дома блог страница 1533

“Спорт Лајф” организираше прекрасен настан за 200 деца во скопската Зоолошка градина (Фото)

За околу 200 деца и исто толку родители, во организација на Sport Life, се одржа едукативна и забавна програма во ЗОО паркот во Скопје – Sport Life Јуниор ден.

Со водич од зоолошката градина, децата на вработените во Sport Life обложувалници, имаа можност да се запознаат и да научат интересни работи за животните од целиот свет. Покрај прошетката низ зоолошката градина и едукативниот дел,  децата и родителите имаа можност да се забавуваат со многу артисти, жонглери и пантомимичари, а најмалите дечиња од 2-3 годишна возраст, се возеа со вовче низ зоолошката градина. Воедно, не изостанаа ниту подароците како капи и ранчиња за децата и бесплатни пијалаци во кафетеријата, кадешто повеќечасовниот настан заврши со заедничка дружба на родителите.

„Убавото време и крајот на школската година беа само дополнителен поттик за заедничкото дружење и за незаборавни моменти со нашите најмлади. Видовме среќни и насмеани дечиња, а видливо беше и задоволството на родителите од успешната организација на целиот настан. – истакнуваат од Sport Life.“

Атмосферата беше забележана и преку кратко видео кое може да го видите тука.

“Еуро глас” ја има најдобрата понуда за ПВЦ дограма и е првиот избор за сезоната на градежни активности

Во време кога порошувачката на електричната енергија станува луксуз, а сметките одат до плафон, време е да размислите и да го одберете вистинското решение за намалување на трошоците на семејниот буџет.

“EУРО ГЛАС” е одговорот за сите ваши проблеми со застарената столарија. За нивните производи и услуга ќе слушнете само пофални зборови не само во Прилеп, туку и пошироко во целиот регион.

Во “EУРО ГЛАС” ќе најдете висококвалитетно термопан стакла за градежна столарија со два и три слоја стакло, исполнети со аргон, а доколку тоа го бараат клиентите и со четирисезонска заштита.

Покрај тоа “ЕУРО ГЛАС” нуди и производство на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци од брендовите ALUPLAST и PROFILINK. Изборот на модели ќе ве остави вчудоневидени и навистина тешко ќе се одлучите.

За сите прозорци и врати кои ги произведуваат, од “ЕУРО ГЛАС” обезбедуваат бесплатна и максимално стручна монтажа и гарантираат за нивната долготрајност. Сите производи ги задоволуваат најсторогите стандарди за цврстина, издржливост, функционалност и најважно енергетска ефикасност.

За цените не треба да разговараме. Само во “ЕУРО ГЛАС” ќе најдете најквалитетни производи по најпристапни цени, a тоа ќе ви го потврди секој нивни муштерија.

Професионалците во Прилеп се во “Еуро глас”, луѓе кои си ја знаат работата и повеќе од една деценија пружаат исклучиво квалитет за своите муштерии.

Затоа не чекајте повеќе, побарајте ги на 078 363 775 и закажете состанок.

Во понеделник “Сонатна вечер” во фоајето на ЦК “Maрко Цепенков”

„Сонатна вечер„ на пијано ќе одржи младата струмичанка Ивана Мазнејкова в понеделник од 19 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“. На програмата се композиции од Хајдн, Бетовен, Моцарт, Менделсон, Григ, Шуберт…

Ивана Мазнејкова е ученичка во СМУ „Сергеј Михајлов“ во Штип, во класата на проф. м-р Славчо Величков. Првите часови по пијано ги добива во Струмица од нејзините родители, професори по пијано.

Активен учесник е на мастер класови, а првиот јавен настап го имала на тригодишна возраст. Оттогаш досега има реализирано бројни концерти, настапувала на фестивали, натпревари низ Македонија и низ Европа. Добитник е на бројни награди, меѓу кои во 2020 – Плакета за покажан редок талент и исклучителен успех.

Мицкоски: Ако предлогот е да не асимилираат и бидеме Бугари, тогаш така не сакам влез во Европската Унија

„Како да зборувам за Европа сега денеска, кога ние денеска сме уценувани да прифатиме ако е ова точно, ќе треба да прифатиме да се асимилираме и бугаризимираме односно да ги асимилираме нашите предци, нашите дедовци, нашите баби ако сакаме да бидеме дел од ЕУ или тоа за нас преставува невозможна мисија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за предлогот на Франција.

