дома блог страница 1529

Мицкоски до десницата: Кој ви е подобра опција – оваа власт која донесе предавства или ВМРО која се бори против тие предавства?!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на саботниот голем протест што се одржа под мотото Премногу е, и се обрати на десницата, односно на оние кои идеолошки припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ, но се редовни критичари на работата на партијата.

Почитувани пријатели од десницата, размислете добро. Со смирен ум и отворено срце анализирајте и донесете суд: кој ви е подобар пријател или подобра опција. Оваа власт која донесе предавства или ВМРО која се бори против тие предавства?! Со сите наши недостатоци и слабости, ВМРО-ДПМНЕ е единствениот и најголемиот браник против неправдите, тешкиот живот и предавствата. Дојдете да се обединиме! Време е! Македонија тоа го бара од сите нас! – рече тој.

Регистрирани нови 80 случаи на кopoнавиpyc во изминатите 3 дена

Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 17.06 до 19.06.2022) направени се 1.972 тестови, а регистрирани се 81 нови случаи на KOBИД-19.

Скопје – 53, Битола и Прилеп – по 5, Велес – 3, Куманово, Тетово и Струга – по 2, Кавадарци, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Виница, Богданци и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (81), регистрирани се 20 реинфекции.

Регистрирани сe 124 оздравени пациенти од: Скопје – 90, Битола – 7, Прилеп и Кавадарци – по 3, Куманово, Тетово, Струга, Штип, Струмица, Неготино и Дебар – по 2, Велес, Гостивар, Охрид, Кичево, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (од 17 до 19.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Направени се 1.972 тестови преку: ИЈЗ-165, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-25, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–42, Жан Митрев (Филип Втори)-40, Авицена-36, Биотек-80, Систина-34, лабораторија Лаор-21, Синлаб-5, Ремедика-5, Плодност-46, Генеа-33, Никоб Лаб-108, ВФВ Медикал-9, Ели МедикаПлус-19, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–19, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.179.

Досега во земјата се направени вкупно 2.072.171 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.960, бројот на оздравени пациенти е 303.287, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 351.

(Фото) Лавот кој беше пронајден во шумата над Будва ја напушта Црна Гора

Лавот, кој како мал бил пронајден во шумите над Будва, ја напушти Црна Гора, соопшти Агенцијата за заштита на животната средина.

„Возилото со лавот и специјален персонал тргнаа на пат кон Холандија“, соопштија од Агенцијата за животна средина од Црна Гора.

Поради сомнеж за илегален транспорт на животното во Црна Гора беа уапсени три лица.

Намалување на цените на бензините и ново зголемyвање на цената на дизелот од полноќ

Од полноќ ќе добиеме нови цени на горивата, па по долго време конечно бензинот ќе поевтини, додека дизелот ќе поскапи.

Бензините БС-95 и БС-98 ќе поевтинат за 1,5 денари, додека дизелот од полноќ ќе поскапи за 0,5 денари.

Во моментов цената на бензинот БС-95 изнесува 111,5 денари за литар, додека БС-98 се продава за 113,5, додека дизелот чини 109,5 денари.

Настан за паметење: Над 2000 гости на концертот на Каролина Гочева – Започна Битолското културно лето (Фото галерија)

Над 2000 гости, синоќа го исполнија амфитеатарот на античкиот локалитет Хераклеја, на свеченото отворање на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ кое од оваа година има нов концепт. Концертот на Каролина Гочева потврди дека, ваквиот пристап почнува да се реализира уште од првиот ден на фестивалот, а истиот соодветствува со очекувањата на публиката, за културно лето кое нуди квалитетни содржини. Главен иницијатор за новиот содржински пристап во организација на БИТ ФЕСТ е градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој вчеравечер го означи почетокот на културното лето во Битола.

„Битола и вечерва потврдува дека е град кој живее со културата, град во кој низ различни историски периоди се создавале, надградувале и промовирале, карактеристични културни обележја, кои и денес се наше богатство, гордост и должност. Токму затоа и културните настани кои се случуваат во Битола, секогаш треба да бидат одраз на спецификите со кои се гордееме, а преку нив да ја промовираме македонската култура и традиција, притоа водејќи грижа за градење силни меѓународни врски, кои ќе овозможат континуиран напредок во сите области.

