дома блог страница 1531

Опacно се ниша тотемот на Комерцијална банка во центарот на Прилеп: Апел за да не биде прекасно (Видео)

Опасно се ниша тотемот кој ја покажуваше температурата, датумот и точното време на Комерцијална банка на плоштадот “Александрија” во центарот на Прилеп.

Тотемот веќе подолго време не е во функција, а со цел да не биде прекасно и да не падне врз некое од децата кои редовно играат и трчаат низ тревниците, апелираме истиот или да се санира, или да се отстрани.

10 фестивали, уметници од 20 земји – Започнува Битолското културно лето

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на денешната прес конференција информираше за Битолското културно лето, кое започнува утре, со Концерт на Каролина Гочева во Хераклеја и ќе трае до 31 август. Оваа година, БИТ ФЕСТ воведува нов концепт на културно лето, кое истовремено ќе ги поврзува традицијата и современите достигнувања во културниот свет.

„Содржините кои се дел од оваа програма даваат концепт на издигнување на фестивалот на повисоко естетско ниво со почитување на професионализмот, креативноста и повисоките критериуми и норми на уметничка изведба од страна на авторите и изведувачите кои ќе земат учество на Бит Фест. Фестивалот заслужено добива шанса да биде идентитетски силен и да претставува предизвик и за уметниците и за публиката.

Во следните 64 денови, на повеќе просторни сцени во градот на кои како дел од БИТ ФЕСТ ќе се одржуваат 10 фестивали, со гостувања на уметници од над 20 земји од светот, Битола низ автентичен културен израз, ќе ја промовира македонската уметност, култура и традиција пред домашната и странска публика, градејќи и цврсти меѓународни врски, за нови можности за културен напредок на градот.

Утревечер, започнуваме со најголемите македонски хитови на нашата битолчанка Каролина Гочева, со концерт во Хераклеја, а на 31 август ќе завршиме повторно со македонски хитови во изведба на групата „Меморија“.

Во тој период од 19 јуни до 31 август, ќе проследиме квалитетни програмски содржини, меѓу кои на 21 јуни на 10 сцени, ќе го славиме франкофонскиот Празник на музиката или „Солстис“ за убав почеток на летните денови, а следниот ден ќе имаме можност да го проследиме концертот на „Марко Виденовиќ – СЕПТЕТ“. Продолжуваме со програмата на Битола отворен град, а на 25 јуни ќе го отвориме Битола Шекспир Фестивал, каде имаме гостување на театри од Полска, Албанија, Италија, Бугарија, Црна Гора. Дополнително, театарската програма ја збогатуваме со гостување на Македонски народен театар и претставата „Народен непријател“, како и гостувања на тетовскиот и велешкиот театар. За најмладите, оваа година Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“, носи гостувања на театарски претстави од Македонија, Италија, Швајцарија, Полска, Чешка, Иран и Турција, а од филмската уметност во Киното Манаки, ќе следува недела на проекции на детски филмови.

Дел од музичката и музичко сценската уметност на БИТ ФЕСТ, се и виолинистите Владимир Костов, Ана Контраденко, Марко Поп Ристов, сопранот Весна Гиновска Илкова, а под наслов „Со лезет за Битола“ ќе настапат светски познатите, македонски оперски пејачи Ана и Игор Дурловски.

Традиционално, „Со песни за Битола“, продолжуваме со „Незаборав“.

За љубителите на џез – културата, го имаме Интернационалниот „Џез Фабрика Фестивал“, а „Балкан Гала фестивалот“ на Камерниот оркестар на Битола, ќе биде исполнет со поп и рок симфонија.

Музиката и традицијата, продолжуваме да ги негуваме преку Локум фест, а меѓу богатите содржини за време на фестивалот „Илинденски денови“ на БИТ ФЕСТ е и гостувањето на ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“ и Влатко Стефановски.

Дел од официјалната програма на БИТ ФЕСТ се и автори кои професионално се докажале на ликовната сцена, а и други содржини кои верувам дека ќе го привлечат и задржат вниманието на публиката.

За првпат годинава, програмата на БИТ ФЕСТ е збогатена и со Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски на денешната прес конференција, заблагодарувајќи и се на стручната комисија која изврши избор на содржините за битолското културно лето, како и на директорите на националните културни институции, каде ќе се реализираат дел од културните содржини ова лето.

