дома блог страница 1527

Нов асфалт за улицата “Мирче Ацев” во Прилеп (Фото)

Општина Прилеп ја продолжува градежната активност за рехабилитирање и асфалтирање на улици во градот. Деновиве, нов асфалт доби улицата „Мирче Ацев“. Се асфалтираше површина од околу 2.300 метри квадратни – информираат од општината.

-Наша обврска е одржување на патната инфраструктура. Ќе продолжиме да работиме во интерес на потребите на граѓаните, посветено и одговорно – додаваат од општината.

Одличен потег на “Ривер Софт” за прилепчани: Побрзајте!

Општина Прилеп објави јавен повик за субвенционирање за набавка на велосипеди, а Ривер Софт нуди дополнителни промотивни цени.

Јавниот повик и условите од општина Прилеп можете да ги прочитате ТУКА

Посетете го салонот на Ривер Софт во Прилеп лоциран отспротива Тинекс во центарот на градот.

(Видео) ООУ “Климент Охридски” го реализираше досега најубавиот проект за децата во Македонија

Чест и гордост ми е да ја прикажам комплетната реконструкција на тоалетот за децата со посебни потреби на нашето училиште – напиша на ФБ директорот на ООУ “Климент Охридски” Прилеп, Ахил Јаков.

-Огромен и макотрпен проект кој никако не можеше да се оствари ако не ми помогнеа општествено одговорните фирми и луѓе во моето опкружување. Посебна благодарност до: Ангромеханика, Матадор, Пост експрес, Авто Контрол -Прилеп, Марфил-Прилеп, Техно Мега-Прилеп, советникот на Вмро-Дпмне Др.Кире Јоноски и вредната рака на Мастер принтинг!
И како што вели онаа народната: Да имаш пари а да не дадеш, е исто како никогаш да си немал. Благодарност од се срце и од мое име и од името на децата со посебни потреби – напиша Јаков.

Пациентка од Психијатриската болница во Демир Хисар испаднала од возило на болницата додека ја превезувале за Битола

На 21.06.2022 во 00.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на патен правец Демир Хисар – Битола, во близина на крстосница за с.Кутретино, 43-годишна пациентка на ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар испаднала од патничко моторно возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на болницата, кое го управувал И.Д.(34) од Демир Хисар, а сопатник била медицинска сестра во установата.

Притоа, пациентката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Демир Хисар – информираат од СВР Битола.

Последна вест: Сугарески се обрати до нацијата

Фејсбук статус на екс министерот за транспорт и врски и поранешен пратеник од редовите на СДСМ, Горан Сугарески.

– Крајно дрско и безобразно е кога си во опозиција да ги блокираш Собранието и државата, а кога си на власт да тепаш студенти, новинари и пратеници.

Уште поголемо лицемерие е како опозиција да предлагаш укинување на даноци, акцизи и царини, да бараш зголемување на плати, а како власт од сето тоа да бегаш како ѓавол од крст.

Господа од ВМРО-ДПМНЕ, ако е и од вас – премногу е, напиша Сугарески на неговиот Фејсбук профил.

Прилепчанец со ocтар предмет ја нападнал поранешната сопруга

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.06.2022 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.А.(47) од Прилеп затоа што претходно со остар предмет ја нападнал и ѝ нанел повреди на неговата поранешна 43-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Енергетската криза си го прави своето: Ќе се редуцира јавното осветлување во центарот на Прилеп

Соопштение од општина Прилеп:

Ве информираме дека поради светската енергетска криза со која што сите се соочуваме и енормно зголемените цени на електричната енергија, а со крајна цел да не се доведиме во ситуација да бидиме во тотален мрак, како Општина направивме моментална одлука во врска со уличното осветлување.

Во наредниот период делумно ќе исклучиме дел од постоечката електрична инфраструктура во централното градско подрачје на принципот преку-една и тоа исклучиво на места каде што очигледно имаме дури и прекумерно осветлување.

Потенцираме дека водиме максимална грижа како за непречено одвивање на сообрајќајот во ноќни услови така и за пешаците и дека со делумното намалување на уличното осветлување нема да биди нарушено нивното движење.

