дома блог страница 1528

Нов раст на цената на нафтата

Цената на нафтата утрово повторно се зголеми, па така на лондонскиот пазар чинеше 114 долари за барел.

Ова е зголемување за околу 1 отсто во однос на вчерашниот ден, додека во претходните две недели цените беа блиску до рекордот, односно цената за барел беше 121 долар.

Од друга страна, криптовалутите повторно ја зголемуваат нивната вредноста, па така биткоинот се порасна за пет отсто и сега чини 20.873 долари.

ССМ ги објави пратениците кои не гласаа за повисоки плати: Од утре администрацијата ќе штрајкува

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) со име и презиме ги објави пратениците кои гласале „за“ и „против“ зголемување на платите на вработените во јавниот сектор.

-Работниците во јавниот сектор мора да знаат дека за амандманот за зголемување на нивната плата гласаа: Бојан Стојаноски, Тони Јаревски, Зоранчо Јованчев, Жаклина Пешевска, Дафина Стојаноска и Рашела Мизрахи.

Против работниците, против зголемување на нивната плата, против амандманот на ССМ гласаа: Лолита Ристова, Марија Кочовска, Панчо Минов, Марија Георгиевска, Драгица Ѓавочанова, Жаклина Лазаревска и Бајрам Кадрија. Истовремено еден од пратениците Исмаил Јахоски не гласаше никако, соопштија од ССМ.

Според нив, „гласот против работниците е уште еден глас против политичката партија која ја претставуваш и уште еден глас за генерален штрајк, кој поради овие 7 пратеници од владеачкото мнозинство започнува на 22.06.2022 година“.

-Ги повикуваме сите работници кога ќе ги сретнат во партија овие 7 пратеници да ги прашаат како да преживеат и зошто се против нивната егзистенција и егзистенцијата на нивните деца и семејства, стои во соопштението од ССМ.

Синдикатот бара зголемуваење на платите во јавниот сектор од 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата.

Целото соопштение на ССМ прочитајте го ТУКА

Наце е еден од најголемите македонски амбасадори: Го натера и големиот Лапорта да се фотографира со сонцето од Кутлеш (Фото)

Еден од најверните навивачи на македонската репрезентација и воопшто еден од најголемите поддржувачи на македонските спортисти ширум светот, но и на клубовите од Барселона, Наце Митев, викендов беше во Ланксес Арената во Келн каде го гледаше фајнл-фор турнирот во ракометната Лига на шампиони.

Наце навикнавме да го гледаме на профилите на социјалните мрежи на каталонскиот клуб, а овој пат се фотографираше и со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, а успеа да го натера да го грабне в раце и знамето од Кутлеш.

Секоја чест мајсторе! Ти си поголем македонски амбасадор од голем број политичари и јавни личности во државава.

Тој е еден од нашите најголеми тифози, по потекло е од Струмица, а живее и работи во Германија. Досега има присуствувано на преку 500 натпревари во фудбал, ракомет, хокеј…. Гледал голем број европски гиганти, а со цело срце навива за Барселона и РК Вардар.

Повеќе за Наце можете да прочитате ТУКА

Германскиот Канцелар Шолц: Путин сака да ја подели Европа

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денес дека рускиот претседател Владимир Путин стравува дека „искрата на демократијата“ ќе се прошири на неговата земја.

Тој додаде дека Путин се обидува да ја подели Европа и да го врати светот во кој доминираат сфери на влијание.

Шолц во интервјуто за Минхенер меркур како одговор на прашањето дали Путин би прифатил приближување на Украина на Европската Унија, кажа дека „рускиот претседател мора да прифати дека во неговото соседство постои заедница на демократии засновани на закон која сè повеќе се зближува“, пренесува Ројтерс.

„Тој очигледно се плаши дека искрата на демократијата ќе се прошири на неговата земја“, кажа германскиот канцелар.

Додаде дека рускиот претседател нема да успее да ја подели Европа и да ја врати политиката на сфери на влијание.

Во пензиите за јули ќе се враќаат скратените 5.000 денари од посмртнината

Согласно со Законот за пензиско и инвалидско осигурување (член 115 и 116) Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, на корисник на пензија со негова согласност, му запира дел од пензијата за обезбедување средства потребни за исплата на посмртна помош за членовите на неговото семејство.

Висината на задршката на посмртната помош и висината на исплатата на посмртната помош во единствен износ за сите корисници на пензија со акт ги утврдува Регистрираната организација на четирите сојузи на здруженија на пензионери.