Во оваа смисла, годинава воведуваме нов концепт на културното лето, кој верувам дека ќе го привлече и задржи вниманието на публиката. Солстис, Битола отворен град, Битола Шекспир Фестивал, Илинденски денови, Локум фест, Фестивалот Браќа Манаки, Балкан Гала Фестивалот и гостувања на еминентни изведувачи, годинава се само дел од културните случувања на Бит Фест. До 31 август, неколкупати со музички настапи ќе ја исполниме Хераклеја, ќе бидеме заедно со повеќе концертни настапи во нашиот Офицерски дом, ќе овозможиме културно раздвижување на повеќе отворени сцени, а во соработка со националните институции од културата низ повеќе филмски проекции, театарски претстави, изложби и други културни настани, верувам дека ќе имаме навистина посебно Битолско културно лето, за кое сите ќе зборуваме со суперлативи, што очекувам да биде поттик за секој од нас, во секоја следна година да даде мал креативен влог кон неговиот раст, професионализам, идентитет – карактеристичен за Битола. Настаните нека бидат потврда на нашите напори да реализираме културно лето какво што и доликува на Битола, а притоа да направиме, културата во Битола да живее во текот на целата година“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на отворањето на Битолското културно лето.

На отворањето на БИТ ФЕСТ 2022, присуствуваа голем број битолчани, но и гости од другите градови во државата. Меѓу присутните беа и Министерката за култура Бисера Котадиновска Стојчевска, градоначалниците на неколку соседни општини, претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска, членови на Советот на општината, како и претставници на националните институции од културата и јавните претпријатија од градот.

Каролина Гочева, која е еден од најдобрите женски вокали во Македонија, успеа да внесе прекрасна двочасовна атмосфера низ нејзините големи хитови, меѓу кои „Да е сон“, „Од нас зависи“, „Кажи ми“, „За нас“, „Знаеш колку вредам“ и многу други, а на барање на публиката, со повторно враќање на бис, Каролина Гочева, концертот го заврши со песната „Кој да ми запее“.

Битолското културно лето оваа година се реализира во заедничка организација на општината и културно информативниот центар од Битола. Квалитетните содржини, кои за време на летниот период ќе се случуваат во Битола, најавуваат високо естетско издигнување на фестивалот, креативност, професионализам, негување на традицијата, но и грижа за културниот напредок на градот.

Премиерката на Финска денеска во посета на Македонија

Премиерката на Финска, Сана Марин денеска ќе престојува во еднодневна посета на Северна Македонија.

Според агендата, Марин ќе биде пречекана пред Владата од премиерот Димитар Ковачевски по што ќе има билатерален состанок на двете делегации.

Најавена е и заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и премиерката Марин во 15:15 часот.

Финската премиерка ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Oбјавен јавниот повик за субвенции за велосипеди: Општината ќе субвенционира до 5.000 денари

Врз основа на член 50 од законот за локална самоупрва („Службен весник на РМ“ број 05/02) а согласно Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување велосипеди број 09-595/31 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3 од 15.03.2021) и Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2022 година број 09-1958/4 од 08.06.2022 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.6 од 08.06.2022 година), Општина Прилеп објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2022 година

Опис на јавниот повик

1.1. Општина Прилеп со цел да ги стимулира жителите на Општина Прилеп за користење на велосипеди, на жителите кои имаат купено велосипеди во период од денот на објавувањето на јавниот повик, а најдоцна до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористување на предвидените средства, ќе им надомести дел од трошоците :

– до 50% од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 5.000 денари во нето износ по лице/домаќинство за купување на велосипед за барателите кои поднесле комплетно барање и ги исполниле критериумите согласно јавниот повик.

Персоналниот данок на доход паѓа на товар на исплаќачот.

1.2.Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 20.06.2022 година заклучно со 19.07.2022 година, односно до искористување на предвидените средства, до кога и ќе можат да се достават барањата.

1.3. Јавниот повик е објавен на ВЕБ страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk, во два печатени и електронски медиуми и на огласна табла во Општина Прилеп

1.4. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“

1.5 При констатирање на целосна реализација на предвидениот буџет, Општина Прилеп веднаш ќе ја извести јавноста дека согласно принципот „прв дојден, прв услужен“ повеќе нема да прима барања по однос Јавниот повик, и известувањето ќе го објави на својата Веб страна www.prilep.gоv.mk, во електронските медиуми и огласна табла во Општина Прилеп.

Право на учество на јавниот повик

2.1.Право на учество на овој јавен повик имаат Жителите на Општина Прилеп кој купиле/ќе купат велосипед во периодот од денот на објавување на јавниот повик од 20.06.2022 година, најдоцна до денот на завршување на јавниот повик 19.07.2022 година, односно до искористување на предвидените средства и кои ќе достават навремено и комплетно барање согласно условите на јавниот повик. Само едно лице од семејството може да поднесе барање за добивање надоместок исклучиво за купување на еден велосипед.