Официјалната програма, ќе заврши на 31 август, а на предлог на комисијата, поддржани се и апликации кои се однесуваат на културни содржини кои ќе се реализираат во Битола, надвор од програмата на битолското културно лето, до крајот на годината.

Ваквиот пристап на општина Битола, нуди простор и поддршка и за други проекти да бидат презентирани пред битолската јавност, да се потикне потенцијалот за идна соработка, но и да се отвори можност за реализација на проекти кои заради своите специфики и интересот на градот да ги поддржи, имаат потреба за дополнително време и средства за реализација.

Програма за БИТ ФЕСТ 2022

Литванија им покажа заби на Русите: Забранет транспортот на стоки до Калининград

Поминаа над 100 дена од вojната во Украина, а крајот сеуште не се гледа.

Европските држави веќе воведоа санкции кон Русија, а веста дека Литванија, во согласност со примената на санкциите против Руската Федерација, забрани транспорт на луѓе, суровини и материјали за потребите на руската енклава Калининград, целосно ја изолираше оваа област. Со ова само се долеа масло на огнот, а единствениот начин на транспорт и трансфер, храна, материјали и потреби станува поморскиот транспорт на Балтикот.

Литванија го затвори железничкиот транзит на стоки кон Калининградската област од другите региони на Русија. ЕУ забрани до 50 отсто од товарот, вклучувајќи градежни материјали, метали и други важни стоки, изјави гувернерот на Калининградската област Антон Алиханов за руските медиуми. Дали Русите ќе реагираат, останува да видиме.

Димитров се свести? Францускиот предлог е дебакл за македонската дипломатија

Предлогот на француското претседателство не носи подалеку, а не поблиску до членство во ЕУ, смета поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.

-Клучното прашање е дали преку ваков договор сме поблиску до целта- членство во ЕУ. За мене, нема никакви дилеми. Со ваква рамка, ЕУ е подалеку од денес, кога се уште немаме почнато преговори, вели Димитров во изјава за Дојче Веле, по објавувањето на францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ.

Тој објаснува дека предлози за решавање на проблем меѓу две страни секогаш прво доаѓаат до засегнатите страни, но фактот, како што вели, што ваков предлог „воопшто паднал на маса веќе е дебакл за македонската дипломатија.”

-Внесувањето на бугарските барања во преговарачкиот процес, и тоа во најважниот дел – кластерот Фундаменти, ни ја става судбината целосно во рацете на Софија. Ако таа не е задоволна од што било (не само внесувањето на Бугарите во Уставот), ќе си стоиме во место или ќе нѐ вратат назад, вели Димитров.

Не знам, наведува, што е пострашно, да им верувам на нашиве дека го немаат предлогот или да не им верувам. -Ако не се во тек со предлог што се однесува на македонските маки со Бугарија, тогаш тоа е признание дека не си ја работеле работата за најважното прашање за нацијата. Ако пак го имаат, а велат го немаат, си играат со довербата на јавноста, вели поранешниот шеф на дипломатијата.

Aртан Груби се пожали: Земам 70.000 плата и ова ми е најниската досега во животот (Видео)

Мојата плата како вицепремиер е 70.000 денари, истакна во анализата на 24 Вести, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

„Јас како функционер земам најмала плата. Претходно сум имал повисока плата. Платата на министрите и на пратениците не е покачена со години. Тоа што ние како влада направивме е покачување на минималната плата на 18.000 денари. Сега ние ли треба да ги намалиме нашите плати“, вели Груби.

Ламбе Алабаковски: Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата!

Пејачот Ламбе Алабаковски на социјалните мрежи се заблагодари за поддршката која му ја дадоа граѓаните.

Против него се води постапка за палењето на контроверзниот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Алабаковски се заблагодари за поддршката која ја доби и од народот и од многу јавни личности, а и преку протестот во Битола.

„Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата!, пишува тој.

(Видео) Филмско апceње кај патарината Сопот: Падна 19-годишен дилep од Кавадарци

На 17.06.2022 на наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за недозволена трговија со дpoга, opyжje и опacни матepии во содејство со СВР Велес – Одделение за недозволена тpговиja со дpoга го лишиле од cлобода Д.Г.(19) од Кавадарци.

По претходно добиена cyдcка нapeдба, било запрено возилото „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го yпpaвyвал и при личен претpec кај него биле пpoнajдени и одземени околу 100 гpaма kokaин и пapи.