Задржаните средства за посмртна помош од корисниците на пензија, Фондот ги уплатува на посебна сметка во рамките на Трезорската сметка со ознака Средства за солидарен фонд – посмртна помош на корисниците на пензија. Издвојувањето на средствата се врши по месечната исплата на пензиите.

Средствата за солидарен фонд – посмртна помош се користат исклучително за исплата на посмртна помош на семејствата на починатите корисници на пензија, на кои им се вршело задршка од пензијата за посмртна помош, а исплатата се врши редоследно според поднесено барање за што е изготвена посебна апликација.

Во изминатиот период заклучно до 2020 година, редовно се вршеше исплата на посмртната помош на семејствата на починатите корисници на пензија. Меѓутоа, кон крајот на 2020 година во услови на вториот бран од ковид 19 што најмногу имаше влијание на повозрасната група население, односно на пензионерите, значително се зголеми бројот на починатите корисници на пензија. Оваа состојба продолжи и во текот на 2021 година, кога во одредени месеци бројот на починатите пензионери изнесуваше и до 2 500 пензионери (што е двојно повеќе од просекот на починати корисници на пензија во изминатите години), поради што се јави недостиг на средства за исплата на посмртна помош, а се зголеми и времето на чекање за исплата.

Во такви услови, а со цел да се надмине недостигот на средствата и времето на чекање за исплата, Одборот на Регистрираната организација за солидарен фонд и членарина во текот на 2021 година донесе времени одлуки за зголемување на износот на задршката за посмртната помош. Но и покрај тоа, овие мерки не беа доволни за да се надмине дефицитот на средствата за исплата на посмртната помош, а пандемијата продолжи и во почетокот на 2022 година. Така во месеците јануари бројот на починати пензионери изнесуваше 1 739, во февруари 2 504 и во март 1 901 корисник.

Со цел да се обезбедат средства за редовна исплата на посмртната помош, а и да се помогне на семејствата на починатите корисници на пензија за покривање на погребалните трошоци, Одборот на Регистрираната организација на солидарен фонд и членарина, во почетокот на 2022 година донесе времена одлука со која задршката за посмртна помош изнесува 150 денари, а исплатата на посмртната помош се определи на 25.000 денари при првата исплата, со право на исплата на разлика од 5.000 денари до редовната од 30.000 денари. Разликата од 5.000 денари ќе започне да се исплатува почнувајќи од јулската исплата на пензии според редоследот на поднесените барања и во зависност од расположливите средства.

Со ваквото решение на Одборот, во месеците март, април и мај се обезбедуваа средства околу 46 милиони денари месечно за исплата на посмртната помош, и се зголеми бројот на исплатената посмртнина (од 1450 барања во јануари и февруари на 1868 барања во април и мај 2022 година).

Бидејќи после март 2022 година се смири пандемијата, како и бројот на починати корисници на пензија, од само 914 во април и околу 800 во мај 2022 година, Одборот донесе Одлука со која посмртната помош се определи на 30.000 денари, како и постепено започнување на исплата на разликата од 5.000 денари на примателите на посмртна помош на кои им беа исплатени 25.000 денари, според редоследот на поднесените барања и во зависност од расположливите средства, со важност од исплатата на јулската пензија.

Доколку состојбата на починати корисници на пензија се стабилизира и изнесува околу 1.350 месечно, со уплатените средства во солидарниот фонд од 309 000 пензионери по 150 денари ќе се обезбедат средства од околу 46 милиони. Со овие средства би можеле да се исплатат 1 350 барања на посмртна помош во износ од 30.000 денари по корисник или 40,5 милиони денари, и да се изврши доплата на 1 000 приматели месечно по 5.000 или 5 милиони денари.

