дома блог страница 1525

Анкетата на “Маркукуле” одлучувачка: Ламбе ќе пее на “Пивофест”

Популарниот фестивал во Прилеп, Пивофест годинава ќе се одржи од 14 до 17 јули. Акцентот е ставен на македонската музичка сцена.

Наум Петрески, Миле Кузманоски, Елена Велевска, Елена Петреска, Вера Јанковиќ, Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Љубојна, ДНК, Некст Тајм, Лозано, Ареа, Владо Јаневски, Џамбо Агушев, Суперхикс, се дел од имињата кои ќе настапат оваа година.

Но, дел од програмата е и пејачот Ламбе Алабаковски, кој за прв пат по инцидентот во Битола ќе се појави во јавноста.

Алабаковски е предвидено да настапи на 16.07 (сабота).

Грчки генерал им се закани на Турците: “Ќе го гpaнaтиpaме Истанбул”

Турција и Грција долги години се во напнати односи, поради што на моменти ситуацијата е пред ескалација во конфликт.

Уште едно територијално прашање се појави поради остров во Егејското море, кога Турција ја обвини Грција дека поставува оружје во негова близина.

Премиерот Киријакос Мицотакис ја обвини Турција за дестабилизација на ситуацијата во Кипар, на што лидерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган кажа дека Грција мора да ги признае своите граници.

Пензионираниот грчки генерал не остана мирен на оваа изјава на Ердоган, па ѝ се закани на Турција со гранатирање на мостови кои ја поврзуваат Европа и Азија.

По шести пат во амфитеатарот на Могила ќе се одржи фестивалот на краток филм “Winter Apricots”

Фестивалот на краток филм “Winter Apricots”, кој веќе 6 години се одржува во градот Прилеп, овој викенд организира филмски проекции во Паркот на Револуцијата.

Во амфитеатарот на “Могила“, овој петок и сабота со почеток од 20:30 часот ќе биде прикажана колекција од најинтересните филмови од претходните две изданија.

Во Петок на 24-ти, ќе бидат прикажани филмови од 5-тото издание на фестивалот, кое за жал се одржа само во онлајн формат во 2020-та година, а во сабота ќе биде прикажана селекција на филмови од ланското, 6-то издание на фестивалот.

За крај на настанот, во сабота после филмските проекции, со почеток од 22:00 часот ќе се одржи концерт на битолскиот изведувач и кантавтор Дејан Марковски.

Карактеристично за настапите на Дејан се неговата несекојдневна енергичност, како и изведувањето на композиции на повеќе странски јазици.

Уaпceн прилепчанец кој бил бapaн за издpжyвање затвopcка казна во КПУ Куманово

На 22.06.2022 во населба Тризла во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле М.Е.(27) од Прилеп. Тој бил баран по потерница за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Куманово.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за издржување на казната.

Министерство за земјоделство: Исплатени се сите пapи за субвенциите за тyтyн

Заврши целосната исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2021, а исплатени се вкупно 1.3 милијарди денари на сметките на 17 илјади тутунопроизводители. Процедурата со која тутунарите ја добија оваа финансиската поддршка започна веднаш откако пратениците во Собранието ја одблокираа законската измена во законот за земјоделство и рурален развој, преку одложувањето на обврската кон УЈП, велат од МЗШВ.

“МЗШВ изразува жалење што овие средства не беа порано исплатени на сметките на тутунарите, бидејќи процесот на донесување на оваа законска измена во Собранието беше закочен речиси 6 месеци, односно од февруари 2022 година.

Со надминување на блокадата и донесувањето на измените во законот за земјоделство и рурален развој овозможивме услови од оваа година да се започне и со авансна исплата на субвенциите, мерка која не се случила во изминатите 16 години. Токму преку оваа измена, земјоделците ќе можат 30% од субвенциите да ги добијат авансно, односно во рок од 90 дена по аплицирањето.

Се надеваме и повикуваме на разум и обединетост и во донесувањето на ребалансот на буџетот за 2022 година каде се предвидени 2,7 милијарди денари, дополнителни средства за комплетно исплаќање на субвенциите кон земјоделците.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство води грижа и дава поддршка за секој земјоделец. Земјоделието не смее да биде предмет на блокади и политички игри, посебно во услови на светска криза.

Дополнително, ги информираме земјоделците и целокупната јавност дека во следниот период започнува реализацијата на исплатата за финансиската поддршка за набавено вештачко ѓубриво и поддршката за продадени или заклани гоеници – мерки со кои ги помагаме земјоделците во услови на криза преку Интервентниот фонд. Во тек е и реализација на поддршката преку програмата за директни плаќања за премијата за произведено и предадено млеко јануари-февруари 2021, како и субвенциите за заклани бројлери и несилки во регистрирани кланични капацитети“, се вели во соопштението.

