дома блог страница 1526

Падна Владата на Кирил Петков во Бугарија: Собранието и’ изгласа недоверба

Владата на Кирил Петков падна по гласањето недоверба во Народното собрание.

Ова е прво гласање недоверба на кабинетот на Петков, а го достави ГЕРБ поради економските неуспеси на владата.

По изгласувањето на недовербата, Петков во своето обраќање изјави дека му е чест што бил срушен од четворката Борисов, Пеевски, Трифонов и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова.

99. влада на Бугарија предводена од Кирил Петков беше избрана на 13 декември 2021 година од 47. Народно собрание. Пред формирањето, земјата трипати излегуваше на избори – рекорд во поновата историја на Бугарија.

Започна асфалтирањето на планинскиот превој Плетвар – Ќе се правеле подготовки и за автопат Прилеп-Битола (Фото)

На делницата од Фариш до Прилеп на магистралниот пат Прилеп-Градско започна поставувањето на нов асфалт, со што ќе бидат обновени 19 километри од оваа делница на патот. Станува збор за финансиска конструкција од околу четири милиони евра наменети за рехабилитација на 3 тата делница од магистралниот пат Градско – Прилеп.

„Експресниот пат се работи во две фази од Градско до Дреново и Дреново – Фариш. Ова е третата делница на која моментално работиме на нејзината рехабилитација на постојниот патен правец. Имаме и проект кој привршува, а тој проект значи и проширување на трета лента на сите позиции каде што има две ленти и ќе започне во наредната фаза,“ посочи денеска при увид во градежните работи Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

На социјалните мрежи министерот најави подготовка на автопатското решение за делницата Прилеп – Битола.

Мицкоски гостин во емисијата „Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва ќе гостува во емисијата „Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа.

Следете го моето гостување во „Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа со почеток од 22:30 часот, пишува Мицкоски.

Прилепчанец се обидел да ја yбие поранешната сопруга

Маж од Прилеп на 20 јуни ја нападнал неговата поранешна сопруга и сакал да ја лиши од живот.

„Утрото на критичниот ден, тој дошол во куќата во која живеела оштетената, се качил во собата каде што спиела и најпрвин започнал да ја дави со рацете околу вратот и да ја удира со тупаници по главата и по телото. Во тој момент пристигнала нејзината мајка која се обидела да го оттргне, но осомничениот ја турнал.

Од појасот извадил нож и на поранешната сопруга и нанел неколку убодни рани во телото и ногата. Потоа бил совладан од тројца соседи кои го изнеле од куќата и го спречиле да ја оствари намерата“, откриваат од Основното јавно обвинителство Прилеп.

Судијата на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Нови цени на гopивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51% во однос на одлуката од 20.06.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,447 ден/кг и сега ќе изнесува 55,291 ден/кг.

Од 23.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 110,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 112,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 110,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 107,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 55,291 (денари/килограм)

Валтер ќе ја брани Битола

РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека за нов тренер на екипата го назначи Ларс Валтер. 56-годишниот стручњак од Данска потпиша двегодишен договор и официјално ќе биде претставен по неговото доаѓање во Битола пред стартот на подготовките.

Валтер има долгогодишно искуство и многу трофеи во тренерската кариера. Тој во Македонија доаѓа од Полска, каде го водеше тимот на Азоти Пулави, а претходно беше предводник на Флензбург, Порто, Кадетен Шафхаузен, Висла Плок, Баја Маре, Горење, Емсдетен, Хилдехајм, Конверсано и данските екипи Роар Роскилде, Есбјерг и Вирум.

Со Висла беше шампион на Полска, со Баја Маре го освои романското првенство, двапати триумфираше во шампионатот на Швајцарија со Кадетен Шафхаузен, а има забележителни резултати и во евро-куповите, каде играше во нокаут фазата на Лигата на шампионите со Висла и Горење. Во 2011 и 2012 година е прогласен за тренер на годината во Полска.

