дома блог страница 1532

Компанијата “Кожувчанка” и Фондацијата “Никола Јанчев” со нова милионска донација каде што е најпотребно (Фото)

Секој ден посакуваме да е ваков, среќен, каков што е денешниот за пациентите на Универзитетската клиника за Гастроентерохепатологија.

Денес, Фондацијата Никола Јанчев донираше нова генерација ултразвучен апарат за рано детектирање на промени кај црниот дроб, со можност за еластографија, на клиниката при ЈЗУ Клинички центар “Мајка Тереза” Скопје.

Во износ од 2.300.000 ден. ова е уште една од многуте донации која вреди почит кон Фамилијата Јанчеви кои важат за хуманитарни луѓе што водат општествено одговорни компании.

Имено, Фондацијата Никола Јанчев е основана од актуелниот Градоначалник на Општина Кавадарци, г-динот Митко Јанчев кој важи за еден од најпосветените во работата за добро на своите сограѓани, а неговата сестра, г-ѓа Јанинка Чупаркоска е Генерален менаџер на Компанијата Кожувчанка, која со право ја носи титулата – Општествено одговорна компанија. Фондацијата го носи името на нивниот покоен татко кој заедно со брат му ја основаат Кожувчанка од Кавадарци во 1995-та година.

Денес, Фамилија Јанчеви, ги познаваме по нивната способност и напорна работа која ги води до успех и по многуте хуманитарни активности на секое поле.

Јанчеви ја препознаваат потребата од помош и секогаш реагираат со донации за подобро утре на ова наше општество!

Така и денес, г-ѓа Јанинка Чупаркоска прими благодарност за оваа донација, а таа изјави дека секогаш, па и во време на глобална здравствена и економска криза, цел на нејзината Фамилија и Фондацијата Никола Јанчев е да помага на луѓето со поддршка онаму каде е најпотребна!

Несторовски доби три понуди од различни земји

Македонскиот фудбалер Илија Несторовски најверојатно летово ќе си замине од Удинезе, затоа што има договор до крајот на јуни, а нема да добие нов договор од клубот.

Италијанските медиуми пишуваат дека Несторовски добил три понуди од различни екипи, па наскоро треба да донесе одлука за неговата иднина.

Несторовски не се врати во посакуваната форма по повредата поради која мораше долго време да паузира надвор од фудбалските терени.

За македонскиот напаѓач се заинтересирани Лече, Вотфорд и една понуда се очекува од Обединетите Арапски Емирати, па Несторовски ќе може да бира каде ќе заигра следната сезона.

Дете за пофалба: Беше единствен учесник од општина Долнени и освои прво место на Државниот натпревар по природни науки

На 28 мај 2022г. на Природно математичкиот факултет во Скопје, се одржа седмиот Државен натпревар по природни науки за ученици од четврто одделение.

Ненад Веселиноски беше единствениот учесник од општина Долнени и освои прво место. Ненад е ученик во ООУ “Mирче Ацев” од населеното место Лажани, а негов ментор беше наставничката Весна Чатлеска.

Денеска Ненад и неговата наставничка имаа и прием кај градоначалникот на општината, Урим Ибески, кој им додели Пофалница за постигнатиот успех и вети парична награда за Ненад.

На малиот Ненад му посакуваме уште поголеми успеси во иднина, а на наставничката уште многу вакви успешни и вредни ученици.

СДСМ: “Ги намаливме цените за 10%”

СДСМ преку соопштение порача дека е посветена на заштита на стандардот на граѓаните во време на најголемата светска економска криза и помогнала со намалување на цените.

„Почитувани граѓани, почитувани новинари, Владата предводена од СДСМ е силно посветена на заштита на стандардот на граѓаните, во време на најголема светска економска криза.

Ја ограничивме трговската маржа за основните прехранбени продукти. За лебот, шеќерот и сончогледовото масло за јадење се утврдува трговска маржа до пет отсто на продажбата на мало и до пет отсто на продажбата на големо. За брашното, јајцата, оризот и тестенините, се утврдува продажна маржа до 10 отсто во трговијата на мало и големо.

Со ова ограничување на маржата, веќе има намалување до 10 отсто на крајната цена на овие производи во маркетите. Истовремено, продолжуваат засилени контроли за трговците, со цел да нема драстично зголемување на маржите и истите соодветно да се санкционираат.

Оваа одлука ќе важи до 30 септември оваа година, со можност да се продолжи до крајот на годината. По усвојувањето на ребалансот на Буџетот, следуваат мерки за поддршка на граѓаните и компаниите со цел полесно справување со последиците од кризата. Од септември 330.000 пензионери ќе добијат повисоки пензии, а зголемување на платите од 15 отсто ќе добијат вработените во образованието, детската заштита и други сектори.

Продолжуваме со вистинска грижа за стандардот на нашите сограѓани“, соопштија од СДСМ.

Лавров го “пpeceче” британскиот новинар: Не ме интересира што мисли Западот (Видео)

Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров понекогаш е тежок соговорник, а тоа на своја кожа го почуствува Стивен Розенберг од „Би-Би-Си“.

Лавров во интервју за медиумот кажа дека Русија не извршила инвазија на Украина, туку прогласила специјална воена операција.

Розенберг кажа дека во „очите на Западот Русија е одговорна за судбината на заробените страници“, по што Лавров го пресече.

„Воопшто не ме интересираат очите на Западот. Мене ме интересира меѓународното право“, кажа Лавров.