Имајќи предвид на напред изложеното, а заради огромниот интерес во јавноста како се трошат издвоените средства за посмртна помош, зошто се доцни со исплатата на посмртната помош и зошто таа беше намалена од 30.000 на 25.000 денари, со ова известување се информира јавноста, и тоа:

– задржаните средства за посмртна помош се уплатуваат на посебна сметка во рамките на Трезорската сметка;

– средствата за солидарен фонд – посмртна помош се трошат исклучително за исплата на посмртната помош на семејствата на починатите корисници на пензија според редоследот на поднесените барања и расположливите средства, и истите не можат да се користат за други намени или да се злоупотребат;

– за состојбите со акумулираните и исплатените средства за солидарен фонд – посмртна помош редовно се подготвуваат информации кои се предмет на разгледување на Управниот одбор на Фондот и Одборот на Регистрираната организација за солидарниот фонд и членарина;

– состојбите со уплатата на задршката за солидарен фонд – посмртна помош и исплатата на посмртната помош подлежат на редовни контроли од страна на Фондот и Одборот на Регистрираната организација за солидарни средства и членарина, како и од Државната ревизија, при вршење на ревизија на вкупното работење на Фондот;

– со примена на новата одлука со која издвојувањето за посмртна помош изнесува 150 денари а исплатата на посмртната помош 30.000 денари, aко смртноста на корисниците на пензија изнесува 1.250 (исто како и во периодот пред пандемијата), ќе можат да се покријат покрај редовните обврски и акумулираните обврски по овие барања, со што состојбата со солидарниот фонд постепено би се стабилизирала.

Овој материјал има цел реално и точно да се информира јавноста за состојбите во исплатата на посмртната помош, која исплата се врши со доследна примена на позитивните законски прописи.

Со ова известување до јавноста се оценува дека ќе нема сомнежи за исплатата на посмртната помош, односно јавноста ќе има сознание за исплатата на посмртната помош, односно како се трошат уплатените средства за посмртна помош.

Одбор на Регистрирана организација за солидарен фонд и членарина

Од Комерцијална банка експресно реагираа на апелот од Маркукуле (Фото)

По апелот на Маркукуле за разнишаниот тотем на Комерцијална банка, денеска експресно од банката го отстранија.

Откако викендов апелиравме, а со цел да не дојде до несакани последици и да настрада некое дете, денеска од банката експресно го отстранија тотемот кој опасно се нишаше на ветерот.

Тотемот на банката ја покажуваше температурата, датумот и точното време на плоштадот “Александрија” во Прилеп, па се надеваме дека од банката сега ќе постават нов.

(Фото) Стојанче Ангелов ќе дојде да го види кpaтерот на булеварот од милион евра?

Само година и пол издржа реконструкцијата на дел од булеварот “Гоце Делчев” во центарот Прилеп. Веќе почнаа да се јавуваат првите дупки, а вредноста на проектот беше речиси 1 милион евра.

Па еве уште една прилика за директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, да направи репортажа со нова дупка, а патем да го посети Прилеп пред летната сезона кога редовно има пожapи во околината.

Инаку на завршувањето на скапиот проект тогаш во Прилеп, присутен беше и тогашниот премиер Зоран Заев.

Живееме како Германци: Литар гopиво во Германија пocкапо само за 3 денари од Македонија

Литар гориво во Германија чини само 3 денари повеќе отколку во Македонија. И покрај тоа што Германците земаат и неколку пати повисоки плати, горивото им е речи си по иста цена како и во Македонија.

Според анализата на Радио Слободна Европа, најскапо гориво во регионот има Албанија, по што следи Косово. Македонија и Србија имаат речи си исти цени на дизелот, но бензинот во Србија е значително поевтин, околу 10 денари по литар. Најевтини горива во моментов има Црна Гора.

Македонските блуз амбасадори од Прилеп изминатиот викенд ја воодушевија црногорската публика во Никшиќ (Видео)

Од 17 до 19 јуни на градската тврдина во Никшиќ, Црна Гора, се одржа првиот Fort Blues Rock Fest, настан кој предизвика воодушевување кај публиката и кој изобиливаше со квалитетна музика и изведувачи.

Фестивалот започна со настап на единствените прилепски блузери Crossroad Blues Band, кои како и секогаш каде што ќе се појават приредија забава за паметење.

Од бендот имаат само пофални зборови за публиката и домаќините, кои им приредиле топло добредојде и уживале во нивната музика.

Сцените во регионот не се ништо ново за прилепските блузери, а настапот во Никшиќ е уште еден доказ Македонија има врвни музичари кои можеби уште повеќе се ценат надвор од државата.

За фестивалската вечер да биде уште понезаборавна се погрижи и Влатко Стефановски со неговиот трио состав.

Повикани пожapни од цела Пелагонија: Гopи репетитор на компанијата А1 кај прилепско Новоселани

Од утринава, пожар зафатил репетитор на мобилниот оператор А1 известуваат од Центарот за управување со кризи.

За гаснење на пожарот активирани биле Територијалните противпожарни единици од цела Пелагонија.