Голем хуманитарен музички настан за малиот Михаил од Прилеп: Придружете се сите за да го олесниме животот на ова детенце

Хуманитарната организација од Прилеп, Дрим Тим Од Деца За Деца, која активно, од месец јули 2021 година, зазема во многу досегашни хуманитарни акции за луѓе и деца кои им е потребна помош. Таа е составена од млади активисти кои сакаат да ја разбудат свеста и совеста на граѓаните во својот град и пошироко.

Овој пат, тимот на Дрим Тим Од Деца За Деца, организира хуманитарен музички настан на 24.06.2022 година, местото каде ќе се одржува овој настан е големиот стадион во паркот на Могилата на Непобедените, кој ќе биде организиран за да се забавуваат луѓето додека прават хумано дело.

Хуманитарниот настан е за малиот Михаил од Прилеп кој боледува од целебрална парализа, тумор и слепило на едното око. Паричните средства кои ќе бидат собрани, помошта која ќе ја добијаме од Вам како хуманитарци, од оние кои ќе земат учество во организацијата на овој настан, ќе бидат донирани на семејството на малиот Михаил.

До сега Дрим Тим Од Деца За Деца има доста успешни настани како што последно организиран беше и Велигденскиот музички настан на кој имаа доста заинтересирана публика-хуманитарци и голема помош и поддршка од разни компании и поединци кои беа дел од организацијата или им излегоа во пресрет на овие млади активисти со некои мали гестови, секој колку што бил во можност.

Дрим Тим Од Деца За Деца и за овој настан ги повикува сите оние кои што се во можност да помогнат, да донираат, да бидат хумани со пораката „Јас сум хуман биди и ти!“.

Фирми помагатели на настанот се: КОМУНАЛЕЦ, ЛИМОНАДА, ХАЈВ, КАСНИ ПОРАСНИ, КОШНИЦА, ГРАФИКА ДИЗАЈН, МАКСПРИНТ, ЈАЗИЧЕН ЦЕНТАР ДРИМ-ТИМ.

За повеќе информации доколку некој сака да биде дел од нив или пак сака да пружи помош на оваа хуманитарна организација можете да се обратите на следниве контакти: 077930850.

Дете за пофалба: Благој Рујаноски од Прилеп освои златен медал на Македонската јуниорска Олимпијада по информатика

Благој Рујаноски ученик во 9-то одделение во ООУ “Климент Охридски” Прилеп, неодамна освои прво место на Регионалниот натпревар по информатика, второ место на Државниот натпревар и златен медал, односно прво место на Македонската јуниорска Олимпијада по информатика.

За неговите успеси Благој денеска доби честитки од градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Нареден предизвик за Благој е учеството на Балканијада и на Европската јуниорска Олимпијада.

Николоски со моќна порака од Стразбур: Македонија да почне преговори со ЕУ достоинствено, како Македонци со македонски јазик (Видео)

-Во следните два дена во рамки на Советот на Европа ќе имам бројни средби во кои што ќе разговарам со бројни пратеници од сите европски држави. Ќе разговарам за интересот на Македонија, за потребата Македонија да почне преговори за членство со ЕУ на достоинствено. Македонците да почнат преговори за членство со ЕУ како Македонци. Македонскиот јазик да биде признаен како македонски јазик, односно да се отфрлат тешките барања кои што ги поставува Бугарија и која што става вето на почетокот на преговори на Македонија со ЕУ – изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој додава дека она што го гледа изминативе денови е целосен дебакл на македонската дипломатија.

-Затоа што дозволија еден документ кој што е во целосно спротивно на македонските национални интереси веќе да циркулира во европските главни градови и за него да се разговара. Тоа е катастрофален документ. Тоа е документ кој што значи поништување на Македонија, и на македонскиот народ и на македонскиот јазик. Останува нејасно зошто има целосен молк од страна на Владата, премиерот Ковачевски, и министерот Османи. Единствениот логичен одговор е затоа што на тоа се согласиле – истакнува Николоски.

Тој и ВМРО ДПМНЕ, повикуваат да се отфрли тој документ.

-Повикуваме да се отфрли тој документ и јасно кажуваме од тука од Стразбур дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати ниеден документ кој што задира во македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската самобитност. Ние можеме да стигнеме до европските вредности на правилен начин, а не со понижување и со уцени – рече да крајот Николоски.