До вчера беа коалиција, а сега ќе се испотепаат меѓусебе: Teпачка пред домот на Бојко Борисов за Македонија (Видео)

Активисти на бугарската партија ВМРО предводени од европратеникот Ангел Џамбаски вечерва се собраа на протест пред домот на поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за да го искажат револтот зошто тој го поддржа францускиот предлог за решавање на спорот и почеток на преговорите на ЕУ со Македонија, јави БНТ.

Демонстрантите од доскорешниот коалициски партнер на Борисов, пред неговиот дом носеа транспарент „Не ја предавајте Македонија“ и скандираа: „И порано и сега, Македонија е бугарска“.

Од друга страна, пак, пред домот на Борисов имаше и контрапротести – активисти и пратеници од пратеничката група на ГЕРБ дојдоа да го поддржат лидерот.

Нов асфалт и на улиците “Драган Димески” и “Кеј 9-ти Септември” (Фото)

Се асфалтираа дел од улиците „Драган Димески“ и „Кеј 9ти Септември“ во Прилеп.

– Продолжуваме со градежните активности и подобрување на патната инфраструктура во општина Прилеп. Исто така паралелно се одвиваат активностите околу рехабилитација на локалните улици. Домаќински и одговорно – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Грчки град меѓу најбезбедните дестинации за семеен одмор во светот

Грчкиот град Ираклион од Крит е меѓу најбезбедните дестинации за семеен одмор во светот, се вели во извештајот на американската онлајн платформа за патувања „Водич за семеен одмор“ („The Family Vacation Guide“).

За да ги одреди најбезбедните дестинации во светот за посета со деца, платформата за патувања анализираше голем број критериуми како што се општа безбедност, семејно сместување, ресторани погодни за деца и семејни активности достапни на голем број популарни дестинации.

На прво место е Цирих (Швајцарија) со 7,81, додека Ираклион со 7,45 од 10, го зазеде второто место на листата.

Ираклион е четврти на листата според индексот на криминал, додека со годишна температура од 19 Целзиусови степени се смета за идеална дестинација за семејствата, што дава многу можности за уживање на одмор.

Во првите десет се и Копенхаген, Виена, Лисабон, Мадрид, Бисел, Дубаи, Рим, Ванкувер и Франкфурт.

Ираклион е исто така меѓу првите три дестинации за одмор со најдобри активности за семејството, заедно со Патаја (Тајланд) и Орландо (Флорида, САД).

Со цел да се види кои се најдобрите дестинации според овој критериум, „Водичот за семеен одмор“ го сумираше процентот на знаменитости приспособени за деца, активности на отворено и забавни активности и го пресмета просекот за секој од градовите.

Проблеми во “pajoт”: ЛДП, ДОМ и ДС ќе излезат од Влада ако се прифати францускиот предлог

На денешниот состанок на Извршниот одбор на ДОМ во проширен состав, се разгледуваше т.н. француски предлог објавен во медиумите. Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и Владата треба да го отфрли, се вели во партиското соопштение од ДОМ испратено до медиумите.

-Отворените прашања со Бугарија треба билатерално да се решаваат во добра волја, взаемна почит и согласно европските вредности. ДОМ останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара. Сметаме дека овој предлог ќе го претвори пристапниот процес за членство на Македонија во ЕУ во бескрајна агонија и го доведува во неизвесност и самото започнување на преговорите. Доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство, истакнуваат од ДОМ.

Претходно истото го истакнаа од Демократски сојуз на Павле Трајанов и ЛДП на Горан Милевски.

Се враќа традицијата која згасна пред 20 години: Аероклубот Прилеп блеснува во нов сјај и повторно ќе се лета (Фото/Видео)

Aeроклуб Прилеп е веќе при крај со реконструкцијата на аеродромот во селот Мало Коњари, како и хангарот со придружните објекти.

Остануваат уште малку детали за повторно да се започне со активности во едриличарство и летање со ултралесни авиони.

План е летово активно да се лета и да се возобнови и традицијата на Аероклубот која главно згасна во 2001 година.

Претседателот на клубот Дејан Пеливаноски верува дека клубот ќе блесне во најдобро светло за краток период за што прави големи напори и голем ангажман.

-Сакаме аеродромот да стане стане место каде голем дел наши сограѓани ќе можат да поминат интересни моменти – велат од Аероклубот Прилеп.