Исто така, при пpeтpec во неговиот дом во Кавадарци, извршен со судска нapeдба, биле пронајдени пapи во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кpивичното дело.

Тој бил пpиведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Голем протест на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ вечер во Скопје ќе одржи протест за промени преку кој повторно ќе испорача барање за одржување предвремени парламентарни избори.

Протестот е најавен со почеток во 20 часот пред зградата на Владата.

Опозициската партија подолг период инсистира на одржување избори, а во Собранието спроведува и активна блокада на активностите.

Одлуката за протестот ја донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 17-ти минатиот месец, упатувајќи критики до власта за неспособност за соочување со економската и финанансиската криза придружена со постојат пораст на цените и висок процент на инфлација, зголемување на јавниот долг, неефикасна и неодговорна дипломатија за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ…

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски вчера во видео обраќање по повод роденденот на партијата истакна дека го одбележуваат во знакот на промени. – Испраќам порака на обединување против лошата власт и владата која ги загорчува животите на илјадници луѓе, рече Мицкоски.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, за утре најави средба на коалициските партнери кои се дел од Парламентот и од Владата, на која рече дека меѓу другото ќе се реафирмира ставот за одржување редовни избори во 2024 година заедно со претседателските.

Според Ковачевски, тоа ќе биде позитивна средба на која, како што кажа, граѓаните ќе се уверат дека има владејачко мнозинство и Влада која се грижи за животниот стандард на граѓаните и обезбедување на се она што треба една Влада да го обезбеди во услови на најголема криза. Тоа, вели, е различно од тоа што го прави опозицијата, бидејќи, како што рече, „таму единствено гледаме деструкција и блокирање“.

Прилепското вино “Сарика” го освои Балканот

На островот Саламина – Грција, оваа година се одржа 11-тиот Balkan International Wine Competition (BIWS).

На натпреварот учествувале рекорден број примероците од повеќе од 1.000 вина од 280 винарии од сите балкански земји.

Виното Сарика Бело од семејната винарија Сарика од Прилеп, се закити со бронзен медал.

Сопственик на оваа мала успешна винарија е нашиот сограѓанин Гоце Станоески, за кого ова не е прв успех. Во февруари годинава во конкуренција од 144 мостри од вина и ракии, тој освои прво место за најдобра ракија и ги победи и кавадарчани и неготинчани, во рамки на манифестацијата “НЕДЕЛА НА ВИНОТО 2022” – Натпревар во најдобро вино и ракии, кој го организираше општина Неготино.

(Фото) Пачешкоски и Талевски во најмалата сала раскажуваа како се живеело преубаво денеска?

Во салата на киното “Мис Стон”, СДСМ вечерва одржа трибина со членството насловена како “Политики за подобра сегашност и безбедна иднина”.

Говорници на трибината беа претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски и пратеникот Миле Талевски, кои зборувале за тоа како Владата предводена од СДСМ преземала активни мерки за надминување на последиците од кризата и зачувување на животниот стандард на граѓаните.

-СДСМ работи за граѓаните, а ДПМНЕ кочи, блокира и одмага. Во моменти кога на граѓаните им треба помош, Мицкоски ги кочи процесите и ги блокира закони во Собранието. Таквото антидржавно и антинародно однесување ќе биде казнето.

Додека Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на населението и ги враќа парите кај граѓаните, градоначалниците од редовите на ДПМНЕ трошат раскалашено и ги зголемуваат цените на локалните услуги.

Зголемувањето на сметките за вода, за паркинг, на комуналните такси и услугите на Домот за стари лица во Прилеп, е доказ дека градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески ги излажаа граѓаните на Прилеп.

#СДСМ останува на страната на граѓаните. Во кризни времиња ја кренавме минималната плата на 18.000 денари, а просечната плата на 30.000 денари. За 300 отсто ја зголемивме и социјалната помош, воведовме и социјална пензија. Се обезбедуваат пари за субвенции во земјоделието, средства за подобрување на државото зравството и за инфраструктурата.

Имаме план и за справување со сите нови предизвици. Со СДСМ граѓаните се безбедни, се дел од поентите изнесени на вечерашната трибина со граѓаните на Прилеп.

Имаме план и за справување со сите нови предизвици. Со СДСМ граѓаните се безбедни, се дел од поентите изнесени на вечерашната трибина со граѓаните на Прилеп. – стои во соопштението од владеачката партија.

Повеќе фотографии од настанот погледнете ТУКА