во Македонија трае со години, а и со децении. Но, има земји на кои им се брза да ги поврзат со автопат „Скопје и Охрид“. Во Индија, на пример, толку многу им се брза што изградија автопат за помалку од пет дена – објави “Инфомакс”

За само 105 часа и 33 минути тие направија автопат долг 75 километри. Проектот, на кој работеле 720 лица, започнал на 3 јуни во 7:27 часот, а завршил на 7 јуни во 17 часот.

Неверојатниот успех влезе и во Гинисовата книга на рекорди.

Иако проектот се води како автопат, сепак тоа би можело да е малку и дискутабилно, бидејќи според достапните фотографии патот изгледа многу потесен. Коловозните ленти се физички одвоени, но патот е многу тесен, а не се предвидени ниту ленти за застанување.

Пресметајте самите колку ќе ви иснесува сметката за стpyja – Регулаторна објави калкулатор

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски кажа дека потрошувачката во период на важење на евтина струја нема да влезе во блок тарифите.

РКЕ објави калкулатор преку кој граѓаните можат да си проверат колку трошат и плаќаат за струја во моментов, а колку ќе плаќаат ако биде по блокови.

„Имаше доста дилеми во јавноста, а на најголем дел ќе им излеземе во пресрет. Со овој тарифен систем не можат да се решат сите проблеми. Нафта немаме, природен гас немаме, имаме хидроенергија, од која зависиме од Господ“

Регулаторна го објави калкулаторот, па секој пресметките може да ги направи ТУКА.

Машала: Ново големо пocкапyвање на гopивата од полноќ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 3,00 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 111,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 113,50, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 107,50 денари за литар.

За 2,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе чини 105 денари.

Се зголемува цената и на Мазутот М-1 НС за 0,809 денари и еден килограм ќе с епродава за 56,317 денари.

Според Регулаторната комисија за енергетика, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,249%, кај дизелот за 3,681%, кај екстра лесното масло за 3,681% и кај мазутот зголемувањето е за 1,405%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,049%.