Претходно како ракометар Валтер ги носел дресовите на Алборг и Брондеслев во Данска, Нордхорн и Емден во Германија, Маритимо и Спортинг во Португалија и Акуреји во Исланд.

РК Еурофарм Пелистер му посакува добредојде на Валтер во ракометна Битола и Македонија.

Немала дозвола, а излегла во ноќен клуб – дошла мајката и со каиш ја прибрала (Видео)

Несекојдневна снимка од еден ноќен клуб во перуанскиот град Пакасмајо се појави на интернет, на која се гледа како една тинејџерка се забавува во ноќен клуб, но нејзината мајка упаѓа на забавата.

Откако ја здогледала ќерка си, мајката веднаш ја избркала од клубот, а целиот пат до дома ја удирала со ремен по нозете. Некој од присутните ја снимил целата ситуација со телефон, а видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи.

Повеќе не е само 500 евра: Пpoceчната плата во Македонија достигнала 31.525 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесува 31.525 денари е зголемена за 10,9 отсто во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (24,8 проценти), Уметност, забава и рекреација (20,1 процент) и Административни и помошни услужни дејности (17 проценти).

Раст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (8,3 проценти), Градежништво (5,6 проценти) и Дејности во врска со недвижен имот (4,5 проценти).

Исплатена бруто-плата по вработен, пак, во април годинава изнесува 47.092 денара и е за 11 отсто зголемена во однос на бруто-платата во април лани.

Се пријавиле 292 ученици со сите петки, па гимназијата направила тестирање – Резултатите се поразителни за цела нација

Во скопската гимназија “Орце Николов” оваа учебна година се спроведувал квалификационен, приемен испит поради поголемиот број на пријавени ученици со сите петки. Биле тестирани 292 ученици (сите претходно одлични, со просек 5,00).

Тестот по математика носел максимум 100 поени, а по мајчин јазик максимум 70 поени. Податоците се преземени од колешка Оле, а резултатите оставаат без текст – пишува на својот ФБ профил Божидар Кочоски.

1. Одличен успех (над 129 бода, т.е. над 76%) имаат покажано само 11 ученици, односно само 3,76% од тестираните.

2. Многу добар успех (од 107 до 129 бода, т.е. од 63 до 76%) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36% од тестираните.

3. Добар успех (од 67 до 106 бода, т.е. од 39 до 63%) имаат покажно 133 ученици, односно 45,55% од тестираните.

4. Доволен успех (од 45 до 66 бода, т.е. од 26 до 39%) имаат покажно 70 ученици, односно 23,97% од тестираните.

5. Недоволен успех (под 45 бода, т.е. под 26%) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36%од тестираните.

Ако ова е случај за една најдобрите гимназии , каде 75 % од учениците кои имаа просек 5,0 сега имаат најмногу оценка 3 и помалку, што да кажеме за другите.

Владо Јованоски со моќен ФБ статус: Народот ќе ве реши вас антимакедонците…

Се плашам дека народот ќе ве реши вас антимакедонците, ама дали вие сте свесни што ни правите на нас Mакедонците?, пишува на фејсбук актерот Владо Јовановски.

-Ало, ако имате 59 или 60. пратеника, како и на 27. 04. 2017. изгласајте дека сите сме бугари. А што беше тоа двотретинско мнозинство? А, Претседателе Пендаровски?! Некако матен си ми… Како Зоки Поки! Како, ни вода ни киселина си, како подгреана манџа. Како ќе владеете натаму? Што би рекол А.А… Како и до сега.? А Таче папагалски ни повторува, како и до сега.! А, претседателе Пендаровски, кого Господ ќе го исплука од неговата уста? Врелите или студените, што велеше Горан Стефановски во “Диво месо”? Не си свесен дека оваа власт е диво месо, или само така се правиш, недоветен? “Месото со нокти, раната со жар”! Се плашам дека народот ќе ве реши вас антимакедонците, ама дали вие сте свесни што ни правите на нас Македонците?, пишува Јовановски.