дома блог страница 1530

Teшка cooбpaќajка помеѓу мопед и автомобил во Битола

На 18.06.2022 околу 11.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„8-ми Септември“ се случила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу мотоцикл „сузуки“, yпpaвyван од З.П.(53) од Битола и патничко возило „сеат леон“ со битолски регистарски ознаки, yпpaвyвано од М.Б.(55) од с.Норово, крушевско.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил З.П., константирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Синоќа апceње на улица “11-ти Октомври” во Прилеп

Денеска (19.06.2022) во 00.45 часот на ул„11-ти Октомври“ во Прилеп, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го привеле Г.А.(32) од Прилеп за издржување затворска казна.

По приведувањето тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната – информираат од МВР.

(Видео) Таче на “копче” – Али му шепоти што да повтори

Сега ќе ви каже премиерот како ќе функционира државата, само…

Како ќе функционира државата? Како што ќе каже Али, а ние веќе тоа и го знаевме.

Сите сме имале соученик кој кога ќе излезел да одговара пред табла немал “абер” од материјалот за предметот, па тивко сме потфрлале по некој збор од место за да добие “прелазна оценка”. Ситуацијата и денес е слична, со една разлика што сега не се работи за ученик, туку за премиерот на државата.

Некои ќе речат Димитар Ковачевски не правел многу грешки како претходниот премиер, но од друга страна, како да прави кога не знае што да кажи. Како и да е, секое негово јавно појавување го собира вниманието на целата јавност. А зошто? Па еве, погледнете зошто:

(Видео) Деца, не се шегувајте со “дебелкото”, ќе плачите

Луис Назарио да Лима или познат како “вистинскиот Роналдо” – “дебелкото” од Бразил сеуште ги има вештините во своите нозе.

И можеби е во поодминати години, а можеби има и некој килограм повеќе, но никогаш не го потценувајте, затоа што сеуште е “Ел Феномено”.

Октагонот остана празен овој викенд

Долго ќе се сеќаваме на овие денови…

Веројатно веќе и знаете дека Прилеп е познат по боречките спортови, но за среќа имагинарното борилиште во центарот на плоштадот оваа сабота остана празно. Секако, оваа информација ја споделуваме врз основа на Полицискиот билтен на МВР објавен за 18-ти јуни 2022. Или што би рекле некои политичари, ова е прв мирен викенд откако сме членка на НАТО.

Би било смешно доколку ситуацијата за безбедноста во градот не беше алармантна и драматична, а доволно говори и фактот што овие нарушувања на јавниот ред и мир константно се повторуваат.

Зеленски по посетата на јужниот фронт: “Победата е неминовна”

По враќањето од фронтот на југот на земјата, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите војници не се сомневаат во победата против Русите.

Зеленски, кој ретко излегуваше надвор од главниот град Киев од почетокот на руската инвазија, вчера за прв пат го посети Миколајев на југ.

Никому нема да го дадеме југот, ќе вратиме се, а морето ќе биде украинско, ќе биде безбедно“, се наведува во видеото што Зеленски го објави на Телеграма при враќањето во Киев.

Зеленски ги посети украинските војници и им се заблагодари за нивната „херојска служба“ во борбата против руските сили поддржани на исток од областа на анектираниот Крим.

„Важно е да сте живи. Се додека сте живи, постои силен украински ѕид кој ја штити нашата земја“, им рекол тој на војниците.

Еве што пишуваат светските медиуми за вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ

Илјадници поддржувачи на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се собраа во центарот на главниот град на Македонија, Скопје и побараа предвремени паралемнтарни избори две години пред нивниот термин, вака странските медиуми го пренесуваат вчерашниот голем протест на ВМРО-ДПМНЕ.

Радио телевизија Србија информира дека огромен број граѓани поведени од ВМРО-ДПМНЕ синоќа протестираа во Скопје и побараа одржување на вонредни парламентарни избори.

Целта е да се победи и казни владеачката СДСМ, порача лидерот Христијан Мицкоски и најави дека борбата ќе продолжи секаде-во парламентот, на улиците, во градовите и селата, пренесува РТС.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека на протестот, кој го нарече величенствен собир се собрале неколку илјади луѓе за да си ја вратат слободата на Македонија и дека народот е на нозе бидејќи сака борбата да се избори за својата Македонија, пренесува Н1.

Илјадници поддржувачи на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се собраа во центарот на главниот град на Македонија, Скопје и побараа предвремени паралемнтарни избори две години пред нивниот термин, објави abcnews.

И ВОА пренесе дека илјадници поддржувачи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ излегоа во саботата навечер во центарот на главниот град Скопје и бараат предвремени избори.

Повеќе од сто илјади луѓе излегоа на улиците во Скопје, главниот град на северна Македонија, соопшти В4НА.

Странскиот медиум наведува дека демонстрантите излегоа на улиците да протестираат против социјалдемократската влада, демонстрациите ги предводеше конзервативната демохристијанска партија ВМРО ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски.

„Мицкоски посочи дека има итна потреба од избори поради зголемената инфлација, корупцијата во државата и владиниот криминал, како и застојот на земјата во евроинтеграциите.

На земјата и се заканува вето од соседна Бугарија во преговорите за пристапување во ЕУ, додека владата целосно потфрли во економските реформи. Анкетите покажуваат убедливо раководство на опозицијата, но премиерот Ковачевски избегнува избори“, пренесува споменатиот медиум.

Во прилепско возило пронајдени 26 мигранти од Сирија

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.06.2022 во 21.00 часот на автопатот Гевгелија –Скопје, на наплатна станица Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ ги лишиле од слобода Д.С.(20) и М.И.(36), двајцата од Велес.

При преглед во товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а сопатник бил М.И., биле пронајдени 26 лица илегални мигранти од Сирија. Тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг “ во Гевгелија.

Врие како во котел пред Влада: Погледнете колку народ има на пpoтecтот на ВМРО-ДПМНЕ (Фото галерија)

Под мотото “Премногу е”, ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува масовен протест пред Владата на Република Македонија.

Од партијата најавија 80.000 граѓани кои ќе присуствуваат на протестот, а според фотографиите оваа бројка изгледа точна.

Свој говор пред граѓаните ќе има лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Следете го во живо големиот пpoтecт на ВМРО-ДПМНЕ под мотото “Премногу е”

Следете го во живо вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ под мото Протест за промени, затоа што премногу е.

На протестот говор ќе има и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Истиот е закажан за 20 часот, а се очекуваат и над 80 илјади македонски граѓани од целата држава.