Мицкоски посочи дека тој жали за тоа што се случува во Украина, жали за тоа што се случува во Северно Донецк, во Мариупол итн. Но, исто така жали за тоа што се случува и во Македонија односно во Струмица, во Прилеп, во Битола, во Тетово, во Гостивар, од таму десетици автобуси секој ден полни си заминуваат од државата и тоа со претежно млади луѓе.

„Нема што да се разговара ако е таков предлогот, какво прифаќање. Ова со предлогот е нокаут за македонската дипломатија. Ако е ова така, повторно ќе кажам, ако е ова така, што прави дипломатијата освен што троши народни пари и освен што полни авиони да се шетаат на грбот на народните пари по светот како придружба на министерот. Што прави нашата дипломатија ако биле изненадени од ова“, запраша Мицкоски.

Тој додаде ако резолуцијата од Собранието е бела, тогаш предлогот е црн, нема сиво ништо тука. Ова сега што е како информација, ако е точна тоа е катастрофа. Ова ќе биде дипломатски нокаут.

„Ако е ова предлогот таква иднина јас не сакам. Не сакам да ме асимилираат ниту мене, ниту моите два сина“, нагласи Мицкоски.

Орбан со моќна порака: “Тато машко, мама женско, а бензинот 75 денари”

Колегите од “Офф.нет.мк” се потрудија за преводот. “Тато машко, мама женско, а бензинот 480 форинти, или во наши пари 75 денари….

Унгарија е земја во Европска Унија и еве зошто гласа за Орбан цели 12 години…

Грузиецот кој пушти корен во Македонија, нов тренер на прилепчани

По заминувањето на Горан Кузманоски – Таста во РК Скопје, прилепчани пронајдоа нов тренер кој ќе ги предводи во новата суперлигашка сезона.

Станува збор за Реваз Чантурија, ветеранот од Грузија кој со години игра за македонските клубови, а веќе две сезони успешно го носи и дресот на РК Прилеп.

Крилниот играч чии голови минатата сезона беа клучни за победите на прилепчани, сега ќе биде во нова улога, играч и тренер.

Претходното првенство покрај играч, беше и помошник-тренер на Кузманоски

Во претстојното првенство ќе има задача со подмладен тим да избори опстанок. Сега се очекува датум за старт на подготовките, избор на играчи кои ќе настапуваат за Прилеп.

Митко Јанчев е прогласен за личност на Југоисточна Европа

Митко Јанчев е прогласен за личност на Југоисточна Европа во областа на економијата и европеизацијата.. Градоначалникот на Кавадарци го доби ова признание за 2022 година од Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев доби титула – личност на Југоисточна Европа за економија и европеизација на Балканот за 2022 година. Оваа награда за Јанчев доаѓа од меѓународниот филмски фестивал во кој се вклучени 15 европски држави, а од минатата година за првпат се одржа и во Вашингтон, САД, во организација на неколку интернационални универзитети. Градоначалникот на Кавадарци вели дека е горд што со наградата е рамо до рамо со најуспешните од регионот – актери, културни работници, истакнати личности од областа на економијата. На овој начин се дава признание и на градот, но и на македонската историја и култура, потенцира Јанчев.

„Ми претставува огромна чест што за првпат во историјата сум прогласен за личност на Југоисточна Европа во областа на економијата и европеизацијата на Балканот за 2022. Горд сум на ова признание кое во последните 12 години се доделува во Париз и Берлин, а го имаат понесено многу видни личности. Ви благодарам на укажаната чест и посакувам оваа година да биде година на човечката надеж.

Носител на наградата Еуропа Прима за оваа година е српскиот режисер Драган Бјелогрлиќ. Јанчев го покани него на гости, а воедно во Кавадарци да бидат прикажани победничките филмови од Париз, Берлин и Вашингтон.

Извор: “КАНАЛ 5 ТВ”

ВМРО-ДПМНЕ со повик до граѓаните да носат државни знамиња на пpoтecтот во сабота

ВМРО-ДПМНЕ пред големиот пpoтecт во сабота упати повик до граѓаните на протестот да носат државни знамиња

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

Маката, проблемите, инфлацијата, сиромаштијата, корупцијата, распаднатото здравство се работите кои ги засегаат сите луѓе во Македонија.