Услови кои треба да ги исполни барателот за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците за купување на велосипеди:

Да има живеалиште на подрачјето на Општина Прилеп, Велосипедот да го купил по објавување на јавниот повик, Да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија. За докажување дека условите за учество се исполнети , барателот за надоместување на дел од трошоците до Општина Прилеп ги доставува следните документи:

Барање за надоместок (образецот на барањето може да се подигне од Веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk, Фотокопија од важечка лична карта на барателот, Фотокопија од трансакциска сметка, Доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа фотокопија од фискална сметка заверена на нотар или фактура со извод од деловна банка за извршената уплата со датум во период од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на јавниот повик.

Изјава заверена на нотар со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека: друг член од семејството нема поднесено барање за добивање на субвенции и дека не искористил субвенција/ надомест на дел од трошоци за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија

(образецот на изјавата може да се подигне од Веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk)

3.Начин на пријавување на јавниот повик

3.1. Барањето за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување велосипеди, физичките лица го поднесуваат заедно со комплетната документација до Општина Прилеп преку приемното одделение во Архивата на Општина Прилеп до Комисија за спроведување на постапка за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување велосипеди во затворен плик со намена “Јавен повик за субвенции/ надомест на дел од трошоци за купување на велосипеди“/ со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“, име и презиме и адреса на барателот.

Копието од лична карта и копието од трансакциона сметка, како и секоја друга документација која содржи лични податоци за подносителот на барањето, задолжително се доставуваат во затворен коверт, со назнака ,,строго доверливо-лична документација,, како прилог кон барањето.

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден велосипед

Лицата кои веќе добиле субвенција/ надоместок за купување на велосипед како и членовите на нивното потесно семејство кои што живеат во заедница, немаат право да поднесат повторно барање за користење на истиот надоместок.

3.2. Пристигнатите барања во архивата на Општина Прилеп ќе бидат евидентирани и заведени со точен датум и време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување на редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

4.Начин на спроведување на јавниот повик

4.1. Градоначалникот на Општина Прилеп формира Комисија за спроведување на постапка за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување велосипеди.

4.2. Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп ќе ги разгледаат пристигнатите барања и документацијата во прилог со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни.

4.3. Општина Прилеп односно Комисија го задржува правото да изврши посета во домаќинствата кои ќе поднесат барање по Јавниот повик , а подносителите на барањата имаат обврска да му овозможат пристап до местото/просторијата каде се наоѓа купениот велосипед, при што ќе изготви и записник.

4.4. Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците ќе состават записник од прегледот на сите пристигнати барања и ќе достават предлог за субвенционирање/надомест на дел од трошоците или одбивање на барањето.

4.5. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до искористување на предвидениот буџет за соодветната намена.

5.Начин на остварување на правото на надоместок

5.1. Врз основа на предлогот на Комисијата, Градоначалникот на Општина Прилеп ќе донесе Решение за одобрување и исплата на средствата од Буџетот/одбивање на барањето.

5.2. По завршувањето на постапката ќе се изготви финална листа на баратели кои го остваруваат правото на субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2022 година и истата ќе биде објавена во време траење од 15 дена на Веб страната на Општина Прилеп и огласна табла на Општина Прилеп.

Б А Р А Њ Е за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување велосипеди за 2022 година

ИЗЈАВА

Денеска нова одлука за цените на гopивата – Ќе има ли ново пocкапyвање?

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.

Во петокот РКЕ одлучи цената на дизелот да се зголеми за два денари. Цените да останатите нафтени деривати останаа непроменети.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 111,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 113,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 109,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 56,317 (денари/килограм)

Денеска започнува Петровденскиот пост – еве колку време трае и што не треба да се јаде

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули.

Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден.

Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден.

Целта на постот е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела.

Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата. Во среда и петок јадењата се на вода, односно се подготвуваат без масло.

Понеделник, вторник и четврток се со масло, а во сабота и недела дозволено е јадење риба.

Поважниот пост – духовниот, според Православната црква, подразбира одрекување од секое зло и грев, воздржување од лоши помисли, зборови и дела, покајание и безрезервна љубов кон Бога и кон луѓето.

Мицкоски: Некои нé бројат – не се мачете, нé има илјадници (Видео)

Некои нé бројат, а јас пак велам: Не се мачете, бидејќи нé има илјадници.

Одете си час поскоро!, пишува меѓудругото во својата објава на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.