Гopивата повторно поскапуваат: Oвие цени ќе важат од полноќ

На поскапувањето на цените на горивата им нема крај, па така од полноќ повторно ќе имаме нови цени не дизелот.

Дизелот од вечер на полноќ ќе се продава за два денари поскапо, односно цената се зголемува од 107,5 денари на 109,5 денари за литар.

Цените на бензините не се менуваат, па така БС-95 ќе се продава за 111,5 денари, додека БС-98 за 113,5 денари.

Во прилепскиот театар се подготвува претставата “Круг” во режија на Јован Ристовски

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во тек се подготовките на новиот проект – „Круг“ по текст од Едвард Олби, во режија на Јован Ристовски.

Оригиналното име на текстот е „Дамата од Дебјук“ од Едвард Олби, текст што ќе биде праизведен во Македонија. Драматурот Лидија Митоска Ѓорѓиевска го направи преводот и драматизацијата.

Режисерот Ристовски објаснува дека во претставата ќе се зборува за една приказна, за една врска, брак кој се распаѓа.

– Причините не се заради несогласувања, туку заради тоа што едниот лик, Џо умира од рак и нејзиниот партнер Сем не знае како да се соочи со смртта. Го губи тлото, самодовербата и не ја прифаќа вистината. Ова е интегрална приказна, која за мене е мотив да проговорам како се распаѓа едно друштво. Оваа приказна на Олби е за распадот на едно општество, на еден општествен систем, за распадот на еден театар, на било како тип на заедница. Мотивите беа да ги прикажам нашите лични проблеми во театарот, бидејќи во театарот во Македонија последниве години се лута, не знаеме во кој правец се движиме, што е театар, каде е нашата дисциплина во работата, нашата професионалност!?

Мислам дека како театарџии треба да се запрашаме до каде сме, што сакаме, што правиме? Всушност правам претстава за проблемите кои ги тргаме настрана. Напротив треба јасно да проговориме за нас, за нашето јас. Треба самите ние да се преиспитаме за да увидиме каде грешиме и да станеме подобри. За разлика од многуте ракурси што се отвораат во театарската уметност во Македонија, со оваа приказна, како режисер, сакам да раскажам за нас.

Играат: Даниела Иваноска, Игор Трпчески, Димитар Црцороски, Наташа Ачански, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Сприкоска Илијеска и Александар Тодески. Првиот чин ќе е реализам и натурализам и публиката ќе гледа реална приказна, а вториот чин е надреализам, кој станува пародија, кој не носи во свет што може да ни ја даде театарската магија.

„Круг“ заради тоа што генерално се вртиме во круг и никако да испливаме на површина и да се избориме за тоа што го сакаме. Претставата ќе има класична музика и електронски звуци, а самиот театар ќе биде сценографија, додека костимите се на Андреј Георгиевски – вели режисерот Ристовски.

Премиерата е планирана во средината на јули. Претставата е поддржана од Министерството за култура во годишната програма за 2022.

Прилепско, а светско: Тајфата ја промовираа својата нова песна “Ти и јас” (Видео)

Музичката група “Тајфата” вчера на својот Јутуб канал ја промовираа својата нова песна “Ти и јас”.

Музиката е на Владимир Борески кој е вокал и клавијатури во групата, текстот е на младата Сара Сурлаџиоска која ја се појавува и како вокал, а аранжманот е на гитаристот Рубин Димкоски, Владимир Богески.

Нотите на хармоника ги отсвири Александар Тренчовски, а Живко Чиртоски е задолжен за кларинетот.

Придружни вокали: Викторија Георгиоска и Маја Црвенкоска. Фан Студио Зоран Пилоски е “виновен” за одличниот спот, а за шминката се погрижи Студио Палада.

Уживајте во продолжение:

Дурловски: Утре пред Влада ќе ја пеам химната во чест на сите политички затвopeници и во чест на Гоце, Даме, Јане и Питу

Оперскиот пејач Игор Дурловски на социјалните мрежи најави дека утре ќе присуствува на протестот кој го организира ВМРО-ДПМНЕ.

Дурловски вели дека утре во 20 часот ќе биде пред владата и ќе ја пее химната на Македонија.

-За кого? За сите оние кои ме распнуваа поради ангажманот во ,,Заедничка Македонија”, за тие кои ме напаѓаа за моето учество на парламентарните избори во 2020-тата година, за тие кои ја критикуваа одлуката да го отстапам пратеничкиот мандат, но и за ВАС кои ме поддржувате токму поради моите одлуки и постапки – никогаш отстапки. Ќе пеам во чест на сите политички затвореници, за Гоце, за Даме, за Јане, за Питу… Ќе пеам бидејќи да пеам од срце- најдобро знам, пишува Дурловски.

Бугарски медиуми: Поради девojка од Скопје после 11 години се разделиле Шакира и Пике, а еве што вели таа

Телефоните постојано ми ѕвонат, веста се објави во сите бугарски медиуми, но верувајте, таква е ситуацијата, да јас ништо не смеам сега да коментирам за него – во разговор за ,,Фокус” открива моделот и блогерка Драгана Спасовска, која веќе подолг период живее и работи во Дубаи, а во Бугарија ги наполни страниците во медиумите, како причина поради која се разделиле Шакира и Пике.

Веста дека по 11 години врска од која имаат две деца, се разделиле колумбиската поп ѕвезда Шакира и дефанзивецот на ,,Барселона,, Жерар Пике, е топ тема во светските медиуми.

Целиот текст прочитајте го ТУКА