И ова се подеднаквите проблеми кои ги обединуваат и Македонците, и Албанците, и Турците, и Ромите, и Србите, и Власите, и Бошњаците и сите останати.

Станавме држава со највисок раст на горивата, држава со најмал раст на БДП во Европа, највисока стапка на инфлација.

Овие работи кои силно го тиштат народот може да се менуваат исклучиво преку промени, избори и смена на власта.

Премногу е од се што досега видовме од оваа власт на СДС и ДУИ.

Затоа на „Протестот за промени” кој ќе се случи во Сабота со почеток во 20 часот, ги повикуваме сите граѓани да понесат со себе државни знамиња, да се обединиме околу македонското сонце и да испратиме порака дека сме обединети сите луѓе во заложбата да ја направиме Македонија подобро место за живеење, и со тоа ќе дојдеме до промени. Испраќаме порака сите граѓани со себе да понесат државно знаме, македонското сонце, да демонстрираме одлучност дека само заедно можеме да ги менуваме работите, само обединети може да обезбедиме иднина.

Црвено жолтото знаме не обединува во овие тешки моменти за државата. Илјадници знамиња да ги развиориме за обединување и за нова иднина. Да ги надминеме сите бариери, сите поделби кои власта ги наметнува и да кажеме илјадници грла во еден глас Премногу е! Народот се одлучи за промени!

Соопштение на Владата: “Мерките даваат резултат – цените на основните производи се намалени за 5 до 10 проценти”

„Одлуката на Владата за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените, веднаш даде резултат. Цените на основните производи се намалени за 5 до 10 отсто. Корекција на цените се прави од денес, а ќе продолжи и во претстојните денови. Најголемо намалување се очекува кај маслото за јадење и до 10 отсто, понатаму кај тестенините, како и на сите останати основни производи опфатени во владината одлука“ соопштуваат од Владата.

Со алгоритам одмрзни-зголеми-замрзни Владата го штити стандардот на граѓаните. Од друга страна граѓаните сметаат дека со исто толку пари лани речиси двојно ја полнеле потрошувачката кошница.

Од Влада велат дека континуирано се следи состојбата и во услови на најавени нови покачувања на цените на производите интервенираат веднаш за да го заштитат стандардот на граѓаните.

„Заклучно со 30 септември 2022 година за леб, бел сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење, се утврдува трговска маржа во висина до 5 отсто во трговијата на големо и до 5 отсто во трговијата на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8 отсто, 3,2 отсто и 3,5 отсто и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10 отсто во трговијата на големо и до 10 отсто во трговијата на мало. Во периодот кој следи, интензивно продолжуваат контролите за трговците, со цел да нема драстично зголемување на маржите и истите соодветно да се санкционираат. Владата и во иднина ќе ја следи состојбата и доколку условите на пазарот налагаат, ќе се разгледа можноста одлуката да продолжи до крај на 2022 година“ се вели во владиното соопштение.

Рама не иди за џабе: Ја повика Украина да го преиспита признавањето на Косово

Албанскиот премиер Еди Рама денеска за време на престојот во Киев ја повика Украина да го преиспита својот став за признавањето на т.н. Косово, бидејќи, како што изјави, „тој народ го заслужува тоа“.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, за време на својот говор на средбата со неговиот украински колега Денис Шмихал, го привлече вниманието на Косово и истакна дека Украина сè уште не го признала Косово, пренесува Albenien Post.

– Би било добро Украина да ја испрати вистинската порака за новата европска реалност што сакаме да ја изградиме, рече Рама.

Претходно на прес-конференцијата Рама изјави дека Косово му дава целосна поддршка на Киев и покрај тоа што Украина се уште не го признала.

Шефот на албанската влада во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски го пренесе уверувањето дека земјите од Западен Балкан немаат проблем да и дадат кандидатски статус на Украина.

– Овде сме не само да му кажеме на нашиот драг пријател Зеленски, туку и на сите, дека немаме проблем ако ЕУ и додели на Украина кандидатски статус. рече тој, пренесува Албениен пост.

Напротив, рече Рама, ќе се радуваме на ЕУ, бидејќи тие ќе направат нешто за себе, а не за нас.